Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Посебно со ова РЕЦИПЛИРАЊЕ веднаш ќе заприметиш дека е истата личност. Значи вака, јас не сум активна во темава, не дај Боже. Ако некогаш прочитам нешто и ако мислам дека од моја страна имам соодветен совет да и дадам на некоја феминка ќе пишам. Јас онака чисто улетав на темава и читам, што да видам што да прочитам трудничкава пуздер направила на темава. Гледам/читам и забраниле да пишува во темата за свекрви и снаи, и драга трудничка или промени си го однесувањето/стилот на пишување или и тука ќе те блокира Реин. Убаво ти напишале некои феминки, а Рици преубаво ти напишала, а ти сега како сакаш прави си не си мала. Може не ми беше место да пишам во темава, ама иритирачки е веќе да гледам како некој се мајтапи, а некои си имаат навистина проблеми и не можат да пишат да си ја олеснат душата да побараат совет.
     
    На ddevojce и tessie им се допаѓа ова.
  2. thebestgirl

    thebestgirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Како проценивте дека иста особа е трудничка со мене? Секоја феминка што ке каже нешто добро за трудничка ја напаѓате. Извини како беше пишана феминката заборавив но на мојата тастатура нема( кј) затоа со к пишувам. А ако и трудничка има ист стил на пишување тоа е друго не сум приметила. А како можете некому да му судите и да сте толку дрски кон него и очекувате таа да ви одговори со златни зборови. Најпрво за да кажеш некому дека е за на психијатар требе да имаш 2 гр мозок но изгледа вие го немате ИЗВИНЕТЕ но така е . Таа е неписмена за вас прочитав на еден форум, за на психијатар е , трол па дај имајте контрола. Какви се овие зборови. Таа овде пишува едно нешто а вие ја обракате темата за свекрва и. Па нормално дека нема да ја сака свекрва и и јас да сум со таква омраза кон свекрва ми ке пишувам. Некој да ме колне секој ден,да ми се закани дека детето ке ми го зема,или да го вреѓа моето семејство сосема е неприфатливо. Едноставно ке препука човек неможе секој ден да попушта. И кај се видело тоа ако си оден во друга кука ке молчиш и ке трајш за да не навредиш некој , па не е одена во затвор туку во кука и не е на улица најдено детето па да молчи секогаш и таа има трпение и душа нормално е. А трудничка според мене никако несмееш да се разведеш детето нема да го оставиш без татко зар не? Само потруди се пофторно да го свртиш маж ти кон тебе и моли се бог да те куртули од маките со свекрва ти.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    дефинитивно си за на психијатар, аман оди фати некоја работа по дома не туку ми отварај 5 профили и по цел ден на компјутер да седиш, па после свекрвата ваква таква
    Ах бре јас викам некои Женски суштества не се створени за да бидат сопруги и мајки
    И како тоа бре ако не си трудничка ги имаш истите печатни грешки, истиот стил на пишување, истиот памет ( само на овој профил што имаш 38 год ) и како тоа баш само на трудничка и реплицираш и како тоа баш само на иста тема со неа те има само за свекрви и снајки хммм, А НИТУ ЕДНА ДРУГА ТЕМА НЕ ТЕ ЗАНИМА
    Доста веке оток си невиден АМА СТВАРНО ДОСТА
    ОЗБИЛНО ТИ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ И СТВАРНО НЕЗНАМ КАКО ТЕ ТРПАТ ПО ДОМА
    И ДА ТЕМАВА Е ДАЛИ ДА СЕ РАЗВЕДАМ, А НЕ ПРОБЛЕМОТ НА ТРУДНИЧКА Т.Е БЕСТ ГРЛ
    Слободно отвори си тема под наслов МОЈОТ ПРОБЛЕМ ( ТРУДНИЧКА) па “можеби“ некоја ке пише
     
    На sreknica123, tessie и Agrona им се допаѓа ова.
  4. 007-007

    007-007 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Pominaa 4 meseca I veke naviknav na zivot bez nego...vsusnost svativ deka tuka idamna ne bilo nisto ok... Uste zdravjeto da Si go sredam I Ke bidam kako nova:) pozdravce!
     
    На Amore, okcenzi и SV1911 им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    8.960
    Пол:
    Женски
    Tрудничка,кога јас ти кажав грешка е што си се омажила за татко ти да престане да пие,во право бев така?Cега што е тука е,ете и јас лично не би направила компромис во такво семејство каде ни малку не се почитува семејството од кое сум дојдена на пример ,а тие адети се народни рекла казала,ако се работи за верски обред тогаш грев е на секој ако не го извршил.Mора да заземеш еден став ,оти со инает ништо не се постига.Tи прво не си созреала доволно,без да се навредиш ,оти има жени и те како трпат за да опстанат во бракот ,секако кога се работи за прељуба и тепање е неопростливо.Eте,ние тука не би знаеле што да кажеме а и темата не ти е дали да се разведеш!
     
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    66.610
    Ја читав темава пред некоj ден и иако директно не учествував морав да напишам дека многу сум среќна за тебе! Се надевам дека побрзо ќе се опоравиш и ти посакувам сѐ наjдобро!
     
  7. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Temava e navistina teska i sakam pak da ja otvoram i molam za sovet od nekoj iskusen. Moj blizok saka da se razvede (se raboti za zenska osoba)- znaci brakot e navistina katastrofa so pija covek, koj e sposoben duri i so svoite doma fizicki da se presmetuva. Problemot e sto devojcevo ima 2 godisna kerka, momentalno ne e vrabotena i si pojde kaj svoite....Znaci, negovite roditeli sakaat da gi pominar, kako sto prethodno sakaa i nejzinite, no zivotot so nego e uzas. Site i vikaat vrati se zaradi deteto, no kakov zivot ke ima toa dete ako se zaedno i ako celo vreme tamu ima kavgi, tepacki i raspravii so pijan covek koj ne se kontrolira sto zboruva i kako postapuva...e sega, toj fizicki samo ednas (ili dvapati) ja ima napadnato (so nekoj samar) ama sekako i se zakanuval deka ke ja izbrka i slicno... Stravot na devojcevo e- kade ke go dodelat deteto (bidejki ne e vrabotena a i uslovite za zivot kaj nezinite ne se bas dobri, ali finansiski nejzinite se ok)...advokatot i predlozil spogodben razvod...Pa dali nekoj ima idea ili sovet, od iskustvo da spodeli??? :(
     
  8. bigMam

    bigMam Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Како го преживеавте разводот?

    нема ништо спорно во тоа дека треба да си оди и тоа под најитно! Баш на детето ако мисли треба да си оди. Подобро да нема таков татко одколку да го изложи детето на поголем ризик од ден на ден... бидејќи кај пијаниците ситуацијата може само да ескалира, тешко и ретко се поправа...а еднаш веќе кренал рака (нема мал или голем шамар).
    Златно правило-волкот крзното го менува ама.... без разлика кај му е фалинката, дал е женкар, прељубник,наркоман или пијаница
    Само жената треба да е многу силна, да е свесна дека лесно, нема да и биде. Да е на чисто дека планина на грб ќе понесе, и мора да е истрајна. Бидејќи ја има најубавата причина на светот-ќеркичката! Најголемото богатство ќе го загуби он и тоа треба да и дава сила. Све се издржува, кога ќе се ослободиш од сивото облаче над глава, сонцето обавезно ќе изгрее... Има за што да се бори, ќе си најде работа, ќе се наместат картите полека полека...
    Да не се плаши од тоа каде ќе припадне детето-тоа во секој случај иде кај мајката (освен во екстремни случаи како на пр. мајката е заведен наркоман зависник, душевно болна и сл). Тоа што моментално не работи нема никаква врска со старателството. А тоа што он е пијаница, само и ја олеснува работата во социјално. Е сеа социјално ужасна процедура, викање карање итн, ама ред солзи ред мрсули и тоа ќе го заврши брзо.
    Главата горе, за жалење и е ова време што го троши во нервози стресови и јадови...
     
    На HeidiDiWalt и lavinija28 им се допаѓа ова.
  9. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Како го преживеавте разводот?

    Ајде и јас со мојов проблем. Моментално сум кај моите со детето кое има само два месеци, утре ке се видам со адвокат да поразговарам и да ми каже како иде целата постапка околу разводот. Најтрагично од се е што од моите немам никаква подршка за оваа моја одлука. Не сум вработена, зависам од моите (кои се добро ситуирани и финансиски моќни) но што ми вреди сето тоа. Имам дипломирано, се запишав на постдипломски но моментално ми се во мирување. Некни требаше да идам на интервју за работа за која сонувам цел живот, пред тоа требаше нешто да повторам што сум учела на факс, но јас од проблеми неможев детето у раце да го фатам а камоли да седнам да учам. Нема веза најдов време нешто да читнам, зашо требаше и некои тестови да полагам, се ми беше познато, вечерта маж ми ми праи муабет како он не сакал јас тоа да го работам, ајде нешто ние сами да почнеме приватно да си работиме бла бла бла....не отидов. Бај д веј он работи и зима плата 10 000 денари. Не е задоволен нормално, но нема факултет, немал никакви врски и си работи таму ете веке незнам колку години уште пред мене да ме упознае. Мене тоа никад не ми сметало (иако неговата плата само за шминки нема да ми стаса месечно), но проблем ли е тоа? Моите имат ми ја пунат картицата нон-стоп и можеме така да си тераме :@ Можевме дури бевме сами, но сега он уште не е свесен дека имаме дете и дека многу работи се изменија. Пред него да го запознаам си имав совршен живот. Си идев на шопинг секој месец, два пати у неделата обавезно на фризер, си искачав со другарки цело време, си шетав низ светот....од кога сум со него имам само два пати искочено од државата, дискотека веке заборавив како изгледа, фризер или третман на лице исто така ми е луксуз, зашто најчесто сите пари ги давам дома (а сум невработена) зашто живееме со неговите, нели таков е редот (домазет да дојде боже сачувај) неговите колку толку имат некои солидни плати, но секој 3 дена верувале или не се нема пари за леб. И јас нормално како совесна личност, неможам да фрлам пари по козметички салони ги давам парите дома. Нема веза, не ми сметало тоа во никој случај, сум живеела и така но за што?? За некој да ме понижува коа ке му текне, да си игра к**** со мене цело време? Јас се омажив од љубов, а дотичниов за што се оженил почнувам да се запрашувам. Искрено да ви кажам не сакам да го видам, два дена немаме никаква комуникација зашто ептен ја претера. Од кај што не трпам ради него, оние неговите ги трпев им ќутев, се само голтав од поштовање за он така да се понаша со мене. Ми пукна филм веќе. И со неговите се испокарав, многууууу ме навредија и не сакам да ги видам уште еднаш. За мене ќутев и трпев се, но за детето ако треба и ке се тепам. И уште да ме прават ваква таква онаква, они за ваква ко мене можеле да сањаат само, ќе им донел некоја сељандура може ке им се погодела незнам. Некоја што не слушнала за четка за заби (као нив). :@ Незнам што да кажам повеќе многу сум разочарана од сите а најмногу од моите дома :( Они си мислат дека имат идеален зет, што многууууу ме сака, во раце ме држи.....а бе што да ви кажувам. Ама не се криви они јас таков сум го претставила, ништо им немав кажано шо ми правел дури бев трудна, и сеа коа почнав да се отварам не ми веруваат јас си измислувам. Незнам колку пати ме има оставено у град дури бев трудна и си има отидено дома, еднаш се искаравме за глупости јас цел ден се утепав од плачење он не дојде ниту да ме гушне (а не бев јас крива) туку му дојдоа другарите си седна со нив у др соба да си пие. Тогаш се спакував и си заминав, не кажав на моите ништо за ова да не ги секирам (зашто доста проблеми имаме и по дома) седев кај другарка 3 дена он ниту еднаш не ме побара, мене ми се слоши па моравме да му се јавиме и чисто за информација на дечкото му требаа 5 саати да дојде. Една вечер пак (јас исто така пак трудна) бевме искочени и требаше да идеме накај диско ( е од тогаш не сум била во диско) се закаравме нешто он ме остаи мене на сред центар си влезе во такси и си продужи во диско. Јас немав пари во мене, картицата ми беше во него и како стигнав дома јас си знам. Тоа беше некоја недела пред свадба, се издешаваа и некои др работи и сакав да ја откажам свадбата, но заради моите, да не ги срамам јас се омажив. И заради моите јас уште сум во брак. Го сакам многу, многу ни е убаво заедно коа сме во добри односи супер ни е, но а се рчнеме толку е идеме до крајност. И јас не сум совршена, терам инат, провоцирам....но се си има свои граници. Он незнае за нив очигледно. Колку што знам никад ме нема изварано, никаде не иде без мене, после работа е одман дома океј дечко е (коа сака) супер функционираме заедно но џабе, коа после една караница што настанала од ситница од глупост некоја се прави драма нервози, карање, викање, почнавме и сила да применуваме во последно време и јас стварно незнам што да правам повеќе. Ај некој совет да слушнам можда ке ми помогне. Позз до вас
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како го преживеавте разводот?

    Викаш на крај од постот: Колку што знам никад ме нема изварано, никаде не иде без мене, после работа е одман дома океј дечко е (коа сака)

    Како тоа никаде не иде без тебе, а те остава сама навечер искочени, па и трудна, па и без пари :?: Мислам ова не го очекувам да ми го направи колега што сме искочиле заедно, а на здраво и на кафе еднаш месечно се дружиме, а не од маж кој сметам дека ме сака, молим лепо :| Еј човече трудна, сама, без пари во себе, навечер кога секакви мањаци шетаат низ град, кога може да ти се слоши, да се изнервираш и испаничиш, со оглед на тоа што трудниците се поемотивни.. Ова не е љубов, ми се чини дека ваков човек не заслужува да биде покрај тебе, па и да го издржуваш.
    Викаш кога сака е океј, мене ми се чини дека е океј единствено во ситуации кога му треба парички да му дадеш, зашто знае ќе побараш од твоите, а после пак по свое си тера.
    А шо викаш колку што знаеш ти те нема изварано, баш така колку што знаеш ти, а мене ми се чини дека многу малце знаеш.

    Најголема грешка ти е што не разговараш со твоите и го претставуваш поинаку од што е, па ти си патиш на крај. Колку од работите ти се десиле пред да се омажиш и викаш си се омажила да не ги брукаш твоите. Девојко муабетите се минливи, секое чудо за три дена, многу е побитна твојата среќа. Се трпи ли таков човек, само поради тоа луѓето да не зборат. Ќе се зборело три дена во комшии и толку, а ти последиците и ден денес ги трпиш, а и ќе ги трпиш уште долго ако не промениш нешто во тој однос. А вака глумиш дека се е супер, а ти си знаеш како ти е.

    Човекот кој треба да е до тебе, треба да е човек кој те подржува на секое поле, да се радува кога ќе се оствариш во својата професија, а не да ти брани да идеш на интервју за работа. Очигледно не си среќна тука и седни си со твоите, како сите родители не верувам дека нема да те прифатат и ќе сфатат полека дека си сериозна и дека не се лигавиш, само во нервоза да кажуваш некои работи околу состојбата на твојот брак. Ако твоите се финансиски стабилни тебе не ти е проблем, нему ќе му биде, зашто ќе нема сега спонзор, па ќе стане пак фин само додека не му пукне филмот следно, мене ова така ми изгледа.
     
    На HeidiDiWalt, Daydream, lilaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.746
    Допаѓања:
    110.196
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Lilaa го прочитав цел твој пост и искрено солзи ми дојдоа на очи. Го има доживеано тоа. ДА си во врска со некој кој е дијаметрално различен од тебе (не финансиски туку карактерно). Не се живее со таков. Тоа е тортура. Психички се поболев додека другарка ми жива и здрава да е не ме седна и ме отрезни. Дека сум смената, дека веќе не се смеам, дека не сум таа истата Нена. Дека се затварам. Прва и најголема грешка ти е што не си отишла на интервјуто за работа. Зошто?? Зар уште му веруваш?? Биди си јака, твоите не ги криви, си им давала друга слика за вас, и сега не можат да сватат дека си ги лажела, не им има легнато. Не им е и нив лесно. Работи си на себе. Најди си работа, детето гледај го, мавни се од тој. Ова твоето е доказ дека масло и вода не се мешаат ма колкава да е љубовта меѓу вас.
     
    На lilaaaa, tessie, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    и јас мислам дека те искористува заради парите,а ти си се заљубила и тоа е големо разочарување,но гледај позитивно имаш детенце што е круна на твојата искрена љубов и тоа детенце не е осудено на несреќа туку на среќа која ти како знаеш и умееш ќе му ја обезбедиш во соработка со твоите и опушти се што е твое ќе си дојде само немој да западнеш во себеобвинување и да попуштиш на глумата на типот и да се наканиш пак кај него,верувај ќе ти врати 100крато кога ќе се смири ситуацијата.
     
    На lilaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Лилааааа, незнам колку години имате со сопругот, ама од она што го прочитав ми делувате доста незрело за брак. Несакам никого да осудувам , кој, како , зошто, ама мое мислење е дека идвајцата се однесувате детинесто, а веќе имате дете на кое му требаат два зрели стабилни родители. Вие и немате некој реален проблем кој е нерешлив ( пороци, дрога, алкохол, неверста, коцака, насилство), само треба трезвено без доза на суетност и самобендисаност да седнете и да ги поставите работите како треба. Човекот се труди, заработува колку му се можностите. Време и е и ти да поработиш. Не е во ред да си на терет на твоите (на што си веројатно навиканат според она што кажуваш како си живеела пред бракот). Велиш дека имаш високо обрзование, магистратура......знам тешко се наоѓа работа, ама почни нешто што не ти е струка дури и помалку платена од она што заслужуваш, па еден ден можеби ќе работиш она што го сакаш- Најлесно е да се донесе одлука за развод. Но, после што. Свесна ли си каков товар треба да носиш. Не е лесно да си самохрана мајка и тоа невработена!!!!. мој совет ти е да побарате заеднички совет од стручно лице ( ако веќе немате сила заедно тоа да го решите) и да стегнете заби за доброто на детето. Бракот не е ништо друго , само компромис ( и љубов која вас не ви недостасува). Мора да се стегнат заби и да се проголатаат работи.
    Ви посакувам од се срце да успеете да најдете заеднички јазик и да бидете среќни и вљубени.
     
    На lilaaaa и cecilia им се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Како го преживеавте разводот?

    Лила прво мислам дека темава ти е утната, зошто е како си ПРЕЖИВЕАЛ (минато вр) а не дали да се разведеш (идно вр). Но небитно.

    Те читам и ти го гледам некако ставот и не ми се свиѓаш искрено. Дека бракот ти е пропала инвестиција-ТИ Е, но не знам колку год имаш чим за шминки 10 000 ден ти требаат. Каков е тој став? Како мајка подобро речи за памперс, не за шминки. Но очигледно се работи за размазена личност на која и фали времето каде била слободна размазена ќеркичка и била неспремна за дете и брак-а и се случило тоа.
    Маж ти тоа што ти го прави верувам е од инат, а и се ситници. Вие можете одма да се разведете, ама причиниве што ги кажа мене искрено ми се смешни. Диско, фризер блаа блаа блааа. Па тебе побитно ти е на фризер да одиш него ли со детето да си? Ок, различни луѓе има. Но пак ќе речам-не ми се свиѓа твојот пристап и аголот од кој гледаш на животот.
    Со среќа.
     
    На tessie, anastasijaki, cecilia и 2 други им се допаѓа ова.
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    во право си дека делува како размазена но ете ја снашол брак+трудна пред брак и си решила ок ќе се одбидам и ете колку сменила од претходниот начин на живот ама белјата е што се погодила кај фамилија со спортивни гледишта и начини на живот од нејзиниот поранешен живот а они за неа ама баш ништо не се потрудиле да променат и дури маж и и тера инает и ја остава сама бремена,ама ум за др.пат картица и пин на маж штом така ти се понашал не не не,и тука и искрснуваат проблемите,а дека се сакаат не е спорно но се ептен различни и проблемов ќе им се реши доколку и неговите и маж и се спремат да ја прифатат онаква каква што е и малку од малку да и олеснат,угодат некако.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    48.275
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    A Виши како да и угодат кога тоа што девојата го бара они ни под разно не се во можност да го пружат?!? 10 000 ден за шминки,за шопинг,за козметички третмани ?!? Девојката убаво нагласи дека тоа многу и фали,се носи некако ама и фали а како што можам да видам и ствара дополнителна фрустрација и гнев кој секако го истура на сопругот па и тој и возврака на ист начин и со иста мера. Па јас на годишно ниво да соберам колку трошам за шминки 10 000 нема да ми фати,ни третина од таа сума .Додека биле во врска сигурна сум дека знаела каков дечко има ,колку заработува,колку заработуваат неговите и дека ако влезе во така кука ке треба да си ја скрати чергата и да се откаже од некои свои желби и работи кои ги правела додека си била кај мама и тато.

    Во цел пост ниту еднаш не го спомна бебето освен дека си го земала со нејзе кај нејзините и дека не можела да учи ради него. Единствениот проблем што го има девојакта во целиот случај е токму како што кажа Диги,неможноста да се навикне а и неспремноста да се навикне на новиот начин на живот и да си ги пружи нозете колку што и чергата. Од друга страна со инаетот и сопругот не е поарен така да двајцата се личности неспремни за брак и единствено нешто што можат да сторат за да го спасат бракот е и двајцата да пораснат и да созреат.
     
    На okcenzi, lilaaaa, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Од друга страна со инаетот и сопругот не е поарен така да двајцата се личности неспремни за брак и единствено нешто што можат да сторат за да го спасат бракот е и двајцата да пораснат и да созреат.
    ама тоа не се случува преку ноќ,таа промена е индивидуална,ама и што би очекувал некој од 25год.девојче еве со 24да затруднела,не е изживеана во најбрз рок да дипломирала до 23 и оп бремена и оп од некој што го сака но ете не си одговараат карактерно,ете она барем се потрудила малку од малку(инаку не се револтирајте од вистината дека 10000троши на шминка има и такви кои можат да си го дозволат т.е.мама и тато им го пружале)а он што ем ќе и угоди ќе ја изнесе на излегување ќе се закараат и сама ќе ја остави каде му е зрелоста и одговорноста спрема брачниот партнер?
     
    На lilaaaa и DigY им се допаѓа ова.
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Како го преживеавте разводот?

    Vichy јас разбирам дека можеби можеле нејзините да и приуштат, зошто и моите можеле, а еве сега и сама можам да си приуштам и 20 000 да потрошам на шминка и гајле да не ми е. НО каков е тој став човече? Сега ја слушаме приказната само од нејзина страна, а од нејзина страна не ми звучи воопшто зрело. Самата што помислила на тоа не звучи зрело-а може и на мажот тоа му го кажала. Замисли колку тешко него би му паднало да чуе дека е способен да донесе дома пари само за РАЗМАЗЕНАТА му женичка само за шминки. И случајна бременост да станува збор (несакана) пак не разбирам. Очигледно се незрелии немаат КОРЕКТНА комуникација, туку со препукување цело време инат си водат еден против друг. Еве прав филм за нив.
    http://www.imdb.com/title/tt0098621/?ref_=nv_sr_1
     
    На lilaaaa и tessie им се допаѓа ова.
  19. bigMam

    bigMam Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Како го преживеавте разводот?

    Лила и ја се согласувам со горните мислења. Бракот не е зафрканција, посебно не кога има и дете, и секако е дека треба и двајцата партнери да се трудат да го оддржат. А тоа не се прави со непотребно расфрлање со пари наоколу. Зашто па ако останеш сама со детето, и поголеми трошоци ќе имаш, тек тогаш на шминки нема да ти текне. Како мене на пример, со две деца (жал ми е што не си ја раскажав приказната прво)
    Инаку по мене, ти немаш причина за развод. Барем не во она што го напиша.
    и не заборавај, еден ден кога ќе ти порасне детето ќе те праша зашто се разделивте со татко и. А ти ќе треба да бидеш чиста пред себе и пред Господ за да и дадеш искрен одговор кој нема да ја повреди и избрка...
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Како го преживеавте разводот?

    Ке си се подвиеш и ек се вратиш од каде што си дошла односно од домот кој сте го создале со маж ти ке се смириш и ке разговараш отворено со него но,откако и двајцата ке се потсмирите малку без цркање ,дерење,и сл работи вака се решаваат проблемите во бракот а не на секоај кафга спакувај се и кај мама и што ке постигниш со тоа? Ништо нема да постигниш само повеке го тераш на инат а на крај и двајцата патите заради тоа
    Бракот е компромис ке се откажеш ти од нешто и од од нешто за да можете да фунционирате немој да мислите дека сите ние што сме во поодамна во брак не сме се откажале од многу нешта се во интерес на бракот
    Па не е нормално ти месечно да те кошта толку пари шминката +третмани+шопинзи па не си жена на прецедателот иванов богами мислам крајно детско и неодговорно понашање и од двајцата
    Не е поарен и он трудна те остава да си одиш ама тоа нека ти биде поука картичката кај тебе и секогаш да си имаш пари во себе кои он и не мора да ги знае зборам за некој мал износ да ти се наога
    Доста ти држевме предавања сега собери си стрварите и вракај се назад и да не ти прави муабет и да се лути со убаво ке го фатеш па ке попушти и натаки со умот во главата инвестирај во детето во фамилијата во домот а не во такви пролазни работи