Јас сум му пререкла на маж ми за тоа колку троши, а само тој работи. И шо треба? Да ме фати за врат? Да ми крши шише од глава? Тој ретардиран е? Не знај муабет да напрај? Ќе се тепаме ко ненормални!
Не да му преречан преку нос ќе му избадев. Ќе ми се излежава по дома додека ја работам 2 работи за кредито, нема ни да помага ручек да праи а сака да се рашетава луксузира. Море маме ќе му расплачев! Ти и арно си трпела.
Поради вакви пре-чести случаеви, не ми доаѓа на памет да стапам во брак, макар да е тоа и за 30 години. Страшно
Veke napisav pogore. Deka, uste dodeka sedevme pod kirija, toj ne odese na rabota 4 meseci i pokraj site trosoci za koi jas se sekirav, ako recev nemam pari za obleka ili benzin vednas se lutese pa kavgi pa jas ne mozam vaka da ziveam pa si odese kaj negovite 2-3 dena, posle toa se vrakase kako nisto da ne bilo. Rekov ok koga ke kupime stan ke bide podobro. Go vratija na rabota, kupivme stan, istite muabeti. Epa normalno sega ke recam da mu dadam do znaenje deka jas rabotam dve raboti za nas, i jas ako sedev kaj moite ke mi plakaa smetki, dovolna ke mi bese edna rabota togas, ama s se odlucila na takov cekor zosto go sakav i sakav da imame nesto nase.
Сите аларми ми се уклучуваат кога ќе слушнам дека некој е физички злоставуван, тие на 10 страни разглабаат за се' освен за тепањето
Буквално истото пишав. Ко читаат насилство и се ко „ок да ију кој оправдува АМА...“ зато златно правило, ако некој кажи АМА шо директно негира првата реченица и ја обезвреднува и се фаќа за детали шо се скроз нерелевантни - пиши пропало.
Затоа жени бирајте си маж што ќе биде на исто рамниште со вас, а не вие да го гледате, да работите по две работи, па уште и ручеци да му правите, а тој со газот несака да мрдне за подобар живот. Со 15000 уште и луксузи сакал, тренерки од 5000, патики од 6000, е така мама и тате нека си го чуваат. @tigrica92 се гледа дрка си одговорна и амбициозна жена, не дозвуловај некој што не знае што сака од животот да ти го уништи, а за делот со насилството се е кажано.
@tigrica92 искрено ниту еден возрасен човек не може да се чувствува удобно доколку бара дозвола од некого за трошење пари. Тој работи и допринесува во буџетот. Треба да биде доволно слободен да земе пари кога му се потребни па макар и за кафе. Што ни е животот ако при работа неможеме да си дозволиме едно кафе? Друга работа, банката секогаш одобрува кредит на тој што е со повисока плата со цел да се има повисока рата. Па малку твојата приказна ми нема логика. Или ја имаш најдено работата подоцна или ти даваат нередовно бонус на рака. Е сега за неговото насилство. Не го оправдувам. Ама ако некој психички ме тортурира 2 години, ме омаловажува дека немам доволно плата, бара отчет за секој 100 ден, искрено колку и да сум мирен човек ќе избувнам. За твое и негово добро, да не завршите на црна хроника, најдобро е да се разведете.
И мене. Он не е мало дете,туку возрасен маж. Ако му се јаде нешто посебно,може сам да си зготви. Не е битно дали му пререкла или не му пререкла за неговото трошење на пари.Битно е дека он извршил насилство и дека она треба да бара развод. Одлуката си е нејзина.
Што и да направила! Што и да пререкла! Ова не смеел да го направи тој!!! И ние дома се вреѓаме караме пререкуваме. Таман работа да ме фаќа за врат и да ми се заканува со флаша.
Амин. То е цела поента шо ја кажва и @WildMk @Indiegurl @nextredstyle јас и многу други. Насилството треба да е фокус на нејзиниот проблем. Не другото. Оти то е многу посериозно од манџа и брендирана облека.
Точно ја уште од прееска пишував ама ја дистрактираа членката та уште се правда се преиспитува. Уште се мисли дал да се врати. Зошто? Зошто ручек не праела.
Зато не пријавуваат жртвите. Оти овие 'паметните' цел живот ќе им го изанализираат и на крај нив ќе ги најдат виновни. Мислете тро во каков свет сакате да живејте.
Ама што зборувате му пререкла, му забранила, таа надмена , нешто не ви штима..па еднаш го правела добар па после неработник...целата слика е многу поширока и само овде до израз терба да дојде насилството што може да се повтори ако му прости.. се друго паѓа во вода... Девојче твое е да решиш но немој на своја штета. Добро размисли, ќе помине се...
Ако он трпел психичко насилство а веројатно трпел можел комотно да си побара развод.Не ми одговара со тебе и крај.А не ќе ствара заедница а го мрзи да работи.Па ако не го мрднеш газот и мене ми стојат извршители над глава за станбен кредит абе и те како не ти давам 100 ден за кафе.
Не дочитав се, ама џизс. Значи он работи една работа за 15000, таа работи 2 работи за дупло, тродупло, небитно. Имаат станбен кредит за кој плаќаат и двајцата делумно со платата. Имаат кола за која таа треба да бара дозвола. Тој треба да бара повеќе пари од неа кога ќе ги потроши неговите за скапи ствари. Тој не сака да најде било каква подобро платена работа за да не мора да се гребе од неа, бидејќи тоа му пречи. Станал насилен бидејќи?? Не сака да си го запоти газот или да си скрати трошоци, место да треба да се гребе од кај неа. Освен тоа самиот и дал да располага со сите финансии, свесно ставајќи се сам во таква позиција. И на крај од целава прича, таа испадна крива што не готвела манџи со 2 работи, пошто тој е фатен во рацете. И плус тоа пошто располага на негова иницијатива со сите финансии....ја фатил за врат да ја дави, што btw е првиот знак не само за насилник туку и за убиство. Според мене нема што да се оправа овде. Во никаков случај не би те советувала овде за било какво спасување на било што. Бегај од него подалеку што можеш. @tigrica92
Ова шо го кажа е клучно. Мило ми е дека вака ја формулира реченицата. Буквално ја тераат да се преиспитува за факинг манџа, дур насилникот си насилникува. На многу теми се оди во нерелевантни детали, и така се губи поентата на то шо е важно. Тука е важно насилството. То да се реши па ќе видиме покасно шо се друго не чини.
Исто. Човек јад да го фати во темава каде 90% од жените шо пишале се малтретирани. Јас да бев место тука, на адвокат ќе пишев ама изгледа членката се размислува штом пишала тука. Не вреди да давате втора шанса, бегајте од такви.