Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    Како го преживеавте разводот?

    Лила, вие очигледно уште не сте го поминале периодот на прилагодување на новиот живот, кој секако е покомплициран од претходно. Самото заедничко живеење е комплицирано, па уште дете, и живот во заедница, хаос. Најчесто имаш помалку пари - доаѓа дете, штедиш за стан, имаш обврски дома што претходно друг ти ги бркал, а сега треба да им береш гајле сам.

    Не знам него дали си му префрлала за платата, ама имај на ум дека на ниту еден маж не му е сеедно ако не може да го прехрани семејството. Од друга страна, повеќето што јас ги знам се малку инертни кога треба да се смени работа. Како и да е, да му префрлуваш немаш право, затоа што ни ти не работиш, а ни тој нема право да ти се меша во изборот на професијата.

    Наместо да си терате инает, треба да седнете да направите здрав муабет. И мени ми остави впечаток дека малку си размазена, ама се гледа дека се трудиш да се откажеш од работите што ти причинувале задоволство, за да има дома за основни работи. Верувам дека не ти е сеедно, ама сепак се работи без кои се може. Со мали отстапки од двете страни, мислам дека можете да се доведете во нормала.

    Кога си во брак и имаш дете најпрво што треба да наравиш е да се обидеш да го задржиш бракот и да му овозможиш на детето да живее во здраво семејство. Совршено никаде не е, секаде има повремени кризи, ама ако си искрен во намерите и се однесуваш како зрел човек, тогаш работите се решаваат.

    Мислам дека во многу случаи пристапот е клучен за инаетот. Наместо да му правиш сцени и му забрануваш да излегува, треба да му кажеш зашто ти е важно да бидете заедно и да ти помага околу детето. Не знам каква ви е комуникацијата, ова беше само пример од мои блиски, каде по промената на тонот, проблемите се решија.

    Се разбира, не мислам дека по секоја цена човек треба да остане во брак, со секого не може да се живее. Ама вреди да се проба, ако треба и 1000 пати.
     
    На lilaaaa, imelda и Mama25 им се допаѓа ова.
  2. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Како го преживеавте разводот?

    Фала што издвоивте време за мене. Да точно сум размазена, научена на све што посакам да имам, но не е тоа проблемот. Ко што кажав, научив да живеам и во многу поинакви услови и не ми беше воопшто проблем. Се за љубов! Но за која љубов??? Со мојата диплома можам да просперирам и најпрво на моето дете да му пружам се што јас сум имала а после да има и за мене и за господинот да имаме убав и удобен живот. Но не, неговиот последен муабет на оваа тема беше во превод фрли си ја дипломата у ѓубре, ќе се снајдеме на др начин, ете нешто приватно на пример (моите ке помогнат нормално) и нејсе. Детето не го спомнав зашто таа тема ми е многу болна. Од коа почнав да спомнувам развод он се цепаше јас ке ти го земам детето, бла бла бла....потресување до немај каде. Како мисли дека може да ми го земе детето туку така? Ко што знам 90% од случаите детето иде кај мајката, а пак коа ке се земат во предвид и условите во кои ке живее со него, мислам дека тука нема повеке простор за муабет. Дури бев таму уште, искачам со детето во црква да го носам, а на никого ништо не кажав зашто со никој не зборев и мајка му на врата кај ке идеш ти со детето влагај внатре...ја гледам и и се чудам. И викам само да те потсетам детето е мое и кај сакам ке идам со него, оваа пак нешто вика по мене и ај да ја смирам и викам идам до црква и пак се вракам не бегам не се секирај. Бог да чува! Дојдовме кај моите, као да пробаме малку да ги смириме тензиите тука, 3 дена беше се ок, јас бев најок што можам да бидам со него за што??? За најмала ситница да почне да прави скандали, комшии да слушат, да ги деградира моите, да им го руши угледот што цел живот го граделе....е па нема да го дозволам тоа. Кај него нека прави што сака, ама во моја куќа...уште и ме брка од соба, во мојата соба кај што јас сум пораснала он си зима за право да ме брка да ми вика искачај од собава неможам да те гледам. Ми пукна филм, ајде му викам магла ти од куќава. Моите од тука нешто се бунат, он иде после им плаче им се лигави сите плачат со него а бе трагедиии. Им реков јас или он бирајте, кој сакате да излезе од тука. Па нешто по детето иде ми го истрауматизира цело....хорор. А во целава ситуација до која што дојде искрено не бев ни најмалку крива, но сите застанаа на негова страна. Брат ми уште и пари му даде да си иде, услуги му праи. Падна на неговите муабети, без мене да ме сослуша и да ја слушне неговата страна. Многу ме повреди тоа, зашто по незнам кој пат сите застануваат на негова страна и мене ме прават ваква таква онаква. Не отидов кај адвокат денес, моите не ми дозволија, мајка му денес се јавила кај мајка ми и се лигавела нешто и што да ви кажам повеќе....незнам што да правам, сакам да го оставам да го избришам засекогаш, но како??? Па од тука моите мислат ке ме фатат на сентименталност, детето како ке растело без татко, подобро да расте со двајца среќно разведени родители отколку секој 3 ден да слуша викања, расправии и да ми расте цел живот со трауми. Не е лесно да се донесе одлука, иако сите документи се ми е спремно да поднесам барање за развод. Ќе оставам уште некој ден да помине, да размислам поубаво.
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како го преживеавте разводот?

    Значи и вие веднаш се фаќате како слеп за стап. Девојката метафорички кажа дека платата на мажот и е само 10 000денари и дека тоа што се вика за да се средиш не стига, не па за повеќе, не рече дека купува шминки за 10 000, многу сте буквалисти. Па кога ќе земете предвид козметика, декоративна, препаративна, со тие пари не можеш да одвоиш за млеко за теле, шампон и маска месечно некој буџет, не па за друго. Јас како што разбрав зборот и беше дека си е научена нормално од дома да си иде од време на време на козметичар, што е нормално, сите идеме понекогаш, не кажа дека иде на третмани од 100евра, башка и на фризер вие божем не идете на фенирање повремено, не е тоа ништо ептен луксузно.
    Финтата е што сега скроз се запуштила, што нејзиниот маж со прст не мрда да обезбеди повеќе средства, па од нејзините и двајцата ги издржува, а знаеме колку кошта едно бебе, па за што попрво. Јас сметам дека нејзе не и пречи финансискиот дел, сама таа си кажа, туку и пречи тоа што и покрај тоа што многу работи жртвувала за него, се откажала од многу привилегии, на крај он вака се понаша со неа.

    Да не бидам лоша и да си грешам душа, ама мислам дека дотичниот те гледа како спонзор и тоа е тоа. Мислам овде да исклучиме тоа што не станува збор за љубов, тој не е човек пред се, тој е суштество без свест и емоции, да оставиш трудна жена сама навечер без пари, без превоз, без да ти е гајле дали е безбедна во касни саати треба да си бездушен, не знам како да го наречам, ова суштество за мене не знае да биде човек, не па да сака некој друг човек.

    Тоа е што биднало биднало. Затоа секогаш сум против вакви бракови и врски каде има драстична разлика. Мене не ми пречи ако некој немал факултет или не бил богат а пример јас да сум, ама ми пречи ако е неамбициозен и мрзлив и не се труди да напредне. Ти како што гледам си амбициозна, си вложила во себе на образовен план, како што можам да забележам средена девојка, а си имаш работа со мрза што нема чувства и нема никакви амбиции за да мрде од мртва точка и да биде подобар во било кој домен, е тоа не иде едно со друго.

    Малце и ти си чудна, како што кажаа, некако детето како да го нема во целава приказна, тебе повеќе ти е твоите и комшиите што ќе кажат. Си се запрашала доколку си одиш што ќе биде со бебето, ако е некој ненормален може да ти брани да го однесеш и него. Не знам зошто ич не си потресена околу таа тема, се плашам да не излезе на крај дека си иста како маж ти, па се нашле тенџерето и капачето, но не судам предвреме.

    едит: Сега видов дека си пишала мислење , откако го напишав ова. Само едно ќе ти кажам, не го трпи повеќе..
     
    На Lolo5, Snowbell, elanor и 4 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.370
    Допаѓања:
    103.096
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Да бидеме реални, ние двете приказни не ги прочитавме, ама оваа на Лила е приказна за едно размазено девојче, за кое дури и родителите мислат дека е такво со тоа што не ја подржуваат, и нејзиниот маж со кој очигледно не била доволно долго во врска, па одозгора и направиле дете за кое не се способни да се грижат. А има и трета страна, што мислам дека е пореална, да бидеме искрени, маж и видел златна кокошка во нејзиното семејство и решил да ја мажи, и се ќе било во ред доколку успевал некако да го прекрива тоа. Да бидеме искрени, маж кој заработува 10 000 денари, одма ќе му текне да отвори нешто свое? Ма не бре сестро, тој сака мајка ти и татко ти да му отворат некој бизнис и да заработува на нивен грб. И сеа ти дошол паметот ете, фала богу и си се сетила, ама на твоите очигледно не им дошол паметот. За муабетот со шминките, те молам, дај тргни ги розевите наочари, светот има и други бои ;) Епа нажалост малото срценце ќе пати со вас двајца како размазени родители :!:
     
    На tessie и DigY им се допаѓа ова.
  5. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Како го преживеавте разводот?

    Да сте во моја кожа само 5 мин ќе ме сватите многу убаво. Јас и он пред брак бевме доста време заедно, живеевме сами под ќирија, останав непланирано трудна и од тогаш се сменија многу работи помеѓу нас. Пред тоа се беше ок, но од коа останав трудна јас како што мислам он сигурно си рекол нема кај да иде сега, мора да се мажи па ке се понашам како сакам. Онаа вечер коа ме остави трудна јас си заминав кај моите. Не сакав да го видам, а камоли да се омажам за него. Но следеше, молење извинување притисок од страна на моите и направивме свадба. Не е битно како и да е, тоа е што е. Како понатака останува на мене.
     
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.820
    Како го преживеавте разводот?

    Лила, доколку си решена дека бракот ве води и двајцата во пропаст, што е очигледно по твоиве постови, тогаш зошто чекаш да ставиш точка? Убаво што си сфатила со кој си имаш работа, сега докажи им на твоите дома (начини еден куп имаш за тоа, да тргнеме од најпростиот - снимај ваши муабети). Јас искрено не би чекала моите или било кој друг да ми дадат одобрување да отидам кај адвокат. Па ти си возрасна личност, имаш бебе, превземи одговорност малку! Не паѓај повеќе на истите финти.
     
  7. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Дефитивно проблемт е во вас двајцата. Живеете во една заедница во која и двајцата сте фрустриани ( признала тоа ти или не). Тој е фрустриран што неможе да заработи повеќе и гледа на лесен начин да дојде до пари, а ти бидејќи свесно велиш дека си се прилаогдила на неговиот живот, всушност длабоко си несреќна што го немаш животот кој си го имала како девојка што те фрустрира. Но, биди свесна и да се разведеш животот нема никогш да ти биде како порано. Излегување, дискотеки, салони за разубавување особено како самохрана мајка на мало дете се мисловна именка (јас мажена со помош од сопругот и мало дете незнам кога последен пат сум излегла во диско). Освен ако имаш многу пари па да си дозволиш друг (дадилка) да ти го чува детето.
    Повторно ти кажувам, размисли, разговарајте, побарајте стручна помош да ви помогне. Проблемот кај вас е само што треба да ги надминете суетите и инаетот.
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како го преживеавте разводот?

    Ах бре жени, сакате да кажете дека вие после брак се запуштате готово, косата каков фризер, каков козметичар, какви шминки. Што значи тоа дека веќе си се омажил, си фатил улов и не треба да се средуваш. Како што кажав не е чудно и не е луксуз, да посетиш повремено третман за освежување на кожа, или да се фенираш двапати неделно, па се наоѓа за 100ден фенирање бре низ салониве. Лигавење е да идеш секој викенд на професионален шминкер, секој ден на фризер, да купуваш креми од 100евра, а на бебето да не можеш се да му купиш.
    Вие на сите проблеми за шминките се фативте, тоа па тоа. Не знам зошто само кај нас е така, си се омажил и готово, какви шминки, каква нега, толку сега за децата само. Не викам дека не треба за децата, ама ај не значи дека си се омажил и готово запушти се. Затоа ќе пишувате после во темите брачни неверства..Не се проблем овде преференциите нејзини, туку тоа што мажот ја гледа само како спонзор, како кредитор и тоа е тоа. Си кажа она се навикнала на тоа, ама на нечовечност и несериозност од таков човек, тешко ќе се навикне. Тоа ли ќе биде татко утре, ма дај..

    Само твоја грешка е што не си го проценила, а твоите ако толку го сакале можеле да го посвојат, не морало да се омажиш за него, после се што правел па и една недела пред свадба. Мислам дека си многу мека и многу лесно паѓаш под влијание, ние кога ти викаме остави го си викаш во право сте, он и твоите ќе ти кажат два збора и попушташ забораваш. Прво одлучи што сакаш, дали си среќна со таков човек и реши се што понатаму. Зашто дозволуваш секој да ти влијае со мислењето и да го смени твоето за рок од 5 минути.
     
    На Sanjichka007, andromedae, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Цело време постовиве се поделени про и контра. Морам да збележам дека против твојот брак и те подржуваат форумки кои се млади и веројатно немажени. Би сакла да и одговорам на Карина, дека јас сум мажена, и се сметам себе си за релативно средена, фризер, коземтичар, ама и јас и мм работиме можам да си го дозволам тоа еднаш месечно. Но верувај кога имаш 2 месечно бебе од обрски главата незнаеш каде ти е. Секоја чест на жени кои имаат помош ( финансиска, и помош оклку деца па дадиллки им чуваат деца) па можат да се си се посветат на себе. Но, да не забегуваме со темава.
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како го преживеавте разводот?

    ^^ Па тоа беше затоа што девојката сакаше мислење околу многу поразлични работи, во врска со дилемата за разводот, бракот и слично, а сите се фатија единствено за шминките, дека сакала да купува скапи шминки па тоа бил главен проблем, кога сама таа рече дека не е тоа главниот проблем, а башка се гледа одма што е проблемот тука и кој кого користи.

    Како и да е, да се остане на темава, мислам дека и целата оваа фама е за тема која се однесува на брачни проблеми, ако дојде до развод нека пишува тогаш тука како го поднесува и како се снаоѓа како мајка, без другиот родител да помага.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Како го преживеавте разводот?

    Да во право беше незнам која напиша дека многу сум мека и дозволувам други да влијаат на моите одлуки. Се правам јака и на крај пак попуштам. Незнам по кој пат бил истиот муабет помеѓу мене и него. Ова е последно, готово се разведуваме и на крај пак смири се. Проблемот е изгледа во мене, што уште незнам што сакам, дали да останам со него или да расчистам со него еднаш засекогаш. Најголема улога игра малечкото мое сонценце заради кое до ден денес уште се замарам за оној идиотот. Дома кај мене се смирија страстите никој не ме пипа за темава, само службено зборам со сите и искрено овој пат ке се потрудам никој да не влијае врз мојата одлука ниту пак да управува со мене да ми го реди животот како што они си замислиле. Знам дека ако решам да ставам крај на овој брак на крај пак ке застанат зад мене и ке ми помогнат на секое поле. Размислувам од секој агол на ситуацијава, незнам зашто се фативте за шминките коа ги дадов само како пример за да ви ја доловам мојава ситуација. Ако треба никад крема за лице нема да ставм на мене, на депилациа нема да идам у животот повеќе, но моето дете ќе има се. Ништо нема да му фали ако остане само со мене, а пред се ќе има подршка и разбирање за се во животот од мене. Двете работи што најмногу ми фалат во овие моменти, моите што се ми пружиле џабе е, кога она што најмногу ми треба во овој за мене најтежок период не го добивам.
     
  12. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Како го преживеавте разводот?

    Да во право беше незнам која напиша дека многу сум мека и дозволувам други да влијаат на моите одлуки. Се правам јака и на крај пак попуштам. Незнам по кој пат бил истиот муабет помеѓу мене и него. Ова е последно, готово се разведуваме и на крај пак смири се. Проблемот е изгледа во мене, што уште незнам што сакам, дали да останам со него или да расчистам со него еднаш засекогаш. Најголема улога игра малечкото мое сонценце заради кое до ден денес уште се замарам за оној идиотот. Дома кај мене се смирија страстите никој не ме пипа за темава, само службено зборам со сите и искрено овој пат ке се потрудам никој да не влијае врз мојата одлука ниту пак да управува со мене да ми го реди животот како што они си замислиле. Знам дека ако решам да ставам крај на овој брак на крај пак ке застанат зад мене и ке ми помогнат на секое поле. Размислувам од секој агол на ситуацијава, незнам зашто се фативте за шминките коа ги дадов само како пример за да ви ја доловам мојава ситуација. Ако треба никад крема за лице нема да ставм на мене, на депилациа нема да идам у животот повеќе, но моето дете ќе има се. Ништо нема да му фали ако остане само со мене, а пред се ќе има подршка и разбирање за се во животот од мене. Двете работи што најмногу ми фалат во овие моменти, моите што се ми пружиле џабе е, кога она што најмногу ми треба во овој за мене најтежок период не го добивам.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.362
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Лила, тој ако сака да биде татко каков што треба, може да биде и по разводот. Ако не е татко како што треба, ни во брак нема да биде (добро мислам, ќе фигурира во секој случај во изводот од матична книга на родени). Ако на тоа ја додадеме и вашата неслога, не знам колку детенцето ќе може да извлече од вас како родители ако сосила го држите бракот само поради него.
     
    На imelda, Glasna и DigY им се допаѓа ова.
  14. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Како го преживеавте разводот?

    Гледам овие денови он каков татко е. Три дена или колку поминаа од кога си замина од тука ме нема побарано, не мене да ме бара, да праша за детето негово, како е што прави. Па ќе ми се мава во гради он за детето се ке направел бла бла бла....празни муабети само. Срам да му е. На кого тера инат не ми е јасно, не ми се верува толку да не го засега што прави малечкото. Па колку и да не го сакам, најмногу да го мрзам на цел свет, ако детето е кај него ќе му свртам не него да го слушнам за детето да си прашам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Како го преживеавте разводот?

    Лила мој најискрен совет ти е развод и тоа одма. Нема што да се мислиш и да се враќаш. Првенствено ради детето не можеш така да се понашаш. Поднеси си документи за развод и ич гајле да немаш. Детето има два месеци, значи треба да бидеш наркоманка на улица да живееш за да ти одземат двомесечно бебе. А колку што разбрав ти не си ништо од наведеното туку најнормална девојка, ич немај гајле. Нема поента да се вратиш, ако се вратиш во иднина само полошо ќе направиш за детето. Реално ретко детето ке види љубов помеѓу родителите, ке види само расправии и кавги и не дај боже други работи што можат да остават сериозни последици на него... И сама кажа дека имаш диплома дека можеш да работиш, финансиски сигурно твоите ке застанат позади тебе и ке ти помогнат додека не застанеш на нозе. И искрено мислам дека никој нема право да те напаѓа за тоа што си била и сакаш да бидеш негувана, секоја жена сака да е негувана и се негува колку може така да немаш причина тоа да си го ускратиш ради неговите ќејфови. Ако немате заеднички имот немате што да делите, старателството сигурно ќе ти припадне тебе. Уте кога ќе отидете во социјално на разговор ти ќе си кажеш како се покажжал н како татко уште кога детето не било родено до тој ден така да нема што да се мислиш многу.
     
    На HeidiDiWalt, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Ова е чувствителна тема и би ве советувала да давате мислења и коментари само тие што сте се нашле во ваква ситуација,т.е.сте биле во брак и сте се одлучиле на развод.Навистина е непријатно и лицемерно некој што е соло или во љубовна врска да се стави во улога на советник и да пишува постови на тема брак.Од тој аспект,воздржете се од коментари.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.362
    Пол:
    Женски
    Како го преживеавте разводот?

    Не може да коментираат од аспект на деца од такви бракови или живееле во такво окружување на одреден начин? А нема брак кој не минал низ таков предизвик. Зошто да се потценуваат одредени искуства само затоа што се од личности кои не се во брак или пред развод? Секој на различен начин го искусува тој период. Нели би било еднолично и еднодимензионално доколку се добиваат совети само од мажени жени? И не знам што е таа нова мода, се` да се одредува кој каде смее да коментира...офтопик се иде како прво...
     
    На Daydream, imelda и DigY им се допаѓа ова.
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како го преживеавте разводот?

    А викаш поради детето го трпиш, но знај подобро отргни го детето со време пред и тоа да трпи. Колку помал, толку подобро, одошто да гледа дома расправии и не дај Боже тепачки. Маж ти очигледно се замара само за себе, ни за тебе, ни за детето, туку за паричките на твоите. Ти изгледа ти требало цела вечност да го процениш. Приватен бизнис да му основале, дипломата да си ја фрлела :^)
    Ти си крива, ни он, ни твоите, само ти ! Не знаеш што сакаш, твоите како што заклучив ниту те условуваат по секоја цена да седиш кај него, или да не се разведуваш, само не те сфаќаат сериозно зашто сигурно стопати така викаш и после ти поминува. Ќе ти каже два три мили збора маж ти и толку ти е, се менуваш, паѓаш на тоа, се додека не те изнервира следен пат, па после пак кукаш и се жалиш. Затоа и не те сфаќаат сериозно околу раводот, од дома. А маж ти знае веќе каква си и што и да направи, знае ќе преминеш преку тоа и премногу си зема за право.
     
    На lilaaaa, Daydream, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Како го преживеавте разводот?

    Апсолутно се согласувам со теси, јас не сум во брак а не сум ни била, ама моја блиска личност има поминато низ многу полоши работи од ова и искрено и на мене влијаела таа ситуација така да апсолутно мислам дека секој може да даде свое мислење на темава а имал некоја ваква ситуација во своја околина, па дури и да немал секој има право да каже што мисли.
    Понекогаш многу поубав совет може да ти каже дете од таков брак одколку жена која е во брак, децата од малце подруг аспект можат да ти кажат како они го доживеале тоа и како тоа влијаело на нив :?:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Како го преживеавте разводот?

    Греота за детето. Само тоа ќе кажам. Ти ќе се опрајш. Тој ќе се опрај. Може и нема, сеедно. Ама греота за детенцето.
     
    На imelda и tessie им се допаѓа ова.