Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ne zboruvam za takvi sitnici za kafinja sokovi, tuku za trenerki patiki od 3,4000 den , edno od niv MORA da go kupi sekoj mesec , i benzin sekoj den po 300-400 den za da se razvozuva zosto mu bilo dosadno nemalo sto da pravi. I posle mi veli ziveam vo siromastija. A jas kolku vreme ne sum kupila nisto na nikogo ne mu e gajle. Vo vrska so kreditot sama si plakam pridonesi bidejki sum nadvoresen sorabotnik na firmite so koi rabotam i kako takov ne mozev na moe ime da zemam kredit tuku na negovo i se potpisav kako zirant, pa na banka presmetuvaat vkupno plati od dvajcata.
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @tigrica92, ако ти каже дека ќе престане да троши, дали би му дала втора шанса?
    Дали би преминала преку давењето?

    Зошто мене ако ме прашаш, воопшто нема потреба да пишуваш во темава и да бараш совет што да правиш во врска со бракот. Се знае- полиција и записник, адвокат и барање за развод.
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.930
    Допаѓања:
    54.691
    Пол:
    Женски
    Ах што прочитав... :x
    Во случајов е најбитно што има насилство. Ако партнер еднаш крени рака на тебе најправилното нешто е да го оставиш и за си одиш. Крај. Т.е. во случајот тој треба да си оди, па нека опстојува со минималец ко веќе се прави толку паметен.
    Жената работи две работи па уште крива оти не му готвела, оти не му купувала брендирана облека а господинот нека лежи по цел ден.
    Типот ми личи на мамино синче што цел живот го издржувале родителите и ништо нема пофатено, така да уште не е вистински пораснат и созреан за да се соочи со реалниот живот.
    @tigrica92 пријави го, апсолутно ништо не му должиш. Не смееш да трпиш вакви гадни работи од никој.
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, Peanut Butter и 14 други им се допаѓа ова.
  4. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Iskreno mene i ne bi bese tolku golem trosenjeto, ako me cenese i ako ne mi nabivase na nos deka zivee los zivot so mene , nikogas nemase da mu prefrlam. Navistina ne znam sto da pravam, ama so ogled na toa sto toj ne pokaza ni deka se kae, ocigledno e jasno deka ke si ostanam kaj sto sum vo momentov, kaj moite. Samo krivo mi e za tie 2 god sto gi izgubiv i sto se namaciv za dzabe.
     
    На Hortenzija, ElenaOfRivendell, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    16.805
    Пол:
    Женски
    Ајде што она се двоуми,ајде што членките ја нападнаа,ама неможам да го сфатам делот со родителите.Гледате дека се почнува од дома.Прво треба да се смени мајндсетот на родителите па после на нас помладите.Наместо безрезервна поддршка да им дадеме на децата ние ги кочиме од икс причини како што ќе кажат комшиите или пак да не ни се децата размазени.
     
    На cresa-jagoda, eliesaab, Bella* и 7 други им се допаѓа ова.
  6. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    55.049
    Пол:
    Женски
    Уште нешто..му ги зела парите и она треба да му дава ..демек он добриот па се е на располагање во нејзини раце..Боже сачувај, кои пари бре, со 15000 ден зарем има да остане нешто?? па тој нема цигари да си купи а не брендирана облека или кафе да пие...тоа манипулативно го има направено да ја малтретира ете јас моите пари ти ги дадов..убаво пиша некој погоре треба да види колку чини се месечно па после да зборува..

    Девојче бегај подалеку што побрзо....
     
    На MG3, Hortenzija, strangewoman и 11 други им се допаѓа ова.
  7. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Tie ostanaa vo shok ne im se veruvase ,ama na kraj siot muabet se svede na toa sto sum mu rekla jas pa da go nalutam tolku koga sum videla deka e lut trebalo da ja smiruvam situacijata..
     
    На simona_baby и andrejko82 им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.266
    Членката не е таа што те малтретирала во твоето детство, дај олабави малку. Прво ја омаловажуваш за манџата, сега ја обвинуваш за финансиски проблеми, што нема шанси да знаеш што и како се случувало иако членката убаво објасни. Според тебе и @buba4e89 треба она да биде пријавена за насилство на мажето лишено од луксуз. Срам да ви е!
     
    На MG3, Golden, kalinaka и 16 други им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    16.805
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е тој муабет,одма ајде да видиме да не е криво нашето дете.Колку и да не сакаат некогаш прават катастрофални грешки зошто е останато она трпи ќути ќе биде подобро како сега ќе растураш брак.
     
    На MG3, cresa-jagoda, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    55.049
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh па и има право да зборува и да го "малтретира" зашто имаат станбен кредит и тој нема доволно пари и треба повеќе да се труди, а не уште и да ја истепа. Точка...
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.
  11. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ete da bidam dobra domakinka i pobarav recept sto da zgotvam a da me kosta pomalku od 200 den, ne mi kaza ni eden. Znaci muabetot za mandzite propadna vo voda. Ocigledno jas sum kriva zasluzuvam davenje posle se LOL
     
    На Hortenzija и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.266
    Осигурај се сега да не станат повеќе од 2 години, дај си време шокот да се ублажи, никој не е вреден да трпиш тепање. Плус и ги лажел твоите за она што се случило меѓу вас. Запомни дека ако се вратиш ќе треба на штрек да живееш, кога тогаш пак ќе избувне. Добри совети ти дадоа членките, право во полиција и кај адвокат.
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Воопшто не треба ни да се мислиш што да правиш- НЕ СЕ ВРАЌАШ ТАМУ!!!!

    Батали се што ти изнапишаа тука, множи ги со нула дел од коментарите. Можам само да претпоставам дека и тие се во брак/ врска сличен на твојот ама се обидуваат со вкусните манџи да го избегнат тепањето. Јас немам зборови за грдотиите што ги прочитав сега. Страшни и срамни реченици. Тоа што те давел, ок бе па и ти, ништо страшно, ама тоа што не готвиш грав? Готово, трагедија. Всушност, малку ти било тоа што те давел. Игнорирај, множи со нула. И во исто време биди реална дека, ако се вратиш кај типот, за некоја година и ти ќе ги даваш истите совети. Зошто насилството ќе ти биде составен дел од животот и нема воопшто чудно да ти биде кога ќе слушнеш или прочиташ дека некоја жена била нападната од тој што се заколнал дека вечно ќе ја сака и чува. Па да де, тоа е брак. Ти ќе бидеш комшиката твоја.

    НЕ СЕ ВРАЌАЈ! НЕ СЕ ВРАЌАЈ! НЕ СЕ ВРАЌАЈ!

    А за загубеното време...Па подобро да го загубиш времето, отколку животот. Нели се согласуваш? Зошто нареден пат тој можеби нема да престане да те дави, или нема да го спушти стакленото шише.
     
    На sparklie, Hortenzija, strangewoman и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.793
    Пол:
    Женски
    Да ме фати маж ми за врат или бар еднаш да крене рака (не мора ни да удри), секогаш кога ќе се почеша ќе скокам од страв.
    Не ти е страв да се вратиш? @tigrica92
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.832
    Пол:
    Женски
    Пишав не еднаш, и директно ти реплицирав, манџите се најмалце битни, ама ако ти малтретираш некој психички не знам што мислиш дека правиш. Крива не си никако, можел едноставно да си отиде пак кај што му било убаво и тоа е тоа, станот што сте си го купиле заедно се дели и тоа е тоа, како трошоците така и стекнатото се дели. Ни под разно немој да мислиш да се вратиш. Решете го тоа додека немате деца оти после е потешко. Нек сум јас крива, нека сум јас таа што оправдува насилство, мада знам дека не сум. Ако си ти таа што беше нападната без никаква причина, онда сите ќе те поддржевме едногласно, ама ти си таа што спроведува психичко насилство во случајов и он ти возвратил на потешкиот начин, скроз неоправдано, ама возвратил. Глеј сега среди си го животот и тоа е тоа, ти останало само лошо сеќавање и тоа е. Со лесно и со среќа!
     
    На Pixi5 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Со тежок хоштаплер си фатила работа. Познавам неколку такви мажиња во друштво што уште живеат на цицка на мама, а извољеваат наоколу за жените. Па згора на тоа уште кренал рака на тебе, дома живеат во насилство, не се кае за тоа што го направил...незнам што се мислиш. Не само што за него насилството е нормално него и во иднина ќе продолжи затоа што тој така живеел/живее. Да се покајал, клекнал на колена, молел...да се случило во афект па жив да се изел за тоа што го направил па да седнеш да разговараш со него и да размислуваш што да правиш. Вака продавајте станот враќајте кредит, пари на твоите и секој по свој пат. Ти посакувам секое добро!
     
    На cresa-jagoda, ALISA0000, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.151
    Пол:
    Женски
    Како тоа му вршела психичко насилство?? Со која постапка?? Со тоа што не готвела ручек туку купувала?? Ако сум жена не сум робинка и не сум должна да знам да готвам и да правам ручек, а тој да се излежава. Што не направи тој ручек?? Не може да сакаш да се луксузираш со 15000 денари плата. Маж на 34 години несозреан, уште лета со паметот. Тој не е маж за брак, затоа што не чувствува одговорност дека треба да придонесе за фамилијата. А утре со деца како, или женава ќе треба и трета работа да најде па и децата да ги гледа, ама може и тогаш крива ќе биде, додека мажето учено кај мама и тато да лежи и да си ги троши паричките за две брендирани парчиња облека.
     
    На MG3, MissBreezy, cutieee123 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Ако веќе бараме вина, и манипулација е психичко насилство. Тој на големо ја манипулира дека е добар и попустлив, еве и картичките ти ги дадов (иако е свесен колку останува), за после да има изговор да се понаша како со мамичка.. По твојава логика, и нејзиното психичко малтретирање е резултат на неговите манипулации..
    Ако бараме причини и последици, ќе најдеме.

    Исто како да рече некој за силување - ја силуваа оти носеше тесни провокативни алишта.. Таа е крива, си го бараше.

    Насилникот не е насилник поради надворешните фактори. Надворешни фактори имаме сите понекогаш. Насилникот тоа си го има во себе, и треба да го контролира.

    Никој никогаш не треба да обвинува друг за сопствените постапки. Ако не ти чини - оди си.
     
    На Idedemja, ElenaOfRivendell, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.146
    Допаѓања:
    17.558
    Абе кое психичко насилство бе ало. Што убаво така. Седи си дома,земај 250 евра, дај ги на жената или мажот небитно и очекувај сите примарни и луксуз потреби да ти се задоволени. Кај го има тоа со 15 000. И уште ќе цмиздри дека живеел во сиромаштија. И кој кого малтретира тука?
    Па ова со манџиве врв. Ко во 19ти век да живеете. Немало да и падне круната ако зготвела едно тенџере грав? Жената се убива од работа, а тој легачи по цел ден. Што не зготви тој?
    Па што ако сакал патики од 100 евра со негови пари? Да ама со 250 е плата кој може тоа да дозволи? Па и секој месец. Јас не знам бракот како го замислувате без договор за пари. Исто заработуваме со мм, но ако сакам да издвојам поприлична сума за мој луксуз, нормално го консултирам мм дали ќе можеме после да го истераме месецот. Со кредит и 2 деца тоа не е понижување, туку одговорност кон моето семејство.
    Ако сакав сите пари за мене без да давам отчет ќе живеев сама и ќе си терав ќејф.
    Алал да ви е жени. Не гледате обидот за убиство, гледате манџите и патиките. Само размислете дали за ваши ќерки вака би ја барале вината во нив, ако налетаат на некој неспособен морон. Не си ти цвеќе леле не ми се верува. Од жени плус бе:puke:
     
    Последна измена: 15 ноември 2021
    На MG3, Clear, Alanna и 30 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.832
    Пол:
    Женски
    Со тоа што цело време му спомнува дека она заработува повеќе. Овде го спомна и фактот дека е со 8мо одделение. Вистината не треба да боли, нели, вистина е, ама ете малце е безвезе да се заглавиш за цел живот со кредит, да немаш прекршена пара во џеб и да ти трие лук на глава некој дека си безвреден. Нејсе, секако не е оправдано тоа што го направил, по стоти пат да повторам, он е насилник и треба да го остави и ако е до мене за тоа и казнет да биде. Мене ме нервира фактот што нејзиното го негира а неговото е на тапет. Не требало ни она да го трпи ако не и се свиѓа како се однесува, ни он неа, а не да дојде до давење и мавање. Крај!
     
    На Pixi5, Angie1432 и buba4e89 им се допаѓа ова.