Ич да не ти е криво! Три и пол години бев во насилна врска. Тепање, лажење, изневерување, омаловажување... се' со ред. Денес го гледам како лекција. Најдобрата лекција што сум ја добила во животот! Реков, никогаш повеќе нема да дозволам друг да ме контролира што и како правам. И така би! Да видиш како за во иднина дветете-шеснајсе ќе ти бидат отворени. Уште ко ќе зини некој, ќе знајш со шо чоек си имаш работа. Еден живот имаме и има да го поминиме по наши правила, не по туѓи!
Па во право е. Го прифатила таков каков што е, не за да и се кења на глава како не сака да живее во сиромаштија. Туку треба малку да покаже респект кон жената што се бори да постигнат нешто заеднички. Таа кажа дека никогаш не би префрлила, ако не почнел тој да се жали. И јас да имам таков морон што клемчи на кревет цел ден и да ги гледа своите луксузи и да ми пека како не е задоволен од парите, нормално би му рекла да го дигне мрзливиот газ и да се фати за работа. И ств е безвеза да заглавиш во кредит, а друг да ти го плаќа. Ептен е безвеза.
Ваљда мислеше членката financial abuse, ама тој сам доброволно ги дал финансиите на располагање. Секако може пак да располага со нив, побогу. Има плата и тој, му легнува на негова сметка, на негова картица. Од тие 15000 за кредитот му одат цели 2000, што значи му остануваат 13000. Е сега што сака да се луксузира, па не му стигаат... Сега ако расчистивме со финансии на темава, да се вратиме на суштинскиот проблем. Ја фатил за врат да ја дави и ја лупнал од ѕид. Сфаќам зошто пишала на темава, веројатно и влијае цел муабет од нејзините. На нејзино место не би пишувала јас на форум, туку ќе појдам на консултации со адвокат и за развод и за кредитот. Ако немаш поддршка од твоите дома, тури им пепел и на нив. Подобро да почнеш од нула без луѓе кои не мислат на тебе и на твојот живот, туку берат гајле за што ќе каже народ. Млада си, со солидни примања...навистина нема што да се мислиш. Сфаќам ако не сакаш да одиш во полиција, но реално овој треба да е пријавен за ова.
Uporno istoto go povtoruvas i ne me citas. Za obrazovanieto spomnav zosto nekoja clenka tuka me iskara zosto sum mu barala sekakvi raboti. Direktor da baram da go stavat po firmive ne moze zasto baraa obrazovanie a toj ima 8mo odd zavrseno. Sto e prefrlanje tuka? Vtoro, jas spomnuvam kolku zarabotuvam samo vo momentot koga toj ke mi kaze "ne mozam siromasen zivot da ziveam" tuka veke ne mozam da kjutam treto ne znam kako e siromasen zivot ako vo 2 god kako sme zaedno imas licno svoj stan koj kako taka e ubavo ureden, se renovirano i novo, imas solarno, klima, jadenje, trosis 150€ za benzin od zabava od sto nemas sto da pravis i sekoj mesec mora da ima ili patiki ili trenerki. Ne ja gledam tuka siromastijata so ogled na toa sto luge nemaat ni pokriv nad glava a ne nesto drugo. Psihicko nasilstvo vsusnost trpev jas, se macev da zarabotam i dali ke ima da se pomini mesecot i dali ke ostanat za benzin i patiki, za da nema raspravii, zosto ako recev , dali mora sekoj mesec da se kupuva pocnuvaa kavgi, cela zgrada ecese i toj si zaminuvase doma. I cetvrto, jas bev bremena vo losa sostojba, doktorkata mi kaza da lezam celo vreme i da ne se nerviram , a jas sepak rabotev zosto toj ostana bez rabota, morase nekoj da plaka kirija, smetki, terapii sto primav i slicno. Povtorno kavgi, seuste ne bese zadovolen, so povremeni bolki, me ostavi sama cela nedela, si zamina kaj negovite , jas na moite ne im kazav deka sum sama ne sakav da se nerviraat. I po nekoe vreme go izgubiv deteto. E za ova mu prefrlam a ne za platata.
Vsusnost ne si me razbrala kreditot e 13500 i ostanuvaat 2000 den cisti, kreditnite gi plakam jas +3000 den sekoj mesec
Ич не се срамам што сум реална, жал ми е што испревртувате како ви одговара. Да беше обратно да доеше маж да го пише ова ќе го направевте од гомно подоле. Ви ги знам добри сите страни на сите овде, не е крива за насилството,не е должна да го трпи да ја шамара и не заслужува да е тепана!!! Но крива е што не готви и што ги контролира финансиите и му пука под нос колку дава она,а колку он.
Абе мање битно тоа. Еве и по пола се да плаќате пак од тие 15 000 нема ништо да остане. И верувам дека не ти ги дава тебе, туку тоа го сметате ко заедничко кесе. Еве и мм ја има мојата картица, дека е повеќе во движење од мене. Па нема да ми падне круната ако му речам, да ми извади пари или да купи нешто со нив. Тоа не се мои пари, заеднички се. Ама ете он жртва без пари бил сиротиот. @buba4e89 тролаш? Крива е што не готви. А он што не готви, фатен е во рацете? Ко прабаба ми да ја читам. Жената мора да готви и нозете да му ги мие за да не пие шамари.
Како да ви кажам, дури и членката да беше таа невработената во бракот што троши пари - мажот пак ќе немаше право да крене рака на неа, да ја фаќа за врат и да ѝ се заканува со шишиња. Помина времето на дртавите народни приказни во кое и „мрзливите“ жени си ја учеа „лекцијата“ преку ќотек. А во случајов, жената е таа која работи факинг 2 работи додека мажот седи дома, зема мизерна плата, троши повеќе одошто треба и згора на сè е насилен - а вие овде ѝ наоѓате маана дека купувала готова храна наместо да готви и се фалите дека вам ви е лесно и при две работи плус деца да готвите?! Епа браво, еве медал ќе ви дадеме, не е битно што одвлекувате внимание од семејно насилство врз жена, важно знаете да си го организирате времето и да сте беспрекорни домаќинки! Ужаси на патријархатот и капитализмот. Не за џабе го гледам балканскиот брак како ропство за жената, чест на исклучоците!
Со ваков човек, мамина маза, нема иднина. Жал ми е за што си морала да претрпиш, ама јас овој не би го трпела ни секунда. Очигледно и дека не им кажуваш се на твоите родители, па мислат дека тој е светец, а ти си лошата. Не биди будалче да ќутиш и трпиш.
Јас пошо не пеглам, не перам на раце, не готвам секој ден, не џогирам и не чистам тараса (маж ми ги праи тие 2)... арно што сум жива според вас.
Normalno ne zboruvam za sitni pari si zema od kjese kupuva , ama ako se nekolku iljadi posledni sekoj mesec edno ta isto da se kupuva mislam stvarno nema smisla
Искрено да, тек сега ништо не разбирам. Али не е битно тоа. Како и да сте ги поставиле финансиите се разговара човечки за тоа. Ако не бива ништо од тоа, секој по свој пат. Зошто воопшто размислуваш дали да се враќаш или не?? Секако дека не. Крива е што не готви? Дај жити се! Дал да се смее или да плаче човек? Ко слеп за стап...т.е. за манџа. Не е фатен у раце, нека земе да си зготви. Кога да зготви она со 2 работи? И што ќе кажеш за трошење 300-400 денари дневно за гориво? Шо не земе он автобус за да штеди?
Штом не се грижел за тебе кога си била бремена, не верувам дека во иднина би се грижел. Како може да те остави сама притоа знаејќи дека ти си морала да мируваш за време на бременоста? Дечково нема надеж дека ќе се свести што прави. Уште тогаш си требала да се разведеш. Несозреан и насилник само проблеми можат да ти направат. Ништо добро од нив нема.
Od negovata plata ostanuvaat 2000 den samo. Tie mi gi dava , ostanatite negovi odat za kreditot + jas doplakam za kreditnite.
Ти одговори една членка. И мора ли да е помалку од 200 денари, зарем за јадење се стискаш? Полесно е да нарачаш кетеринг, 5000 денари за 10 дена,десет порции храна ви стигнува за цел месец? @Luna91 абе што да тролам вистината ја кажувам. Една е се друго е мачкање очи. Сакате прифатете,сакате не. И мене некој да ми врши тортура и отчет и да се лупа у гради како е многу силен финансиски повеќе од мене ќе ми пукне филмот па ќе се запрашам со кого сум се омажила. Што,демек ти не?
Што убаво кога ќе се почне некоја тема на која некои членки можат да лечат фрустрации (оние 'најесапчиките', 'најготвачките' , 'најдомаќинките') @tigrica92 ти престани да се правдаш, да изнесуваш цифри овде и да се објаснуваш. Дома некои којзнае како се фаќаат за врат за 5 денари, ама тука ќе ти паметуваат и ти ќе си мислиш којзнае они како функционираат, тебе нешто ти фали. Земи реши си го проблемот, остај тука готвачките нека готват. Тоа не ти е приоритет на тебе во моментов.
@tigrica92 Велиш нејќел да живее сиромашен живот. Ок. Никој нејќе. Ама во случајов: 1. Дома кај него сигурно не се тепаат заради изобилство пари. 2. Пред тебе како живеел ? Татко му да нема случајно фирми, холдинзи, па демек сега од луксуз спаднал на сиромаштија? 3. Ако сакал удобен живот, зошто има само ОСНОВНО образование ? 4. За убав живот се потребни пари, за пари треба да се работи, зошто не го крене газот да работи ? 5. Ти не си му мајка да му пружаш луксуз на негови 34 години.
Ау, абе батали финансии, манџи, глупости. Овој психопат е. Забрана за доближување до тебе треба да има. Страшно.
И татко ми троши толку за нафта мада и повеќе и што сега треба? Мајка ми да се лупа у гради дека е помоќна од него финансиски. Вака бракови не се градат нити опстануваат,ја да ви кажам.