200 den se 2 porcii hrana. Barem vo mojot grad, vo Skopje sekako e poskapo. Zosto da gotvam ako doma zgotvenoto me kosta poveke odkolku da kupam? + Gubam 1-2 saati dodeka zgotvam, izmijam, stavam, krenam masa.. ili ocigledno na mnogu od vas maxite vi nosat od pazar pa nemate predstava kolku kosta jadenje? Ili ne rabotite pa hobi vi e gotvenjeto. Jas tolku vreme nemam.
Така е Бубаче. Ко ќе те истепа дечко ти, да му се извиниш, да му зготвиш, да му дајш 500 евра и нозете да му ги измиеш.
Тебе Бубаче изгледа на бело платно дрво да ти нацртаат нема да го видиш. Ќе зјапаш на таванот. Па рече манџи да готви за да штедела, а тука тој се развозува од чиста мира. И мене одмор на Малдивите ме релаксира, ама тоа е. Секој со можностите. Ако плаќаат кредит ќе си се вози со бус и ќе си готви грав дома сам.
Ѝ правите victim-blaming. Не е должна да му готви.Како што реков и претходно,он може и сам да стане и да си зготви. А,за парите...Он ѝ ги дава,бе. Па,он си зема и троши на тренерки и патики често.А,не му се живеело во сиромаштија. Не е насилство да му рече нешто за заработувањето и трошењето на парите. Тоа што он ја давел и туркал во ѕид е насилство. Он е насилник,а она е жртва. Советот треба да е не му се враќај,пријави го и барај развод.И толку. Без „мудрување“ за манџи и пари.
Секој маж сака зготвено со љубов од жена му,да се потруди и таа малку. Во твојот случај ти ниту се трудиш ниту ништо. И не знам зошто воопшто се вртиме во круг,земи разведи се и тоа е тоа
Дома 15000 си ги трошел за две брендирани парчиња облека и тоа што ќе остане за бензин и за кафиња по кафичи. Сака луксуз ама не е доволно амбициозен за да си го обезбеди. Многу ги има вакви што сакаат да се шлепаат на грбот на жената, а невредни за ништо. Единствен начин да си ја покаже машкоста е со тупаници кон жена.
Знаеш дека има луѓе кои мора да планираат колку ќе потрошат за јадење? Лошо е ако планира да помине со помалку? Може толку имаат па така им е испланирано. Навистина не знам што ви е толку чудно, со оглед на "високите" приходи во нашава државичка.
Точно, секој сака зготвено со љубов. Може ако го одлепи газот од кауч и ако и зготви со љубов нешто нема да е толку бескорисен. Сачувај Боже! Работам од јутра до сутра има денови кога маж ми мачка на леб намаз или паштета, па глас не му се слуша, ниту ме сака помалце.
Така е Вајд. Појако да лупнеш не можеше. Ти се чудам на паметот. Епа јас си кажав не сакам мое твое у брак,сакам јадење на маса и сакам заеднички ствари. Не сакам да ми лупа на маса и да ми се сили колку многу заработувал од мене. Само ти си најпаметна тука,се ти знаеш освен да си најдеш работа и да не дремеш на форум, тоа не знаеш. За жал.
Абе тоа мулето пека дека живеел во сиромаштија, од кај членкава дека се лупа у гради. Па и мене мм да ми рече дека сака луксуз со 15 000 у фаца ќе му се изнасмеам и јас ќе се запрашам за кој сум се омажила. И не трола, имала спонтан покажи малку емпатија. Не биди безобразна.
@tigrica92 не си троши време на форумов. Од некои "совети" овде ќе испадне дека и Фала треба да му кажеш на насилникот што е насилен со тебе. Развод е решение. И sign out од темава каде што само губиш време да се изјаснуваш. Жртва си на психичко и физичко насилство. Не се правдај никому. Посебно не овде.
Значи јас се фатив за манџите, јас, ама не за да и докажам дека е недомаќинка, туку за и докажам дека може да заштеди некаде. Е сеа она отпосле почна да реди како он сакал секој месец скапи работи и трошел многу, по што дојдов до заклучок дека она лук му трие на глава за финансиите. Ете и да грешам, никогаш не и реков дека заслужила ќотек и нема тие зборови на тастатура да ми ги залепите. Ете сеа некаде прочитав не му спомнувала, мада сумљам али ете нека сум грешка, пак ќе речам, ни трошка не е крива за насилството што го трпи.
Не можам да постигнам од вашите реплицирање, престанете да ме напаѓате. Тоа е мое мислење и став и ништо нема да го смени. Освен тоа,испаднав безобразна затоа што членката ви ги испра главите со нејзините приказни. Биле бремена,а бе да. А до претходно го пазеше и мазеше. Најдобар!!! Нека прави што сака, нека си одлучи сама па која сум јас да и кажувам што да прави, кога таа сама не знае. Секоја приказна има две страни!!!
@tigrica92 Жено, зимај парталите и да те нема. Не туку барај утеха тука, и не очекувај да ги кажеме "остани". Тоа тој што ти го направил не е ниту нормално ниту океј. Тоа тој што ти го направил е насилство.
Немам веќе коментар. Особено кога доаѓаат вакви коментари од жена. Стварно сум без зборови. Да не знае чоек кој трола тука. И да членката не беше должа веднаш да каже за абортусот, акцентот бњшњ на насилатвото. Тоа што сте бесчуствителни тоа е друг муабет. Општо на сите што го браните срам да ви е, и не ви посакувам ни на сон да се осетите како гомно кога некој ќе ве удри на возрасни години (пишав, ми се десило, гомно е и убав збор, а да не збора за траумите што се влечат). Ќе жу се пулкнам и на ручеци и на домаќинаки работи кога он ме множи со ништо. Пу јазик!
Батали манџите и коментарите за нив. Ти имаш сериозен проблем со човеков кој е далеку од човек. Те молам пробај да си ја замислиш иднината со ваков НЕЧОВЕК и додека си млада и уште немате деца бегај подалеку и барај си ја среќата. Од него можеш да добиваш модрици и несреќен живот. А јас се вознемирив читајќи го последниот дел а камоли да го доживувам! Такво говедо не те заслужува!
Се вози оти му е досадно. Така пиша членката. Од потреба да троши толку на гориво е една работа, сосем друга е да троши од аздис дур се со толкав кредит. Башка ако му е досадно, ете можи ТОЈ да готви, пошто членката не можи да престигни од ДВЕТЕ работи кои ги работи.