@tigrica92 на страна сите коментари за тоа како функционирате меѓусебно,девојко насилство е извршено врз тебе кое резултирало со полиција.Значи не,нема да остане само на овој пат. Секогаш ќе има следен пат кој ќе биде се полош и полош. Ова е сериозен проблем и единствено решение тие по свој пат да си тргнеш,нема што да размислуваш. Млада си верувај сега мислиш дека ќе ти биде тешко на почеток ама верувај после кога ќе ти легне цела ситуација ќе бидеш горда на себе што си излегла од тој токсичен брак. Веќе си замината не се враќај,објасни им дома се,долови им како уствари стојат работите. А плус што не сака да работи на 34 и не сака да напредува. Таков човек не сакаш покрај себе,со деца утре здравје само ќе ви се зголемуваат проблемите. Не се објаснувај околу ручеци и финансии,седни,контактирај со некој адвокат и разведи се.
Не разглабај на нас, него прибери се и сфати дека не е за тебе. Бегај колку те држат нозете. Што има да спасиш од овој брак?
Hahaha jas ke se razvedam i gotovo , kaj moite sum sekogas dobredojdena duri i da si plakam sama kirija ke mi stignat parive , podobro taka odkolku da mu gi podmiruvam hirovite na nekoj koj ne me ceni. Jas ke se sredam, a ti sto ne se sredis 89 god rodena da si se omazis za idealniot decko, sovrsena domakjinka neli bi bila (spored tvoive soveti) pa raboti dve raboti, gotvi mandzi sekoj den ete i kazi kakvo e iskustvoto. Zosto jas ne znam ete nedomakinka sum. Ama sigurna sum deka zivees so mama i tate pa ne znaes ni 1L maslo kolku kosta a tuka mi prodavas prikazni za domakinluk.
А како му врши тортура за парите? Тортура е да бидеш финасиски одговорен и да сакаш да ти се средени сметките? Женава вика дека изгубила дете, ја напуштил додека била со ризична бременост, ти тука упорно зборуваш дека она е крива затоа што го малтретирала психички? Како? Во ред, се согласувам дека требада се слушнат двете страни од приказната.Ама кога ќе дојде на ред насилство веќе е прекасно за сослушување.
После религијата ви е крива за потчинувањето на мажите, а едвај чекате жртви да испаднете. Поради вашата не самопочит сите луѓе околу вас страдаат. @tigrica92 штом сака луксузи, нека живее сега сам и подмирува се сам, убаво си постапила ти.
Одма ти продадоа приказни за мене, браво бе членки. Секоја чест @RainBow ова е дозволено изнесување податоци и година на раѓање???? Инаку,осамосталена сум. Смешни сте ми кога ќе ми пишете живееш со мама и тато, а вие самоуверени и горди. Е сега со ова за мене уште повеќе ми докажа дека си вообразена. И од каде таа смелост ти да ми кажуваш јас што чекам? Што си ми ти во животот,полицаец? Каде јас кажав дека му врши психичка тортура? Баш со овие зборови???? Јас кажав финансиска тортура,зошто извртувате и ме напаѓате не разбирам. Не можете ли еднаш ко возрасни жени да ја направите дебатата асална. Срамота! Ех бре жени во друга тема бегате од луѓе кои ви поставуваат интимни прашања,а во друга самите го правите тоа. Ех,ако. Нека ви се видат лицата.
Колку е само тажно гледајќи како вредни, убави и силни девојки се наоѓаат во вакви врски со мрсули кои не вредат 5 пари. @tigrica92 тргни се, чувај се себеси, вредиш многу повеќе и ќе најдеш човек кој не само што ќе го погледне тоа, туку и ќе успее да те направи тродупло посреќна во било која ситуација, дури и во кавги.
Si kaza taa, decko i se gotvi, sigurno kutriot i nemu mu fali topol rucek prigotven so mnogu ljubov od ljubovta negova @buba4e89 daj be ne se blamiraj na nikot ti pisuva koe godiste si rodena
Види ти со твоите 2 заработени плати немаш потреба да се замараш, ете му сеа нека биде богат, со 15 000 мало сутра. Како бе вакви мажи постојат. Јас цел живот заработувам помалку од мм, па не сум помалку вредна мајко му. Жал ми е што си трпела тортура, ама сега знаеш дека живот покрај него нема за тебе и се спаси. Уживај! Пак ќе ги спомнам манџите, не беа битни по тема колку знаеш да готвиш или не, ти си заработуваш и имаш право да јадеш ако сакаш и во кафана а не кетеринг да плаќаш, мојот муабет беше во контекст дека нему му спомнуваш за трошење а ваму купуваш готова храна. Ако тебе домаќинлакот ти е така погоден ич да не ти чуе. Познавам жени кои никад едно јајце не зготвиле и никому ништо, дури и мажите им готват, па што, се дури тоа не му штети на семејството свиркај си. Очигледно вашиот брак не го уништило твоето неготвење колку неговото сељачко однесување. Се спаси битно и не се замарај!
Значи манџи и финансии на страна. Тоа е толку ирелевантно и минорно во случајов што немаше потреба од споделување на тие информации. Ај сега нека крене рака онаа меѓу нас што е цвеќе за мирисање! Нема таква нели? Сега кога констатиравме дека сите ние сме обични смртници, ај назад на темата. @tigrica92 До сега имаш 3 многу јако црвени знаменца дека со типот нешто не штима. Првиот пат уште додека сте дејтале. Кога на секое бегал кај мама. Неспособен да преземе одговорност за ништо, најлесно е да се избега. Уште полесно кај мама. Верувам дека желбата да сте заедно и дека се понатака би се средило биле големи. Си замижала. Потоа кога трудна, со ризична бременост те оставил сама. Тоа е неопростливо црвено знаменце. Во период кога си ранлива, кога ти треба поддршка и помош те оставил сама цела недела. Тоа е аларм да бегаш колку што те држат нозете. Си преминала и преку тоа. И сега, те фатил во врат и те давел, те мавнал од ѕид и ти се заканувал дека ќе те мавне со шише се многу црвени знаменца и уште толку повеќе аларми дека твоето место дефинитивно не е до неговото. Верувај ми, подобро понекогаш да си префрлиш сама на себе зошто порано не си го оставила, додека си со друг и ги уживаш сите благодети на една нормална, стабилна, зрела врска, отколку да си префрлуваш зошто порано не си го оставила додека трпиш тортура од него. А како ќе поминува време се потешко ќе ти биде да го оставиш оти таквите личности свесно и манипулативно ти влегуваат под кожа и ти ја уништуваат самодовербата. Душо добра, млада си. Ќе ти биде тешко, но еден ден ќе запознаеш друг дечко и овој пат ќе знаеш што точно сакаш. Не си го губи времето.
Му готвам. Кога му се јаде му готвам. Кога ќе каже сам ќе си зготви,си готви. Ти кажувам идеално ни е. Скроз заборавив на тоа за никот,фала што ме просветливте
[QUOTE="buba4e89 @buba4e89 Инаку,осамосталена сум. Смешни сте ми кога ќе ми пишете живееш со мама и тато, а вие самоуверени и горди. Е сега со ова за мене уште повеќе ми докажа дека си вообразена. И од каде таа смелост ти да ми кажуваш јас што чекам? Што си ми ти во животот,полицаец? Samo replicirav na tvoeto "sredi si go zivotot, vreme ti e" Ete i jas sakav da si go sredam zivotot da ziveam vo mir i harmonija i vo zaednicki stan ama ne ide. Ili mandzata e kriva za toa?
Добро извини, финансиска, не психичка.Пак не се согласувам дека му вршела финансиска тортура.Тоа што му забранила да купува непотребно облека е разумно кога имаш други неопходни трошоци за подмирување. Друго, не те напаѓам туку те цитирам за дискусија, има разлика.