Лелеееее, членката воопшто не се лупа во гради и не му кажува дека таа е силна финансиски, а тој не. Просто е како грав: Нозете ќе си ги испружиш колку што е чергата долга. Горе долу. Некогаш ќе си приуштиш нешто повеќе, ама мора да одржуваш баланс, инаку не ќе ти останува ни за леб. Или другата опција, ќе си ја продолжиш чергата, ако можеш и ако сакаш. Ако не можеш, ќе мора да се прилагодуваш. Кај виде дека му надгорува цело време, стварно не сфаќам. Та ги оставал кај нејзе тие 2000, та не ги оставал. Џам ќе свитка со 2000. Тој не може да се помири што го изгубил комфорот што го имал кога живеел со неговите и кога не плаќал ни кредит, ни јадење, ни сметки. Тогаш платата му била и повисока и си бил лабав колку се може. Донекаде и го сфаќам. И мене ми фалат понекогаш слободата од животот пред брак, кога сите имавме по 20 години, без мажи, без деца, само на работа и по кафиња. Ама за тоа не ми е крив маж ми. Ако тој не може да премине преку тоа, ако смета дека не сака да жртвува повеќе за животот во заедница со сопруга, каде двајцата вложуваат, тогаш не може никој сосила да го натера на нешто. Насилството да не го ни спомнувам. Конкретно пишувам за ова зошто не ми се верува како го извртивте муабетов. Како да имаат 3000 евра на сметка па таа му забранува да купува нешто. Ова знаеш како е? Како живот со цимери, го гледаш си купува оригинал облека, пари за сметки не ти дал. Ќе се изнервираш, ќе искоментираш? Ќе пробаш да разговараш? Или ќе ги покриеш од свој џеб. Не разбирам.
Ти пиши му порака Сакам развод утре поднесувам документи за развод а за тоа шо ме давеше ке бидеш пријавен Нека не мисле копукот оти Господ за јајца го фанал Ке смене плоча одма ама ти не потпаѓај под негово влијание
A sto ke postignam ako go prijavam sega po nekolku dena? Toj veke kaza deka bil vo policija navodno komiite prijavile galama dal izjava i tolku. Toa na moite mu go kaza ili sakase da izigrava zrtva. Ne znam. Dali ako prijavam jas ili nekoj drug ne smee da mi se priblizuva?
Затоа ти кажав дека вие сте требале да разговарате и заеднички да одлучувате. Тоа ти го зборам цело време. Нема врска,терај како што мислиш. Се најдобро ти посакувам.
Не се сведе малку проблемот во друга насока.. Луѓе има народ со милиони и пак се насилнии... има народ со многу пари и пак лошо водат евиденција.. Можеби тој е крив, можеби таа, можеби заедно. Таму секој може да раскажува од своја перспектива и секој само својот труд го гледа. Каква и да е ситуацијата насилник е насилник !
Seriozno pomisli deka ne sum zboruvala na temava? Samo mal milion pati sum probala da mu dolovam kako mi e i deka sakam samo razbiranje. Deka jas nikogas ne se otkazav od nego a toj se otkazuva ( si zaminuva ili zakanuva so prodazba na stanot i razvod ) na sekoja kavga. Sto ako jas ostanev bez rabota, togas sigurno bi gledal da izbega doma sto e mozno pobrzo.
Те сфаќам ама таквите луѓе се отсекогаш насилни, прашање на време е кога си ја тргаат маската. Другарка имаше ваков сличен случај, секогаш беше нервозен, темпераментен и гледаше преку што да го извади тој темперамент од себе. Кога еднаш ќе му се ускрати тоа од кое цел живот црпел енергија, полудуваат.
Епа ти не кажуваш сѐ. Јас те прашав сто пати дали разговаравте претходно,ти не кажуваш ќутиш. А чив е станот,на чиво име? Тоа е што е.
Какви манџи, какви супи, какви подвароци. Ја би секој ден да нарачувам храна, утре орден за домаќинлук никој нема да ми даде, а не дека и ми треба. Како јас, така он, и обратно, никој не е роден должен некому за нешто. @tigrica92 маж ти е кретен во секоја смисла на зборот. Ако прашањето е дали да се разведеш? Да, секако. И немаш никаков разлог понатака да се објаснуваш. И да не е физички насилен, според пишувањето, е паразит. Никаква позитивна работа не напиша за него. Што ти треба повеќе?! Ем прост, ем сака луксуз кој не може да си го приушти, па те цица , ем насилен. Таков само во подрум се чува.
Na negovo, ama bidejki e kupen vo brak zaednicki, t.e. imam pravo na nego. Za da se prodade mora i moja soglasnost.
Доволно е веќе со расправиите и навредите, ќе следуваат банови. Членката има сериозен проблем и ве молам да се држите до тоа да дадете совет, ако не едноставно подобро не пишувајте ништо.
Апсолутно имаш право. Како на станот така и на се што во брак сте стекнале заедно, кола, имот, ствари... јас би го прашала дали сака да си замине јас да продолжам да си го плаќам ако веќе со ќеиф си го средувам бар мој да си е. Црно на бело на нотар ми го остава, на мое име стан, на мое име долг и ајт на здравје. Ти со 2 плати нема да сетиш. А да пријавиш можеш, во секое време, чим у комшии се умешале, ехеее.... Искрено првата приказна не ти беше таква и во мои очи личеше дека си виновна, мада уште тврдам дека за 200ден јадеме тројца дома 2 дена за ручек, од оваа гледна точка скроз е јасно за каков лик се работи. Битно се спаси и тоа е.
Ке бараш забрана за приближување При развод ако е попаметен ке рече у фирмата да го одјават Па како невработен ке му плаќаш алиментација некој перуод А кога ке се докаже оти е насилник ништо нема да добие Само сега после два дена незнам мема да можеш да извадиш лекарско консултирај се со адвокат
Како бе така да го прашува господинот што сака да работи кога се до гуша во долгови? Станбен кредит, кредитни картици и тој ќе има право да одбира шо ќе работи, па и ќе се луксузирал мрсулкото со 15000 денари плата. И рака ќе крева на онаа која го издржува како мало дете. Да е асолен маж ќе работи шо било, и тоалети ќе чисти за да излезат на крај со трошоците, не да одбира. Па и со 8мо одделение бил, баш има лице да одбива работни места, ох мајко.
Се моли @tigrica92 да сподели како завршила ситуацијата затоа што многу ќе бидеме сите среќни ако мрсулот добие забрана за доближување
Ne go prijaviv navreme zosto iskreno bev vo shok samo si otidov so taxi kaj moite. Toj go objavuva stanot za prodazba veke i ne se ni izvini ne ni osekja kaenje verojatno.