Ne znam kako bi bilo toa jas bi sakala da go isplakam ama dali bankata ke saka da mi go prefrli zosto ne sum osigurana vo firma tuku kako nadvoresen sorabotnik, a toa kaj bankite e ednakvo na neosiguran nevraboten.
На чие име е станот? Консултирај се со адвокат да не продолжиш да плаќаш кредити а тој да се лукаузира со парите од станот.
Најверојатно само тоа и чекал. Како може да го продава станот, тоа сигурно си има некоја процедура, не може стан кој не е исплатен да го продава.
Јас кога прашав,резил ме направивте. А сега ти праша и тоа е нормално. Хах двојни арашини, Бубаче не смее да праша,срам да ми биде, а ти смееш и се е ок. Станот е на негово име,а она има удел и без нејзина согласност не може да го продаде.
Одма до адвокат Да го замрзне станот и цел имот додека не заврше разводот Клошарот ке го продаде и ке ги изтроше парите додека се свестиш
Spored noviot zakon ne smee bez moj potpis, znaci dvajcata mora da se potpisime pri prodavanje. Vo odnos na hipotekata, moze da se prodade stan pod hipoteka, so toa sto parite od kupuvacot se isplakaat direktno na bankata za da se zatvori kreditot, a ostatokot na prodavacot.
Се бива. И како надворешен соработник ти легнуваат пари на сметка ваљда. Ти свиркај си! Башка кажи му преку адвокатот се, документирано, да нема опција да ти ги изврти зборовите. Од не мое искуство ами на моја блиска.
Ako toj dal ucestvo za stanot od negovite ili pari sto gi zarabotil pred brak,moze toa da se dokaze na sud i stanot e negov.
Чоек, консултирај се со адвокат. Колку шо знам, се' шо е стекнато во брак, по пола се дели. Освен ако нема експлицитен договор дека едниот од брачните другари се откажува од делот. Најди адвокат, не чекај. И да треба да земиш пола, ако го продај, ќе се влечкате по судој, ќе се пустите... нема да ти ги дава парите.
Може, оној кој го купува станот ја исплаќа и хипотеката, остаток оди на сметка на продавачот. И потоа се префрла сопственоста и се брише хипотеката.
До овде стасав со читањето, насилството башка, самото тоа е доволно, ама со се ова повеќе од доволно е. Јасно е како бел ден што треба да направиш. Не гледај назад а биле 2 а 20год. радувај се што само 2 биле, само право и подалеку од него. Среќа и деца што немате, зошто овој истиве сцени ќе ти ги прави и пред нив и не дај Боже и на нив, спасувај се на време и секое добро. Ако дел од станбениот кредит е уплаќан од твоја трансакциска имаш доказ за учество во станот. Сега не те разбрав точно пиша од неговата трансакциска се вадат 13 500, па ти нешто префрлаш од твоја сметка ама на што на исплата за кредитот? Ајде еве и да немаш евиденција за уплативе мислам се стекнато во брак се дели на половина. Е сега поблемот е ако станот е земен пред брак на негово име, со учство од неговите и цело време фигурира дека тој исплаќа кредит тука е зезнатиот дел. Станот е купен во брак или пред законско склучување на брак? Има многу финтици тука, само добар адвокат, ама и како што си пишала не може да го продаде без твој потпис освен лоша раб. е што може да го фалсификува. Иди со време по адвокати и за развод и за станов.
Kolata e zaednichka i ona treba da prasha dali mozhe, a za parite, i pokraj shto imaat tolku troshoci on ne treba da prasha kako se presmetkite za mesecov i dali mozhe da si dozvolat da kupat neshto? Gospode bozhe, dvojni standardi, nemam komentar
Vaka, stanbeniot kredit e 13000 i se isplaka od negova plata/smetka, a tie 3000 den mesecno gi vrakam jas za mojata kreditna karticka od koja vadevme pari za renoviranje. Stanot e steknat vo brak a kolata e kupena prethodno.
Штом е стекнат во брак сигурна си, сепак за секој случај контактирај адвокат навреме да не направи тој проневера од типот да ти фалсификува потпис на согласност за продажба и да го продаде набрзинка. Многу расипано човече ми личи дека е и ај не е моја работа ама сигурна си дека парите на облека само му идеа, вака размислуваат набрзинка да продадат коцкари, должници по лихвари итн. ама можда и од бес и аздис да продава ништо чудно. Како и да е тргај се од него, ништо со него понатаму и под итно на адвокат.
Крива е затоа што сакала да ги регулира трошоците за живот, за тоа што сакала да обезбеди добра иднина за неа и сопругот работејќи две работи истовремено а господинот здрав и прав да се излежава и луксузира со тешко спечалените пари на сопругата. @tigrica92 Мила биди силна и собери храброст разведи се од такво говедо кое сакало да те убие со таков човек животот е невозможен цел живот ќе бидеш малтретирана и физички и психички и ти и твоите деца доколку одлучиш да останеш со него, а со таков човек не се знае ни уште колку ќе живееш секој момент може да те убие тебе и твоите деца доколку останете заедно. За тоа што те давел мора да пријавиш во полиција и со добар адвокат можеш да го пикнеш и во затвор бидејќи има сторено кривично дело обид за убиство. Ти си многу млада и успешна ослободи се од него разведи се ќе си започнеш нов живот ќе си најдеш некој кој стварно те заслужува и цени и ќе бидеш среќна крај него и ти и твоите деца во иднина. Цени го тоа што си успешна и сама на себе дозволи си да бидеш и среќна. Доколку ти треба правен совет можеш да ми пишиш во секое време се ќе сторам што можам да ти помогнам