Со оглед на тоа што од страна на соседите била повикана полиција нема да биде проблем да извади лекарско и да пријави настан кој ќе се заведе под истото бројче под кое се води и пријавата од соседите само случајот ќе си добие нов тек и МВР ќе си превземат мерки против сторителот и ќе биде поднесена кривична пријава со што ако членката има добар адвокат и во затвор ќе го стави.
Тогаш нека го пријаве ич нека не се мисле па нека се курче тогаш Разлигавено 32годишно детиште Па и уште силина изиграва ке продава стан Нека го спечале па нека го продава Девојче избори се за себе и не дозволувај една лигавешка да те влече удоле
Драга моја, сопругот според ова што го пишуваш е човек со социопатски примеси, ако не и целосно тоа. Секако дека само развод е разумна одлука. Ти посакувам сѐ најдобро понатаму. Биди мудра и дипломатка за да избегнеш некои несакани испади од негова страна во текот на процесот. Не очекувај емпатија и разбирање од луѓе со пречки како него. Ќе успееш секако. П. С И не се обвинувај. Сите правиме грешки. Целосна поддршка од мене.
Еве јас зготвив вчера замисли пире и плескавици и салата, и тоа што потрошив и струја да стокмам се и времето за работа ме кошта фазла од 200 ден. Па ексик нека е ако стварно и е 200 ден 2 порции, и јас би нарачала. И што се фати толку за готвењево жити се? Битно ли е толку во мометов тоа?
Ne e MORALNO, da baras stan,kupen so ucestvo od necii roditeli? A da bea od tvoite pari ke mu go podaris na soprugot? Ostavi advokati,,za nasilno odnesuvanje ima zakon i sud,zatvor,,sekomu svoeto, zasluga,,ama toa sto ne e tvoe ne e. Od inatenje, i od imot steknat vo brak mozes da ostanes bez nisto,Nekoj mnogu rabotel za da mu ostavi na sinot pari za stan.Toa sto zimas duplo poveke e promenliva rabota.NIKOJ NE SE VENACAL ZA RABOTA.Ides gore i dolu,momentalnata zarabotka ne znaci nisto,ako kazes za 20 godini e toa e drugo.Ne izbrzuvaj so nisto i so smirena glava.Ama toa za deteto mislam deka te boli najmnogu i te razbiram.
Си кажа членката дека со нејзини средства било реновирањето и опремувањето, што со тие пари? И законите си се закони, како така ја советуваш да остави адвокати?
Renoviranje i opremuvanje e edno ,ne e cel stan toa sekako i pripaga,ama ako nemas stan sto ke stavas vnatre ?Moze da podnese tuzba za nasilstvo,ne za podelba na imot.
Као ќе ги вади плочките или бојата од ѕидовите, лакот од паркетот? Ај што е оштетена и нема шанси да си врати ни третина од вредноста на тоа што инвестирала во станот па и се дрзнуваш да даваш вакви совети. Станот е под хипотека, и секако ќе се дели при развод или при продажбата, бидејќи е стекнат за време на нивниот брак. Нема потреба од тужба.
@ani23 за ова со станот не си во право. Жената кажа дека и нејзините и таа дале пари за мебел и сл. Учество за стан е тука некаде со пари за мебел + бела техника. Така да ситуацијата да беше обратна, тој да купил мебел со тие пари, а таа да го дадеше учеството пак ќе беше исто. Да даделе пола - пола учество исто така пак ќе беше иста ситуација. Ги разбирам луѓето, не сметале дека ќе дојде до такво нешто. И нејзините и таа сигурно си рекле нека е само за добро, за да се има нешто заедничко. Секако станот не е исплатен, и го отплаќале заеднички. Да не била таа, чисто сумњам дека ќе си ја давал тој цела плата на рата од кредит па да живее со 2000 месечно. Нели, за тоа биле во брак, божем да се поддржуваат. За плативе се согласувам дека кај други парови е привремена ситуација, некогаш едниот повеќе, некогаш другиот ама во случајов не е така. На 34 години му лета паметот на него и така е со години. Штом досега не се освестил, кога, на 50 години кога ќе сакаат деца на факултет, концерти, одмори...? А на кантар никогаш не може да се измери кој колку дал и од чија плата било и ниту пак треба. Така да, без разлика на тоа, треба да си бара пола.
Не се фатив јас,се надоврзав. Кажав дека сами требале да се договорат пред да стапат во заедница, таа кажа дека нон стоп му пререкувала за пари што според мене не е во ред. Има нешто друго во приказната,но како што гледам таа сеуште седи и не превзема ништо. Секој си го искажа своето мислење,доби разни совети сега е на неа сѐ.
Nego ne mu ostavi nikoj nisto vsusnost moite mi kupija mebel i eden kup raboti a negovite ni edna burma ne mi podarija a ne pak pari za stan. Ucestvoto bese 7000 evra negovi, 2000 moi ama bea isplateni od negova smetka bidejki toj go digna kreditot od negovo ime.
Normalno deka ke mu prerecam ako na sekoja kavga mi veli " ne mozam da ziveam siromasno i da stedam" . Ti da si na moe mesto sto bi napravila? Sigurno ne bi kjutela ako nekoj ne ti ceni nisto. Da ne rabotev i da cekav od nego ok bi razbrala da mi prefrli, ama vaka ??? Jas treba da rabotam i poveke od 2 raboti znaci spored tebe a toj da lezi na krevet i da se zali.
Jas i ne ni barav nisto za stanot tie pari mi se izgubeni, samo natamu otide muabetot od nekoi clenki tuka
@tigrica92 читам се што ти напишаа. Мој совет ти е да правиш како што ти е тебе добро и да си имаш мир во душата. Никој не знае како ти е во бракот освен ти самата. А ти да работиш и 5 работи ако тој е научен да троши а ти да заработуваш ќе ти ги потроши и сите пари од тие 5 работи. На крај види ја сликата за неколку години од сега. Кога ќе има деца пак ќе сака да си троши за себе цела плата за луксузи а ти да работиш и заработуваш повеќе се ќе оставаш за дома и за децата и за него. Кај си ти во приказнава? Кога гледаш дека тој не те цени цени се самата и остави го. Да видам дали мајка му и татко му ќе му дозволат таков живот кога ќе живее со нив. А може и така од дома е научен. Во секој случај гледај тебе да ти биде добро и утре когаќе имаш деца да им биде добро на децата. А ваков маж (нема помала буква инаку со помала м би го напишала) нека си најде друг спонзор за неговите луксузи.
Епа ова ги менува нештата. Ок,ај ќе бидам пофина. Јас искрено ама сега искрено после сѐ, и после ваква расправија нема да чекам ни минута,а не пак да бегам кај моите. Станот колку е ѝ негов,толку е и твој. Ќе си викнам полиција и ќе го пријавев за семејно насилство,со докази со сѐ. И нема да чекав да помине ситуација да се смират нештата за да барам чаре. Истата вечер тој човек повеќе нема да ми биде маж,туку екс. Е тоа јас би направила. Не знам што чекаш воопшто. Денови минуваат,ќе не можеш да докажеш дека те удрил,дека психички те потресол итн. Од што се плашиш за да превземеш чекор?
Многу е тешко во нашево државиче да докажеш насилство без разлика психичко или физичко. Ако пријави за психичко насилство типот може има врски по институции и да ја направи психички нестабилна и дека се измислила па дури и дека сама си нанела физички повреди. не знаеме каков психопат е. Ама дека е паразит се гледа уште од далеку.
Јас го знам тоа многу добро посебно овие кои се од помали градови. Ама со добар адвокат и сведоци(мислам комшивката) ако сакаат да соработуваат ќе добие на суд. Него работата е што и таа може да одбие со разлог дека не сака да се меша.
Никој не сака да се меша верувај. А типов ако е некој психопат може да ја тужи и неа за психичко насилство дека не му давала пари, го навредувала итн. Типов ми е одвратен само што читам за него. Среќа што немаат деца па и тие да гледаат што мрза е татко им.
Fala na razbiranjeto. Veke pisav i vo prethodnite komentari deka najcesto za toj negov muabet se raspravame. Inaku ne deka se plasam od nego, ama ne sakam da se zamaram i da si gubam vreme, nema da dobijam nisto so toa sto ke go prijavam. A i komsiite veke go prijavile, dal izjava i tolku.