Како го преживеавте разводот? Aко се расчистуваат работиве, нека се расчистат што порано, дури е што помало детенцето. Поголеми шанси за оправање има тогаш. Бепчево е скоро родено, според другиве мислења, нели? Додека не почнало да разбира нека се расчистат тие работи, потоа полесно ќе биде да се навикне и да живее комотно со таа ситуација.
Како го преживеавте разводот? жал ми е што твоите не ти нудат тоа што ти треба но знаеш што?они не подржуваат да се разведеш,замисли родители на разведена ќерка+самохрана мајка а ко што пиша луѓе со углед вака поразговарајте,смирете ситуација со маж ти,ете гледајте за сопствен бизнис(со огромна залиха на старт зошто голема е веројатноста да пропадне со неискусен и необразован газда кој би заработувал на туѓ грб)ти дозволи си да си се средиш во месецот и така твоите те финансираат,па поселе се тоа ако не иде пиши во темава како го преживуваш разводот(жал ми е што се осеќаш искористена но он тоа и планирал да ти направи мажите се завидливи ѓубриња на кои им се дигаат акциите доколу ја доведат на пониско ниво прекрасната обрзовно реализирана млада девојка).може и советов не ми е најмудар бидејќи ќе го следи голама финансиска загуба ама ете за да имаш чиста совест утре да си речеш пробав се или дај боже да грешам да му тргне да е мотивиран да заработи повеќе за себе,тебе и бебушот па да те читаме за убаво во иднина.
Како го преживеавте разводот? Гајле ми е кој смета каде кој треба да коментира и да дава совет. Каде сметам дека треба, ќе го дадам. Кој сака, нека земе, кој не сака, не го примам назад без фиксална! Срам да ви е и на двајцата! Китење со туѓи перја, кај Лила од нејзините, кај нејзиниот сопруг исто од родителите на Лила. Па и дете склепале. Па не сакала да го види кога затруднела ама се омажила ради притисокот(парите) од нејзините. Зарем не гледате дека се се сведува на кој ќе докачи туѓи пари и луксуз и недостаток од тој луксуз. И што Лила ако твоите заземаат страна а не си ти страната, што ако му даваат пари, нивни пари му даваат не твои, и нивно е дали ќе ги дадат на тебе, на него или на некое циганче на патот. Арам на таткото каков татко се покажал, ај ти покажи се поарна од него. Дипломата жено во рака, и да си најдеш работа! Пронто! Да се осамостоиш и од твоите и од него. Ако не за детето, барем како прво за самата себе. Не мора да му се враќаш, можете да продолжите делени, а има време да бркаш работа за да се разведеш. Неќе утре да се премажиш(претпоставувам нема кандидат) па разводот да ти е приоритет, или ноктите дали ти се лакирани, или косата дали ти е фенирана.
Како го преживеавте разводот? Целосно се сложувам со Теси. Фала му на Бога што јас барем во мојот брак немав дете. Подобро дур е помало и не разбира. Нема да му е шок потоа-ќе биде навикнато. А ко што кажува девојкава типов цеф не го боли кај е детето 3 дена...така да нема да и е проблем. Само финтата е дали таа ќе сака да се осамостали? Е тоа е најголемиот удар драга моја Лила или Лела, како и да се викаше. Цел живот се си имала и види сега како те мава. Затоа викам-научи да цениш. Мене не ми бодеше очи што си сакала на фризер да отидеш-сите сакаме. Ама тебе да ти ФАЛИ киснење на козметичари и фризери а имаш благослов дома-боде у очи, посебно знаејќи колку луѓе се молат да добијат детенце во денешно вр. Јбг, некој за козметичар се молел, затоа сега нит подршка од маж нит подршка од твоите. Жал ми е за тебе исто колку што ми е сеедно за тебе. Барем нешто напрај исправно, вработи се осамостали се и разводот нека ти е најскоро што може.
Како го преживеавте разводот? Баш така карина Испаѓа само на зборови сум јака а уствари сега да дојде да ме гушне 2-3 слатки речи и пак ќе му се смирам. Незнам луѓе што да правам...упм се веќе. Пред една недела може има пак ја направивме голема и пак не по моја вина и пак му се смирив. И после ми кажува приказни, ако сум го оставила ќе се утепал неможел без мене бла бла....ако е стварно така зашто не направи да ме задржи покрај себе. Зашто не ме цени, зашто не го цени тоа што го имал со мене и што може да го има. Од кога сум со него друг немам погледнато, а сум имала милион прилики. Никад не сум му дала причина за љубомора, никад не сум направила да се осеќа нешто пониско од мене, сум грешела во многу работи помеѓу нас, имало караници и за кои јас сум била крива но сум се потрудила и сум ги искоренила сите работи што ни стварале караници и нервози, но за што? За некој со прст да не мрдне, да не се потруди ако не во целост барем да ги сведе на минимум оние работи што мене ми сметат кај него, да си продужи по старо. Мислев и се надевав дека детето од коа ке се роди барем малку ке се промени, ништо, стана уште побетер. Пред месец можда има така ме понижи пред неговите другари, така ми се испонаша што искрено сакав само да ме снема. Срам да му е, ако не како девојка, ако не како жена, барем како личност што му родила дете да ме почитува. Незнам што да кажам повеќе, ме уништи.
Како го преживеавте разводот? Те уништил, не те цени, а ти да дојде да те гушне пак ќе му се смириш Да не бидам лоша и некултурна ама како што викаат тебе „ем ти иска, ем ти стиска“.. Преиспитај се прво што сакаш, да не уживаш вака да те понижува, убаво ти е, па ти фали со некој да се расправаш. Да бараш совет дали уште вреди да се спаси бракот ај, ама гледаш и сама дека не вреди, а не сакаш да ставиш крај. И сега што треба да кажеме ние? Додека си носела одлуки сама, сами си сносела и последици. Сега е тука и детето, не може да бидеш себична и за него се работи и неговото рано детство. Многу си неодлучна, ако веќе ти одговара ситиацијата не се жали дека не чинел. Или сега во афект ќе се испукаш, ќе го вреѓаш, после пак си супер со него, како ништо да не било, ти поминува.
Како го преживеавте разводот? Да таков ми беше планот, дипломата во рака да си најдам работа и ќе си најдам, да се снајдам малку од малку да се оделам од моите сама со детето и до тогаш ќе потпорасне, или градинка или жена да ми го чува и ич да не ми чуе. Но тоа ли е решението? Не е плукни-залепи работава, немаме заеднички имот требаше станбеното прашање тек да го решаваме, јас бев за стан он куќа некаде понастрана. Прифатив, иако многу повеќе сакам во стан да живеам некаде поблиску до град.....е па нема повеќе моите планови за животот да ми се мењаат ради неговите желби. Ќе оставам малку време да помине, ќе му оставам малце простор да си размисли дали планира да се мења и да има живот нормален со мене и детето до него или ќе си продужи по старно. Таков не ми треба. Ако одлучам да останам со него верувајте ќе се сменат многу работи, како најпрво нема да дозволам ниту една шанса за работа да ми пропадне благодарение на него, нема куќа да градиме, ќе си живееме во стан во која населба сакам во таа, ако не му одговарам слободно нека ме остави. Зашто се беше до сега како он сака е па отсега ништо нема да биде како порано. Он ме направи ваква каква што сум, заборавив на другарки на цел мој живот што сум го имала пред него. За што, за он да ми кисне 24/7 со другари, со луѓе (не сакам да вреѓам и да кажувам какви се) е па нема повеќе така ако сака да остане со мене.
кад тад ке ти умре...уште не ти дошло жута минута. али знаеш како викаат старите-подобро спречи него ли да лечиш. па твое си е. со среќа Лила.
лила батали форумов и побарај си стручна помош,најдобронамерно ова пишано зошто што и да те чека во иднина ќе ти треба,иа дај малку разум девојко сега си веќе мајка,независно дали сама ќе го растеш тоа дете или со него или некој друг ти си пред се мајка и однесувај се како достоинствена мајка.
Ондак супер. Ама ако се смириш, немој да си се пожалила од него, затоа што сега ти ќе си исто одговорна за неговите постапки како и тој. Отсега, за се` непријатно од него што ќе го доживеете ти и твоето дете, за секој лош збор упатен кон тебе, за секоја солза и страдање на вашето дете, самата ќе си бидеш крива. Како викаат Американците: Fool me once, shame on you, fool me twice, shame on me. А тоа што му е далеку од втор пат тоа е друг муабет... Бери си го паметот со време.
па прво го потресуваш детето,сели го наваму-натаму,а од друга страна пишуваш да ти потрча мм и ти каже 2-3убави зборови пак ќе му се вратиш а него не му е гајле за детето,немора тебе да те праша како е детето може и твоите да го информираат,некако незрело се однесуваш како тинејџерка а не мајка.еве и да ти е тешко(а и ти е)решение не е бегство дома,верувај од искуство ти пишувам зошто и јас имам брачни проблеми и бегањето кај твоите ама ич не ги решава проблемите и во очите на твоите и кој и да било делува многу незрело,сепак ти си знаеш најдобро самата за себе но треба и да сметаш на детето овој пат што за него е најдобро,јас ти пожелувам се најубаво да ти испадне,немав лоша намера со коментарот,сепак не е лесен развод како развод+треба да мислиш и за доброто на детето од секој можен аспект што е дополнителна тежина што може подобро ќе ја расчистиш со стручна помош.сепак твој живот твој избор.
Lilaa дали ти знаеш зошто си се омажила за тој човек? Зошто дете си му родила? Затоа што го сакаше или затоа што не сакаше да ги срамиш твоите. Се омажи заради твоја среќа или заради среќата на твоите. Велиш не го сакаш, а малку да ти каже циле миле му простуваш. Вие сте како небо и земја, и јас се сложувам дека него му одговара да зависиш од твоите. Така може да те толчи и понижува до немајкаде. Од понеделник до сабота пекол, недела секс и слатки зборови и пак од почеток. Таков ли сакаш да ти е животот?? Седни си сама пред огледало соочи се со себе и кажи си на глас што сакаш од животот, реално кажи си дали може тоа да го оствариш во брак со него. Тогаш ќе знаеш што да правиш. Ни твои ни негови, ни ти ни тој. Ти си сега МАЈКА и од тебе зависи животот на една душа невина која не барала да дојде на овој свет. Соери се самата , смогни сила, доведи си го живтот во ре ( со него или без) затоа што сега ти си втора. Прво место е детето. Тоа е да се биде мајка.
Го сакам бре жени а знам дека и он ме сака....длабоко во себе Но џабе е...кога нема разбирање, компромис, баланс некој помеѓу нас сета љубов паѓа во вода Ич не ми е лесно, најсериозно незнам како да продолжам понатака и како е најпаметно да постапам. Она што прочитав коментари трауми за детето што сум го шетала навака натака, ве молам. Што требаше да останам да седам таму, да го трпам и да ќутам, не само него туку и неговите нешто многу покажаа заби. Или пак да им го оставев и да си се вратам сама, бог да чува, толку разбирање да се немало ситуацијава во која се наоѓам. Единствено тоа ми е најмала грижа, а ете и вас да ве информирам да не се секирате за сонцето мое, дека си е супер, дека не дозволувам ништо да осети, коа сум многу изнервирана дали од татко му дали од моите во раце не го фаќам, можда ништо не разбира но сигурна сум дека се осеќа. Во соба кај него тон не се повишува, на ад е, си јаде на секој 3 саати, пресоблечен, наспиен, избањат, ништо не му фали. Прееска го носевме на педијатар, супер си напредува и така.
Еј, еј, уште ние сме ти виновни сега... Факт е дека браков ти е катастрофа. Никој не се однесува кон личност која ја сака така како мт што се однесува кон тебе, полесно ќе ти биде да пребродиш се` ова. Не е љубов тоа и те молам не се залажувај за тоа. Те оставал сама трудна и искачал у диско со твоја картица...? И тука има уште место за праење муабет за љубов. Наместо да се расправаш тука со нас, да не` напаѓаш и да ни` солиш памет, расчисти си со мт. Затоа што детето ќе страда. Сега можеби не слуша, но утре и ќе прооди, нема секогаш од тебе да зависи во која соба ќе биде и можеби кога вие нема да знаете ќе ве слушне и ќе му го скршите срцето. Нас не` испонапаѓа што ти даваме сестрински совети, ни` ги искриви зборовите, а мт е душичка сакана која еднаш да те прегрне ќе те натера да заборавиш на сите работи кои ти ги сторил. Богами, ако вака ги напаѓаш сите кои имаат добри намери и добронамерни совети, ништо чудо што си заглавила со човек кој постапува лошо со тебе. Ете од каде добивме впечаток дека страда детето...сама си кажа... како дозволуваш некој да го трауматизира бре жено, па и роден татко да му е?
Многу погрешно се разбравме Ниту ве напаѓам, а ниту пак ви солам памет, само коментирам за работи што ме погодиле од ваша страна, како на пр не ми било гајле за детето и сл. Нејсе, фала ви за советите и за одвоеното и потрошено време за мене и мојот проблем. Си побарав совет, си добив, од некои со помалку од други со малку повеќе разбирање не е битно. Јас најубаво си знам како ми е, како ми било и зошто дошло до тука. Немам намера да се расправам или објаснувам со вас, а не ве ни обвинувам што неможете да ме разберете, не ме познавате, така што од неколку мои постови не ни очекувам да ме сватите. Поздрав до вас и фала за советите. Нешто може ќе прифатам, друго ке применам, трето ќе игнорирам, па како ке заврши сето ова ке ви пишам.
а што те спречува да се разведеш? Ваљда нема да си играш love the way you lie и sex on fire потоа. Не дека те осудувам но мислам дека би била посреќна ако најдеш некој ''поситуиран'' и покултурен сопруг дечко итн...и како што спомна некоја формуџивка погоре тој ако сака да биде добар татко и со развод ќе биде. Наочарите розеви ќе ти траат уште некој месец па кога ќе ја снема и последната капка љубов, или кога нема повеќе да биди убав и згоден дури тогаш ќе видиш што е вистински хорор.