Ниту ја плашам ниту ништо. Напротив ја подготвувам. Зборите ко да имаме амерички систем ние правда на ниво. Реалноста е друга. Ко плаќа више и кој врски има. Јас ја советувам да се подготви за секој случај од секој аспект.
Јас пак имам случај, мајката беше без работа, без имот, не се ни замараше со децата, таткото и со пари и со врски не успеа да добие старателство. И сепак не ѝ ги зеле, така? Процесот може секако да се одвива, но исходот е тој.
Те разбирам, можам да замислам колку е тешко и напорно без поддршка. Јас не би чекала ни еден момент повеќе. Разговарај со твоите ако немаш друго место да одиш, спремај еден ранец за децата и прво нив однеси ги, после врати се со некој по другите ствари. Гледај да не е дома и исели се. Извести го по телефон да чека покана за суд. Со среќа
Па да не се замара со децата не би отишла на суд да се бори за нив... Абе како што кажам многу амерички го гледате нашиот систем. Да беше така и се друго ке беше решено. Та и тоа е мое мислење од блиски искуства кон членката, а таа си знае најдобро. Немам намера да навлегувам во тема за да се објаснувам колку не е розов судскиот систем кај нас. Се е мито и корупција. @Trpkovska Припреми се добро и со среќа и гледај тргни се од човекот навреме
Da deluvase nasiot sistem kako vo stranstvo, kje bese mnogu podrugo. Ama kaj nas prvo sto raboti mito i korupcija, pa posle imam covek vamu kje ti zavrsi rabota. E zatoa nema da nw bide nikogas.
Се замараше за парите и за инат. Знаеме сите дека не ни го бива судскиот систем, но во оваа област сеуште си држат до принципите, и како што кажав повеќе страни се инволвирани, од обвинителството, социјалните служби и полицијата доколку се работи за семејно насилство, процесите ги следат и меѓународни организации за права на децата и жените, да не ги набројувам, затоа и не се осудуваат да прават далавери. Дури и како што се старателствата поставени кај нас, таткото и најдобар да е, мајката може да не му дозволува да ги гледа повеќе од пропишаното време, обично е секој втор викенд, што секако е малку за децата да не си го гледаат едниот родител. @Trpkovska очигледно само се заканува напразно, по ова што го пиша не само што не е заинтересиран за децата, туку и сам е свесен дека не е способен да ги гледа. Секако, ти треба сѐ да си кажеш на суд како е, посебно за неговиот однос спрема тебе, затоа што има елементи на психичко насилство. Нормално дека се секираш за децата, ти си одговорна да им обезбедиш здрава средина за растење, затоа што таткото не може.
На страна тоа што нема шанси да му ги доделат него, нема ни да ги бара. Чим не сака ни пола саат да ги почува знај дека не ни сака да бидат со него. Така ти збори само колку да имаш "страв" дека ќе ти ги земе и да не си одиш.
Оди чекор по чекор ... прво сигурно ќе во носат на помирување ... па бајаги време таму ќе утепаш.. И гледај остани смирена. Таму тоа тетките ќе ти дадат 100 глупи примери зошто да го трпиш. И овде одма ќе осетиш на која карта ќе игра. Дали ќе се умилкува, па да се прави оти е најдобриот маж на свет или ќе си ги покаже демоните. Многу клучен фактор е начинот на кој ти ќе изреагираш. Да останеш смирена и решителна. Чекор по чекор за овие работи. Многу е битен тој дел бидејќи малку нервоза да покажеш еве ќе речат таа прави немири во бракот и слично... за да не влијаее на суд тоа.. и само силно. Адвокад некој итар, некој што пред време се ќе те подготви Смирено и слабост ниако да покажувај ниту нервоза.
И од други примери знам за ова. Она што не можам да го разберам е зошто ги носат на помирување, демек тоа тетките таму ќе ми ги решат проблемите дома. Ако ми се одмилил партнерот, ако нема љубов, толеранција, почит, нема поента сето тоа. Инаку се согласувам, смирено и без нервоза. Знам за примери каде тоа тетките "паѓаат" на шармантни манипулатори (од пример од подалечна фамилија). Жената била нервозна, и еднаш не се појавила на сослушување, и доби негативно мислење за на суд.
Многу се праат важни со ова децата кај мене ќе одат. Нека одат бе. Да видам дали може да зима толку често одмори и боледувања од работа кога ќе се болни. Да го адаптира во градинка 1м, да трча насекаде, да мисли на вакцини и да бара доктори... еве го мм се јачаше он можел кога сака одмор да зема и сега циу не му даваат морал да оди. Еднаш на мм му викам ајде да се разведеме ама Ја лично ќе барам 1 недела кај тебе 1 недела кај мене детето, он мисли закана е ако каже ќе биде ппола пола. Не бе брат, сп задоволство и ти си родител не само ја.... па после ќе си речеш ее колку се жртвувала и кариера и здравје и нерви и се. Поготово кога имаш брливо дете како моево што не сопира. Малку избегав од темата. Ама зборот ми е се силат беспотребно. Не се прај тоа така. Не може дете да осакатиш и да го тргнеш од мајката прво тоа. А второ, како што пишав Реетко кој е способен да седи дома да работи и дете да чува и храна да му прај. Едино МАМА ако не го чука по раменици дека ќе го чува Внучето. Ама и тоа ќе потрае месец, два , шест после почнува кичма да ги боли... Еее бе. Со таква закана само слабаци се служат. Саде лесно е он сам да ги изгледа. Башка да бил способен да ги глеа децата, ќе беше способен да напрај се семејството да го задржи.
Epa seto ova kazi go na advokatot i decata so 100% sigurnost odat kaj tebe. U vaj slucaj na nego mu nesto fale ne na tebe.
Тоа тоа, и ти ќе излезеш виновна а тој ќе вика ама јас сакам бракот да успее се мачам се трудам. Едно е човек сега што се расправа. кога ќе дојде тој дел тотално менуваат политика. Од интат ... не за друго.
@Trpkovska Децата ги даваат најчесто на мајката. Кога велиш имал луѓе тој, најди луѓе и ти! Адвокат обавезно некој спремен. Исто така можеш за инат и приватна тужба да му поднесеш за малтретирање, ќе направиш вештачење кај психолог/психијатар, ќе речеш еве млекото ми секна од нервози, не можам да спијам, имам панични напади, анксиозна сум итн. Знам жена што вака го тужеше сопругот за психичка тортура, му бараше 100 000 ден оштета, ама не истера до крај со процедурата, оти господинот јавно ѝ се извини. Не да ја шибам сега жената да прави пакости, ама јебига на некои мажи само така им треба. Па какви се тие закани деца ќе и земел? Знам само 2-3 мажи кои се способни сами деца да гледаат. Другите само се силат. Ова нарцис некој токсичен сака да ја плаши жена му со децата за да остане со него и да му готви, пере и чисти. Нажалост балканов е валкан, мажите мамини синчиња научени се на послужавник да им е, они да грмат дома. Е не е ова стариот век. И ние со сопругот првата година имавме многу караници, ми рече ако се разведеме мене ќе ми било тешко, за инат детето ќе ми го земал. Викам земи го слободно, ти ниту знаеш како ниту можеш дете да гледаш, а мајка ти што те охрабрува толку ќе ти го гледа 2 месеци после ќе почне да негодува. Во тој период се борев со пост породилна депресија, од страв си ја прекинав терапијата. Оти нели психички нестабилна мајка ќе бев ако примам лекови за депресија. Ние мајките правиме се за децата, направи го и ти најдоброто за твоите деца! За среќа мојот сопруг се опамети малку, не ја слуша мамичка толку, па не се караме како тогаш.
И да го кажиш за заканите и за навредите. То влијае на одлуката за развод. Кажи го уште сега. Пријави во социјални служби, да има запис за случувањата.
Ништо не може да влијае на развод ако едниот партнер сака развод, ниту позитивно ниту негативно може да се влијае на развод. Во социјално за доделување старателство веќе е друга приказна. Одиш кај адв поднесуваш тужба за развод. Е кога ќе ве викнат на мирење, ќе си се средиш пристојно, одиш смирена и смирено кажуваш зошто сакаш да се разведеш и зошто не можеш да се помириш со сопругот. Не разговараш со него таму, не се впушташ да се докажуваш ако те прекинува или вели дека лажеш, туку само им велиш, не мора со зборови, туку со поглед во стилот еве гледате со каков човек си имам работа. Кажуваш дека нон стоп ти вели да си одиш, т.е дека ќе те избрка па еве затоа си одиш. Покажи стабилност и не паѓај на негови провокации или евентуално сценарио да рече еве да се смириме ќе се сменам или сл.,кажуваш само исто како и претходно не можеш да бидеш со некој што те брка од сопствениот дом и не е во ред децата да растат така и тоа е тоа.
Очигледно не знам како оди процесот Ко така, треба да кажи во социјалното за секоја психичка/емотивна/физичка повреда.
Точно, сестра ми кога се разведуваше не беше вработена а тој беше, но детето сепак кај неа го доделија а него му одредија кога да го гледа и колку алиментација да плаќа (до ден денес нема денар платено ама за мирна глава не му ни бара). Тие спогодбено направија, таа одеше со тоа дека тој пие и ги малтретира Најдобро консултација со адвокат...