Здраво имам 27 години во брак сум 5 ипол години имам 2 деца едното има 5 години другото 2 години и невработена сум. со маж ми никако не може нормално да се збори само вика по мене само нешто ќе пребаци. Што се вика во јајце влакно ќе најде. Нема ден да не ми вика за нешто ако му вратам на збор негов ќе се дере уште повеќе се само доста ќути ми вика. Сум пробала мирно да разговарам со него многу пати но он одма на секое ми вика ќе те вратам кај твојте. Тоа што го работам јас ништо не му значи се вика како ништо не сум работела само сум лежела дома. Денес па ми викаше како не сум ги чувала децата а ја сум таа што цело време ги чува. Значи секој ден ќе најде нешто за да вика по мене. веќе почнувам да се гушам во куќата кај што живееме. Помислив да се разделиме ми има речено тибда си одиш но децата тука ќе седат. И не си отидов заради децата.што да правам совет дајте ако си отидам страв ми е да не ќе ги земе децата затоа што сум не вработена(ко божем ќе немало кој да ги чува децата неќе во градинка да се запишат)
А ако се разделиш имаш ли каде да одиш ? Колку време е ваква ситуацијата? Што довело до ваков однос меѓу вас двајца? Работа од дома да најдеш ? Нешто флексибилно на upwork ако можеш да се снајдеш.
Он откако се земавме после некое време беше таков но се поднесуваше некако си викав откако ќе се породам ќе се промени (дека ја морав да се земам бев трудна веќе) но откако се породив со второто веќе стануваше полошо секој ден почнуваше да вика еднаш ми имаше речено да не ќе ме удрел среќа беше подалеку од мене а никаква помош од него за ништо околу децата не сум добила од него.за идење имам мојте се уште живи
Никогаш не разбрав зошто рааѓате второ дете кога гледаш дека првото кое си го родила не придонесло човекот да се промени уште кога сте се зеле си видела каков е... Да си одиш кај твоите не ти треба таков човек ај те вреѓа па и уште да те удрел за малку.
Нема да ти ги земе. Те заплашува. Чим викаш сама ги чуваш он нема поим деца како се гледаат и сигурно не сака обврска. Нели работи зафатен е. Размисли убаво, нема шанса да ти ги земе...
@daci95m а бе какви деца ќе ти земе, се научиле така да манипулираат. Тие во брак не ги гледаат се на мајката оставено, па сами ќе ги гледале. Децата не слушаат како ти вика секој ден? Ај помалото може на разбира, ама поголемото се трауматизира секој ден. И психичкото малтретирање спаѓа во насилство, земи си ги децата и оди кај твоите и поднеси за развод штом е неподносливо. Немој да чекаш да премине во физичко насилство.
И да ги земе, сам ќе ги врати после, од шо нема да знае шо да им прави. Најјаки се така кога се силат.
Devojche imaj samopochit. Ti ne si roba, predmet pa ne e zadovolen i da te vrati. On ke te vrakjal, kreten. Najdi rabota i shutni go. Iva e psihichko nasilstvo sho ti go pravi. Vtoro, ochigledno te maipulira i saka da si zavisna od nego, zaradi toa sho on ne sakal decata da idat vo gradinka, pa da morash ti da si doma i od nego da zavisish.
Ова е психичко насилство. Во нормална земја, може да биде судски гонет. Ако си психички способна и неосудувана - тебе ќе ти припаднат децата, оти се многу мали.
ОТКАКО ЌЕ РОДИШ, НАСИЛСТВОТО СТАНУВА ПОЛОШО! Намерно пишав со големи букви и во болд, оти еднаш треба да им влези ова во главите на сите Грижата за бебе е огромен стресор во животот на било кој човек. И она што веќе го имаш како underlining issue дополнително ќе ти се интензивира. Значи ако викал пред да имате дете/деца, уште толку ќе вика кога ќе се роди/родат
Зошто е тоа така? Демек роди дете и нема кај да оди или? Не разбирам, а за многу вакви случаи сум слушнала. Логички е да станат подобри луѓе, не полоши.
Бебе,умор,неспиење,финансиски проблеми,несогласување со партнер околу детето,небитно дали било за вакцини,начин на воспитување итн
Оти стапица.Кај ќе одиш со бебе и без финансиски прилив. Дупли товар, ти плус дете. Логично е ако било заебано, да биде уште позаебано.
Како што пишав во постот што го цитираше, голем стресор е грижата за дете. И е. Истоштувачка е психички и физички. И кој-кај е послаб, таму ќе попушти. Тој шо има проблем со изливи на гнев, ќе стане поагресивен. Така сме 'дизајнирани'.
За такви мажи децата се терет и самото плачење, хаосот, трошкови, придонесуваат до повеќе нервоза која се истура на жената.