Јас имам голем проблем и сакам да ми дадете совети. Со мојот сопруг имаме многу расправии и никако да најдеме заеднички јазик, а најлошо од се е што сме во брак само 6 месеци. Бевме во врска 2 години, па решивме да стапиме во брак значи добро се познаваме, имавме кавги во врската но сепак успеавме секој проблем да го решиме. Имавме раскинувања во врската но тој ме молеше заедно да бидеме ми даде лозинки од сите социјални мрежи, плачеше по мене, ми кажа дека ќе се промени, секако јас му поверував и стапивме во брак. Проблемите започнаа затоа што тој се однесува како да не е во брак почна да касни од работа, кога ќе разговарав со него на таа тема ми вели дека веќе нема да касни, ветувањето дали трае 2 3 дена после иста песна, јас се нервирам тој знае и како намерно да касни. Има другари кој ни се љубоморни, бидејќи немаат девојки и му ја полнат главата овој мојот многу лесно паѓа под туѓо влијание и е наивен, цело време тој им звони на нив, никој него не го става на памет, а од него бараат пари на заем после не му ги враќаат овој мојот трча по нив им ја позајмува колата и на мене ми пукна филмот му велам дека сега јас треба да сум му на прво место и малку да се стави на дистанца од нив, почна дома да ми црка, да ми се заканува, да треска по масата тоа многу ме повреди, друго во колата истата вечер му најдов скриени пари и друга SIM картичка, ја ставив SIM картата на мојот телефон нема друга, но има направено лажен профил на FB од кај што си гледа женски и жени, откако го открив ова стана уште по голема кавга си ги зеде неговите ствари и парите од платата и си замина еве веќе 6 дена како не ми се јавил. Многу ми е тешко и многу ми е криво во брак сум 6 месеци наместо како другите брачни парови штотуку земени да сме среќни и да ни биде најубаво, тој не ме цени, не ме почитува сите му се поважни од мене и се зјапа по други. Има 27 години, доволно за да биде во брак а тој се однесува бетер од деца на 15 години. Мајка ми ми вели штом сега штотуку земени не ме почитува, крие работи од мене, другарите и излегувањето му се поважни, ми црка за други и лесно потпаѓа под туѓо влијание да се разведам додека не сум останала бремена па и дете да страда. Ве молам кажете ми совет.
Ти се заканува, ти траска на масата? Прашање на време е кога ќе крене рака и на тебе. Човеков не е баш чист, не му верувај. Низ слично поминав и имам пишувано тука. И слушај ја мајка ти, во право е.
@revolution566 Твојата мајка е сосема во право. Спаси се на време. Вие немате обични караници или еден мал проблем. Не сте ни долго во брак, а тој веќе си води двоен живот. Згора на се, покажува знаци на насилство. Претпоставувам во врската се однесувал слично, само те убедил дека во брак ќе биде друг. За жал, тоа што е во врската, најчесто во брак е 10 пати полошо. Не можеш да имаш предобра иднина со некој што не те почитува, а и веќе 1 недела му е во ред да не комуницирате.
Убаво ти кажала мајка ти.Не е дете маж ти има 27 години.Денес крие SIM картички од тебе а утре ако почне да крие и други работи.Па и насилно се однесува.Нема почит кон тебе,не те цени.Па уште и дете да имате ако при секоја расправа го нема вака по 6 и повеќе дена детето ќе страда, оти нема да функционирате како нормално семејство.Затоа најдобро е да се разведете.
Skrieni pari plus sms karticka??? Podnesi dokumenti za razvod sto pobrzo. Ne se sporeduvaj so drugi gledaj ti da se spasis, sto pobrzo!!!
Го нема 6 дена дома и ти се прашуваш што да правиш? Прави лажни профили, бара други женски, треска, се заканува, те поштува 0%… Мислам дека и самата си свесна дека треба моментален развод. Не се задоволувај со трошки ке си ја најдеш среќата со друг биди сигурна.
Разведи се.Кога веќе е виновен наместо како возрасна личност да седне да разговара,да покаже иницијатива да се промени,да се извини он уште навреден си отишол.Тој човек не го почитува ни бракот ни тебе да му било важно не би си отишол а не 6 дена да го нема и што е тоа криење картичка не ми се верува дека не ја користел за повици затоа што за ФБ не му треба картичка.Мајка ти е сосема во право,сега е многу полесно отколку со детенце плус е насилен јас не гледам причина зошто да не се разведеш.
Се' што ти болдирав ти е црвено знаменце. Имаш три опции. 1. Да се разведеш веднаш 2. Да пробаш да го средиш бракот (под услов да сака и другата страна да го среди) 3. Да ќутиш и да трпиш Никој не може место тебе да одлучи што е најдобро за тебе. Мораш ти. Разговарај со психолог да ти помогне да го најдеш одговорот на ова прашање.
Единствена оправдана причина зошто маж ми не би ми кренал на телефон 6 дена е ако умрел. Претпоставувам и ти си тука некаде со годините како него. Не си го губи времето.
Ситуацијава е јасна како ден. Можеби е 27 години, но е несозреан за брак, му лета паметот, не знам зошто воопшто и се женел. Опасен манипулатор, место ти да се налутиш и да си заминеш, тој си заминал и се лути како ти да си виновна. Овој е да во оставиш без око да ти трепне, а не да се мислиш што да правиш.
@revolution566 Ова изгледа како патолошки случај/ лажов и манипулатор. Со ваков мир нема да видиш во животот, ни ти, ни не дај Боже утре дете/деца. Не паѓај на негови фори, сега очекува баш реакција од тебе, да се потресуваш, ти да го бараш, уште ти се извиниш и му поминеш наместо он, а он е крив. Будала тешка. Mи изгледа и ко да си пропуштила дел за тие кавги во врската, што ги предизвикало тие кавги и што правел он за време на тие кавги, што ти се појавил сомнеж за да бараш од него лозинки од социјални мрежи. Не паѓај ни на солзи повторно, пошто може ако види дека не го бараш да смени плоча за 180 и почне и со такви манипулации повторно. Подобро сега да прекинеш, сеуште си млада и имаш надеж за подобар живот и иднина.
Апсолутно во право е мајка ти. Млада си, животот е пред тебе и немаш причина да си го губиш времето со таков недораснат маж што нема да се смени. Денес треска по маси, утре и тебе може да те ‘тресне’. И да те моли, да не му попушташ.
Втората опција не вроди со плод, икс пати е разговарано со него и со убав и со лош начин. Не му е прва лага и во врска кога бевме му открив лажни профили, после ми се колнеше дека веќе нема да има, како што кажав плачеше по мене. Другарите од секогаш му биле по важни од мене не смеам еден збор лош да кажам за нив, а кога кажувам се имало случувало да ми вели кој си фактор да ми се мешаш и наредуваш со кој да се дружам тие ми се другари од деца, а не е ни свесен дека само го користат и ни се љубоморни, јас го имам осетено тоа да се добри јас нема ништо лошо да зборувам за нив. Инаку најкриво ми е што имам само 20 години, прв ми е дечко, стапивме и во брак му дадов и невиност и се а тој како ми возвраќа на мојата поштеност и искреност спрема него.
Да не ти е ама ич криво. Да го сфатиш ова како една животна лекција од која можеш многу да научиш. Знам дека сега ти е многу тешко, заљубена си, си го замислувала животот со него, си се вложила во бракот.. Ама премлада си и младоста и животот се пред тебе. Верувај еден ден преблагодарна ќе си за сѐ што сега ти се случува. Остави го под најитно, немој да го бараш и молиш, не попуштај и он ако те моли. Ако ти е тешко разговарај со психолог, ќе ти олесни. Излези со друштво, дружи се, патувај, не знам дали имаш факултет или работиш, важно застани на свои нозе, да не зависиш од никој.
Devojce se ova sto si napisala, za tvojata vozrast si vlozila, nema somnez, megjutoa dali treba da vlozuvas i ponatamu vo propast? Ova sto go zboruvas "korist" i sl. ima i toj nesto od niv ako ne drugo kjef. Se ova sto si pisala do sega, ne da se razvedes zid treba da napravis toj nikogas vekje da ne moze da ti se doblizi, zatoa sto e tezok manipulator. Eden covek stom pari krie, ima pari visok, laze i nz sto uste, toa ti e provalija, ako nemu mu se skoka, neka skoka, ne moras ti. Mlada si tek e zivotot pred tebe, a i da ne si, kvalitetot na zivot e vazen, a ne dali bil prv, pa sto sme vlozile, pa zosto razvod, pa kako sega i tn. Se kje si dojde na svoe mesto, i so misli i sekako ottrgni se, a za nego negov zivot negova rabota, da ne te interesira.
Одам на факултет втора година. Имав проблеми со него и за факултетот, ми велеше да се запишам вонредно јас не сакав и затоа сме се карале во овие 6 месеци.
Девојко главата горе. Млада си, паметна си, ова е една животна лекција од која ти ќе искочиш по храбра. Убаво те советува мајка ти. Чим сега 6 месеци сте во брак и ова го дожуваш за 6 години што ќе доживееш? А ако имаш дете уште по комплицирано. Не си сама, имаш поддршка.
Уште едно црвено знаменце. Личност што ти го попречува патот кој сакаш да го одиш не треба да е во твојот живот. Без разлика дали другарка, партнер…Партнер треба поддршка да ти е, не пречка. Терај си девојче, сериозно остави го.