Разведи се и почни да си го живејш животот, овој ништо добро нема да ти донесе во животот. Читам си студирала плус, заврши си факултет. И да, веројатно си млада и че си помислиш во смисла леле разведена сум ова она, немој да си помислила на то. Вака ми делуваш зрела и паметна девојка. Размисли пак, мајка ти убо ти вели, разведи се, нема да видиш аир од овој.
Ubavo ti kazala majkati.6meseci brak so vakov pekol podobro razvod dodeka nemate deca posle ke bide potesko devojce begaj od nego podaleko.
Kratko i jasno.. Da go ostavis ovoj tip, nema nisto dobro da ti donese vo zivotot samo problemi. Mlada si i bez deca, nemoj da trpis.majka ti ubavo ti kazuva.
Ти гледај си за себе ,работа факс ништо не ти зависи од него .Он те прелажал и сега прави што сака и веќе си го фатила на дело се ти е јасно правец барање за развод а тој е само еден маж не е светиња не е незаменлив .Животот е пред тебе имаш време за се ,без него ќе ти е подобро милион пати . Најдобро ќе било да не си се венчала но што е тука од грешките се учи и се излегува посилен и попаметен , животно искуство.
Koja e granicata na tolerancija za fizicko maltretiranje? Dali decata se dovolen osnov da ostanes i da dades uste edna sansa na nekoj so ne se kae? Sto misli deka ako zenata ima svoe mislenjw, ako ne raboti se po negovo.trebe da bide fizicki maltretirana. Deka za nego e sovrsen brak mazot da dirigire a zenata da slusa, site da igraat spored negovi pravila? Od druga strana imame povozrasni rodit3li na zenatq koi vrakanjeto doma bi bilo kraj nq svetot, pa i decatq cij cel svet ke se prevrte?? Tolku golema topkq vo dusata
Нема толеранција за никакво малтретирање. Без секого се може, а за децата е подобро да растат во здрава средина, не да бидат сведоци на секојдневно малтретирање. А на повозрасните родители ако не им е важна среќата на сопственото дете, не заслужуваат да се наречат родители. Еден живот имаме, дали вреди да се помине во постојан страв и малтретирање од страна на партнерот? Башка, тоа малтретирање може кобно да заврши. Пријави насилство и бегај подалеку. Не е лесно, ама колку е лесно да живееш со насилник?
Не, децата не се причина да останеш, туку причина плус да заминеш. Ниедно дете не сака да гледа како некој ја малтретира/тепа мајка му. Прашање на време е кога ќе посегне и по децата. Родителите на жената ќе се навикнат дека не е крај на светот.
Границата- 0. Децата се огромен основ да се бега што подалеку од таква токсична средина, а не доволен основ да се трпи и останува. Тие ќе гледаат и слушаат, а како минуваат годините го прифатат тоа како сосем нормална појава и истото го манифестираат или трпат во сопствен брак. Не е повеќе битно тој што мисли, не е и толку битно родителите нејзини што мислат, најбитно е прво таа што мисли. Ако е работоспособна веднаш да се вработи и создава свои пари, за да се тргне првично под крија. Потоа со многу труд и кога ќе си направи група за поддршка од пријатели и/или роднини ако има толку блиски се поедноставно ќе и биде. Па со тек на време можеби и родителите ќе сфатат дека погрешиле што првично така размислувале како да е крај на светот.
Не смее да постои такво нешто у брак. Не смеат децата да бидат основ затоа што тие деца треба да пораснат во психички здрави индивидуи. Тоа не се случува со карање и тепање. Напротив, децата се основ за напуштање на таков брак бидејќи тоа е токсична средина за нив. Секое насилство треба да се пријави и да се побара помош.
Здраво, доколку има некој искуство со развод во странство да ми објасни во кој случај децата може да припаднат на таткото.Да сподели свое искуство како се одвива процедурата би ми било од помош многу
Ах Маја, не треба да има никаква толеранција кога има насилство. Децата еден ден ке пораснат и ке го поддржат твојот чекор, за психички поздрава средина за тебе и за нив. Полошо е ако останеш да живееш со насилник, и за тебе, а особено за децата. И родителите ке си легнат на брашното. Собрери храброст, собери си ги децата и гледај да го прекинеш тој круг на став и срам. Со среќа, секој почеток е тежок, но мисли на убавите денови кои ке дојдат како сонце после дожд, мисли на слободата на сопстцено мислење и лични одлуки.
Ако го средиш тоа со факултетот, ќе се фати за нешто друго.. Штом и мајка ти ти вика да се разведиш, а тие ни мислат најдобро, размисли убаво и одлучи. Во секој случај ти ќе живееш со таа одлука.
Јас го имав сличниот проблем и ние во брак бевме 7 месеци,нон стоп со другарите по кладилници по кафани за мене време никогаш немаше а и пари немал за да искочиме некаде заедно,ајде тоа со кладилницата го среди седнавме зборевме,ама пак по исто почна по кафани,почна после тоа многу агресивен да станува на свадба бевме инцидент ми направи почна по маси да лупа,исто под туѓо влијание лесно потпаѓа,неколку пати си имав отидено од кај него и сега ова е крајно и ќе се разведеме.Само напред ич да не се секираш нема иднина со таков маж што другарите му се приоритет и излегувањата.
Во брак сме со сопругот скоро година време.. Имаме бебенце 3месеци.. Имаме многу расправии веќе некое време, посебно од кога се породив наваму.. пробав сама да се носам со тоа, сама да се справам некако но залудно.. разговаравме ветува демек ќе се труди за нас демек нема веќе така ама машко како машко тоа трае неколку дена и пак си се враќа на истото.. Значи тој се понаша како да не нема нас.. дома ништо не ми помага сите домашни обврски и детето ги средувам само јас.. тој само си лежи си јаде си спие и си шета.. За да работи малку потешко му се слуша го мрзи.. а кога ќе заработи некој денар веднаш наоѓа кај да го потроши и тоа во најскоро време.. За другарите душа дава ако му бараат пари и последните ги дава, ако го викаат за негде се он неможе да рече не, а кога доаѓа неговиот ред никој ни една најмала услуга несака да му направи.. И најлошо од се е што е во гомна до ѓуша.. односно долгови за кредити кои што упорно му звонат за парите секој божји ден.. Над се му имам прогледано низ прсти и гледан е како ни дома шо не го гледале и пак џабе дури мислам дека и на тоа се должи воа понашање.. Искрено многу пати размислувам да си заминам бидејќи овој човек не е створен за фамилијарен живот и многу лаже и не е стабилен.
И маж ми имаше проблеми прво сам со себе, после ги префрли во бракот. Истражував, разговарав и дојдов до заклучок дека си носи трауми од живеењето во дисфункционално и токсично семејсто. Пробајте со психолог. Ние бевме на брачно советување ама не ни кажаа ништо што не го знаевме самите ние, можеби се обративме кај погрешни. Не знам, пробајте и тоа. Сакам силно да те гушнам и да ти дадам сила. Бори се, труди се, барај решение, само имај на ум дека МОРАШ ти да си на прво место, ти и детето. Не смееш да дозволиш да ве голтне проблемот и вас две