Wow ako mislis deka kje go promenis na podobro, zal mi e ama nema. Dolgovi, denar ako vidi odma mu naogja krajot, koj te gleda tebe i deteto... na ova ima samo edno prasanje, zosto ti e toj tebe? Za partner, poddrska, sopatinik ili za "way to hell"? Stom imas vekje dete, a i sama da si, zosto nekomu da mu go poklonis zdravjeto i zivotot? Jas ne gledam zosto. Mnogu toleriranje ne e nosi dobro, posebno ova sto si pisala.
Доколку имаш каде, свои пари run sister. Ваквите не се за заедница цел живот ќе си самохран родител во брак, а во менување на човек на зрели години јас лично не верувам. Може уште едно дете па уште полошо.. За жал љубовта не е доволна, а и ти заслужуваш среќа и некој што ќе те третира како кралица.
Јас иако немам искуство со брак, долги врски, можам да ти кажам дека многу ретко луѓето се менуваат. Нема магично да стане најдобриот фамилијарен човек. Треба он навистина да сака да биде таков човек. Најмногу ми боде очи делот со долгови. Толку многу пари должи без да размисли што остава за иднината на своето дете. Ако имаш поддршка од твоите најдобро е да се разделите и да почнеш од почеток. Да самохран родител е многу тешко во Македонија. Ама со лихвари и долгови е уште потешко.
Да ,разведи се .Тој се понаша незрело а веќе е во брак треба приоритет да сте ти и детето не неговите другари,излегувања и трошење пари.Тој нема да се промени еднаш ти ветил и после по старо ќе трпиш се и полошо.Не сте исти не сте се вклопиле не се разбирате ,подобро сега да пресечеш за твое добро
Вакви еден куп. Имаш опција да останеш, да прогледуваш низ прсти, да носиш пари дома па да го вадиш од гомна, а при тоа ќе трпите закани од лихвари и парите ќе им ги давате на нив, па кредити од банки и сл. 2. Да си земеш детето, ионака си самохран родител кој е во брак, така да освен што ќе се ослободиш од терет кој тежи 100 кг, друго нема да изгубиш, само ќе се спасиш.
Кои не сме денес во криза Сепак кога решил да ствара фамилија, требало прво да ја реши кризата па потоа жена, дете. Вака остава се на жената и таа нека кини нерви тој со другарите.. Леле вакви колку се накотија неможам да верувам..
aj prestanete so vakvi prasanja.. da znael bilo koj sigurno nemalo da se stavi so dve nozi vo kal. isto bev i jas.. odevme, pa vo brak bevme se bese super sumja nikakva nit se ponasase nit nis.. se ko podmackano. Vlegovke vo brak, se rodi dete posle godina vreme… pa boze mili ko film da gledav bese rabotata. Svastaa abe svastaa se ispodesi. Ne krediti, ne ispaganja, ne karanja… pomos nikakvaz haos… i eve me veke 3 godini razvedena
Е како да не бе. Проблемот е во тоа што луѓе прават грешки доека пеперутките им играат во стомак без логички да се запрашаат можам ли да живеам со овој човек и имам деца? Е гоа тоа чувство ќе згасне лупаат глава во ѕид. Да не се лажеме после одредено време посебно ако живеете заедно тоа чувсто на љубов исчезнува што е нормално.
Еве пример, луѓе кога купуваат кола гледаат се, и мотор и колку има поминато и сервис и ова и она, стан кога купуваат исто се гледа детали ама затоа кога се бира човек со кој ќе го поминат цел живот го сакам и готово, нема врска тоа што се различни карактери и имаат особини кои не се поклопуваат меѓусебно.
Луѓето се комплексни суштества и не можеш да споредиш стан со човек. Се менуваат услови, емоции, финансиска и психичка состојба, а особено по раѓање на дете и ред други фактори
Па тоа зборам, кога се бира човек за семејство се бира со памет, не само а осеќам нешто во стомакот ајде бебе одма и свадба. Логично е. Кога може глава да се вклучи кога се купуваат такви незначајни нешта како кола и стан може и кога се бира човек за семејство да создадете, што е милион пати поважно.
Ама, некогаш се случува луѓето да си ги покажат вистинските бои тек по долго време. Некогаш и ненадејно се менуваат. Што и да е, небитно е. Битно е членката да не го трпи ваков и да замине.
@SugarHoney nema da se razbereme i sprotivno ke pisuvame uste 20 strani… okej e super sto taka mislis, ako ne si se nadevam deka so pamet ke izberes. Koj ne osetil nikad nema da ja svane sustinata. Taka da dzabe ke pisime… ili ke lraeme sporedbi so stan kola i zivo sustestvo
Па моето мислење е дека имаш само лоши опции, или да го трпиш со сите овие работи кои ги кажа, пороци кои поверојатно ќе се влошуваат отколку да се искоренуваат, или да бидеш самохран родител што носи други предизвици. Од овие две мислам дека долгорочно подобра те помалку лоша би била втората опција. Али размисли си ги опциите, направи сериозен муабет со него, со семејствата, психолог/психијатар итн, не слушај рандом луѓе на форум зошто се работи за одлука која ќе ти го смени животот на тебе и твоето дете.
Сама си го имаш дадено одговорот значи штом можеш сама да си по цел ден со детето и финансиски да издржуваш, што ќе ти е он? Само нервоза да си набиваш? Подобро тргни си се на страна па он нека си биде во долгови до гуша и нека си се вади воедно нека си плаќа и алиментација барем некој денар ќе видиш од него така одколку вака и твои пари да троши. Размисли си дали вреди за некој како него да седиш и трпиш тортура, тој човек не ни мисли за детето доволно ти е тоа.
пробај размисли да не те изневеруа , може да биде и тоа, можеби на крај памет не ти е текнало ова, бидејќи си заслепена со другите работи што ги наброја. Тоа е незрел маж, што не е очекувал ваков живот, мислат дека се што лета се и јаде, мислел дека е лесно да се чува и расте дете, а осбено сама знам убаво како е . Повеќето работи што ги имаш наброени ги имам доживеано, само што не од како се родило бебето, туку уште пред да се роди почнав да осеќам. За на крај знаеш што испадна неврство, неколку месеца без да приметиш, е сама си дознав. Почни да приметуваш и др работи, само биди спремна на се не е лесно верувај.
Прво размисли убаво дали сакаш тоа дете да расте во таква средина, потоа предложи му на сопругот да побара стручна помош, разговарај со најблиските за овој проблем, немој да седиш сама и да очекуваш дека тој ќе се смени. Доколку тој не прифаќа дека има проблем и не сака да поработи на тоа и да се подобри следен чекор е ако имаш каде да одиш да го напуштиш, да видиш дали тој е свесен што прави и како си наштетува. Немој да трпиш ништо, не си должна да превоспитуваш возрасна личност, доколку не сака да смени ништо разведи се. Ако се нема воља за добра иднина подобро да се тргниш, затоа што одолговлекувајќи ќе си наштетиш на самата себеси и на своето дете.