1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Добра вечер.
    Никогаш не мислев дека ќе дојде ред да пишувам овде.... но ете, секаков ред доаѓа.
    Ептен е долг проблемот, ќе пробам да го скратам....
    Заедно со мм сме 10 год. Т.е. 5 год врска 5 брак.
    Имаме 2 дечиња.
    Уште додека бевмео врска некако не ме почитуваше, не ми покажуваше доволно љубов и внимание (освен кога еднаш го оставив) ама јас ко слеп за стап. Имаше нешто во него што просто ме влечеше. Имам испуштено милион прилики. Можам да кажам дека сум убава девојка и стварно имав доста шанси и прилики, јас неее, да не го оставам....
    Од никоогаш немав поддршка од него, за било што. Комуникавија 0, иако имам пробано милион пати, ажа си реков ајде ќе се смени ( ХА ХА ХА)
    Се зедовме и океј.. и така и така ни е...
    Од март лани, бракот ни е хаос. Воопшто не се интересира за мене, за моите потреби. Тој си го гледа неговиот ќеиф. Имаме 2 дечиња. Цел терет е на мене. Он си работи приватно и го нема од јутра до сутра, нај жално е по ја го мислам работи он си пие, си прави ќеифот. Ако му кажам дека имам обврски некои не се замара да ми излезе у сусрет да ги чува децата или да си дојде да ги причува туку ќе рече когаа јас ќе си дојдам ќе одиш (а тоа никогаш не се знае кога ќе е)
    Со 2то кога се породив ни еден букет не ми купи. Глупост било тоа, секако ќе сум го фрлела. Ме нема гушнато поврќе од пола година.. за друго да не правам муабет....
    Што да правам
     
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.188
    Допаѓања:
    16.505
    Пол:
    Женски
    Да му кажеш дека не сакаш ваков брак дека вака не си го замислуваш и дека ако нешто не промените најдобро ќе биде да се разведете.Ќе си кажеш што ти пречи и тоа е тоа.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Леле последното... Клошар никаков овај со неговите цел живот да си седел.
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    6.131
    @Ines24
    Имам чувство дека имаш уште многу да кажеш за човеков а сето си го кажала во кратки црти. Знам за каков калибар станува збор. Можам да ти дадам совет прво да најдеш мир со себеси, да се почитувсш самата повеќе , да си речиш :јас можам повеќе,јас заслужувам подобар однос. Кога ќе сфатиш дека два и два се четири, ќе си ги спакуваш куферите и ќе одиш кај твоите на неопределено време. Кажи му дека сакаш да размислиш малце за се,и навистина направи го тоа-размисли. Не само главата во ѕид акање као:тој и никој друг, туку малце суштината да се гледа,кој е тој навистина.
    Си немала поддршка од него за ништо. Па тоа е уствари брак,да си давате поддршка и заедно да минувате и арно и лошо. Ако си сама во дадена ситуација тогаш што ќе ти е тој?Товар што те влечи назад?
     
    На Brpbrp, Cyclop, Marta91 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Разговарано е многу пати и џабе е... не може да му се докаже нити укаже.
    Јас зборувам а тој само, добро, добро и си чачка по телефонот...
    Уморна сум да барам внимание, љубов и почитт од човекот со кого си замислував старост, човекот на кој му родив 2 деца ...

    Цел роман можам да напишам...
    Нај тешко од се ми е што јас се сменив. Од нај позитивното суштество, нај дружељубивото... сега сум токсична за сите. Не можам да се препознаам ни поднесам. И исто ми е тешко што станав дива, како без емоции освен емоција на бес, гнев, нервоза... и сетоа тоа нај веќе го чувствува мајка ми и таа си го јаде дебелиот крај. Тоа не можам да си го опростам...
    Тешко се решавам да превземам чекор ...

    Па диво е пораснат некако. Целта им била работа, па работа. Семејни ручеци никогаш немале и такви некои активности каде човек се учи како се дава и покажува љубов на оние што навистина ги сакаш
     
    На 1209, snuff, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски

    Ништо не можеш да направиш освен да се помириш со фактот дека човекот бил таков значи таков и ќе си остане.Навиките на човек може да се сменат,ама карактерот нема шанси.
    Тоа што си требала да го направиш си требала многу порано,сега веќе ти е касно.
    Јас не можам ни да замислам таков маж до мене,ако не ми каже во денот ни еднаш ТЕ САКАМ одма пукотници има :D(facepalm)
     
  7. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Многу мие жал што поминуваш низ ова, firequeen те советува најдобро.
    Дали имаш поддршка од родителите? Дали имаш пари за некој период сама да се издржаваш со децата? Ако одговорите на ова се да тогаш спакувај се и замини кај твоите со дечињата. Знам дека е тешко ама размислувај на долги стази, да тој им е татко ама дали сакаш утре тие да мислам дека таквото однесување кон жена е во ред? Каква ли агресија ќе почустуваат кога ќе видат дека татко им се однесува кон мама како да не постои.. Има многу вакви примери за жал и сите деца влечат некакви трауми. Оди кај твоите, одмори психички и размисли како, кога и што. Да си му родила деца ама тоа не те дефинира тебе како личност. Пронајди се ти, таа веселата што си била пред говедото да ти ја убие психата, прави работи кои тогаш те исполнувале и правеле среќна. Не е касно за ништо животот е пред тебе. Пиши што ќе направиш и со среќа:l:
     
    На n.lauda, FridaodaMk и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  8. Sunshinee33

    Sunshinee33 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Здраво. Ми треба совет. Малото ми е 18 месеци, живееме во заедница со свекор и свекрва, притоа во брак 5 години. Цело време имаме проблеми со неговите, многу пати ни имаат речено да си одиме, ама сопругот не сака да си заминиме. Имаме шанси и за странство, кај моите, значи има кај да седиме. Сношти мајка му рече нешто, на што јас замерив, не и реков неа ништо, секогаш одбегнувам конфликт и секогаш сум јас виновна и му кажав на сопругот. И тој се налути на нив се додека татко му не му рече дека јас сум направила проблем и ми дојде тој ми рече расправај се сега ти со него. Јас му одговорив нема што да се расправам, јас ќе кажам како беше, ќе го земам детето и ќе заминам. На овој муабет тој ми рече немаш работа да чепкаш во детето(муабетов ти можиш слободно да си одиш). Толку ме повреди, јас си сум плачка и сега си плачам, сѐ сруши во мене, мислам дека трошка љубов не остана поради нив. Ве молам за совет што да правам? На работа не одам, не можам ни стан да земам под кирија, малото не оди во градинка уште, татко ми ми вика без маж не оди нигде, нејќи да дојди до оставање, а јас не можам повеќе вака. Трпев секакви навреди од нив ама ова мажот ми што ми го рече ме распарчи. И за детето ми е премногу жал, одделено е секогаш од другите внуци, како да не му е нив внуче. Се ова го знае тој ама еден збор да му речат и ќе дојди мене ќе ми се изнаразвика.. дали доколку дојде до развод може да ми го земе детето, бидејќи е вработен? Сега и да сакам да се разведам не можам, ама барем да знам што би можело да биди, дали може да ми го земе детето?
     
  9. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Па изгледа на та неспособна будала не му стигат пари за 3ца да издржава зато неќе да си замини, вака му помагат со сметки, а бебе кошта. Тие се нервират неќат да му речат и гневот го исфрлат врз тебе. Овде е крив сопругот. Издржи уште малку и вработи се оти вака ќе изгубиш старателство.
     
  10. Sunshinee33

    Sunshinee33 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Не е по парите, од инает не оди, бидејќи го бркаат, а инаетот на нас пак се враќа. Работи многу овде и не сака така да му остави, а се тој што работи, други користат.
     
  11. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    3.093
    Пол:
    Женски
    Ни инает ни ништо за мирот на фамилијата ко ќе се работи. Нема тука гледање кој колку користи среќата е најбитна.. Нема среќа кај што има его. Ако е тро салам и работлив нека си створи свој дом.
     
    На Maca Macka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.678
    Допаѓања:
    169.475
    Детето во градинка, ти на работа, нема никој да ти го земе детето. Татко ти, што нејќи да дојде до развод, ако не, нека го превоспита зетот|(. Неговите ви имаат речено да си одите, мажот ти не сака? :^)
    Реално сега, него му е страв од татко му како да е мало дете. Дали е лош сопруг, ти си знаеш. А во зависност од тоа дали е лош сопруг и колку е разбран човек, има неколку можни разврски твојава ситуација.
     
    На Zumbulche, Brpbrp и Annath им се допаѓа ова.
  13. Sunshinee33

    Sunshinee33 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Има страв, во право си. Нема да можи нив да му се развика, па ќе дојди мене. Инаку гледам дека е скроз ладен. Не сме излезени никогаш сами онака со детето на фамилијарен ручек, последно лани бевме и тоа со сила дома со убедувања. Роденден ми беше не ми го ни честита, за годишнина веќе да не зборувам, како да не постои. Само гледа дома да остани, за празници ќе му речам да одиме негде, ќе се мисли цел ден, ќе му предложам јас негде, не му чини. Малово 1 е во игротека однесено и тоа на роденден.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    13.304
    Види имаш 3 опции тука.
    Првата е да пробаш д аму доловиш дека вие сте фамилија и треба да имате самостоен живот како што имаат неговите. Јас те разбирам и тебе дека си фрустрирана ама ај сменете ги местата одете кај твоите и они да му префрлуваат на него, а ти да си чепкаш во телефон и да не се замараш. Слободно кажи му.
    Втора опција ти е да излагаш сама со детето и да не се замараш, носи го сама во игроотека, прошетај го не е тоа ништо виновно патем утре ќе знае кој го шетал.
    Трета опција ти е развод ако ептен не ја бива или во текот на шетањето не се запознаеш со некој што би те ценел и би ве прифатил тебе и детето. Верувај дека ваков брак ќе стане токсичен за детето сега е мало кога ќе направи 3 години веќе пресврт имаш тука. Тоа дете ќе сака да си игра со другарчиња да оди по родендени од градинка,парк нема да сака дома да седи затворено.
     
  15. Sunshinee33

    Sunshinee33 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Тоа и му го имам кажано. Како ќе ти биди тебе моите вака да ти прават? Да нема воопшто почитување, иако дома се јас работам. Сите се излезени на работа. Јас јадење, јас чистам, алишта средувам, дури и здиплени им ги оставам, за на крај вака да биди? Ама не се виновни тие, виновен е мојот. Не знае да му застани или вака ќе биди или ќе си одам. Ама нив му одговара да си оди, затоа вака прават се, за да си одиме. Инаку да, сега положив за кола, ќе го земам детето со мене и ќе го шетам. Не сака тоа затворено во 2 соби.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    13.304
    Види си размислила ли дека префрлањето можеби е намерно за да си одите и да го поттикне твојот маж дека треба да створи нешто дека не е се мед и млеко? Можеби не е нипто злонамерно искрено и јас во иднина не би сакала со свои деца да живеам т.е. цел живот деца да чуваш.
     
    На 1209 и marlonbrando69 им се допаѓа ова.
  17. Sunshinee33

    Sunshinee33 Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Ајде би го прифатила тоа, дека треба сами да направиме нешто. Ама ако е така за нас, нека биде и за сестрата. За неа не важи се ова, се и купуваат, секој ден кај нас е, иако е мажена. Тие се многу повеќе наклонети кон неа, мажот ми како сираче е. Уште од мал е оставен сам на себе, уште од мал понижуван, навредуван и тој сега се плаши да им застани. Ако важи тоа правило за мажот ми, нека важи и за неа.
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    13.304
    Е тоа да во право си. Ама па она може повеќе се упикува и затоа е по мила. А твојов ако не се бори џабе е. А гледам дека не сака да се замара.