Леле џокерче, жити одговоров. Воопшто не е битно колку години имаат, и штом биле толку долго време заедно сигурно имало зошто. Дали психологот работеше со тебе или маж ти поединечно? Една од причините кога недостасува интима е кога едниот од партнерите е во депресија која не е лечена. Дали можеби можеш да препознаеш некој симптом кај него? Би ти рекла да посетите психијатар. Кога депресијата ќе се лечи, интимата ќе ви се врати.
По 12 години брак, сега се решивте за деца прв пат? Не осудувам ни ништо, само прашувам бидејќи можеби после толку години во брак, да не ви е одлуката за дете присилна, бидејќи мислите дека со тоа ќе се разбие монотонијата или врати страста? Можеби ви ствара притисок таа одлука вам или нему... Можеби подолго се обидувате за дете, па неуспехот може да влијае и на сексуалната дисфункција и намалено либидо кај било кој од вас. Инаку, според пишаново ваше, мене ми изгледа дека вие сте веќе со една нога разведени. Уште официјално да го направите тоа. Не знам колку долго сте работеле со психолог, дали бил вклучен и психијатар во процесот. Бидејќи може да се работи за хронична депресија, или друга медицинска состојба, за која психолог не е доволен да се дијагностицира и третира. Освен што сте се разделиле некој период, мислам дека би требало да одите засебно и кај психијатар и психолог. Ова ако сакате да си дадете уште време и шанса. Јас не би се откажала доколку сметам дека има љубов. Би пробала и со психијатар и психолог, и второ мислење, различни вежби и стратегии... Бидејќи за дали има или нема страст може да влијаат милион фактори. Како викаме при венчавањето, и во добро и во зло. Можеби едноставно на некој од вас двајцата му треба поголема поддршка, време и правилен пристап. Ама секако треба обострана да е желбата. Во спротивно мислам дека и сама го знаете одговорот.
Љубовта може се да победи .Немојте да се напрегате за бебе и двајцата,и ќе поработите малку на себе прво,секој на себе,после на вашиот однос.Пробајте ,нема ништо поубаво од порано тоа што ве врзувало.Можно е страста да исчезне да,како некое омилено јадење исто го сакаш само не ти е секогаш толку вкусно ,слично е и ова.Храната може да се стопли,а љубовта да се оживее.Најдобро ти ја знаеш ситуацијата,овде ние не можеме детално да процениме.Разговарај со сопругот,ќе си дадете време и можете да средите се .Толку многу години не се мала работа и љубовта има посебно значење.
Како се осеќаш ти за време на разделбата, а како се однесуваше тој? Вие со една рака веќе имате потпишано развод кога сте се разделиле, мое мислење. Дали работите и двајцата на тоа да се поправи работата? Ако ти/тој немате желба и воља да бидете тоа што сте биле пред 2 години, се е залудно понатаму. Љубовта може да се врати на разно разни начини кои што би одговарале на вашиот тип на брак. И возбуда може да се вклучи, се додека се најде коренот на проблемот. Ако не знаете од каде да тргнете, ако не можете нормален, искрен и длабок муабет да направите, ништо не правите заедно. Сексот со цел: бебе. Дали тој стварно сака бебе? Мислам, само тоа го имаш спомнато па затоа ми тоа забоде очи. Можеби не сака, дали имате правено муабет за тоа? Или само "Ај ќе правиме бебе"? Може и тоа да довело до подлабоки проблеми. Не сум психолог/психијатар сепак.
Он се свична во муд секс со цел бебе. Инаку повеќе од 7г.се обидувавме за бебе. Пред 2 год.се преселивме во друга држава (јас на пример ич не сакав да одам) Тогаш прв пат добив некои симптоми на депресија, втор пат пред околу 6 месеци. Пред 4 месеци се преселив, симптомите на депресија ги снема.
Немам познавање, но кај нас кога имало ваква криза, психолог работел да ја врати страста, а не да не раздели... Се чудам зошто ве советувал да се разделите на неколку месеци, наместо да ви помогне да ја вратите возбудата. Јас би променила психолог. Се согласувам од погоре, ако има љубов може да се подобри повеќе од порано.
Можеби увидел дека нема тука спас дека немаат емоции и само им дал време да увидат сами дека е готово.
Можеби. Сега се чувствува подобро. Ама па зошто прашање во темава тогаш. Ако има искра може да се разгори.
Jas se slozuvam so tebe, "se razdelivme po preporaka na psiholog", nekoj tret donel odluka??? A koj kje zivee so taa odluka??? Ova e non sense.
Не,мислев психологот да не сфатил дека е дефинитивно крај на тој брак па дал препорака да пробаат да се оделат.Можеби така полесно ќе сфатат дали е правилно да се разведат или пак да бидат заедно.Кој да знае што е.
Mene mi nema logika, ne psiholog da e, sto saka neka e, na tret covek golem znak prasalnik e kolku se ona sto se slucuva vo covek nekoj kje kaze, tret covek moze do sekakov zaklucok da dojde, a dali e toa taka, toa e sosema dr 3. Druga rabota e, ako eden od niv se fatil za "predlogot", nemal hrabrost sam da povlece poteg, i nasol "kvaka". Ako e takva situacijata, a toa ne e taa, tuku partnerot, najdobro e zboguvanje za secie dobro. Ama bez izgovor od tipot "psihologot rece", sekoj moze se da si kaze, a sto pravat tie zavisi licno od niv i samo od niv.
Еоа колку што сфатив она сфатила дека нема потреба веќе од него дека го отсакала,само ја интересираше дали е возможно после толку години.Очигледно е возможно.
Da go "otsakala" ne bi ona da prasuva za mislenje, deluva zbuneto, a zena deluva taka koga partnerot ne dava otpor kon nejzinoto "otsakuvanje" ili mene taka mi se cini, ne znam najdobro tie dvajca si znaat, po ona sto procitav steta ako navistina se razvedat, megjutoa sekoj e so svojot pat vo zivotot, sto i da se kaze od strana moze da se zgresi.
Здраво @Fillia дали сте имале отворен разговор да споделиш како се чувствуваш? Мислам дека психологот имал за цел ,да се расчистат емоциите, и можеби да се разбуди нешто помеѓу вас, Мислам дека целиот притисок околу бебе и те како прави заладување на односите, можеби и има некои прашања, стравови и сл. Мој совет искрен разговор со партнерот, споделување на моментални чувства во врска со вашиот однос, после ке видиш што како. Секако постојат начини да се оживи и те како еден однос само треба волја од двете страни.
Хелоу, нова сум тука, ама се надевам ќе наидам на конструктивни совети. 5 год сме во брак. Маж ми е прилично патријархално воспитан, јас пак, многу либерално. И има сфаќања од типот дека жената не треба да носи деколте, кратки сукњи, да прави естетски зафати, да става провокативни слики и сл. И секогаш кога ќе сретнеме/видиме некоја таква, стално го имаш муабетот На што личи се погледнала ли, како не и е срам и слично. И отсекогаш ги правел тие муабети и ако види стори од некоја моја познаничка или другарка шо стаила слика со деколте рецимо одма коментирал на шо личи, бла бла. Мене не ми поставува ограничувања околу ништо (не дека го прашувам јас де), си се облакам како сакам, ама сакам општо да ви доловам каков тип на маж е. Инаку 33 год има, образован е, работи прилично одговорна работа. Ама за тие работи си е таков. Или јас бар мислев дека е таков. Во петокот збориме нешто за инстаграм и за алгоритмот и бидејќи он не користи многу социјални мрежи, му објаснувам дека алгоритмот ти дава тоа што гледаш. Ако гледаш слики од кучиња ќе ти вади слики од кучиња на пр. И му викам дај да ти покажам и му го зеам телефонот. Телефон не сум проверувала никогаш, ниту пак сум љубоморен тип, ми беше поише муабетот стварно даму покажам како функционира алгоритмов. Отварам инста, алгоритмов дава само полуголи тетки и девојчиња со провокативни слики/рилови. Знаете какви, да не навлагам. Толку многу се шокирав, шо не знаев како да изреагирам. И почнав да го напаѓам одма, као ми се праиш дека ти се одвратни ваквите, цел инста ти полн со нив, ти ли ќе ме праиш будала. И најмногу од се ме изнервира што пробуваше да се вади као незз зашо ми ги дава не сум глеал, ако ми пратил некад овој/оној другар па да ми искочило, абе 300 приказни смисли. Значи мене не ме нервира моментот што гледал, ме нервира што 10+ години ми се праи дека тие му се одвратни и дека е светец. Не ме лажи значи. Никогаш не сум рекла дека маж со широки раменици и 6 pack ми е одвратен. Најмногу од се ме повреди што ми викаше не драми, мисли што сакаш, не глеам јас ништо, како буквално да не му е гајле јас како се осеќам. Лабаво си искочи со колеги, па си беше на фудбал. Јас цел викенд се скапав нервирајќи и плачејќи/ Сериозно никогаш не сме имале проблеми со љубомора ни од едната ни од другата страна, низ памет не ми прошло дека дека може нешто позади грб да ми прави или да се загледува во други жени, ама сега во ништо не сум сигурна. И се осеќам ептен понижено, сакам да се спакувам и да си одам, со се дете. Не го гледам више со исти очи човеков, а ако ми влезе мене црвот после никој нема да биде среќен, се знам каква сум. Немам намера да изигравам полицаец и да го проверувам, ама апсолутно неам веќе доверба во човеков. Ве молам не ми кажувајте сите се исти, не сме имале ние таква врска, не бил тој човек, од дечишта сме заедно, заедно пораснавме, никогаш не сме имале проблеми од ваков вид. Како би постапиле на мое место?
Непотребна драма си правиш каде ја нема. Премногу значење им давате на соц мрежи и се нервирате непотребно..
@Wild_Flower ако сме искрени, сите машки тоа и го гледаат. Јас не би се замарала на твое место. Нема веќе маж на ,,место" што би се рекло, ако нели ептен бараме по сите параметри. Немаш проблем, макар што и не ти е баш во соодветна тема. Можеби повеќе во темата Инстаграм.
Не ги знам темиве, искрено не знаев кај да пишам, ќе ме извините за тоа. Ама види јас тоа го знам, дека сите тоа го гледаат, со другарки милион пати сум го прошла ова, ама јас сум го немала проблемов. Ако во нешто верував е тоа дека он "не е таков." Верувај дека уште сум во шок. Не ми е мене проблемот што гледа, проблемот ми е што се прави светец, стално ги вреѓа таквите, а уствари потајно си ги гледа и му се свиѓаат. Значи кажи си, кажи што ти се свиѓа, можеби нешто ја можам да направам од тоа. Не ми прави неискрени ствари. Сеа веќе си праам филмови дека којзнае како ги гледа колешките, дека кога искачаат на тим билдинзи којзнае шо праи. Одвратен ми е едноставно.