Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.359
    Лејдис, љубов е во прашање :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22

    Што ме спречува? Ме спречува тоа што знам дека може да ни биде многу убаво, да си имаме нормален и удобен живот, бебушко да си расте во нормална и здрава средина ете ова ме спречува. Ни било многу убаво со маж ми, супер сме функционирале заедно, си одговараме еден со друг многу, но ете од нигде никаде почна недоразбирања, конфликти, расправии....мислев дека е криза и ќе помине. Но оваа криза трае веќе една година. Се мислиме ќе се среди, ќе помине и ништо се полошо и полошо. Јас се потрудив многу, дадов се од себе, ко што кажав многу работи сменив кај мене што ни стварале нервози и караници, но од него ништо не добив за возврат. Во ништо он не се промени, што мене ми смета. Не се тоа големи работи што ги барам од него, но он со прст не мрдна. Незнам кај е проблемот, можеби јас во бременоста бев малку поише емотивна, повеќе ме погодувале некои работи, он незнаел како да се носи со нив, па ко што спомнав живеевме сами, после свадба го откажавме станот отидовме кај неговите. Ја немавме таа слобода на која што бевме навикнати, а неговите се што да ви кажам. Он не може да ги трпи, јас ги трпев, бев најфина, најкултурна со нив што можам да бидам а милион работи ми сметале. На никој ништо не кажував, ќутев и голтав само од поштовање, тука можда почнале фрустрациите од моја а и негова страна и ете сме сега кај што сме.

    И срам да ви е. Не дај боже некогаш да се најдете во слична ситуација како мојата, од ничија страна да не наидете на разбирање и уште капак на све некои ко вас да ве исмејаваат како вие мене моментално, а бе љубов е во прашање што ви е или слични некои коментари да добивате. Ќе ве замолам повеќе да останете без коментар во врска со мене и мојот проблем, а ниту пак мене ќе ми текне уште еднаш да пишам нешто на форумов и да барам совет. Позз ТОП СТЕ КИСС4Е :D
     
    На M99 и andromedae им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    Не те исмејува тука никој, ама не е далеку од тоа што заслужува ова размислување. Доаѓаш по совет, најдобронамерно го добиваш, тераш инает, ни` ги искривуваш зборовите (кога сум рекла дека тебе не ти е гајле за детето, не ти е срам, вака и по дома ли ги клеветиш?!) и уште „срам да ни` е“ а не е за срам психичкото насилство кое ти го прави мт и за кое пробуваме да те освестиме да си помогнеш.. Тоа е за тебе кашлица, а ние што те советуваме најдобронамерно сме ти бронхитис.

    Не се секирај, веќе никој нема да ти коментира не заслужуваш ти помош. И не заслужуваш развод. Арно ви е на вас двајцата, си одговарате. Само арно рече Диги, детето...
     
    На Glasna, fighter и artemidis им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Па тогаш, што ги прашуваш овде? Не ве разбирам. Пишувате, божем тражите совет, и кога наидете на коментари што не се по ваш вкус, одма сите срам да ги е. Нареден пат напиши што да ти напишаат, и крај.
     
    На vichy и tessie им се допаѓа ова.
  5. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Не сум била во брак никогаш, но верувај имам набљидувано бракови слични на твојот и ти гарантирам дека ситуацијата ќе станува се полоша и полоша, бебето ќе почне да расте, тоа ќе ги има потребите кои ти сега ги имаш. Маж ти како и обично нема со прст да мрдне и така натаму....Пружиси шанса на самата себе за подобар живот, слободен, а не заглавен за кој самата си си крива. Ниту родителите негови/твој ниту тој. Туку ти затоа сега дај си шанса за подобар живот...
     
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    епа мила лилааа жал ми е што мм не ти доаѓа да ти каже 2-3збора,ја добил финансиската доза од твоите,а ќе ти наврати бе мила за следна доза финансии од твоите,а ти место да коментираш на кого му е срам,гледај да научиш нешто зошто знаеш што можеби ова ти е последен пат да бегаш кај мама и тато и бато кај што се ти е совршено,јас од искуство ти пишав бегањето дома ама ич не ти е во прилог што и да планираш понатаму бидејќи ти си се уште во брак а во брачна заедница проблемите се решааваат трезвено разумно и во заедништво,а не со бегање дома(со тоа бегање ти му вртиш грб на мм и исто ти е како развод во неговите очи,а во очите на твоите си само една незрела жена несвесна за вредноста на брачниот завет и за понатамошниот живот на тоа милото бепче). и тебе треба да ти е срам ти бегаш од домот ваш му вртиш грб на мм и чекаш да ти каже нешто убаво,паметен си е тој,умничок пара во рака и кој те врти се понаша,а ти чекај серенади мила :( .
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    И вујна ми беше со маж и од љубов и премногу го сакаше иако он и праеше намештаљки разноразни да испадне ваква и таква неговите ја малтретираа максимално АМА ЉУБОВ БИЛО ТОА МЕЃУ НИВ пошто он на моменти бил супер. Сите и викале да се разведе 7 месеци после свадбата.

    Twenty years later вујна ми се разведува после два нервна слома, две простени неверства, детето (постарото) има сеуште тикови, она си пие 2-3 пати на ден апчиња за смирување пошто без нив не може да функционира нормално, работи за 200 евра едвај, од кои издржува две деца (едно малецко) пошто не смеела она да работи морала куќата да ја чува...

    Епа извини ама бракови што од прв ден имале проблеми ретко завршуваат среќно :)
    :!: Немој да мислиш дека ние не те поддржуваме ти доби и апсолутна поддршка. АМА ЉУБОВ Е ТОА...
     
    На nena2010, Glasna и tessie им се допаѓа ова.
  8. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    А зошто ти не му се јавиш??? Ако толку многу го сакаш и ако мислиш дека треба да бидете заедно, зашто не ја голтнеш гордоста и не му се јавиш ти кога веќе си решена дека ќе го направиш тоа. И немој да се закануваш и да демонстрираш моќ дека сега ти си таа што одлучува, туку седни со него некаде настрана на кафе и разговарајте цивилизирано. Ако веќе сте функционирале нормално кога сте биле сами, прежалете ги парите и давајте ги за кирија. Барем ќе имаш мир и нема да мораш да ги трпиш и да се измачуваш со гадните навики на неговите и со полна куќа луѓе.
    И немој да мислиш дека ако ја земеш дипломата во рака и дека работата те чека. Може стварно му е добра идеата на мм да отворите приватен бизнис. Само треба да бидеш паметна ако твоите инвестираат, сето тоа да се води на твое име.

    Ако секогаш во животот го имаш тој став што го покажа тука, не е ни чудно што имаш толку проблеми. Спушти се малку на земја, почни да ја гледаш реалноста и полесно ќе ти биде тебе.

    И срам да ви е на двајцата што наместо да му се посветите најубавото нешто што можело да ви се случи, вие си играте играчки занемарувајќи го детето.
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.391
    Допаѓања:
    142.897
    Лила, очигледно бракот ви е на стакелни нозе и тешко е да се види светла иднина, ама мислам дека ако сакаш да му дадеш уште една шанса треба да живеете сами, без влијанија ни од твоите, ни од неговите.

    Средината може да има страшно влијание, намерно или ненамерно. Јас пред да донесам конечна одлука би го пробала тоа. Би сакала да знам дека што е до мене, се сум пробала. И не само ради мене, и ради детето.

    Иако немате некои примања, ако твоите стојат добро, тогаш можеби не е лошо да ви помогнат за ова, да видите неколку месеци како ќе биде. Ама ако не се среди брзо, не чекај долго.

    Мислам дека ако воопшто има шанси, ова е единствениот начин.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.746
    Пол:
    Женски
    Нц, ако сакаат да се заштитат од апетитите на зетчето, најарно е ако веќе нејзините инвестираат во тој бизнис, да си биде на нивно име, па по нивната смрт дури на нејзино. Само така нема да има право да се лакоми за дел. Ова мое лаичко познавање од работиве, кој повеќе се разбира, нека ме поправи.
     
    На Glasna и vichy им се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    мислам дека Lила ти незнаеш што сакаш,еднаш вака еднаш така пишуваш....мислам и мој совет ти е да седнеш убаво и здраво да размислиш што ти точно сакаш, што те исполнува и кои ти се приоритети во животот. ти повеќе не си сама имаш детенце -дозволи то дете да расте како сите нормални деца во здрава средина, сметајки дека тоа дете утре треба да порасне во здрав нормален човек кој утре треба да има свое семејство и деца...или разведисе или среди си го бракот...по ова што го пишеш и ти незнаеш што сакаш, во лавиринт си жено божја.....седни здраво размисли за тебе и твоето дете првенствено......откако ке се средиш со мислите и излезеш од тој хаос во главата што ти е тогаш ке можеш да ја донесеш вистинската и правилна одлука...јас ти посакувам се најдобро, ако сакаш да се разведеш знам дека е тоа многу тешка одлука, тешко ти е -разведисе и ке почнеш мирен и стабилен живот, можеш работа да си најдеш за почеток и поплека работите во нормала да идат ---ти си знаеш најдобро и знај не си прва ниту последна жена ако одлучиш да се разведеш, подобро еднаш отколку цел живот ова истово да го правиш со сопругот и детето да страда...сепак одлуката е твоја, ние тука можеме се и сешто да ти кажеме ама ти најдобро сии знаеш.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Девојки,се наоѓам во една тешка ситуација секој совет би ми бил добредојден.

    Пред неколку месеци се омажив,со мм одевме долго имало и кавги и се но сепак се надминувавме и останавме заедно.Верував кога од постари ќе слушнам дека мажите се менуваат кога ќе се оженат но не верував дека до овај степен може човек да се смени.Направивме свадба се зедовме,не живееме заедно бидејќи си купивме стан и требаше да се реновира.

    При крај на бременоста сум,одкако се зедовме тој е друг човек со мене.Не ми се јавува,си излегува,не се грижи за мене дека трудна дали ми треба нешто,се сама правам одам сама и по доктори,сама купувам и за бебето а тој немал пари за нас.Јас уште малку ќе се породам а тој незнае дали машко или женско ќе имаме не го интересира ми рече дека к*** го болело шо било :(

    Пробав секако и со добро и со лошо.Ајде си реков дека период е ќе му помине но не тоа трае со месеци,ако не му се јавам не ми се јавува ниту пак е дојден да ме види како сум,кога ќе се слушниме на телефон ме навредува со секакви зборови,секаде си шета сам а мене никаде не ме носи,јас цело време дома сум.Претешко ми е само плачам бидејќи секој е најсреќен во овај момент а тој не ме ни погледнува цела бременост немаме односи ко ќе се видиме ми вели дека не му било дојдено до ништо.

    Проблемот ми вели дека бил дури јас не сум се научила дека тој бил маж така ќе се однесувал со мене.Му сметаше ако го прашувам каде е,се има случено да се договориме да излеземе јас се спремната и тој да ме извиси,и за тоа да не му порекнувам.Уствари он да си го тера ергенскиот живот а јас дома да седам и ако се побунам уште повеќе се влошува ситуацијата.Пробав секако но никако не успеа.

    Не го интересираме ниту јас ниту детето,има пари да излегува а мене ниту еднаш во цела бременост не ме прашал дали ми се јаде дали нешто ми е потребно ништо од тоа.

    Моите и неговите се мешаа на почетокот,појќето моите бидејќи во случајов јас сум таа која е трудна и сама фала му на бога што при толку нервози во ред ми е детето.Моите и со мубает и секако пробаа со него бадијала на крај ми рекоја остави го ќе му текне.Сите кренаа раце....

    Не сака ни муабет да правиме му реков гледам дека ниту јас ниту дете не те интересира со сила не те врзувам иако можеше да кажиш немаше да се земаме,му кажав дека сакам развод.И телефонот го прави недостапен....

    Незнам што се случува не сака ни да разговараме ни ништо премногу е сменет,незнам што да правам толку ми е тешко по цели ноќи само плачам не сакам на никој вакво нешто да му се случи,бидејќи не беше нашето врска од 1 вечер па на грешка јас да затруднам.Одевме долго време планирано ни беше детето а сега не сака да слушни ни за мене ни за дете.Уште малку ќе се породам а од него ни трага ни глас

    Немам ум што да правам,незнам дали да се разведам,бидејќи стварно ова неговото сите граници ги надминува. :x
     
  13. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Да, во право си за тоа, така би било најпаметно да се изигра.
    Само што во дадениот случај тоа е толку небитно затоа што мене ми изгледа дека овој брак се врти околу парите. Зетот мисли дека си нашол бунар без дно и поради парите е со Лила, Лила ги користи парите за да би го задржала човекот што го сака и се теши со тоа дека тој ја сака нејзе а не парите на нејзините и на крај нејзините ги користат парите за да можат да го задржат зетко, а со самото тоа и статусот пред општеството и да не покажат дека ќерка им „не успеала во животот“ затоа што е разведена со дете.
    Тука се покажува себичната страна на секој од нив и жално е што никој во приказната не мисли за добро на детето.
     
    На tessie, nena2010 и vichy им се допаѓа ова.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    мене ми е чудно после брак неживеењњто заедно,ај ок се реновира станот,но првата брачна ноќ каде ви беше во објектот кадешто правевте свадба? :o
    тешка ситуација сепак он си го покажал карактерот уште невлезени станбено во брак,ова другово папири прослави е само формалност,вовед во нешто што треба да функционира во заедништво и тоа заедништво да се стреми тоа што го има да добие трајна вредност или можно е да не сфаќа што носи и подразбира бракот,а и ако не сте заедно некако на маж тешко му се сфаќа дека не е ерген повеќе.
    јас на твое место би си гледала бременоста мирно да тече,сепак не си оставена сама на себе кај твоите си,уживај си,со лесно да си родиш е по извесно време ако се уште нема заинтересираност кај него за бебушот откако ќе го родиш ќе си се договорите за муабет и заедничко спаравување со тоа дали папиролошки ќе бидете во брак или не.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Не живееме заедно бидејќи како што кажав имаше уште неколку работи да се реновираат,тоа не ми претставуваше проблем бидејќи еве за сега брзо ќе треба да се вселиме при крај сме со подготовките,но од него ни абер.Нормално дека не е исто да живееш одвоено,но тој во цела бременост не покажа никаква заинтересираност ни за мене ниту за детето.Не се ни јавува.Ете еднаш оствив да видам дали тој мене ќе ме побара сам,тоа не се случи помина 1 месец тој ми се немаше јавено.Каков може да биде понатаму кога тој сега не покажал интерес за нас,во бременост не смее жената да се нервира бидејќи сето тоа може да се одрази на детето.Кога тој мене сега не ме гледа во бременоста понатаму може да ми биде само полошо од тоа стравувам најмногу ми е за детето подобро да расте со мене само одколку со родител што не го сака ниту се интересира дека дете ќе има.
     
  16. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Имало и полошо :( Клауди сочувствувам со тебе, но совет не сум во состојба да ти дадам.
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Klaudi навистина ми е жал што ова ти се случува ама јас лично не верувам во менување на некоја личност преку ноќ, ниту пак менување на еден од сопружниците после потписот во матично. Според мене е невозможно такво нешто и цврсто стојам на тоа. Затоа сепак мислам дека маж ти таков бил и претходно само што ти не си сакала да го прифатиш сето тоа или пак си мислела дека во брак ќе се смени. Е сега лошото е што ти си останала бремена и тука работите наместо да се подобрат, тие отишле уште толку по удолница како и во многу вакви ситуации.

    Е сега јас не те сфатив, ти каде си моментално? Дома кај твоите или во новиот стан што сте го реновирале?

    Како и да е, со сила убавина не бидува, потруди се да стапиш во контакт со него и доколку успееш да го убедиш да разговарате. Не го напнувај, не му плачи, не барај разбирање од него зашто очигледно нема да го добиеш, само смирено како возрасни разговарајте и прашај го до каде мисли да одите. Ако не успееш да исконтактираш повлечи се и пробај да не мислиш, зашто тука веќе ти не си во прашање туку бебето што е во тебе. Мирувај за тоа мало душиче што е во тебе. Тој што нема памет, нема ама ти не си наштетувај. Ако гледаш дека не бива, а искрено јас мислам дека вашево никаде нема да оди зашто од негова страна нема никаква реакција и дечкото си води живот како да е слободен дечко, смирено собери документи и поднеси тужба за развод. Ама пред тоа барем пробај уште еднаш за последен пат да спасиш ако нешто останало. Ако ништо друго да знаеш дека од твоја страна ти си направила се' и да ти биде "утре" мирна совеста. Само немој да правиш некои постапки по секоја цена.

    Што и да биде, ти посакувам многу среќа, смирение и мисли си на тоа малечко што е во тебе и што ќе ти донесе најмногу среќа, не вреди да се нервираш за некој што не мисли ни на своето дете.
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.838
    Пол:
    Женски
    Мене само едно не ми е јасно каде значи каде ги наогате тие бездушни луѓе кои во моментите кои треба да ви бидат наголема поддршка тие ви го вртат грбот. Кога во моментите за кои секои двајца заљубени луѓе живеат тие се понашаат ко во најмала рука да се странци во вашиот живот. И не е можно се да е во ред и некој преку ноќ за 360 степени да се смени. И паника и страв да е ако е нормална личност за ден два ке се соземе и ќе го доведе паметот во ред.

    Или овие работи кај партнерите и ова несовесно однесување постоело и додека сте биле во врска со нив само сте замижувале и сте се надевале дека потписот во матично магично ке ги промени или навистина сте живееле во некој розев свет и утопија не гледајки што се случива околу вас. Трето нема.
     
    На tessie, Glasna, lilaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Тоа ти е јбг, чуди се сега што да праиш.
     
  20. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Кога ми беше дечко и самата спомнав не беше совршен,имавме и кавги ама пак секогаш ќе разговаравме ќе најдевме решение.Излегувавме шетавме заедно.Тој си излегуваше и со другарите,и јас со другарките,но кога веќе толку време сме биле заедно не било ниту со сила ниту да се надевам дека тој потпис во матично ќе го смени.Го прифатив каков што е.Но далеку беше од ова што е сега, јас ваков иако долго време го познавам ,го немам видено во вакво издание.

    Со мене нема излезено од како се зедовме.Само првата недела беше супер и толку.Ајде си реков маж како маж можи се има исплашено од сите обврски што му доаѓаат си велев ете ќе излези ќе прошета но неговото е без крај.Требаше денес да се видиме да разговараме и ми откажа бидејќи си излегол со некој другар.Иднината на неговото дете е во прашање а него му е побитно да си излезе да си прошета.

    По мое мислам дека има друга,незнам неможам едноставно да си дадам одговор,не постои никакво објаснување да не бидиш со жената кога е бремена.Незнам веќе што да мислам.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.