1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    16.805
    Пол:
    Женски
    Сосема ти ја разбирам поентата ама треба да се запрашаш зошто отворено не ти кажува,можеби очекува некаква твоја реакција?!
    Е сега не ми е јасно како може човек што го сакаш да ти стане одвратен после нешто вакво.Значи не е крај на светот и нешто нерешливо само треба да си работите повеќе на тоа да е поопуштен со тебе .Ако за ваква грешка ставаш крај на брак и се пакуваш можеби нешто со тебе не е во ред.Можеби не го ни сакаш.
     
    На Mumoftwo30, forumce, Dalene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Wild_Flower

    Wild_Flower Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Не знам, можеби скришно е послатко, не би знаела. Отворено го прашав зошто ги гледаш? Као стварно ме интересира зошто ги гледа а притоа се праи дека му се одвратни. Немам одговор ми рече.
    Да земеш да го задавиш.
    Посебно со мене нема потреба од лажење знае колку сум оpen-minded.
    Не е дека не го сакам, не можам да не го сакам, цел живот сум со него, дете имаме, супер сме се сложувале, ама ова ми е тотално непочитување. Посебно што после тоа знаеше дека сум ифрит лута и мува не го лазеше и пробуваше да ме матка цел викенд.
     
  3. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    2.099
    Пол:
    Женски
    Ама зошто толку филмови правење, од мравка слон ситуација?
    Дали имате некои проблеми во бракот па преку ваквото откритие за него и бурната реакција сакаш да ги канализираш вербално?

    За тоа дека си се разочарала што глуми светец, а не е запрашај се дали и ти во некои ситуации со него и не само со него исто таква си испаднала па тогаш суди му.
    Инаку секогаш дали врска, пријателство ете кај тебе и во брак кога се ставаат на пиедестал тие од другата страна дечко/пријатели кај тебе сопругот и се идеализираат кога потоа ќе се согледаат реално какви се следи мало разочарување дека ете не се херои дечковци/ сопрузи или светци пријателите.
    Проблемот обично лежи во преголемото фокусирање кон другата личност или другите личности- пријателите на пример и нивното издигање до не знам ти каде, наместо трезвено и реално да се сфатат и проценат и проблемот е во ставањето друг пред самата себе на пиедестал. Кога ќе си самата сигурна во себеси и фокусирана на твој личен раст и развој нема да ти е толку бурна реакцијата и заради глупости на соц.мрежи да го оставаш и му заминеш со се дете.
    Работи повеќе на себе и твојата самодоверба.
     
    На felisitas, Feniksgirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    2.099
    Пол:
    Женски
    Сега те прочитав за викендот, ама и пиша тој си излегол со пријатели ти цел викенд во солзи и лута. И кој поубаво си го помина викендот ти или тој?
    Друго ми падна во очи велиш од мали сте заедно, а како ако толку време сте и се согласувате се супер како што си пишала, како не си укапирала досега дека тој очигледно кога се соочува со проблем го негира или става под тепих, додека ти сакаш брза, одма и сега разрешница? Остај му време, ќе му спласне и ако не реагираш и ти вака бурно понатаму можеби ќе ти се отвори и за ова и за многу други нешта. А во меѓувреме и ти ќе добиеш на време да извежбаш да се стрпиш малку и да извежбаш толерантност. После сето ова, ако ви успее на двајцата ќе си се разбирате многу подобро и викендот наместо тој да бега од тебе со пријатели да му мине и ти да плачеш и се нервираш ќе си го терате заеднички, лаганица па и зафрканции ќе си вадите од "проблемов ".:D
     
    На Wild_Flower му/ѝ се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    16.805
    Пол:
    Женски
    Еве на пример мојот маж е во онаа група машки домаќински муабети и таму ќе видиш секаков профил на мажи.Од мажи што константно ставаат слики и видеа од голи жени до мажи што пробуваат да си ја продадат колата или да најдат што дефект има неговата.Мојот маж никогаш ништо не објавил ама не значи дека голите жени не ги видел кога листа.Не се чувствувам помалку вредна зошто погледнал,доволно ми е што не постира како манијак некој.Сега ти прикрива за сликите утре ќе биде нешто друго треба да работите на отвореност од негова страна.И немој директно да го џафкаш.Пробај на други начини да му се приближиш.Ама да му кажеш ќе се спакуваш зошто гледал слики не е воопшто во ред.Ова реално не е нерешлив проблем само бара трпение и работа.
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30 и Wild_Flower им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Каков кретен. Многу ме нервираат вакви амеби.
    Значи се претставува дека е светец, а гледа голи жени и па уште коментирал на што личела.
    Ваков 1 мин нема да трпам.
    Е сеа дали да се разведуваш само заради ова, мислам не, ама направи да го запамти денот кога те излажал.
     
    На Anyshka, senza.parole, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.039
    Допаѓања:
    66.614
    Пол:
    Женски
    Веројатно има некаков длабок срам во себе. Се срами сам од себе што го привлекуваат, па затоа јавно толку исфорсирано плука против. Си влече нешто од минатото. Мислам дека треба да имате еден длабок разговор, он посекако ќе одбегнува да каже зошто гледал, срамот не е за занемарување, ама обиди се да дојдеш до коренот. Верувам дека сега ти е одватно да го гледаш, се мислиш за што друго лажел, кога е за ова способен, ама долго го познаваш, не мора да значи дека има некои други скелети во плакарот.
    Мислам дека искреност само ќе помогне во случајов. Од негова страна.
     
    На senza.parole, *Amethyst*, Amelia. и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Wild_Flower

    Wild_Flower Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Да, пред малку ми пиша дека му било срам од тоа шо гледал, па затоа негирал. Ама немал одговор зошто го правел тоа, ништо не му фалело ни во сексот, ни во бракот. Маж ми е типичен балканец кога станува збор за изразување емоции, па таквите длабоки разговори никаде не не одвеле. Најчесто самата тумачам според тоа како е одгледан, какви му се родителите зошто постапува така како што постапува, он најсеризоно нема поим. Посета на психолог е out of the question за него.
    Точно не мора да значи дека има други скелети, ама луѓе постојано водат двојни животи, а жените немаат поим (не дека он води).
     
    На senza.parole и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Не мислам ништо лошо со коментаров, али од такви мажи треба да се плашите. Најголеми манипулатори се.
    Пред тебе се праат светци, а позади тебе се најголемите животни.
    Не му е срам на него, на него го палат такви работи, ама пред тебе се прави дека он е добар човек.

    Обрни внимание на тоа шо прави. Има големи шанси да се пали и на тие твоите другарки или роднини со големи цицки и газови. Затоа и така реагира на нив.

    Маж кога плука по некоја жена, обично баш таа ја посакува ама неможе да ја има.
     
    На L.i.n.a.a, Anyshka, senza.parole и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    @Wild_Flower уште пред да ти го дочитам првиот пост, кога прочитав дека отворено толку покажувал негативни емоции за другите жени знаев дека тој има внатрешен конфликт, односно дека се срами што го привлекуваат.
    Кога некој ќе жестоко зборува против одредена категорија луѓе, кои реално немаат врска со неговиот личен живот, да знаете дека има баш скриени и спортивни емоции за тие луѓе.
    Може да е повеќе или помалку свесен за таа привлечност, но реакцијата е активирање на одбрамбен механизам, наместо себе-прифаќање или навлегување во причините за конфликтните емоции и сл.
    Тоа претерано манифестирање на нег. емоции е одбрамбен механизам. Повеќе се убедува он себе, зошто се осудува што така мисли и чуствува.
    Нему сигурно му е срам и пред тебе, зошто ти си човек кој нема конфликти како него. Ти си како што велиш либерална, ама тој некои свои аспекти тешко ги прифаќа, зошто не му се во склад со моралните вредности со кои растел и кој му биле врежувани во главата.
    Такви интереси или таквите примери во детството и младоста веројатно биле од дома оценети како негативни и како такви силно наметнати, може дури и казни трпел.

    Јас ова отворено им го кажувам на луѓето кога ќе почнат да ми зборуваат на тој начин за геј луѓе, порно-ѕвезди, за луѓе од различни раси, националности, за луѓе од различни политички партии, за луѓе од класа и статус кој е различен и во еден куп др. ситуации.
    И не ми е гајле дали ќе ги навредам, зошто може и треба да се навредат и да се замислат какви се реално.
    Во секој случај ќе ги освестам, а ако некој е доволно паметен, ќе се позанимава со новата информација и ќе си го разреши конфликтот.
    Некои луѓе, кои ми се поблиски, кои знаат дека им мислам добро, ете си ги разрешија тие дилеми и не зборат веќе така :D
    Некои може и ќе си заминат од тебе, во секој случај ќе се исчистиш од негативизам во животот и од лажни пријатели.

    Ако и ти самата го напаѓаш зошто гледал и како не му е срам, испаѓа дека бил во право што криел - дека тоа што го правел е срамно.
    Подобро е да му кажеш дека не е голема работа за тебе тоа што ги гледал, зошто сите имаат некаква фантазија или нешто што ги привлекува, туку дека е проблемот што мислел дека треба да ти крие. Дека ти нема да го прифатиш, сакаш или да го цениш доволно ако го дознаеш тоа.
    Тој се труди да си ја задржи убавата претстава за себе и пред себе и пред тебе. Можеби полесно ќе прифати нешто за себе, ако барем кај тебе наиде на разбирање.
    Стави му до знаење дека не требало да крие и дека повеќе те повредува дволичноста отколку тоа што гледал.
    И отворена комуникација почесто меѓу вас двајца. Слободно да си ги кажуваш и ти и тој интимните работи во некој момент и место кога ќе се осеќате безбедни да си ги кажете.

    Фаза е да знаеш, ќе ја надминете.
    И ќе бидете уште поблиски потоа.
    И да знаеш дека долгата врска не е гаранција дека нема некој друг нешто да му текне подоцна да проба и истражи.
    Се знаете од мали ама треба да се запознаете какви ќе бидете во иднина.
     
    На Grungie, Lanna89, senza.parole и 14 други им се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    8.960
    Пол:
    Женски
    Ќе ти одговорам на последното прашање.Би пробала да го надминам тоа и би побарала од него објаснување.Не е големиот проблем што гледал тоа,туку што за еден ти се претставува а друг е во суштина,утре ќе има влијание и врз детето како родител.Би обрнала внимание на него повеќе од порано,да го научам со каков човек си имам работа.Ако е потребно и ќе се разведеш, подобро тоа отколку да бидеш уште повеќе повредена.Лошо е што ти глуми морален човек а утре испаѓа бесрамник . Одговорот лежи во тебе самата,дали и колку уште можеш да толерираш.Нема гаранција дека сте од деца заедно , едноставно човек се менува или никогаш не го запознаваш доволно а најлошо ако сама себе се лажеш дека е онаков каков што сакаш да биде .Пробај да му најдеш други карактеристики,види дали ти одговара за во иднина,ако не ,ќе му кажеш и ќе се разделите .
     
    На Adidas888 и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не мора да значи.
    Прво, сите имаат скриени фантазии што не значи дека ќе се обидат да ги задоволат или пак да ризикуваат брак или да изгубат сакана личност заради тоа.
    Тоа се морални кочници.

    Второ, ниеден атрибут кај некој друг не е попривлечен од врска во која имаш слобода и сигурност за да си ги кажеш своите фантазии и тоа да не ви го измени она што го чуствувате меѓу себе. Ако тие инхибирани страсти ги ослободи на сигурен начин т.е. во врската која веќе ја има, тогаш тие не се веќе инхибирани и нема да го тераат да ги задоволува надвор од врската.
    Се надевам ме разбирате :)
     
    На Lanna89, Annath, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Wild_Flower

    Wild_Flower Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Апосолутно се согласувам.
    Пред многу години кога одев кај психотерапевт и зборував за одредена личност која што многу ми сметаше и ме нервираше а не можев да си објаснам зошто, дојдовме до заклучок дека всушност ми се допаѓа и дека работите што ми сметаа кај личноста, уствари се работите што ми сметаа кај себеси.

    Инаку да, околу сексот е многу интровертен, никогаш не зборува за фантазии, никогаш не се отвара, ко да се срами, ко да е грешно/срамно нешто да ти биде убаво во сексот или да сакаш нешто партнерот/партнерката да направи/облече. Сите имаме фетиши, ама он ги нема ДЕМЕК.

    Се ново што сме вовеле било по моја иницијатива и за све што сум му предложила он како со срам го прифаќал тоа. Сега е поотворен и по тоа прашање, ама гооодини ни требало да стигнеме до таму.

    И јас му напоменав дека не ми е проблем тоа што гледал, проблем ми е што пробува да ме изманипулра дека не го прави тоа и што досега не ми кажал дека го привлекуваат.

    Значи не се познаваме за да можеш да си доловиш колку сум non-judgemental личност и open-minded. Дури и превише. Со се сум океј, само не ме лажи.
     
    На senza.parole, Zumbulche, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Машки
    Нема машко кое не гледа, мислам никој нема да признае ама сите гледаат и посакуваат, тоа е вистината, дури некој маж и да има сопруга, и да има и швалерка, пак ќе бара нова швалерка.

    Единствено по зезнати се оние кои имаат ,,чиста" browser history, оние кои не ставаат пасворд на моб. кои демек не кријат ништо, е тие се тие кои може да имаат 2 семејства истовремено... Овие мажи што ги фаќаат тие само гледаат и си посакуваат али не верувам да прават нешто, оној кој изневерува е ептен внимателен и буквално не може да се фати туку така. :)
     
    На Anyshka, *Amethyst*, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Нема никакво оправдување за маж шо гледа голи женски. Ама баш никакво. Зошто ги гледа? Се пали на нив? Дрка на нив? Ова не е непочитување кон неговата жена? Оти не се пали на жена си така?
    Доста веќе ги оправдувавте мажите.
    Чим му излегувале такви жени на рилсовите, значи нонстоп ги гледа.
    Да, баш така е. Ама женската интуиција не лаже. Ќе го фати она кад тад. Ќе и замириса нешто, ќе истраже.

    И нема оправдување со тоа дека е маж. Еве и јас сум мажена, зошто мене не ми излегуваат голи мажи на рилсови? Да земам и јас да гледам тогаш, шо да правам, женско сум, овулацијата ме удира во глава, сакам некој да ме оплоди, неможам да се контролирам.

    Машко бил бе. Па шо кога е машко? Сакате да кажете дека неможе да си го контролира сексуалниот нагон? Неспособен е?
     
    На Anyshka, *Amethyst*, Mari-Li и 4 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.746
    Допаѓања:
    110.196
    Пол:
    Женски
    @Wild_Flower извини вака ама во денешно време биди среќна што не гледа по набилдани фраери..
    Вака бар знаеш на што си.
    А за варање, немој да мислиш дека ако нема соц мрежи нема да вара ако е таков.
    Јас кога на мојов му видов слични ствари му покажав и јас како гледам глумци и слично.
    Онака на шала го свртив.
    Ако за ова се нервирам..
     
    На LadyR, Mumoftwo30, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека имате некој проблем, не се нервирај тоа ништо не е, дека гледал нека гледа, обично тоа шо најмногу ни забаранувале како шо велиш од дома е така воспитан тоа најмногу сакаме. Баш ќе ме поштеди од типот муабети леле види ја оваа каква е, онаква е, на шо личи и слично, зашто сите така се носат и полурасголени и скроз значи такво е времето, мене лично не ми смета да гледа така, дури и мене да ми излезе нешто такво му препраќам да види ко на шала, јас стварно со интернетов ми е ко на заебанција и никогаш нема да дозволам да ми напрај некој проблем со бракот. Некогаш имам начекано како си пуштаат со другари некој такви слики и муабети но сето тоа е заебанција, ги сфаќам такви се машките.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Машки
    Во природата на мажите е да загледува, како да кажам не можеш да не загледаш убава жена ако помине покрај тебе, се контролираш али чуството за да се погледне е посилно :D
     
    На Mumoftwo30, eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    Сите гледаат нешто Адидасче! СИТЕ!

    Може некој крие дека гледа пениси, некој крие дека гледа стапала, некоја гледа цел ден онлајн шопинг зошто и се фетиш кондури и ги крие од маж и кога ќе ги купи...

    Не е непочит што те привлекуваат некои работи или што имаш фетиш, непочит е тоа што му криеш на партнерот и што немаш доволно доверба во него за да му кажеш што ти е слабата точка.

    За таа доверба да ја постигнеш во врската треба да се и двајцата прилично свесни за себе и да се имаат прифатено себе какви што се. Тоа не е лесно.
    А потоа треба да имаат доволно цврста врска, која се заоснова на БЕЗУСЛОВНА љубов и доверба за да може да си ги кажат на другиот нештата што си ги знаат за себе.
     
    На *Amethyst*, Mumoftwo30, Rozevata и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Епа и во прородата на жените е да посакуваме развиен маж полн со ресурси и кеш, секој месец. Јебига, овулација, неможеме против природата.
    Мора да го продолжеме човечкиот род со најдобрите гени.