@Adidas888 порано гледале голи женски во списанија.. па Котелец имаше гола женска позади. Е сега со соц мрежи е на изволте. И ние гледаме згодни мажи. Не значи дека ќе легнеме со првиот.
Затоа секој си бира со каков ќе се омажи.Мојот не го земав за кеш тоа е сигурно.А љубов фала му на бога имаме сеуште.
Да погледнеш 2 3 па и 10 пати ок. Ама чим му излегуваат на него рилсови од голи жени, значи он нонстоп ги гледа. И сама членка знае дека тоа шо најмногу го гледаш, тоа ќе ти го дава. Нонстоп да гледа такво нешто, за мене не е ок, а вие тешете си се со тоа дека мажи се и ок е.
Ама и за жените е исто! Тоа е дел од човечката природа. Која тврди друго, се лаже или себе или другите. Како што викаше една моја професорка од ПМФ - ако ти е одреден центар во мозокот уништен, гол маж да ти претрча нема ништо да осетиш. Сексуланиот нагон, желабата за секс и либидото малку повеќе зависат од физичкото и од пониските нервни центри во мозокот (кранијалниот и 'рбетниот).
Како го опишуваш веројатно доста конзервативно пораснал и све што е поврзано со сексот е срамота. Така беше некогаш во повеќето семејства. Или го фатиле додека мастурбирал, па пропаднал во земја. Може гледал некаква слика притоа. . Тоа е тешко вкоренет срам кој нема да се победи без добро саморефлектирање и работа со психолог, за жал.
Исто се кладам дека гледал азијатки од Тајван Lady Boy оти 80% од мажите од Македонија поима немаат што е тоа, еве нека некој направи анкета низ Скопје и другите градови во Македонија, убеден сум дека не знаат што е тоа... [ако шегава не е за оваа тема, слободно бришете, сепак темава е сериозна, не е за вакви шеги, немаме опција за бришење на пост ]
Ама тоа што некој често ги гледа е симптом за проблемот! Тоа што се враќа повторно и повторно на тие содржини значи дека потиснатите фантазии и емоции бараат да излезат на површина, да бидат реализирани и задоволени. Со нивно игнорирање уште повеќе ќе е исфрустриран и таа фрустрација ќе расте. Ќе бара олеснување и ќе направи проблем. Штом потиснатото излегува на виделина, од несвесно станува свесно, идентификувано, кажано, анализирано, преработено и сфатено, тоа веќе не е потсвесно, не е потиснато и нема потреба да се повторува однесувањето кое носело олеснување. Подобро тоа да се случи во безбедна средина, пред човек што го сака и нема да му наштети. Во спротивно баш тоа што викаш ќе се случи - ќе легне со некоја друга кога ќе е цврцнат и инхибициите ќе се олабават.
Тоа да, не го негирам тоа. Ама едноставно, има мажи шо само се палат на други жени. Се палат, дркат, изневеруваат и шо ти уште не. Немора да значи дека има подлабок проблем. Едноставно такви си се, курвари.
Нема ништо лошо во тоа да те пали нешто (тоа значи дека имаш нормален сексулен нагон и дека си здрав) или во самозадоволување. Дури и се препорачува мастурбација (додека не е претерано честа) заради самозапознавање, откривање што сакаш/што не сакаш, ослободување на сексуалните фрустрации, одржување на физичко здравје, ментално здравје. Изневерувањето значи да лажеш и повредиш некој друг. Тоа не е ок. Да не мешаме баби и жаби.
А бе некад ќе гледам глумец па ќе ми се присака, си легнувам со партнерот не со глумецот. Дека на времето немаше соц мрежи па не се швалерисуваа. А бе ајде.
Пола мажи се палат на неа, остај го ти што збори. Ние двајцата исто се зафркаваме еден со друг. Многу добро знаеме кој на кого му е привлечен Кога сакам да го рчкам, му пуштам филм со мојот омилен глумец
Емотивно неверство и физичко неверство се две различни работи. Емотивно неверство и дркање се две различни работи. Емотивно неверство подразбира да има емотивна врска која му е битна на него со некоја друга, не мора нужно да има физички контакт со неа.