1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Добро, јас само кажувам дека една работа води кон друга. Нонстоп да гледаш такви работи, ама значи нонстоп, значи се палиш на нив и не те пали веќе партнерот.
    Епа мене таков партнер не ми треба, да се пали на други а да е со мене ради реда.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.039
    Допаѓања:
    66.614
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила дека една работа води кон друга.
    Може слики не погледнал, не се врти по други жени, ама ќе кликне со колешка на работа и ќе дојде до емотивно зближување. После може и да прејде тоа во нешто повеќе, ама не се палел на други цело време.
    Различни работи се едноставно.
    Сите знаеме да погледнеме некогаш, проблемот е кога тоа станува гледање цело време, па преминува во фантазирање, па на крај доаѓа до тотално губење на сексуалниот интерес кон партнерот.
     
    На H.VAGA, Mother of 2boys, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Епа затоа и викав да отвори очи и да го прати маж и шо прави. Не е проблем за понекогаш шо гледа ама проблем е ако нонстоп гледа. Значи тогаш има нешто шо не чини и тоа може да стане поголем проблем.
     
    На SummerGirl, eliesaab и Wild_Flower им се допаѓа ова.
  4. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    513
    Како бе гледање филмови во таква форма, а притоа одбивање/имање пречки при контакт е ок?
    Зависноста по страна, ако некого сакаш таа личност ти е сѐ.
    Центар, ѕвезда, космос...
    Тоа не значи да се престане во потполност да се гледа, туку значи да се намали за да се одржува континуитет бидејќи партнерот се посакува повеќе од болеста.
    Нема тука директна причина за љубомора, ама затоа има куп други црвени знаменца.
     
    Последна измена: 1 октомври 2024
    На Zumbulche, eliesaab, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.566
    Пол:
    Женски
    Искрено и мене не би ми било нормално во телефон на мм да излегуваат голи жени,како што не излегуваат во мојот(мажи) нема ни во неговиот, бракот е почит,колку и нешто да ме привлекува нема да зјапам по цел ден (да,бидејќи кога и да отвори инста ќе му излегуваат)во разголени фотографии.Колку и да се фантазии или природен тек,луѓе сме, не сме животни да не можеме да се контролираме.
    Замислете маж да дознае дека жена му си се пали на слики од Инста,дали вака како нас ќе проба да најде психологија во позадина и ќе ја оправда природата на жена му?Ако сам не умее да си ги контролира умствените и потиснати желби и да прифати дека тоа го привлекува, а во меѓувреме со членката е монотон и не сака да ги истакне тие фантазии,како да не биде лута ,сигурно не се работи за тинејџер туку за зрела личност.Очи отворени и малку построга на таа тема,не и не е нормално да пребарува и гледа разголени девојки.
     
    На iloveyou29, Anyshka, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.039
    Допаѓања:
    66.614
    Пол:
    Женски
    А каде прочита дека е океј било која од овие работи?
    @Wild_Flower разговаравте ли, има некакво помрднување на работите?
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Женче имаш страшен револт кон машкиот род, не е нормално. Размисли си за овој внатрешен проблем зошто ако овде на форум од 3 реда муабет делуваш така, не можам да замислам во реален свет колку си огорчена. Не се сите мажи исти, не вараат сите мажи, не се сите мажи твојот бивши... Сите ги стави во еден казан и ги запали, не е тоа нормално. Не дека ми е моја работа, ама често те читам со многу погрешни совети токму тргнувајќи од својот живот.
     
    На H.VAGA, Wojak, Bratot и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Нема шо јас на тебе да ти се правдам дали имам или немам и зошто имам или немам. Не си ми била во кожа и никад нема да знаеш како е.

    Чим за тебе ок е маж ти да гледа голи жени, супер. Почасти го и со 50евра да оди како маж да се испразни убаво на некоја проститутка! За да не му се расипе видот од телефонот.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека е ок ниту пак ја коментирав ситуацијата, а најмалку барав да ми се правдаш, ама и сама си го знаеш проблемот и затоа рипаш на секој коментар во подфорум брак. Уживај, твое мислење, не мора да се слага со моето.
     
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Проблемот не сум јас, проблемот е во мажите ама кој да разбере. Најлесно е секогаш да се обвини жената.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Ако не ми се свиѓа еден човек, двајца, тројца, ајде да речам проблемот е во нив, ама да не ми се свиѓаат 33ца, не е проблемот во нив. Ама кој да разбере.
     
    На *Amethyst* и simona_baby им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот да ти се допаѓа или да не ти се допаѓа некој.
    Проблемот е во тоа шо го прават таквите мажи.
    Ајде, остај тоа гледањето голи жени, ама зошто тогаш се прави светец пред жена му, и ги руга таквите разголени жени? Тоа зрачи со црвени знаменца.

    Ама ај да не навлегувам во тоа, оти не те интерисира тебе проблемот на членката, ти со мене имаш проблем очигледно.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Ама јас не ја коментирам ситуацијата на жената, јас тебе ти коментирам. А проблем со тебе немам, не те ни знам ни познавам за да имам проблем со тебе. Крај на дискусија од моја страна. Само покроце со давање совети зошто си најгласна во темиве а даваш многу совети кои некогаш немаат врска со реалноста.

    Што се однесува на темата, да, огромно црвено знаменце е, ама тоа е проблем на комуникацијата на маж со неа, не дека он шврља и дава пари по проститутки. Треба да поработи на комуникацијата мажот, а не да не гледа други жени.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.208
    Пол:
    Женски
    Јас ама уопште не кажав дека нејзиниот маж шврља наоколу. Туку давав примери за тоа шо имам видено и чуено.
    Незнам шо лошо виде во мојот совет спрема неа, за да си ги отвори очите и да го прати шо прави?
    Нормално оти треба да комуницираат ама не треба она слепа да се стори после комуникацијата.
    Незнам маж и каков е, само се надевам да не е манипулатор, оти таквите тактики шо и ги направил, ги прават баш манипулаторите.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    513
    Не прочитав никаде и не е реплика кон никого.
    Одговарам на членката.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Didi87

    Didi87 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да пишам за совет зошто навистина сум збунета не знам што да правам блиските ми велат не се растура брак за глупости и сл, т.е. ме предомислуваат. Го сакам сопругот сме поминале и лоши и добри работи заедно (во лошите моменти не беше баш поддршка се осеќав како јас да го држев бракот на почекокот ама ок) пред неколку години ме изневери. Одтогаш вети дека нема да се повтори. Ама мене сеуште ме мачи тој период кога дознав дека ме вара, пораките што ги прочитав и сл. Дури и сонувам понекогаш кај што ме вара. Чат пат знае сам да си излезе да прошета или повози. Ме моли да не се разведуваме дека ќе направи се да ја врати довербата и дека нема да оди никаде без мене. Збунета сум и уништена сепак го сакам се плашам по толку год да останам сама. Деца немаме. Ве молам за најискрен совет.
     
  17. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Разведи се, еве најискрено.
    Се мачиш сама себе и те уништува психички тоа. Колку и да го сакаш, не вреди за секое негово искачање ти да тупиш мозок каде е, со кого и душа да ти трепери дали пак ќе го повтори тоа.
    Уште подобро што во ситуацијава не се вмешани и дечиња кои само дополнително би страдале.

    Сега ти е страв и се тоа ама верувам дека вака само си го губиш времето и ако не пукне сега, ќе пукне за 5-10години. Подобро сечи на време и најди некој што ќе те почитува и цени.
     
    На *Amethyst*, Waverly Raven, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.455
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Глупости е изневерувањето???
    Тие твоите блиски изгледа глупи се.
    Кога ќе сфатите дека бракот не го растура тој што сака да се разведе заради неверство, туку изневерувачот веќе одамна го растурил?
     
    На Mother of 2boys, *Amethyst*, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    2.099
    Пол:
    Женски
    Велиш го сакаш. Мене ми делува дека не ќе да е така затоа што кога вистински сакаш некого го прифаќаш и сакаш како личност онаква каква е, со се грешките кои ако сте ги надминале терате понатаму. Меѓутоа мене ми делува ти ги немаш надминато неговите неверства и си ја измачуваш психата. За мир на душата тргни се и подразмисли за се убаво. Сепак ти најдобро знаеш што довело до неверството и за каков тип неверство станува збор и дали можеш да се носиш со тој товар, простиш и продолжите понатаму или не.

    Јас лично не би простила. Ми се има случено во врска, како демек простив ама цело време кога беше излезен без мене бев како откачена и побркана од овертинкингот и сфатив дека сепак не сум простила и тоа со него е навика. Го прекинав тој синџир само на навика. И да потполно те разбирам кога пишуваш дека се плашиш. Навистина сиот овој процес бара многу храброст, интроспекција, анализирање и самоконтрола на се, а најмногу на емоциите. По некое време ќе си речеш како порано не си ги скратила маките и прекинала секаков контакт.
    Се си доаѓа во свое време.
     
    На *Amethyst*, hermosa, Didi87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. desperate15

    desperate15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    И пред 2 години си прашувала истово, ти две години живееш со ваква мака, тоа среќен живот и брак е? Тој те сака? Не, ако те сакал немало да те изневери.
     
    На *Amethyst*, Didi87, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.