Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Запрашај се дали те сака. И ако те сакал немаше да го направи тоа.
    Сакаш да бидеш со некој со таков човек или да си најдеш некој кој ќе те усреќи.
    Не се плаши, ако една врата се затвора се отвараат 1000 други.
     
    На злоба, Трагедијаупмм, Kaja991 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Само едно не ми е јасно. Како може да простите неверство? Ете како се убедувате да простите? Човек кој изневерил НЕ го сака својот партнер НИТУ го почитува. Не сте бесни на него? Мислам како се контролирате?
    Јас да бев на местото на изневерената, пердуви ќе летаа од партнерот, а и ќе го пречека спакуван, со сменета брава, ова во поблага верзија, во построга верзија, све исфрлам во ѓубре, а воедно и тој самиот е ѓубре, а ѓубрето припаѓа во контејнер.
    Не ви е гнасно тој истиот кој лежел, допирал, љубел друга да легне покрај вас?
     
    На tambelina, tina2018, злоба и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    34.783
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе бидам директна, ама мислам дека имате поголем проблем во бракот.
    Не е само изневерувањето.
    Мислам дека пишуваше нешто и околу финансиите, дека повеќе ти си пазарела отколку маж ти.
    Па и дека сте немале редовно односи (не дека тоа е најважното во еден брак), ама штом си пишала тука најверојатно тоа ти сметало.
    Дали навистина вреди за да го спасиш бракот?
    Дали сте биле кај брачен советник?
    Дали навистина маж ти сака да го спаси бракот?
    На себе одговори си ги овие прашања.
    Велиш ти ветил дека ќе се смени и повторно си шетал сам по неколку часа.
    Тешко да се сменат таквите.

    А блиските што ти кажале дека не се растура брак за глупости, не знам што да кажам, неверство не се глупости.
     
    На tambelina, crazylady, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Верувала или не има пострашни видови нелојалност? Во однос на кои 10 мин секс со некоја изгледаат како шега. И мислам дека браковите пукаат од сосема трети причини, неверноста е само нивен симптом.
     
    На Трагедијаупмм, Lanna89, Kaja991 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.065
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла разведи се,но добро анализирај ја ситуацијата ,колку се сакате,колку сте биле среќни и каква иднина гледаш со него.Јас искрено не би останала во брак,не е само неверството но ако на секоја брачна криза он ми прави нешто позади грб,денес друга му шири нозе,утре почне да живее по свое, вклучувајќи и финансиски, стварно нема смисла да трпиш .За неверството,дали ги знаеш околностите и деталите?Дали си простила искрено ,или при секоја кавга ќе му трескаш во лице ,и при најмал сомнеж каде е и со кого ќе живееш во агонија и страдање?Размисли ако дојдат и деца после,и тие ќе трпат последици од таков брак.Има и други мажи,не вреди за еден да си го уништуваш животот,од мое искуство подобро сама отколку во лошо друштво.Јас имав нефункционална врска и џабе седев кога не бев среќна,ниту почитувана , исполнета.Блиските така ти викаат за да не се растури бракот,но на твое место би ги видела дали би толерирале неверство.
     
    На Samostoen, Трагедијаупмм, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Емоционално или физичко неверство, е неверство. Ај ќе оправдуваме ако иде со други, зошто важно не ја сакал неа, ја сакал сопругата.
    И не мора да значи дека секогаш има некој проблем во бракот, па затоа еден од партнерите се одлучува на неверство. За проблемите се зборува отворено. И има луѓе со карактери на изневерувачи, не можат да бидат лојални зошто имаат таков карактер, ѓубре карактер.
     
    На tambelina, M&M, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    12.674
    Пол:
    Женски
    Јавна тајна е дека мажите изневерувале и во минатото. Која имала баба така без влакна на јазикот, има слушнато доста случки. @Just.do.it
     
    На Lanna89, Joanna28, Dalene и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    34.783
    Пол:
    Женски
    Има некои што немаат проблеми во бракот па изневеруваат, такви си се тие, не можат да се сменат.
    А и да имаат проблеми во бракот се разговара со партнерот, ниту еден брак не е идеален, ама тој што при првиот проблем се реши да изневери е кукавица што не знае да се соочи и веднаш утеха бара кај друга.
     
    На tina2018, Трагедијаупмм, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Dalene

    Dalene Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    2.455
    Пол:
    Женски
    Мене па ми е чудно што се чудите за неверство. Знам за пар постојано тој ја вараше таа му враќаше во слична мерка, ама тие кажуваа се сакаат и тоа врска повеке од 10 год. Ене ги не се зедоа, деца се на купче...Тој секогаш велеше пред брак можам се' во брак тоа не. Тоа значи- неверство не. Сега дал си продолжил со истите навики не знам, ама неколку години се во вака од надвор гледано складен брак.
    И да ако имате личности без влакна на јазик или имало во минатото и денес и тогаш јавно зборат. Имате и личности од другата страна читај третата страна што не ни кријат дека се дел од неверство, па и некои се фалат. Потсетник најјавно експониран швалерски пар Чарлс- Камила и си ја ожени дури. Има и кај нас, позната јавна личност и бизнисмен, па друга џет сетерка и правник и...да не редам.
    Нема некоја личност која не знае за вакви ситуации и поубаво е развод па секој по свој пат макар и свадба со швалерот/ката отколку константно набивање рогови.
    И точно е дека дел од сопружниците кога вараат во тој брак има многу посериозни проблеми, ама и дел си се такви во генетскиот код. Така што отварајте очи кому ја подарувате довербата. Лично и јас не знам како пак ја враќаат и продолжуваат понатаму. Јас во врска "прегорев" од секирации за тоа не па за во нешто посвето и многу посериозно. Ама различни личности, различни одлуки и постапки. Секоја личност со своето размислување и донесени одлуки.
     
    На eliesaab, *Amethyst*, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.181
    Ај вака да ти сумирам, пошто гледам дека си малце слепа.
    Во лошите моменти не беше баш поддршка, се осеќав како јас да го држев бракот.
    Што ќе ти е маж кој те оставил на цедило кога ти требал? Па мене пријател да ме оставел на цедило, немало да ми биде пријател, а ти па маж, некој со кој делиш најбуквално се во животот.
    Ама мене сеуште ме мачи тој период кога дознав дека ме вара, пораките што ги прочитав и сл.
    Едно е да идел и да изебал некоја ороспија и да си плател за тоа, тоа е класично варање, ама маж ти се инвестирал и емоционално и физички, и со курот ама и со главата, затоа што со рандом ороспии пораки не си пишуваш туку само си пишуваш дојди таму и таму, толку и толку тарифа.
    Збунета сум и уништена сепак го сакам се плашам по толку год да останам сама. Деца немаме.
    Не го оставаш само затоа што си исплашена да си сама, не затоа што сакаш да си со него, еве по јузернејмов претпоставувам имаш 37 години. Сега си млада и ќе најдеш некој друг, со кој ќе можеш ако сакаш и семејство и деца и сите салтанати. На 37 мислам дека си во prime-time за тоа да најдеш што ти треба, самостојна и возрасна, со развиен мозок, со дефинирани потреби и барања. Не компензирај за нешто помалку од тоа што заслужуваш и посакуваш.

    Прашање за тебе, што ако на 70 се разбудиш и сфатиш дека животот ти поминал со човек кој маргинално го сакаш само заради тоа што ти бил навика, кој не ти пружил љубов и внимание кое си го барала, кој не те сакал колку што ти си го сакала? Ќе можеш ли да живееш со фактот дека можело и многу подобро да завршиш?

    Извини на моменти делувам малце на лошко, ама и сестра да ми беше истово ќе ти го кажев.
     
    На Трагедијаупмм, Mother of 2boys, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    4.443
    Подалеку од оваквите ,,блиски". Одвратни бумеришта кои воспитувале деца со каиши, сукала, шамари и казни. За тие генерации и шамар на жена е воспитна, трпеле све и свашта, развод им е последна опција за да не пукне срам во село. Најболесни генерации кои се расфрлаат со флоскули ,,младиве ништо не знаат" или ,,во наше време овака не беше".
    Јас сонувам исти соништа со години, некои стравови од детство, ситуации, потсвест, знам како ти е. Го сонуваш стравот од тоа дека пак ќе те изневери или сомнежот дека уште те изневерува.
    Тоа што немате деца е олеснително. Се разведуваат на 40/50 години со неколку деца, бетер ситуации има. Сама нема да бидеш никад. Имаш работа ваљда, колеги/колешки, пријателки, хоби. Ќе си патуваш, ќе си читкаш/гледаш нетфликс, ќе си најдеш некое хоби, ќе најдеш некој добар пастув (макар и за секс, те заболе), теретана/фитнес/јога/планина, ќе си земеш куче/маче, имаш еден куп опции кои се подобри од комфорната зона во која живееш. Друга опција ти е да останеш со него ама некако да успееш целосно да заборавиш и простиш, а ти штом сонуваш, тешко. Сомнеж ќе има секогаш, тоа е заебано во неверството.
     
    На crazylady, Трагедијаупмм, Realist1 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.812
    Допаѓања:
    176.317
    Пол:
    Женски
    Поразително е колку млади остануваат во такви бракови само за да не се сами. Веројатно е тешко да се пресече нешто што си градел со години, ама останување во таков брак е само лажење сам себе. Сите знаат што им се дешава, промовирањето среќа онлајн не им прави ништо добро. Последно дознав за познаници, 60+ кои се развеле, значи со возрасни деца, оти нему му текнало да вара по стари години. И скроз имам почит за жената на тие години да одлучи да се разведе без да трепне. Помладиве, не знам што да кажам, какви примери ќе остават на децата само тие си знаат, а децата несомнено еден ден ќе дознаат. Што е трагично, оти на нас е да го прекинеме тој циклус на заглавување во дисфункционални врски. Твоите биле, ти си, децата твои ќе бидат ако не им преставиш здрав пример.


    Што се однесува на @Didi87 Ти не го сакаш него, не сакаш да останеш сама. Тоа е нормално да те плаши. Ама колку страшно тоа и да ти звучи, многу е подобро отколку да живееш живот константно во прашалници. Плус, заслужуваш да си среќна, да си со некој што ќе те почитува. Да бидеш во хармонија со мислите. Тоа сега го немаш. Ама можеш да го имаш ако си дадеш шанса.
    Бракови не се растураат за глупости. Нема брак што се растурил ради небитни работи. Се растураат кога на едниот или двајцата им станува сеедно за она што некогаш им било битно.
     
    На tambelina, JuLleE, Трагедијаупмм и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Ќе зборувам за психичко насилство, или бар така го перцепирам. Блиска моја има имотен сопруг, кој на неа и отвори и нејзин бизнис и секако фино живеат со сите салтанати. Ама он смета дека треба да контролира каде она троши, зошто толку многу троши. Како треба да е благодарна на неговото семејство дека неа тоа и приуштиле, без нив она немала да купи јакна од Мона рецимо. Она на моменти знае да е многу повредена, зашто се осеќа како да има се, а нема ништо. Имаат и детенце. И веќе се рефлектира сериозно на бракот. Не знам кој пат да го фати..
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Колку сака нека се "блиски" нигогаш не можат да ја носат твојата тежина на душата, па да знаат како ти е.Самата си свесна дека пропаѓаш психички.Немате сеуште деца.Зошто уште да вложуваш во човек ,што ти дал со знаење каков е.Да се сменил како што кажуваш немало да излегува сам.Би бил свесен што би мислела и тоа време ќе сте го поминале заедно.Повеќе тие страв што понатака.Остави ги тие совети што ти ги даваат.Утре и пак да го фатиш на дело ,тие може да ти речат "ете требаше уште првиот пат да го откачиш".Не се упропастувај.Почни си од почеток.
     
    На Трагедијаупмм и Didi87 им се допаѓа ова.
  15. Kriminalistika

    Kriminalistika Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  16. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Као на пример? Јас не сум простила, не знам како треба да се осеќам за да простам?
     
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Во минатото било срамота да се разведеш.
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    12.674
    Пол:
    Женски
    Па да, со ретки исклучоци. Некои не се разведувале од своите мажи дури и при целосна поддршка од своите.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Така мислеле дека треба, да трпат.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    За мајка ми брак е ако жената е малтретирана,понижувана и угнетувана.Така си е научена.Не е прастара.