И мајка ми има затуцани погледи околу тоа. Мисли дека разведена жена или жена со деца никој нема да ја сака. Па и мене тоа ми го викаше, дека никој немал да ме сака. Затоа сама си остана со тие размислувања она. Јас пак си се омажив, а една пријателка дури три пати се омажи па никому ништо .
Мајка ми не е толку екстремист, ама секогаш вика сама си го бирала, сама ќе си го трпиш.. Не верувам дека би одобрила насилство, ама смета дека брак треба да се зачува по секоја цена и покрај се..
Дали и по цена да му чутиш и да те прави глупава и дека не си способна за ништо? И гратис и ќотек да јадиш? Пошто под просечниве идиоти само тоа можат максимум да го прават..
Кажав дека не е толку екстремист и не би одобрила насилство, ама ако и речам пример не сум среќна, ќе ми рече ништо не ти фали, добар човек е, не пие, не те тепа, не се коцка, ти аздисуваш, си наоѓаш проблеми каде ги нема, она мене за дечковци така ми вика а не пак за маж..
И мене така едно време ми велеа многу пребарувам, а јас се шо барам е лојалност и почит, пошто љубов сама по себе и не ми значи многу, ако ги нема другиве фактори. Пробај размислувај така.
Боже...кога ќе ми текне.Штом се земавме со мм,нели ги поканија неговите на ручек.Ни две ни три ,мајка ми пред сите почна да плаче и ги молеше свекор ми и свекрва ми ,да смеаам да идам на гости кај нив.Ја и мм вакви останавме со отворена уста. Мм и вика кои се они па да прашува дали смее да оди некаде Она е моја жена и ако треба за било што ние двајца тррба да се договориме.Никој друг. Ја прашав што и беше.Ми вика да не помислеле луѓето дека сум невоапитана .....Хахаха
Па така е тоа. За што и да сакаш, да направиш треба да ги прашаш родителите на сопругот. Затоа што они идат во пакет со него. Мора да бидеш послушна. Ако не е така, ќе речат дека си невоспитана
Девојчињата сега знаат што сакаат, порано биле затуцани. Шетајте заедно, гледајте деца заедно, работете и баталете тоа старите, тие само можат да расипат.
Здраво, би сакала да прашам за совет. Имам 22 години веќе една година сум во брак и имам 1 годишно бебе. Е сега вака, со сопругот на почетокот беше убаво, како и секој почеток. Немаме и сега некој големи проблеми, се грижи за детето, добар татко е, работи, се труди. Единствените проблеми се тоа што, на телефонот пред некое време му најдов видеа од него и неговата бивша пред мене, го прашав зошто не ги избришал, рече дека забораил и дека ги има, му беа во скриен фолдер, окај тоа помина, иако немав заборавено. После тоа на работа кај него у канцеларија седела некоја колешка и му зборела за нејзините проблеми дома со сопругот, како не спиеле они двјацата заедно, не го сакала, бла бла бла, го прашала на маж ми за инстаграм тој и го дал, кога го прашам зошто тој рече дека може ќе треба да и пише за нешто (тој понекогаш ги зима колегите во близина и одат заедно на работа и ги враќе дома), се краваме затоа што за мене тоа не е валидна причина да се заследат на инстаграм, кога таа му кажува за фамилијарни проблеми и му вели како ќе го остави нејзиниот сопруг само да има некоја подршка од некого, помина и тоа. Послем тоа најдов чаот пак со бившата пред мене не избришан од порано, тој мене ми рече дека не биле во контакт пола година пред да се запознаеме а тие пишувале неколку дена пред да бидеме дечко и девојка, само да напоменам, се знаевеме 10 дена и стапивме во врска. Тој мене ми рече дека нејзе не ја сакал, како таа му била такао само за тоа едното, но во пораките пишува друго, како и пишувал, дека ја сака многу, се заљубиле еден во друг, бла бла бла. И за тоа се каравме, многу бев повредена, тој упорно вели не сум напраил ништо, тоа е минато, не ми рекол дека уште имале контакт за да не го оставам. Лани на годишнината едвај излеговме, ни поклон ни ништо, јас на нему му купив. За денот на татковците јас нему и поклон и се он на мене за денот на мајките никаов поклон, дури и ме заебаваше да да ќе стигне порачав, јас будала чекав со месеци, но ништо. Кога го прашав зошто така, вели кога јас ќе кажам и подсетам за нешто да напраи, нему тоа тогаш баш ич не му се праи. Фактички јас сум виновна што тој така се понаша. Имам сомнежи но не сум сигурна, дека нешто исто така има прае на ергенската, не ми креваше кога го барав, сите другари кажуват поинаква приказна, а тој упорно тврди дека нема направено ништо. Кога бев во болница додека бев бремена бидејќи ми се вртеше свеста и ми се стемнуваше, тој дома ништо не стасал и јас кога се вратив дома уште ми рече да сум исчистила ќе дошол некој. И така јас не знам што да правам, тоа се само делови од бракот кои ме мачаат и не ми дават мира, а онака добар човек е, се труди за детето не е да е одвратен кон мене и до некаде е најлошото тоа што не е и најдобар ниту најлош, некаде измеѓу, и не знае човек што да прави. Имам зборен, кажувано како се чуствувам дека тоа ме повредува, но тоа тој со колешката и бившата не го сваќа како нешто сериозно и битно, на крај краева не ме изневерил. Ве молам за совети, не знам што да правам, не можам да заборавам ништо што напраил
Пробај да му објасниш како тој би се чуствувал на твое место во обратна ситуација, има мажи кои не сакаат да им наредуваат, а тој изгледа така си го сфаќа тоа и ти води инает, башка машкото его е тоа, не трпи наредби, подобро со убаво, да разбере укажи му дека тоа негово однесување е ненормално.
Многу сте млади. Тој нема да те испочитува и ти ке му досаѓаш за женски. Немаш поверение во него. Тој е незрел. Стави му до знаење точно донкај може да иде и што може да следи. Биди цврста и решителна. Ти посакувам секое добро.
Сериозна си со “проблемиве” ? Ја заследил колешката на инстаграм Пишувале со бившата неколку дена пред да бидете во врска? Па што? Тотално небитно ниту треба да се замараш ниту да отвараш муабети за ова. Не ти се јавил на ергенската? Дај порасни. Не сте средношколци туку имате дете за кое треба да се грижите, а ти се оправаш за ситуација пред да бидете дечко и девојка. Денот на таткото и мајката кај нас не се ни слават, повеќе во Америка. а на крај подарокот на денот на таткото не значи ништо ако го малтретираш кого додал на инстаграм. Проблем реален немаш освен што треба да си позрела.
Ne e nebitno koga e izlazeno, i ako tebe tie raboti ne ti se problem mene mi se. Sekoj si ima svoi granici. I jas ne dodavam nikoj na socijalnite mrezi ni toj ne treba. Ne go maltretiram koj dodal, ama koga gleda deka mu se pusta, ne bi trebalo da ja dodava. Sekoj maz treba da si ima oci samo za svojata zena a ne da dodava i gleda vamu tamu, ako tebe toa ne ti smeta togas toe si e tvoe.
Па сега праша за совет, тоа ти пишав, ти немаш реален проблем, не си барај проблем,без потреба се замараш. Како па заклучи дека колешката му се пушта? Тоа што ја додал на инста не значи ништо. Многу луѓе си ги имаат колегите на инста. Што правел и со кого зборел пред да биде во врска со тебе е негова работа, не твоја.
Ама стварно си направила проблеми самата, прво и јас додавам на инстаграм колеги и слободни и во врска и во брак без намери да му се мешам во приватниот живот, второ опседната си со бившата негова, а види кај си стигнала ти, ти си во брак со него и имате дете, а ти пак си се закачила за бившата… извини ама никој ова не би го трпел, изгледа дека немаш некоја занимација и размислуваш на банални работи, сама си креираш проблеми и не си свесна дека од ова твое однесување може да настанат вистински проблеми… дај ти се молам имате дете ти уште за ергенската мислиш, еве си кажа не те изневерил, не те сфаќам зошто си пишала во темата за развод
Искрено и мене би ми сметало да најдам видео со бившата девојка во скриен фолдер, би ја изгубил довербата за сто животи и ќе му треба многу за да ја врате. Во врска до колешката, не е професионализам кажување на маките на работа. Разбирам и дружба и се ама таа тебе другарка ти е? Си се знае граница, на работа се оди за работење не за одење во туѓи канцеларии и жалење од бракот. За тоа се брачни советници, психолог, пријателки. Значи ќе си разговараш ќе си кажиш дека таа ти смета заради постапката и крај на разговорот. Она со поклонот ми падна во очи мене, те зафркава дека ти купил нешто па ти тоа непостоечко нешто си го чекала месец дена? Ќе го удавев. Ова е непочитување и мора хитно да смени карактерни особини.
Единствен реален проблем од ова што си го пишала е тоа што не средил ништо дома дур си била во болница и ти рекол да чистиш кога си се вратила. Ова ти е долгорочен проблем кој ќе си го тргнеш со соодветен тренинг на сопругот. Останативе проблеми ти е продукт на твојата незрелост и љубомора. Можентот за поклоните малку ми е смешен зашто возрасни луѓе во брак не се расправаат како средношколци кој на кого му купил поклон. Муабетов за бившава е продукт на твојата опседнатост со нејзе. Бивша е, олабави си ја главата. Колешката ја има на инста, јака работа. Јас сите колеги и колешки ги имам, не значи дека си се пуштаме меѓусебно. Он да сакал да прави со нејзе нешто немало да ти раскаже дека му зборела дека немала колешката секс по дома. Избистри си ја главата, гледај си го детето и почни да размислуваш од перспектива на возрасна жена, мајка и сопруга, а не како средношколка.
Јас никогаш не го разбрав тоа додавање на социјалните мрежи, посебно па колеги и колешки. Зашто работа е работа, приватен живот е приватен живот. Често таквите колеги и колешки сакаат да ѕиркаат, имаат некоја болна љубопитност за некој што се однесува само професионално. Можел да рече дека нема инстаграм. Башка сакам да го искоментирам делот за носењето на работа. Често женски ги искористуваат вака своите машки колеги (најчесто тоа се ,,феминистките") и мене тоа ич не ми се допаѓа. Едно е пропратно негде да се пресретнеш и да се понудиш, сосема друго е да чекаш некој стално да те носи. Седни и разговарај, пресечи таму поклони давање, не се прави љубоморна и дај му до знаење како би било да е обратно. Исто, бивши не се релевантни.