Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.049
    Спомени, места, луѓе. Ќе ги отворам некогаш ко ќе бидам стара и ќе немам попаметна работа.
    Да го прашам и мажот ми, зошто му се?

    Тебе прашањето ти беше, дали е некоја мажена. Што беше поентата?

    Пс. Може темава да се одвои во посебна? Дали имањето слики од бившите е причина за развод?(lalala)
     
    На Snowflake97, Mumoftwo30, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    Па будат убави спомени од времето кога си бил млад и безгрижен. Кога имаме седенки со пријатели, често ги вадиме албумите и ги гледаме, се потсетуваме како ни било и какви глупости сме правеле.
    Си има зошто се бивши, ама тоа не значи дека треба да ги избришеме од меморијата. Напротив, некогаш треба да имаш потсетник на некои работи, чисто за да знаеш што ти помогнало во градењето како личност.
    Што знам, мене ми е скроз ок да имам спомени. Не ми е ок некој да ми труби на глава зошто било така и да се лути за нешто што поминало.
     
    На Snowflake97, Iva.T, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Не разбрав, слики со бившиот си чуваш или слики од тебе сама низ тој период
    @Biljarkata и за тебе прашањево
     
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.894
    Пол:
    Машки

    Mene primer odvratno mi e. Zato preferiram i rabotam na rabota kaj so drzham sam smena arno ama na zaminuvanje koleskata mi kazha vcera deka bricho i bil da si ja brici dundata i mi kazhuvashe so drugi koleski kako si vikale " da mi lizis pickata". :$

    Menw to mi e glupo apla, ama jas sum jas poso ne se zblizhuvam mn.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.049
    Немам слики сама бе, скапи беа фотографиите тогаш:bug:
    ...
    Лажам...имам една сама, од експрес-фото на железничка негде. Ми требаше за билет за јавен превоз или што и да е. :D
    Пс. Не постоеја селфиња, пробај, замисли:bug:
     
    Последна измена: 26 декември 2024 во 15:59
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.847
    Пол:
    Женски
    Е тоа кај нас нема. Толку простотилоци нема.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.911
    Пол:
    Женски
    Можи да ме викате сол, оти се мешам во секоја манџа.

    Ама јас сликам апсолутно се. Чувам апсолутно се од бивши. Пошто мојата идеја е, не сме перфектни, се движиме низ животот и така растиме како луѓе. Секој еден настан шо ни се случва ни помага да растиме ко личност. То шо бев во долга врска во адолесценција е тесно поврзано со то која сум јас како личност. Па наредната врска ме оформи на поинаков начин итн, итн. Но, пред се тие заеднички слики се дел од мојот живот и некогаш ко ќе бидам бабетина, сакам да можам да се потсетам на секој дел од животот. Не дека ми е гајле за било кој бивш, некогаш се осеќам како едвај да ги памтам. Туку дека сепак тој е мојот пат кој го поминав за да бидам јас-јас. И имам уште многу пат да врвам. И цел пат сликам, за секој случај.
    Заклучок: Јас не би се развела за ова.

    Е сега за коментирање и зборање за интимни теми со колеги. Некои луѓе се поотворени, некои се позатворени. И одбираме со кои се дружиме делумно базирано и на то. Би рекла јас со моите колеги (кои после работно место сме останале во контакт и се дружиме), сме биле отворени и сме зборале за многу поќе од секс. За некој е то ту мач и треба да си тргни граница. Така да ако тебе ти смета дека партнерот збора со колешка за нејзин сексуален живот - разговарај го то со партнерот. Не се карај. Туку кажи дека ти смета, и дали можи да биди по „затворен“ во врска со то.
    Заклучок: Јас не би се развела за ова, ама ако ми смета би го дискутирала со партнерот за да најдиме заедничко решение шо ќе одговара.

    Чачкање во телефон за мене е нарушвање на приватност.
    Заклучок: Би се разведила.
     
    На Snowflake97, SummerGirl, Tea SK и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Е фатив малку од тоа време де уште иам апарат на развивање филм :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Со двајцата бивши. Дел имам избришано, кај што се бацуваме и слични поинтимни, а дел си стојат во скриени албуми.

    Јас тоа вака го гледам: како што моите дома имаат слики од бивши свои по албуми, ама не им се ставени по ѕидови и полици, така јас имам скриени албуми на фб, за лично себе и своите блиски на кои би сакала да им ги покажам (нов дечко за озбилно, на пример).
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    3.533
    Пол:
    Машки
    Индивидуално значи, јас кога расчистувам со минатото скроз расчистувам и сметам дека нема потреба да чувам, вие ете на друг начин се носите. Во секој случај фала ви на одговорот и на двете
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    266.804
    Расчистено е, ама животов не ми почна вчера.
    Секое искуство, дали бил дечко, пријателка, колешка... сето ме градело мене денес, како сето што ми се случува денес ме гради за утре.

    Сакам да чувам спомени, свашта чувам, и некој да бара да ги избришам, не сме еден за друг, искрено. Таква несигурност, посесивност... не ми е потребна.
     
    На Snowflake97, nena2010, Realist1 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.729
    Ова твоево е размислување на љубоморен, посесеивен и несигурен во себе партнер.

    Јас сум 10 години во брак, 12 живееме заедно секој ден. Знам дека немам посесивен маж или луд, он е многу свесен со која се оженил и знае дека има жена која ни на крај памет не би го изневерила, па уште помалку со бивш :)

    И он има слики, од бивши, само него му се јавни, у друштво, некои уште му коментораат на постови, ама ичччч не ме замара. Викендов бев на журка со мојот омилен бенд, он ме убеди да се сликам со пејачот што ми е симпатија, и кога го видов еден ракометар симпатија на каса, од возбуда го заборавив како се вика, па он го застана да се сликам :)

    Посесивен маж е жива болест. Па ваков карактер со ,,не ти е до тоа, ама ај“, ко јас сум многу паметен, ти распуштеница...не знам што се болести има.
     
    На Snowflake97, BellaBibi, Lelebre и 9 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ниту некој ми кажал да бришам, ниту сум кажала. Не ми се потребни такви слики. Не знам како тоа не е сфатливо. Нешто што е завршено, нема поента да се навраќам. Ниту па ме направило тоа што сум денес.

    Урамете си ги сликите дома кај што се лапате со бившите. Ваш проблем.
     
    На Aschenputtel, Anyshka, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    804
    Можам само да заклучам дека имаш правено големи грешки во изборот на партнери. :) На толку одбивност на поимот “бивши”… па не секој има катастрофален крај, ако сум била во врска значи ми било убаво, а бивши станал од Х причини несогласувања, различни ставови на важни теми, детска љубов и слично. Ако ме тепал, ме малтретирал или не знам што, нема да чувам ни јас сигурно. Ама вака не гледам причина зошто несмее да се има спомен од некое убаво (во тоа време) време.
     
    На Snowflake97, CameliaMiller, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.049
    Ама ти тоа го сфаќаш како навраќање кон нешто завршено, за некого се само архивирани спомени.
    А како минатите искуства, не те направиле тоа што си денес, не ми е јасно. Сите денес, сме производ на тоа вчера.
     
    На Snowflake97, CameliaMiller, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.142
    Допаѓања:
    112.847
    Пол:
    Женски
    Обично тие што немаат расчистено со бившите, реагираат бурно. Оној кој си е сигурен во себе и партнерот нема што да се потресува.
     
    На Snowflake97, CameliaMiller, Cka и 6 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.491
    Допаѓања:
    165.911
    Пол:
    Женски
    Јас ќе додам уште нешто. Пошто, се согласувам со ова.

    Кога немав расчистено со бившиот, шо е нормално после долга врска, не можев да ги отворам сликите и да ги гледам пример. Оти имав болка, емоции. Моментот кога барав нешто во архива и ги видов, и не осетив ништо сем шо ми текнало дека на Метеори ко сме биле јас сум пробвала 15 минути да чекам ветер да дувни за знамето - за мене е меморија шо е позитивна иако тој бил таму. Или имав една свадба на другарка кај која бевме заедно и е селфи пред огледало. И мене пример та слика ме асоцира на еден конкретен настан на свадбата шо се деси со невестата, смешен, прејак, шо е толку специфичен и не можам да го пишам јавно. И сфатив дека за него не ми е гајле. Ама сум среќна дека ми поминал во животот оти сметам дека таков чоек ми беше неопходен. И зато зборам дека е важно да расчистиш најдобро шо можиш со партнер за мемориите после да не ти се „валкани“. Особено ако со години сте биле заедно. Неќам дел од животот да ми е болка кога се сеќавам. Сакам да се сеќавам на добрите работи оти чим во моментот ме напрајле среќна - вредело да се десиле и неќам да не се дел од мене и да ги избришам.

    Од друга страна, не е ова поврзано со партнер оти за мене ништо од ова шо пишам не е конкретно за партнер. Туку за мемории и нерасчистени емоции. Имам слики кои сум ги објавила и ми се во стори архива кои се пресреќни за мене. Ама секогаш кога ги гледам осеќам болка. Зошто истиот ден, ама вечерта, ми се случи нешто трауматично. И еве години покасно кога гледам тие слики јас сум згрчена и уште немам расчистено шо се случи тој конкретен ден. И еден ден ко ќе расчистам, овие среќни слики ќе можам пак да ги доживувам како такви.

    TLDR: Сакам да кажам сликите се само мемории. Ако расчисти со луѓето во нив - нема како да ве повредат. Ако не расчисти со нив - ќе ве повредат.
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  18. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Како може некој сигурен у себе да си го гледа бившиот на слика како спомен шо го оформил како личност, а притоа дома си имам маж шо си го сакам и ми преубаво со него и нели "не би го изневерила" никад ама си го чувам бившиов за леп успомен и дуго сечање.
    Мене тоа поише ми личи на носталгија за некое минато време на непрежалена младост.
    Ма какви слики со бивши ќе му се пулам ја на сликата да го глеам како он мене ме оформил како личност или очите колку му биле убави па ќе се восхитувам.
    За мене тоа е глупост.
    Било поминало , сеа сум среќна останато е у заднина на мозок коа некад тоа ме исполнувало и толку бришам. Тоа е сигурност на личност во себе.
    Па уше у скриен фолдер. Дај ако не у сеф да ги заклучам сликиве.
    Ама секој различно си мисли, затоа фала богу што не нема сите исти.

    Луѓето шо ти помогнале да се оформиш во животот како личност преку искуство во глава ти стојат, немора сликата да ја глеам за да ми текне. Еј да овој беше тој.
     
    На Realist1, Anyshka, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    6.417
    Јас нема ништо против минатото.
    Ама да ми урамува дома слики од бивши не.
    Сепак е субјективно. На некој му е нормално. На некој не.
    А тоа што не сакам слики од други жени по дома не значи дека сум незрела.
     
    На Anyshka и Purelove92 им се допаѓа ова.
  20. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Машки
    Чекај малце, за вас е ок ако вашиот партнер си чува слики од бившите, си ги гледа повремено,кога му се гледа тешко или досадно, да си има тема да се потсетува и да фантазира.Може и да ви ги покажува и на вас повремено да ги запознаете и вие, па зашто да не и на социјалниве мрежи нека не ги бришат, затоа што го оформиле како личност. Искрено малце ме изненадивте со мислењава, ама убаво е да се учат нови работи, затоа сум и на форумов, иако сум малце теле за овие работи, викај ме несигурен, посесивен, патријахален итн... ама ова никогаш за мене нема да биде ок, сопругата или јас да чувам вакви слики. За мене е непочитување на партнерот и врската, ама секако секој со своето размислување, без некоја намера да навредам некого, за секое лонче-капаче.
     
    На Mazegin, TrueToMyself, Purelove92 и 2 други им се допаѓа ова.