Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. lolicka

    lolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    Премногу сум разочарана и морав да се обратам токму тука бидејќи очигледно не постои вистински другар.До пред некое време имав најдобра другарка мислам барем јас така мислев,и дознав дека се тоа што и било кажувано од моја страна било пренесувано и на други луѓе.Толку сум револтирана и морам да признаам навредена на некој начин би сакала и би замолила да добијам совет зарем другарка ми не ме почитувала доволно за да ми направи такво нешто да зборува зад грб за мене и моето момче молам за совет :( :(
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.674
    Вистинско другарство постои,но треба да ја пронајдеш вистинската личност.Сепак сите сме луѓе и знаеме добро дека некогаш не можеме да се воздржиме и да не прокоментираме за нешто.Очигледно е дека не си ја запознала доволно и дека не си сфатила некои работи за неа,а можеби и до тебе е грешката.Можно е некогаш и ти да си и го направила истото и само да ти враќа со иста мера.
    Доколку чувствуваш дека работите можат да се подобрат и да се поправи довербата прости и и продолжете понатака.Но кога би се нашла на твое место (доколку реално си ја претставила ситуацијата) би и простила,но не би и верувала повторно бидејќи довербата е како хартија - кога еднаш ќе ја превиткаш,никогаш не можеш да ја исправиш совршено. ;)
     
  3. lolicka

    lolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    да јас сум во контакт со неа но сепак неможам да и верувам,но што и да е јас мислам дека не сум го заслужила тоа никако и во никој случај
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    вистинско пријателство не постои. Истата ситуација и на мене ми се има случено. заборави на неа, не те засужува.
     
    На Tanjamm, L. O. L, DivljaISlobodna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    36.367
    Колку сакаш вакви теми, со лопата да ги ринеш. Исцрпени се.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Agreed. Па аман бре веќе!
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    постои со сигурност тврдам,пример ми се моите родители со по еден до двајца пријатели уште од малдоста.поминале низ се и сето,си знаат се за себе и уште се во контакт.
    само за жал,или ќе имаш само еден вистински или ниеден :worried:
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Да постои,но потребна е вистинска личност... :) Најверојатно тоа што си се разочарала е плод на лажни другари-гребатори.Не се нервирај такви имало и ќе има.Ќе ги најдеш ти вистинските ;)
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Прво јас би се запрашала дали таа навистина ти била другарка и дали вреди така да ја наречеш?
    Секој би бил изреволтиран кога би бил предаден од најдобриот пријател(барем кој го сметале за тоа).Во овој случај тоа е неверство, таа ја изневерила твојата доверба.
    Размисли дали вредело ти на неа се да и кажуваш, а таа тоа да го искористи и да те прекажува.
    Мислам дека не заслужува ни да и обрнуваш внимание повеќе.
    Според мене не ти треба таква другарка и поубаво би било да се тргнеш од неа , отколку пак да го направи истото , да те повреди и да си игра со тебе.
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.532
    Се согласувам , подобро еден вистински пријател отколку 100 лажни :)
     
    На Stephanie и Chocoholic.girl им се допаѓа ова.
  11. Tamarax3Ronaldo

    Tamarax3Ronaldo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Имав многу другарки..Но лажни..Пред мене зборува едно пред друга друго..Истото се случи и со сегашната моја најдобра другарка..Сега јас и мојата најдобра другарка сме приврзани една со друга многу..Си ги знаеме сите ситници и добри и лоши, се делиме само за спиење..И двете се водиме со мислата : Подобро една вистинска другарка одколку сто лажни..Значи мојот одговор е ДА..Постои вистинско другарство но треба да се најде вистинската личност..Поздрав до вас женски :* :*
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Хаха.. и јас имав една таква "другарка" . Јас денес ќе и кажам нешто другата ден цел град знае. Ја откачив на време , и сега имам една другарка на која можам да и се доверам за секој мој проблем или било што . Ти посакувам и тебе среќа :*
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    49.851
    Пол:
    Женски
    Верувам, имам другарка со која не се дружам долго време, но знам дека се ќе направи за мене и јас за неа. Сега болна е и не можам да заспијам дури не ги добие резултатите. И доброто кај нас е тоа што се случува меѓу нас останува меѓу нас, а не да знаат сите. Си ја сакам многу.
     
  14. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    Јас мислам дека постои, т.е. знам дека постои, затоа што јас имам една другарка со која се знам од првиот ден од кога сум се родила, и се‘ уште се дружам со неа, сме се карале како мали само за играчки :lol:. А имам и такви другарки кои уште од градинка, се со мене, дури едната со мене во основно учеше, а сега и во средно, и секојдневно сум со неа! :D Нормално сме имале некои ситни караници, но се поминувало.
     
  15. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Од моја страна секогаш со сите имало искрено пријателство. Ама не секогаш било во иста мера возвраќано. И мислам дека постои вистинско пријателство :)
     
  16. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    постои верувам во вистинското другарство имам неколку вистински другари и другарки и многу ми е мило за тоа ги сакам највише на цел свет што би се рекло и животов ќе го дадам за нив ми се нашле во многу ситуациии и никогаш до сега не сум била изиграна од нив
     
  17. smartass

    smartass Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Едноставен одговор -- НЕ!! И јас имав 3 другарки кои ги сметав за сестри ама и трите ми го бутнаа ножот во грб произлегувајки од едната,па на другата,па на третата.. Али што да праеш, shit happens ,ама и кругот се врти :) :)
     
  18. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Не верувам во вистинско пријателство. Ни една другарка не може подобро да те разбере од сестра или мајка. Додека им е интересно се дружат, те користат, но и покрај тоа има една друга страна-оговарањето.. Кога-тогаш ќе им засмета нешто и ќе кажат на некој друг. Некоја тајна нема да издржат да ја скријат-дури ни од нивната мајка!

    Порано имав другарка на која буквално се и кажував. Не дека таа отиде и некаде издрдори, туку едноставно, доволно беше да фатам дечко и да си го покаже вистинското лице. Се виде колку всушност таа била заинтересирана за мене. Никогаш не ме праша како ми е со него. Веројатно виде дека врската почнува да ми станува озбилна (а таа немаше дотогаш фатено дечко) па сигурно си помисли колку ми е совршено. Кога ќе се потскарав ако не и кажев, и самата немаше да забележи дека сум тажна. А се гледавме исто како и пред да фатам дечко, само нормално, помалку. Единствен нејзин совет кога ќе и кажев дека сум се потскарала беше ‘Абе ајде, ќе помине, џабе се нервираш‘..Тоа ли е совет од вистинска другарка? Јас неа ја советував најдобро што можев, бев подготвена и цел ден да ми плаче ако не и е добро, не ми сметаше. А кога јас ќе заплачев, ќе ми ги речеше тие зборови и за 5 минути си го вртеше муабетот со нејзините маки или со нејзините радости.
    Од друга страна, во тој период јас созревав (имав 16 години) и сфатив дека тоа што го имам со дечко ми, тоа што го правам со него, интимни работи и разговори нема потреба да ги кажам на никој друг. Работи меѓу мене и него. Карање-мирење, непотребни работи за мојата другарка. И денес кога ќе ми побара совет и го давам најдоброто. Но јас совет од неа-НЕ. Само за некои ситни работи поврзани со мене.

    Друга другарка пак, исто многу добра другарка, на која никогаш не сум и се доверувала како на таа за која зборував претходно, ми се доверуваше мене. Кога раскина со дечко и што одеа 2 месеци, а таа беше ‘заслепена‘ од него како да одат 2 години, со плачење ми се јавуваше да одам дома и да ја тешам. Во тој период врската со дечко ми ми беше на конец, па каков совет би и дала? Не бев баш во најдобра ситуација за делење совети и по неколку дена кога ми помина кризата ја побарав јас и и се извинав. Таа ми изнакажа тешки зборови и многу ме навреди. Проголтав и продолживме со дружењето. По 3 месеци таа ми направи одмазда за тоа. Тоа го дознав од една нејзина другарка, со која се зближи за време на тие 3 месеци. Не ме повреди нејзината одмазда воопшто, но ме повреди нејзиното однесување. Згора на се, зборувала на сите лоши работи за мене. Нејзини измислици. Едно време не и правев муабет, а таа кога ќе ме видеше не можеше да ме погледне в очи.

    Вистинска другарка која барем еднаш во животот ќе си поигра со твојата доверба или ќе ти забие нож во грбот не е вистинска другарка. Многумина се залажуваат и после се повредени. Имам другарки со кои се дружам само за забава, но не им се доверувам. Ги слушам нивните исповеди, давам совети, но не им се доверувам. И вака ми е подобро, никогаш не се карам со нив. Не се ни замарам. Никој не може да те разбере подобро од мајка или сестра.

    П.С. Ако не ви е мака да ги прочитате моите искуства, сигурно некои од вас ќе се најдете барем во едно од нив...
     
    На Feather, littlevampire и Chocoholic.girl им се допаѓа ова.
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.207
    Дефинитивно НЕ постои вистинско другарство!!!
     
  20. prettyButerfly

    prettyButerfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    mislam deka drugarstvoto postoi..retko e ama postoi..Jas sum srekna sto konecno pronajdov nekolku vistinski drugarki..no sepak mislam deka na nikoj ne treba slepo da mu se veruva zatoa sto mi se ima sluceno da se razocaram od drugarki koj se druzele so mene od korist..denes e taka koj kolku moze koristi no edno sum sigurna mislam deka najdobar prijatel e majkata koja beskorist i bezuslovno ke ti pomogne ..no i pokraj se veruvam vo prijatelstvo ..barem taka sakam.. :) pred da pocnes da veruvas vo nekoj preispitaj se dobro za da ne se razocaras..i na kraj prijatel e onoj na koj si mu prioritet a ne opcija :)) :rofl:
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.