Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не постои и не може да постои во овој свет и во ова општество каде што живееме. и да се разбереме не зборувам за македонија зборам за индивидуализмот во целиот свет. малдите може да се занесуваат ама токму тие ќе страдаат најмногу од своите најдобри пријателки.

    имам добри пријателки но не би ги нарекла најдобри, ниедна неможе да ја носи титулата што од далечина што од незаслужување....
     
  2. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Не постои.
    Ми се чини ко целиот свој живот да трагам по другарство и никогаш не го наоѓам.
    На почетокот сите се фини и слатки,а потоа преовладува љубомора,завист,гледање на сопствените желби,откачување поради дечко/девојка и што ли уште не.
    Не за џабе велат: Колку повеќе ги запознавам луѓето,толку повеќе ги засакувам животните.
    Секогаш има некој процент во мене што очекува да биде зае*ан од некој/а другар/ка.
     
  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    6.732
    Сакам да верувам дека постои .
    Повеќе би кажала дека постои меѓусебно разбирање и поддржување отколку другарство . Другарство во вистинска смисла на зборот се наоѓа ама тешко . Имав другарка што од мали нозе бевме заедно , ако и дадат нејзе од дома кифли ги делевме на пола , мене мајка ми ако ми дадеше торта да јадам на пола ја делевме . На крјаот кога одминаа години свативме дека имаме различни интереси и замисли за животот , така секоја си тргна по својот пат . Сеуште го има тој поглед на вина во двете од нас кога ќе се сретнеме на улица но веќе помина се.дтогаш не сум се зближила премногу со некоја другарка од причина да не се изнанадам од нешто .
    Има една дистанца но не ѕид ...во другарството ако сакаш да земеш нешто за себе треба и да дадеш , додека се почитува ова другарството ќе цвета.
     
  4. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Не дефинитивно не постои..
    од мали нозе заедно..ужинката на пола ја делевме..секаде заедно идевме..една ако лаже другата поддршка и дава..од сите сплетки заедно се вадевме..и наеднаш..едно лето...не снема..не искачавме повеќе на нашите места..повеќе го нема она..ајде дојди заедно ќе спиеме..и до доцните часови ќе шепотиме..
    една реченица смени многу работи...сеа ќе се видиме..онака..еии како си?-добро сум..-ајде чао
    го нема нашето смеење..
    не верувам во другарство..се е периодно разбирање...за жал..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    74
    Најпрво здраво на сите, се регистрирав поради еден проблем за кој ми треба совет.
    ЗНчи вака, ние бевме 4 другарки и 3-4 години бевме неразделни иако не учиме сите во исти училишта.Се беше најнормално можам да се пофалам и дека никогаш не сме се карале и се супер ни беше заедно сме испаѓале секој ден особено лето бевме 24 часа заедно.Сличните карактери мислам дека не одржаа во другарство толку години.Но ете како што и се вели дека се што е убаво не долго трае.Ова лето сега при крајот една од другарките почна да излегува со други,нормално нели, ја разбирам дека не е она ограничена само со нас да живее и јас си имам други другарки но она се знае со нив многу одамна а дури сега почна пречесто со нив да излева, почна да се променува во односот на зборување , во однос на ставот , буквално се промени "преку ноќ".Почна по кафичи да излева со нив , да си иде дома пијана.Сега пред некој ден и се јавувам за чаршија и ми вели еј па требаше да ми кажете порано ја сум веќе испадната (со тие другарки -.-) ми вели ајде ќе се видиме.Еднаш и разговаравме на оваа тема и она се подсмири по неколку дена пак истото, јас не ја сфаќам? вели јас можам да најдам време и за вас? зарем на најдобрите пријателки така се вели...и сеа као демек она е лутата и вели ајде барем едно здраво да си викаме кога ќе се видиме , ми падна малце криво после толку време заедно така да вика , што мислите да ја оставам ли како што она и рече или вреди да и простам поради долгогодишното пријателство, стварно незнам што да правам ? ми треба некој совет,ви благодарам ! :)
     
  6. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Да сум на твое место би ја оставила да прави како што сака. Велиш дека сте разговарале за тоа и штом после тој разговор таа не променила ништо во однесувањето тоа е нејзин проблем. Ако тоа друштво и се допаѓа повеќе нека си оди со нив, а колку и да пробувате да го смените тоа таа ќе си прави по нејзино како што си зацртала во главата. Можеби ако престанете да ја молите за излегување и да ја игнорирате ќе и дојде малку памет.
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Tearful, во животот ќе стекнеш многу другарства, неко посилни некои не, некои на момент ќе се интензивни и ќе изгледаат дека ќе траат цел живот ама се распаднат, а некои ќе се создадат од нигде а ќе траат цел живот. И да, нормално е да се движи човек во различни кругови, и да создава другарства независни од кругот во кој е моментално, без разлика дали останатите другари се сложуваат со новото друштво или однесување.

    Јас имав 3 најдобри другарки на тинејџерски години. Ни се разотидоа патиштата по светот, ама само со една од нив две години да не се видиме, ќе се сретнеме на исто тло, ќе седнеме еден ден на муабет, и ќе биде како ден да не сме поминале настрана. Ама од ден за ден веќе не сме. За тоа сме сретнале нови луѓе.

    Ако се осеќаш повредена само ти знаеш дали можеш да и простиш за тоа што нејзините постапки ти направиле да се осеќаш така. Никој не може да ти рече прости и или не. Другарството не се базира на придржувања до критериуми, на начин како ако ти не си ваква тогаш ај деф, или ако правиш како мене ми е ќеф ок другарки ќе сме. Или сакате да поминувате време заедно, колку можете, вклучувајки ги и другите другарства, или не ви е на душата доволно така, ви треба повеќе, па по природен пат се оладите една од друга.
    Можеби на другарка ти и треба да поминува моментално повеќе време со овие другарки за да естаблира кај се наоѓа со нив, не ги познава доволно како што ве познава вас, и тоа е интересно сега, па може си мисли еве ти и старите другарки нема да и избегате, тука сте за неа, додека таа проба друго нешто. Можеби едноставно е решила дека новите се подобро друштво за нејзините моментални потреби и авантури. Никој не може да погоди зошто е така и да те советува да и дадеш време или не.

    Јас само овака ќе речам, го гледам другарството како сметка во банка. Не може некој да зема од неа нон стоп а да не става назад нешто, оти отиде таа сметката во минус. Ако не добиваш ти ни приближно тоа што очекуваш дека треба да добиеш од другарство, секој со своите потреби нели, ама ако не ти е доволно тогаш нема што повеќе да се мачиш да го одржуваш.
     
  8. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    вистинскиот другар ретко не наоѓа
     
  9. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Мислам дека сепак постои.. Ние во друштво бевме 8 другарки потоа ни се придружија уште 3.. и бевме 11 .. со 4 не комуницирав многу и не бев баш отворена со нив ниту тие со нас.. сега повеќе не се ни гледаме 2 постојано се со своите дечковци уште пред 2 години и многу ретко ги гледам и нив но останатите 5 ми се како сестри, баш се можам да им кажам и уште едно девојче кое го запознав пред 2 год и постепено станавме многу блиски.. Секогаш се тука за мене и јас за нив, ми даваат ИСКРЕНИ совети иако нивното мислење знае да ме заболи знам дека е така бидејќи го посакуваат само најдоброто за мене.. Постојат многу личности кои ме убедуваат дека ВИСТИНСКОТО пријателство не посто но за ништо на овој свет не би ги заменила нив. Можеби го имам тоа мислење бидејќи досека ме нема разочарено некоја од нив еден ден можеби ќе ми се смени мислењето но искрено се надевам дека нема !
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Верувам дека има вистинско пријателство..можеби ќе ти треба време да ја најдеш личноста,подолго време ама има вистинско пријателство според мое мислење..ти еднаш си се изгорила така да за друг пат ке внимаваш повеќе :)
     
  11. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    О, да.

    Се уверувам во ова секој ден. Со неа имам десет години прекрасно другарство и..

    Преубави спомени, малку караници, секогаш разбирање од двете страни, компромиси. Била со мене кога сум била највеќе психички падната, била кога сум ги живеела најубавите денови од животот. Не завидуваме една на друга, делиме се`, се познаваме предобро.

    Многу сме различни, но тоа можам да кажам дека е причина + поради која што функционираме така одлично. Со неа научив да толерирам, со неа го научив вистинското значење на зборот „другарство“. Не ретко знам да кажам дека таа навистина е сестрата која што Господ заборавил да ми ја даде. Љубовта која што ја чувствувам кон неа не се опишува. Среќата која што ја чувствувам кога се смее, кога гледам дека е среќна, исто. :)

    Знаеме се` една за друга, таа е единствената личност пред која што немам срам. Буквално од ништо. Што и да ми се случи знам дека можам да и кажам на неа, знам дека ќе бидам во секое време сослушана и советувана.
    Ги разбира моите стравови, ги поддржува моите планови. Додека ја имам неа, имам непроценливо, ретко богатство до себе.

    Со неа јас можам да бидам.. јас. И и благодарам премногу за тоа. :*

    А, другите? Другите слободно можат да си одат од мојот живот, за лажни пријатели никој не сонува. :hai:
     
  12. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Јас мислам дека не постои вистинско другарство.секој секого гледа да го искористе и да го шутне.Помина времето на вистинското пријателство.денес некој ако има корист од тебе ке се дружи и ке биде со тебе,а ако не е тогаш чао пријатно не му требаш.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Тешко,на денешно време НЕ :^)
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Не постиии и никој не може со ништо да ме убеди дека постии...Вечерва толку се разочарав од другарка,не зна повеќе што да реча..
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сега ќе кажам ДА, постои... но не ни ме чудело да се испостави дека не е така!
     
  16. Seahorse

    Seahorse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Вистинско другарство..хмм. Со сигурност ќе речев дека постои вакво нешто пред некое време. Имав неколку најдобри другарки, но веројатно требаше да фатам дечко за да си го покажат своето вистинско лице. Од кога тргнав со него и кога видоа дека работата е сериозна и дека секој ден ни е се поубаво, едноставно почнаа да ме гледаат со друго лице. Никогаш не ме прашаа како ни е. Почнаа дури и да се оддалечуваат од мене иако јас бев таа што за секаде ги барав. На нашето другарство се стави крај откако почнаа да му се јавуваат со скриен број на дечко ми. Малку ми требаше да дознаам и да сфатам какви личности се тие. Но на грешките се учи. Фала му на Бога имам и отсекогаш сум имала друштво да пијам кафе да излезам да се забавувам. А некому да се доверам, е сега и на ладното дувам. Благодарна сум и задоволна што покрај мене секогаш имам пред се најдобар другар, соговорник и дечко со кој можам да ги споделам сите маки, да направам убав муабет и знам дека сум сфатена.
     
  17. Barbieeeee

    Barbieeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Spored mene ne postoi vistinsko drugarstvo..I jas imav edna najdobra drugarka reci si ko sestra mi bese no na krajot izleze se obratno, da ne zboruvam za toa..no sfativv deka sekoj te gleda od korist i deka site ti zaviduvaat! Najdobar drugarr moze da ti bide samo semejstvoto, nikoj drug, zatoa sto samo tie ti mislat najdobro! :)
    [mod-kirilica:20fazpgu][/mod-kirilica:20fazpgu]
     
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Постои :) .

    Според мене, постои, иако зависи од двете личности тој взаемен однос помеѓу нив. И без разлика дали едниот е малку по различен од другиот и некогаш му „свртел„ грб, сепак тоа зависи и од онаа личност на која и е направено тоа. Ако таа личност на се тоа сепак прости и врати со добро, сите тие взаемни нерамнотежи, љубомората која била присутна претходно, се ќе исчезни, само затоа што, доброто секогаш го победува лошото.

    Барем досега сите со кои сум се дужела биле вистински. Можеби на еден начин зависело и од една страна до мене, но беше и до нив. Најважно нешто кое ме води и на кое со радост се присетувам е советот на мојата покојна баба.
    Во една прилика бев толку лута на мојата другарка (како помалечка) и на баба ми и кажував за тоа. Таа ми кажа само една реченица, дека во другарството и општо во животот не треба се да се става на вага. Ми велеше: ти прави им добро, а тие што сакаат нека прават, па макар било и лошо. А во себе размислував , како може тоа некој да ти прави лошо, а ти да му враќаш со добро!? Тоа беше пресудно за мене и дури сега точно знам што сакала да ми каже со тоа.
    Овој совет значи повеќе од се во животот и и сум бескрајно благодарна за тоа :angel: .
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    И после толку години заклучив дека самата на себе сум си најдобар другар.
     
  20. Macoola

    Macoola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    И јас исто по незнам кој пат заклучив дека секој си ги фура своите интереси. Се додека некој има било каков интерес да се дружи и да излегува со тебе, тоа и го прави. Кога повеќе го нема, тогаш луѓето се менуваат со брзина на светлината. Секогаш сум била отворена за моите другарки, да им помогнам во секоја можна смисла..а сега ги нема, сите се премногу зафатени.. И не знам кога ќе ми дојде памет, да си ги намалам очекувањата од луѓето.....и во прв план да се ставам себе си!!!