Ретко. Скоро ич. Вака сите викаат, а сите демек се прават дека се добри и на крај сите сме изреволтирани од своите другарки. Јас мислам дека секоја си ги брани своите интереси и поради тој факт ретко која може да остане рамнодушна кога нејзината другарка ќе испушти непотребна реченица па има голема лутина. Другарки има многу кои можат да ти бидат, но јас лично секогаш на дистанца. Велат еднаш кога ќе се изгориш втор пат ќе знаеш колку боли. Ама затоа нема втор пат Совет: Дружете се, имајте прекрасни мигови, но многу работи чувајте си ги само за себе!
Мислам дека постои, ама мн ретки се тие другари кои не те гледаат од корист. Обично вистински другарство постои со другари од детството, со кои сме се дружеле од мали нози отколку од оние новостекнатите "другарчиња".
Ептен е ретко во 1000 еден дали ќе се погоди како што треба да биде...све е сведено на лицемерие веќе
ептен верувам во другарство....и мноооогу би била разочарана доколку некои од моите другарки ме повредат или ме прекажат за некоја моја тајна.....не би верувала повеќе во другарство и не знам како би го поднела тоа..... али сега засега вервам ептен.....и среќна сум што ги имам
Мислам дека не постои вистинско другарство, постојат добри интереси. Секој живее со некој друг се додека има потреба од него, после тоа исто како да не се познавале.
Според мене постои но многу тешко се наоѓа,многу тешко. Бидејќи во денешно време секој гледа во своја полза, и во прва криза ти го свртува грбот. Еднаш се опеков со пријателството,втор пат нема да дозволам.
Ретко е денешното вистинско другарство.. ако го немаш до себе другарот/другарката од детство, сите пропратни што си ги стекнал со текот на годините се само пријатели. Јас сум немала некое убаво искуство со вистински другарства тргнувајќи од тоа дека со најдобрата другарка се разделивме после 10 години дружење, можеби бидејки со текот на годините израснавме како личности во различни правци, со различни гледишта. Ретко е (не и невозможно) да најдеш некој на којшто можеш да се надеваш во секој момент, а при тоа да нема никаква задна намера... сите вие што си имате баш вакви вистински другарства, никогаш немојте да дозволите да ви се уништат!
Се согласувам дека вистинско пријателство во денешно време е навистина реткост.И да под вистинско пријателство јас не подразбирам само јас да бидам таа која ќе се жртвува само по цена на некоја другарка и нејзините интереси.Доколку давам сака да ми се враќа со иста мера во спотивно не би ме сметале за добра другарка туку за голема глупачка.И да најпосле сватид дека нема смисла постојано да се замараме со некои луѓе кои воопшто не се заслушни да бидат дел од нашиот живот.Па луѓе размислете малку во денешно време ни брат/сестра/братучеда-не ви обрзнуваат внимание кои секако би требало да ви бидат најблиски а па камоли некои познанички од факс,средно или др-зашто овие другарки како што идат со толкава брзина и си одат позз
Вистинско другарство според мене сметам дека постои, ама прва вистинска другарка би требало да биди нашата мајка или нашата сестра.. Треба да знаеш на кого му веруваш... Денес е такво време... Сите се дружиме со некој од корист. И нема такво пријателство што е целосно без искористување. Пошто сите ние бараме некој со кој ќе можеме да зборуваме на иста тема, некој со кој имаме слични мислења и некој со кој делиме скоро исти работи кои ги сакаме... Така да, немој да се обесхрабруваш за тоа што ете тоа ти се случило, само нека ти биди како еден вид на поука за понатаму во животот. Ќе има многу луѓе кои што ќе пробаат да ти наштетат намерно или ненамерно...
Вистинско другарство? Ах, па тоа беше она ПО ФИЛМОВИТЕ кога си се дружат сакаат, не се издаваат, си мислат добро едни на други, се заштитуваат... Не зезај! Кај постоеле сега такви? Дај кажете кај има да појдам може ке си најдам некој добар, и ке избегам од сите овие лижи-пи*ки (извинете ) !!!
sekako deka postoi vistinsko drugarstvo. I toa jas go pronajdov so lichnosta koja ni na kraj pamet ne mi padna. Svetot ne e rozov nikade, samo so nea e. Osven toa, i mashkite se EPTEN dobri drugari. A devojcheto koe si go spomnala, ne vredi da ja narechesh druagrka. ostani mi pozdravena. ^ andddd again: se izvinuvam za latinicava od opravdani prichini.
Постои.но тоа не значи да се верува во секој на се и на сешто.секогаш биди со резерва,биди добар но не и наивен.не се доверувај,ете сеа си изгубила доверба памет за друг пат ,ќе почекаш пред да се отовриш на некој.Јас имам еден најдобар другар што ми е како брат,и една најдобра другарка.поред нив имам уште многублиски другари другарки на кои им се доверувам исе тоа,но во нив имам доза сомнеж...денес очекувај се од секого!а во овие двајца што ги напоменав 4 години веќе како ги знам ни во еден момент се немам посомневано нити ме имаат повредено или незнам што,постојат пријатели само внимателно кои луѓе ќе ги наречеш за пријатели.
Можеби постои, ама јас сеуште не сум го нашла моето вистинско другарче. Инаку имам другарки, ама колку се вистински е прашањето... Не верувам никому веќе.