Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. 343

    343 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Не, денес не постои вистинско пријателсто.
    Навистина многу ми е жал и тешко пред се, но ете.... :|
    Се се случи откако моите другарки си фатија дечко,,, целото време им го посветуваа ним. Кога ке ги побарам да излеземе, тие секогаш ми велеа не... Па преку к*р веке..................... !
    Значи постојано гледам да им угодам на сите, да не се налути некој, излегувам со нив, одиме кај што ќе сакат, правиме што ќе сакат,,, но јас сум виновна... премногу им дозволив.. :)
     
    На Smileeee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Нема и ниту ќе има....Како најголем пријател ја сметам мајка ми, татко ми и дечкото(кога ќе го имам), на друг не можам да се насклонам дефинитивно! ;(
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    На денешно време не постои другарство, постои само Корист.... Секој си гледа за себе, си го штити својот грб... некогаш имало другарство, а сега Не, посебно во оваа време во кое живееме ние младите ....

    Нема пример кој ке ни покаже што значи право, вистинско другарство.... за жал
     
  4. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    ПОСТОИ! Јас сум најверна другарка со уште две! Веќе 4 години сме заедно и никогаш се немаме скарено се си делиме се сакаме си споделуваме секакви танји домашни какви и да се и а кажување и за некажување СЕ! многи ги сакам многу се забегани но тоа е ЛОВЕ УАА ! :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l: :l:
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Според мене,во денешно време не постои вистинско пријателство,многу работи се променети,па така и особините на луѓето,многу ретко некој ќе ти остане пријател и ќе ги зачува твоите тајни,ако му здосадиш или пак ако слушне некоја лага дека си кажал за него (а не е вистина),одма ќе гледа да те оцрни кај ќе стаса и така за жал завршуваат поголемиот број на пријателства.

    Јас имам една најверна другарки, и уште две други на кои им кажувам скоро се што и кажувам на најверната другарка,но секогаш пазам што ќе кажам оти не рачунам многу јас на тоа дека нема да издадат некоја моја тајна,едноставно немам премногу верба во луѓето.
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Епа чим толку сте сите убедени дека не постои вистинско другарство, нема ниту да најдете!
    И баш ме интересира, кои ви се криетриумите за другарка? Пошо нели имаме критериуми за момче, за другарки, за личности со кој би оделе на кафе и за оние кои смеат да не поздравуваат. И критериуми и предрасуди!
    А дали сте вие вистински другарки, а?

    Најдобриот пријател не значи дека цел живот ќе биде со тебе. Можеби животните патишта ќе ве разделат, но кога бил тука, значи бил тука целосно со своето присуство. (не само физичко)
    Најдобар другар не е оној што ќе ви прави друштво по кафиќите да се разбереме! И да бидете многу среќни оти тој/таа одвоил време за да се помаа со вас низ центар!
    Мислам дека прво треба да разграничиме што е вистинско другарство, а што само обично дружење!

    И за промена, пробајте вие некому да бидете најдобар другар! Оти луѓето, најчесто, не сакаат да ве повредат вас - тука саакат себеси да се спасат од повреда! А никој, никој не може да ги сака другите, ако прво не се сака самиот себе.
    Другарот не треба да ви слугува, никој не треба да слугува.

    А малку ми е смешно тоа откривање на секакви тајни и детали од интимниот живот. Постојат работи кои треба да си ги задржите за себе и себично да си ги чувате. Другарка ви сигурно нема да се налути за тоа, пошо таа ќе ве разбере. Малку е глупо кога ти не можеш да си ја задржиш тајната за себе, а очекуваш некој друг да си ја задржи за него!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. oblivion

    oblivion Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Сум имала другарки ама ниедна од нив не ми била вистинска другарка, така да скоро и не верувам во вистинско другарство.
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    4.816
    Секој сака да го смени светот, ама никој не почнува од себе. И јас не верувам дека има пријателство од веќе наведените причини. Има расипани луѓе кои гледаат за себе, но за нив што ми е гајле? Јас за мене секогаш си гледам и се трудам да сум најдобра другарка.
    Пример пред месец кога бев во Скопје(пошто не го знам градот мн) трчав како лудничава и на црвено и по тротоари само за да ја земам другарка ми од некое место, расплакана. А дали некој би направил тоа за мене, не верувам зашто сите ги немаат истите квалификации.
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Постои, ама е РЕТКО, да не речам ПРЕРЕТКО.

    Јас лично немам вистинска другарка.
    Имам една најверна, која не го ни заслужува тој епитет.
    Немам некои посебни критериуми, но од неа не го добивам најосновното - почит.
    Многу ми е завидна, и никогаш не е тука за мене!
    Јас сум тука за неа секогаш. Се` ќе оставам за да и` излезам во пресрет, но таа мене никогаш! И по природа е таква користољубива личност. И крајно себична.
    Многупати и` дадов до знаење, ама ништо! Ни малку не се менува на подобро!
    Прашање на време е кога ќе дојди крајот на пријателството.

    Значи, немам посебен критериум. И не барам многу. Ама и таква е тешко да најдеш.

    Иначе имам многу другарки кои не ми се т.н најверни, ама се многу подобри личности, со нив дружењето ми е супер, но поради секојдневните обврски се гледаме поретко (еднаш-двапати неделно).
     
  10. tatjanceto

    tatjanceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    najveren drugar samata najverna drugarka sestrata se drugo e lazno i ne e mn vazno toa
     
  11. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    едно големо НЕ! (нема што друго да коментирам) :x
     
    На Smileeee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Дефинитивно не...поради тоа што го доживеав одамна не постои за мене ...
     
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Според мене НЕ ПОСТОИ вистинско другарство денеска , барем јас така мислам од мое лично искуство !
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не постои вистинско другарство.Од лично искуство го кажувам ова.
     
  15. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Од лево или од десно ќе те заеб....т Да НЕ СЕ лажиме
     
  16. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
  17. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Ма, постои како да не.Под услов да се работи за другарство склопено во раните години кога сите ние сме сеуште наивни,неискварени и без калкулации во џебот.Е, таквите пријателства траат вечно!Барем такво е моето искуство....
    Со мојата најдобра другарка сме заедно веке 20 години.Може да не се чуеме со денови, може да не се видиме по месец дена, но чувството кога повторно ке се видиме е како од вчера да не сме се виделе.
    И знам дека е секогаш тука за мене, како и јас за неа....
     
  18. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Верувам дека постои, ама премногу е ретко...Денес секој гледа прво за својот г'з, па после ако размисли за останатите ако не, не е битно друго... Илјада пати се изгорев од "другарки" во животот, а тек па од "најдобри", ама не губам надеж, може некој ќе се освести и ќе ја види истата во мене....
    Значително изгубив доверба во некои лица :|
     
  19. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Дали постои, хаха
    Се разбира дека не постои, опкружени сме со љубомора, лоши мисли....
    Под овие околности нема вистинско пријателство
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    23.005
    Пол:
    Женски
    Пред 3 години имав една најдобра другарка, сигурно ја имам споменато овде на форумот. Се дружевме уште од мали, нашите се семејни пријатели, во средно истата клупа ја делевме. Во прва година таа демек на пијано, се смува со мојот тогашен дечко-пријател, 3 месеци не зборувавме. Но, бидејќи не вреди да се караме за машко, се смиривме и се беше како порано. Бевме неразделни, цело време заедно. Се додека таа не си фати дечко и нивната врска стана пресериозна за наши тогашни 16 години. Тој и забрани да се дружи со сите, вклучувајќи ме и мене. Се гледавме само во школо, сите работи ги знаевме една за друга. Но, надвор од училницата таа се правеше ко да не ме познава. Тешко ми беше, многу. Но не покажав слабост. Тоа беше нејзина 2ра грешка. А ја сметав за сестрата која ја немам. Делевме и добро и лошо многу години, сите тајни, сите радости и солзи ни беа познати. Преспивања една кај друга, спремања за излегување, журки, забави и се по ред. Во 4та година, пред да не фати матурската еуфорија, се оддалечивме. Таа по својот, јас по мојот пат. Таа со нови другарки, и јас исто. Сега сме на ист факултет, но различни градови. Сите заеднички планови одамна пропаднаа во вода. Понекогаш се сеќавам на нашето другарство, не толку идеално и искрено. но кога и да размислувам за тоа, таа беше и остана најдобрата од моите најдобри другарки. И покрај се, некогаш ми недостига. Знам дека и таа мисли така, но гордоста и на двете не ни дозволува да разговараме. Можеби е подобро вака. Сепак, и посакувам се најдобро. :)
    За мене, додека се дружев со неа, верував во вистинско другарство. После тоа, се е лага.