па вака мојата најдобра другарка се правеше дека е добра дека не е лицемерна но на физичко она и една другарка не вежбаа и одма земале да ме оговараат да ме вреѓаат мене и другарка ми значи не сум и скарана ни лута секој има право на свое мислење не сакам со нејзе да се карам она за мене уште е најдобра другарка и ќе остане НО! има сепак има некои другарки кои неможат да те изневерат ти помагаат во се и те разбираат никогаш не би ти го свртеле грбот сега затоа се дружам со едно девојче што заедно учиме уште од 3 оделение и за неа можам да кажам дека е моја 2-ра сестра имаме исти идеи по многу работи сме слични никогаш за ништо не се противи никогаш не ме одбива секогаш е тука за мене
Па сега и се сомневам.. Нешто ми замириса на искористување, љубомора.. А верував! И тоа како верував! Довербата ни е како на конче. Ме навредува, маловише познат комплекс на нижа вредност. Вака, мене баш ми е гајле како ми стоеле фармерките, дали сум изгледала како онаа или оваа и дали тоа на неа и се свиѓа. Не беше таква порано. Сака да команда, а не разбира дека во другарство нема командање. И сега, баш се прашувам, постои ли? Онака баш како на филмовите? Добро де не како на филмовите, тоа нели само 2 часа трае. Зборувам за другарство од 2 века. Има ли нешто такво? И ако има, ќе го доживеам ли? Да биде тука за мене 24/7, како што сум јас за неа. Баш и се сомневам.. А не би сакала.
Не постои!Мене ми се деси со другарка од 6 години бевме заедно.Заедно спиевме, јадевме, цело време бевме заедно и на крајот ја дознав после 12години дека она била од корист со мене.Кога и требав ке ме викнеше , а она кога ке ми требаше мене нигде ја немасе.Увек кога јас несто ке кажев она се спротиставувасе на тоа. Така да на денешно време нема вистинско другарство.
Другарството, според мене, не е некој да биде достапен 24/7 (дали јас или другата страна), туку да биде покрај мене кога тоа ми треба. ДА, постои вистинско другарство во кое има несогласувања, кавги, но има и прошка и разбирање. Да се има поразлично мислење не значи дека другарството прекинало. „Онака само ти се јавив, да те слушнам“ - тоа се зборови што вредат многу. Тоа се зборови што ми значат многу повеќе од секојдневно пиење кафе, од идење секој викенд во град. Тоа се зборови што ги слушам од прави другари, во право време... Секогаш е идеално време да слушнете дека некој мисли на вас. Имам вистинско богатство околу мене и сум пресреќна поради тоа. Може немам секогаш време да се видиме или не сакам да излезам во град, ама секогаш сум тука да ја споделиме радоста или да ја ублажиме болката. Вистинско другарство постои само тогаш кога ние сме вистински другари
За сите оние што викаат дека не постои... не бидете мутљаци и не се мавајте од ѕидови, не е ништо толку трагично. Кога ни вие не сте вистински пријатели, немојте да очекувате нешто за возврат.
Имав најдобра другарка, но сега веќе само другарка. Бевме неразделни 8 години. Премногу бев приврзана за неа а и таа за мене верувам во тоа.Веднаш не фаќаше паника ако една од нас ја нема не си дозволувавме никакви навреди меѓу себе но ме оптоварувашт тоа што таа крајно навлегуваше во мојата приватност должна и бев за било какво објаснување напорно ми беше тоа но ја сакав нонстоп ја носев со мене неможев да ја оставам сама никаде дури и кога таа немаше со кого идеше со мене и мојот дечко и што се случи таа си фати дечко и девојкава ја нема буквално ме заборави сега чувствувам како со лицемерие ми го вели онаа здраво како си? Во ред навикнувам јас и без неа еве веќе 7-8 месеци но неможам да сватам ЗОШТООО јас сеуште жалам по неаа зошто ме фаќа носталгија по нашето пријателство каде згрешив ( за тоа кој згрешил имавме дол разговор и никако не се разбравме секој се бранеше себеси и сватив дека е залудно да се трудам да и објаснувам колку ме повреди )Се тешам со тоа дека никој веќе не ме контролира никому не должам објаснување аа сепак е посилно од мене тоа што толку ми недостасува
За мене постои вистинско другарство. Имам најдобра другарка со која се знам од мала, заедно сме од кога знам за себе. Се разбираме меѓусебно, некогаш дури нема потреба ни да си кажеме нешто за да знаеме што сака другата да кажи, еден поглед е доволен и веќе знам што мисли и обратно. Заедно била со мене и во добро и во лошо, ми била поддршка кога ми било најтешко. заедничкото пиење на кафе ни е задоволство, исполнето со многу смеа и раскажување на она што се случило во меѓувреме, бидејќи учиме во различни градови. некогаш кога сме излезени и само што ќе видиме некој или нешто и без ништо да кажиме знаеме за што се работи и почнуваме да се смееме, и се дешава дечко ми да ми кажи леле вие двете луди сте само се смеете за нешто. Некои не веруваат во вистинско другарство едноставно бидејќи не се вистинските личности до нив, но вистинските другари и другарки постојат верувајте. Најдобра другарка е онаа која нема да ти помисли ништо лошо, која ќе биде со тебе и во добро и во лошо, која ќе те сака без разлика на финансиската состојба, која ни во еден момент нема да ти завидува и која и без зборови ќе знае како ти е во тој момент. Никогаш не треба да очекуваме дека нема да се спречкаме со најдобрата другарка или дека нема да имаме различни мислења за некои работи, бидејќи сите ние сме различни, но треба да знаеме како да ги надминеме тие разлики. Верувајте дека сум многу среќна што ја имам неа за моја најдобра другарка и на сите ви посакувам да имате една таква.
Може нема да ми ги сфатите емоциите, ама да си го исфрлам ова од душата... Пред неколку дена разбрав дека мојата „другарка„ со која поминував по 10 сати секој ден легнала со дечкото со кого бев во пет годишна врска (ова се случило додека траеше врската). Ги сакал Господ и двата,па дури сега разбрав,во време кога детето апсолутно ништо не ми значи. За девојкава нема ни да коментирам, си ја знаев јас дека е меракливка од поодамна, иако морам да признаам дека ме изненаде со смелоста, да легне со мој дечко, браво... Што понатаму? Едно е сигурно, нема да седнам сега и да плачам. Зошто? Многу просто - кој губи овде? Јас сигурно не, бидејќи очигледно ги изгубив двата најголеми клошари кои ми поминале пред очи во животов. Незнам дали губат со тоа што ме изгубиле мене, сами тоа ќе си го проценат, но ќе изгубат со мојата одмазда многу. Таков човек сум, наречете ме злобна, лоша, сеедно, ама јас си вракам кога ќе ме повредат. Овие двајца можеа да поминат мн полошо, особено земајќи го во предвид фактот дека и девојкава има долга врска, но јас (незнам зошто) со немам ништо од емоции за нив,па ќе бидам блага. Решив само да го раширам ова што се случе низ цел град, на сите што ги знам ќе им кажам што стана... натаму како сакаат...
Епа вака имам коментар пишано од порано дека постои и дека јас имам вистински другарки но сум се излажала!Да, постои(ретко) но во мојов случај е поинаку!Ние бевме четири најдобри другарки и кога почнавме со седмо одделение многу се каравме се избегнувавме криевме се ништо не си кажувавме.Јас кажував но тие ништо, почуствував дека нешто кријат од мене! Секогаш правев што ќе ми кажат и Т*** исто така и таа правеше се но кога јас ќе побарав помош или нешто од нив никој не беше тука да ми помогне велеа:Епа неможам зафатена сум ме мрзи имам гости...Правев се што ќе ми кажат бидејки сакав да испаднам добра другарка да не мислат лошо за мене да им угодам..секогаш кога се караа јас не си го пуштав јазикот за да не се скараме и да го прекинеме другарството!!Многу се плашев си мислев дека на секое оклучување на фејсбук кје ми стигне порака дека веке не сме другарки!И конечно по 2 недели од коа го објавив мислењето дека имам "вистински другарки" ми стигна порака на фејсбук дека сакала да прекинеме со другарсвото им го кажав тоа и на другите две другарки..ми беше тешко да ја прифатам вистината но ете судбина ...Сега пак си се дружиме како школски не се караме и така ! Од кога не сме "бфф" станав многу поинаква! Не им одам по газо на сите не правам што кје ми кажат...И многу ми е олестнато, шо убо е ко немаш најверна другарка! а и јас не се дружам многу со женски на школо сум повеќе со машки излегувам со нив и на нова година требаше со нив да одам ама не ми беше згодно само јас женско глупости да праат ама пак отидов на 2-3 саати! Ако имам некои печатни грешки се извинувам многу! Позз феминки ве сакам!
Да ја прочитав темава пред некое време ќе речев Даааа секако дека постои вистинско другарство па зарем какво е она другарство со сите околу нас? Зарем тоа не е вистинско? Тоа се должи на мојата искреност спрема сите, и верувањето дека сите други се така искрени и си ја отвараат душата исто како мене. Е, така размислував се додека пред неколку години не се изгорев, ама знаете онака убаво да те боли во душата долго време... Поучена од ова искуство ке речам вистинско другарство речиси не постои. Велам речиси затоа што сепак, постојат минимален број на луѓе кои с подготвени да го оправдаат значењето на зборот вистински другар. Благодарна сум му на Господ што ми даде една таква на која можам да и плачам, да и вриштам, да се радувам, а притоа сето ова да остане меѓу нас. И за крај нели велат човек е богат онолку колку што пријатели има. Да, ама површни. Јас се осеќам најбогата што ја имам неа за пријател. Една е ама вистинска.
За оние кои рекле не, може сеуште не сте го нашле вистинскиот човек, тоа е се.. Јас сметам дека постои вистинско пријателство, и имам и доказ- мојата другарка.. Многупати со неа сме знаеле за нешто да се напнеме али она е таа, една и едина за мене најдобра другарка.. Другарка мислам во права смисла на зборот, не она: -Ја викнав, не дојде со мене, ја мрзи ова да направи за мене... Мислам секогаш е тука да ме утеши, да ми даде поддршка за се што правам, да ме советува, да биде со мене кога ми е најтешко а воедно и најлесно... Лесно е да имаш милион пријателки но за вистински потребно е време, труд... Јас сум среќна што ја имам неа за бфф.. Ја сакам.. Поздрав до тебе мила моја,ако некогаш го прочиташ ова знај ти благодарам многу што те имам
Како што поминува времето, сфаќам дека најблиските мои другарки ми се најголемото богатство што го имам. Со нив сум од дете, сме поминале низ сито и решето, промени, болки, радости и разделби. Сега, со овој багаж, близина, граѓа која создала лојално и верно другарство, знам дека тие три личности, секоја на свој начин ме изградила и мене и за тоа вечно ќе им благодарам. Постои, кога луѓето несебично го делат доброто и злото со тебе. Кога се ислушувате и се помагате. Кога нема неискреност. И кога сето тоа е залиено со растење во континуитет. Мозаик од емоции и ум, што ретко може да се одржи кога луѓето се превртливи, лажни и самобендисани. Толеранцијата исто така, е важен фактор за вистинско, длабоко другарство. Кога си ги прифаќаме маните и доблестите онакви какви што се, со простор за измени, тогаш тоа другарство, а и воопшто, релација, ветува долготрајност. Среќна сум што и покрај сите лудости и какви не ти лицемери и лажни луѓе, ги имам моите три страни на светот.
И јас мислев долго време дека моето другарство со другарка ми ќе биде вечно, но можам слободно да кажам за среќа не се продолжи. Така да во ова време, верувам дека не постои и стојам цврсто зад тоа мислење. Имам другарки со кои се дружам, едната од средно, другите 2 ми се тука од маало. Ама не е тоа тоа. А и веќе неколку пати се имам изгорено од "најдобри" другарки, така да во изборот на друштво сум премногу внимателна бидејќи не верувам во секого.
Со жалење ќе морам да кажам - зависи од моменталната состојба на индивидуата. Или со други зборови - не може да ми биде најдобра и најверна другарка некоја која - во моментот додека сум најсреќна и највљубена - е сингл, или уште полошо - тукушто откачена. Не може да ми биде најверна другарка, па макар и заедно израснале од градинка, некоја која - додека јас и` раскажувам како сме си поминале во Египет на одмор, како детето мое уживало на Црвеното Море, како јас и мажот ми сме пиеле коктели додека дадилка ни го чувала - цело лето поминале само викенд во Охрид, во претесна соба, и била приморана да готви затоа што немале пари да јадат по ресторани. Не може да ми биде најдобра другарка некоја чие дете, во било кој дел од развојот, „заостанува“ зад моето, не можејќи да види дека секое дете е приказна за себе, затоа што е заслепена од притисокот дека „мора да е најдобро, најпаметно, најгенијално“ и „Зошто нејзиното е такво, а моето Не??“ И да појаснам - оваа констатација не ја кажувам од моја гледна точка, туку од спротивната, она што го имам анализирано и проживеано до сега.....луѓето повеќе не знаат вистински да се радуваат на туѓите успеси, затоа што тоа за нив значи - нивни неуспех. Завидливоста е правопропорционална со разликите (било економски, социолошки или работни) меѓу индивидуите, и во едно вакво капиталистичко општество, каде секој секаде брза кон својата сопствена цел - тешко дека има луѓе кои вистински си се откриле самите себе, и не се споредуваат со други по ниеден основ. Или да кажам со други зборови: се` додека другата личност смета дека имам нешто што таа го посакува во животот - нема да ми е најдобра другарка, па макар и израснале во иста куќа. п.с. Примерите погоре се измислени, не сум, ниту сакам да се ставам во ничија надредена позиција, ама морав да ги објаснам така посликовито, за да не биде само суво филозофирање
Во последно време се помалку верувам во вистинско другарство. Луѓето станале, себични, завидливи, се радуваат на туѓата несреќа... Имам една најдобра другарка со која уште од детството сум во многу добри односи, секогаш е тука за мене а и јас за неа. Се надевам дека така и ќе остане.