не постои, ..... денеска наставничката по македонски почна да не испитува ,сите не испита само мијата најдобра другарка(заедно седеме) и сега пита ја како се делат именките незнае,пита ја и некој други прашања ноне ги знаеше, последното не го знаеше и јас дигнах рака и го одговорих... кога дзвони дзвончето она ми вика тинкербел шо не ми кажа јас и речех дека наставничката стоеше пред мене како да и кажам и наставничката и стави 4 во дневникот послето имааме секција по биологија и наставнико ме прати да ги викнам они си разговараа со класната и и викам ,,наставникот по биологија рече дека ке имаме секција,, а она ми вика добро ма ке дојдеме марш ај од тука..... Спојлер а јас во себе си речех ,,пуфла недна ина пуфлата како да постапам во ваков случај????? хелпп
не постои ,денес има познаници и така по некој пријател,не знам зошто луѓето не знаат да се дружат,или не сакаат не знам што е работата, а сум правела што не за другарство, не барав ништо за возврат,али како времето минуваше оние кои вредат останаа во мојот живот
Навистина незнам денес да препознаеш вистински пријател е најтешката работа за мене,општеството во кое ние живееме и не ми изгледа на искрена заедница за да верувам во пријатели,од човек до човек има голема разлика,знам,но довербата ми е многу слаба страна....Така дааа и не верувам многу во другарството но пак има нешто длабоко во мене кое ми кажува дека останало уште нешто од тоа чудо затоа и така започнав... Навистина незнам...
Сакам да верувам дека постои. Имам 3 блиски личности. Дечкото Сестра ми Една другарка Нив ги ценам и сакам од се срце. Досега животот не ме ставил пред големи проблеми, но сепак кога ќе погледнам назад- секогаш кога сум побарала подршка, сум добила. Секогаш кога ми требал совет - сум го добила. Никогаш не сум останала сама со проблемот - тоа е вистинско другарство нели?
ВЕРУВАМ ВО ВИСТИНСКО ДРУФАРСВО Незначи дека вистинските пријатели никогаш не се караат..Тие често се караат, брзо се мират..и си помагаат кога можат јас имам 3 вистински другарки и многу им верувам.. се случува да се налутиме една на друга но не и да се скараме тие ми се како сестри.. од мала сум со нив и ке бидам и никогаш нема да се скараме!
Да постои вистинско другарство имам една другарка со неа можам да плачам, да се смеам, да скокам, апсолутно се, кога и да ми притреба нешто таа е тука било кога и било каде... ја сакам најмногу
Еххх, и јас имав три ,,најверни другарки,, исто мислев како тебе дека се е нај нај и дека нема никогаш да се скараме, се дружевме 12 години, и сеа што?, не ми ни зборуваат. Пфф.... Но можеби овие твоите се стварно вистински другарки, можда не се како моите. Дали денеска постои вистинско другарство? За мене НЕ! Но можеби некој ме чека со отворени раце. Секогаш треба да имаме надеж.
НЕ ВЕРУВАМ ВО ВИСТИНСКО ДРУГАРСТВО...имав другарка се дружевме 16 години и на крајот таа почна да ми прави проблеми дома и да ми љубомори а бевме неразделни и заедно спиевме и се..па се одалечивме еден период скроз дури и на фб се немавме..па сеа пак збориме ама не е она другарство што е било некогаш а и нема ни да биде...после во средно имав уште една другарка која сеуште ја имам,мислев дека ми е најдобра ама открив дека таа ме озборува и исмејува зад грб и мене и дечко ми така да разочарана сум од ДРУГАРКИ
До пред некое време (околу 1 годинa) верувaв декa постои вистинско пријaтелнство, но сегa со сигурност можaм дa кaжaм декa НЕ ПОСТИ!!!
Дали пстои вистинско другарство, постои ама само во наводници, денес е се за интерес , ќе се дружи со тебе се додека гледа во тебе извор на позитивна енергија и корист, а кога не ќе може веќе да те користи ќе ти го сврти грбот. Додека бев помала верував во бајки и розев свет во кој нема развратност и подмолност, но наивноста и малдоста си го прават своето така да човекот учи додек е жив.
Ауууу не, денес не постои никакво другарство, денес е се од корист и искористување, додека има корист од тебе ти с еправи другар, а зад грб гроб ти копа, дволичност многу постои денес, а додека за дргарството-ехеее тоа веќе одамна изумрело и баш штета што не постои, порано , кога бев помала, постоеше или пак јас така мислев оти бев мала и верував многу на секој, но сега, за жал не е ништо така како што сакаме
Постои се, само вистинско другарство не. Постоело некогаш, во времето на моите, кога сите биле еднакви и се дружеле без предрасуди, одморите ги поминувале во странство толку скромно а сепак спомени за цел живот, авантури и смеења запечатени. Денес живееме искомплексирано, се наметнуваме преку банкнотите во новчаникот, мобилниот, колата, гардеробата и што е можно поскапи аранжмани иако стнаува збор само за соседна земја. Другар во мака непостои, дури ни кога паѓаш немаш рака подадена, евентуално ти е пружена од најблиската другарка аама сожалувачка, за која ке си добиеш префрлувања за грешката, сожалување, можност и простор за неа да се издигне над тебе и гратис негативни зборови пред сите заеднички познаници за тоа какви грешни потези правиш. Се изненадив кога видов дека и побогатите другарки штедат, на сметка на оние што имаат помалку, па ги користат да ги доцицаат докрај. Местења и игри на зборови пред тебе, а после друга приказна за другиот и се така по ред за секој, или накратко дволичност во изобилство. Недостига она смеење искрено, доверување безрезервно, подршка од срце дадена, совет мајчински иако е само другарка а не твоја крв, делење на секакви моменти, недостига едноставноста и искреноста. Денес треба да си солидно поткован финансиски за да си сонцето околу кое се вратат планетите. Заборавив сигурно уште неколку примери, ама и покрај се, задоволна сум од изборот на пријателства во мојот живот, иако се стари, не се лоши, иако те разочаруваат, сепак тие се тие, со сите мани и предности кои јас ги прифаќам и сфаќам.
Од ден на ден се поамлку и помалку пријатели имам сите ми се безлични и прости. Можда до мене е незнам ама кога имате со пријателите различен животен стил или интереси не се вклопувате едни со други и со тоа се избегнувате. Сепак имама некои пријатели кои ке ме сослушат ако ми е мачно , мал дел би ми помогнале , а богами и јас само на некои би помогнала.
Никако. И до пред некое време мислев дека со мене нешто не е во ред,се додека сфатам дека скоро сите го имаат истиот проблем. Не само што не постои вистинско другарство,туку и тој што не те познава ќе проба да ти наштети на било кој начин.
Да постои...Многу е ретко ама постои. И среќна сум што најдов таква вистинска другарка. Не сум популарна, не ме знаат сите и не се дружам со многу деца затоа што не сум многу отворена и тешко склопувам пријателства, а и не сум баш иста како денешново општество и многу пати сум им завидувала на некои деца што со сите се дружат...ама знаете што, сватив дека, како прво , со нив само зборат, а да искочат само они 2 надвор ќе немаат ни една тема на разговор, + се оговараат, се вреѓаат и искористуваат, а како второ многу е подобро да имаш една ама стварно вредна другарка, отколку милион познаници. Значи со неа се знам 9 години и за тие 9 години ми нема ништо , ама буквално ништо лошо направено. Не викам дека не се караме, многу нормално дека да, дури и секојдневие ни е тоа, но за многу банални работи, а после тоа не се ни изинуваме, ни смируваме, едноставно другиот ден си збориме и се смееме. За ништо сериозно се немаме искарано. И знаете што? Во живот и немам кажано те сакам, ни она мене, и немам ставено срце на wall, ни она мене, не се бацуваме, гушкаме, не се викаме срце, убавицо, најубава, срцке, не си коментираме на фб, не си ласкаме НИШТО. Се "вреѓаме, караме, зафркаваме, реметиме" Ако нешто не ми се свиѓа кај нејзе, дали тоа било косата, облеката, или пак нешто сериозно во карактерот и кажувам во лице. Не и се правам добра, а после да ја оговарам. И никогаш ја немам оговарано. неможам да кажам дека не оговарам, сите тоа го прават, но неа стварно ја немам оговарано, најискрено. Се караме често и за стилови и за мислења, не си викаме : да најубава музика слушаш, да најубав стил имаш, да најубави се кондурите/маицата. Многу пати кога сакала да купи нешто сум и рекла дека не ми се свиѓа, па пак го купила. Па нема јас сеа да го сменам за секунда мислењето и да почнам : лелел абе не сум била во право преубаво е, лелелел не ми се свиќаше прво ама тебе преубаво ти стои вауууууу. Сеа може звучи дека ми е само колку за дружење и не се замарам со неа, ама не. Можам да и кажам СЕ. И во овие девет години ме неам на никој издадено, и ми нема ништо искористено од тоа што и го кажувам. Мислам дека она е единствениот човек од кој не ми е срам да мму кажам било што. Така да не може да викате дека не постои вистинско другарство. На тоа треба да се работи многу, а и не се кажува се на секого. Можеби поради тоа што сум претпазлива , не им верувам на сите и тешко се здружувам немам многу другарки, ама денес барем не плачам дека вистинско другарство не постои.
Не постои од проста причина што сите гледаат корист од тебе..и коа ќе видат дека нема корист..те отфрлаат и веднаш имаат нови другарки без разлика на тоа дали за нив збореле и оговараме на великоо.
Spored mene , definitivno NE i tie sto mislis deka ti se vistinski prijateli, eden den ke svatis deka ti se samo obicni prijateli kako i site drugi, mozebi postoi ama tesko e da se pronajde.... [mod-kirilica:3bzw533e][/mod-kirilica:3bzw533e]
јас повеке верувам во другарство машко-женско отколку мегу две другарки....имав другарка со која израснав значи 16 години се дружевме откако паметам за мене и на крајот таа стана љубоморна на мене оти моите ме задоволуваа со се,облека,шминки се се ..и таа имаше се ама нз оти така реагираше кога јас ке купев нешто....се немаме скарано ама се избришавме од фб и не контактиравме воопшто или ако ептен се сретнеме на улица општ муабет ..и после 1 година јас ја додадов прва на фб и сеа пак контактираме ама се е сменето мегу нас..немам веке никаква доверба во нејзе