Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
  2. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    58
    Постои но премногу е ретко!
     
  3. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Еве јас од искуство ви зборувам дека вистинско другарство НЕМА. :| Сите се со тебе само од корист кога ќе им затреба нешто, услуга или некоја помош а на тебе кога ќе ти треба нешто.. ги нема никаде. Затоа на никој не му верувај бидејќи не знаеш кој може да ти заврти грб и во последен момент. :)
     
  4. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Можеби со некоја личност ако цел живот си со неа и ако предобро ја познаваш.. ама и ова е реткост деновиве
     
  5. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Вистинско другарство?Дали некој од нас го знае значењето на овој поим всушност?Некој пронашол таква/и личност/и во денешно време?Ако да јас искрено им завидувам.Сепак,едно нешто си стои на место: сите ние имаме “вистински другари“ се додека “вистинските другари“ не си го покажат своето вистинско лице.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    не, не постои.
     
  7. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    За жал секој ден сум се поубедена дека не постои. Деновите кога верував дека постои беа деновите кога бев мала и не ги гледав работите онакви какви што и навистина се. За некои од моите „пријатели" открив дека се навистина многу ниски луѓе чија главна преокупација се животите на другите, а она што ги прави среќни е да уништат нечија туѓа среќа. Тогаш подобро ќе бидам сама отколку да се дружам со некого за кој знам дека не го заслужува моето време. Таа која ја мислев за добра другарка е супер само што не може да одвои ни 10 минути да се видиме и да се напиеме едно кафе, да истераме еден муабет, а не па да излеземе некаде. Навистина ми фали личност на која ќе можам било кога да и се обратам за било што. Искрено се надевам дека сето ова ќе се промени и нема засекогаш да останам убедена дека секој кој ти е пријател очекува некоја корист од тебе и еден ден ќе ти забода нож во грб...
     
  8. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    НОУ,НОУ.. :worried: ;(
    Луѓето стануваат се позлобни и се ќе напраат за да ти го расипат другарството.. :@ :@
    Но што е тоа е :^)
     
  9. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    За жал вистинско другарство не постои .
     
  10. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Денеска,ретко да постои вистинско другарство.
    Јас под вистинско другарство разбирам некој да е секогаш тука за тебе,кога ти е најтешко,да делите некои работи,да се забавувате и др.
    Ама под никој услов тоа другарство да биде за корист.Ама сега ретко некој да има вистински другарки,сега секој си ја гледа користа и секој има другарки за љубомора,завид и корист,што навистина не ми се допаѓа.
    Секој денеска има 100 другарки/другари,а секогаш некој кога ќе ти затреба за услуга никогаш го нема.
    Ретко е,некој да има вистинско другарки...ама тоа е.Сегa и технологијата влијае на младите,а порано не ни знаевме што е тоа компјутер,по цел ден бевме надвор и другарувавме,барем тогаш постоеше ВИСТИНСКО ДРУГАРСТВО.
    Јас си имам искуство со вакви другарки,така да...еден мал совет од мене.
    -Никогаш не им го давајте тоа задоволство да им ги кажувате своите маки и проблеми,затоа што тоа тогаш им е најдобро и сакаат да ви се ситат,и вие искористете ги до крај,ионака нема што да изгубите.Само една личност која е лоша,подла и искористувач.
    И,за крај.Подобро е да имате една ВИСТИНСКА ДРУГАРКА,отколку 100,ама ЛАЖНИ. :!:
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.171
    Допаѓања:
    12.915
    Многу ретко, скоро и да не постои. Јас сеуште жалам за некои луѓе со кои се дружев со години, зашто само штета и фрустрации добив од нив. На почеток ги трпев иако знаев дека сакаат да ми направат проблем кога ќе им се укаже шанса. И откако не ги гледам, не се слушам со нив, нити ме интересираат, многу ми е поубаво.Јас постигнав успеси а они тапкаат во место. На никој не му требаат такви другарки кои ќе ти викаат-зошто правиш вака, зошто онака?Ќе правам како што ме учи паметот. За себе сама си знам, не ми требаат дечишта да ,ме учат. Едната кога почнав да ја избегнувам немаше што да направи па се муваше со еден мој бивши дечко со кој имав раскинато пред 1, 5 год. Ми идеше во лице да ги плукнам зашто се губриња, а не затоа што сум љубоморна. И во љубовта јас повеќе рамислувам со разум одошто со срце.
     
  12. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Не дека нема, ама тие се премногу ретки. ПРЕМНОГУ. Можеби постои некаде или постоело некогаш.
    Само сакам да кажам дека мене искрено ми треба една таква вистинска другарка, ама вистинска во буквална смисла на зборот. А кому не му треба?
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.557
    Допаѓања:
    104.119
    Пол:
    Женски
    Имав вистински другарки, беа само две но знаев дека останаа само тие вистински, но пак погрешив.... :( После 10 години интензивно дружење тие дојдоа во Скопје на факултет и решивме да живееме заедно со оглед на тоа што јас веќе одамна бев овде, е тоа беше најлошиот избор кој го направивме сите три, одтогаш не разговараме, сме на едно обично здраво како вистински туѓинци, жално, трите најдобри другарки кои беа како сестри станаа туѓинки.... Тогаш сфатив, тие не биле моите вистински другарки... Во меѓувреме овде запознав други пријатели, еден од нив ми стана и најдобар другар, најдобар во вистинска смисла на зборот, поминувавме доста време заедно и дојде до тоа и да се заљубиме еден во друг, но со оглед на тоа што функциониравме многу подобро како другари решивме на тоа и да останеме, врската од неколку недели едноставно не знаеше како да излезе од прангите на другарството... Но нели викаат, далеку од очите далеку и од срце, така беше и со нас, се запишавме на различни факултети и иако имавме желба засекогаш да бидеме блиски ни се раздвоиа патиштата, неговите нови пријатели, моите нови пријатели, неусогласени термини за колоквиуми, мојот државен факултет, неговиот приватен факултет.... Некое време сеуште интензивно се дружевме, му помагав и сеуште му помагам кога и да е потребно, но ја нема повеќе блискоста, можеби и оној обид за врска го расипа донекаде другарството, но и ние самите сме виновни :( Сеуште лесно создавам пријателства, комуникативна сум и друштвена, знам да се снајдам во ново друштво, дури и да започнам прва разговор, но нема личност што повторно ќе ме натера толку да се посветам на другарство!
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Се сложувам дека постојат, ама се преретки. :^)

    И сите сакаат вистински пријател, ама забораваат самите да бидат тоа - да бидат вистински пријатели. :^) :x
     
  15. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Уф леле. :doh:
    Имам еден проблем со две другарки. Тие две другарки постојано јадат г*мна за мојот дечко.. Пред 2 дена кога бевме на кафе си седиме така и си зборуваме какви ќе ни се децата и една од нив ми вели твоето дете ќе е дилер, на татко му, а?? :fubar: Па жити се какво е оваа однесување. Јас не и реков ништо тогаш, а и претходно кога ми преговарала не сум и рекла ништо. Денес ми рече идиот.. Се испокаравме за глупости што не личе ни да ги пишувам, ќе помислете дека имам 13 години. Јас и реков дека е голема лицемерка и толку, овде заврши расправијата.И сега и другарка ми(со која седам на училиште) не ми зборува, затоа што е поблиска другарка со неа. Се чувствувам како да се вратив во основно. :x Сега постојано јадат г*мна.. Бевме со една другарка ослободени од еден час и се вративме, а другарктие се договарале за мај каде ќе сме, и нешто планот бил со некој машки да сме.. И оваа само што влегов почна да зборува, мене дечкото нема да ме пушти и ќе дојде ќе ги истепа машките со кои ќе сме(затоа што мојот е љубоморен) и гледа во мене и се смее..
    Кажете ми дали доликува вакво однесување на 17 годишна девојка? Јас цело време си молчев затоа што не сакав да се карам, но таа ја премина секоја граница. Ме иритира со нејзиното однесување и не знам што да правам. :@
     
  16. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Постои. И те како постои. Постои момент кога ќе се само погледнете и се ќе биде јасно. Кога за неа/него можеш книга да напишеш. Кога нивните родители ги викаш мамо/тато. Кога си кај нив се понашаш полошо од дома. И тие исто така. Кога ќе ти побараат од твоето јадење не им даваш. Кога ќе ги заборават парите за ужина па ти им викаш дека се дебели само за да не им купуваш јадење. Кога сте 24/7 заедно. Дури и кога требате да учите - заедно сте. Во добро и лошо. Постои вистинско другарство - треба да го најдете. :)
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Од дамна сум сфатила дека не постои другарство и тоа од слична ситуација. Мој совет е да си се тргнеш од нив, такви лицемерки не ти требаат. Биди си со дечко ти бидејќи во денешниов свет само родителите и дечкото што те сака вистински ти се верни.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Да постои, но треба да ја најдеш вистинската личност ;)
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.234
    Допаѓања:
    140.242
    Постои.

    Вчера и се јавив на една од најдобрите другарки, онака, да ја слушнам. Обично се слушаме ако треба да се договориме за нешто, муабети правиме во живо. Беше нешто издепримирана, и свртев еден муабет, ја кренав скроз, и после беше како нова. Ја сакам како да ми е најблиска фамилија. Сабајлево ми пиша на скајп дека ме сака, и ја гледам дека е ептен среќна. Ми го разубави денот.
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    11.950
    Пол:
    Женски
    Тогаш тоа не било другарство. Јас се имам вака изгорено со посериозни работи, па не реков дека не постои другарство. Имам само една НАЈдобра другарка, и неколку блиски.
    Постои, и те како постои другарство. Само треба труд за да се одржи. И како може да кажеш да биде само со дечко и. Неможеш со дечкото да си направиш муабет како со другарка за одредени работи. Сфаќам јас дечкото да е и најдобар другар, мене дечко ми ми е, ама првенствено е дечко. Треба да се разграничат малку овие работи.

    Батерфлај15 тргни се од тие девојки. Гледаш дека се прават да те понижат, а не вредат.