Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. loveme-4ever

    loveme-4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Според мене другарство вистинско како што било на времето не постои,многу ретко може да се најде вистински другар :( :( :(
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И те како. Неизмерно многу си ги сакам пријателите. Имам малку, но премногу вредат. Се разбираме, се почитуваме, се караме, се сакаме, си ги лупаме од глава грешките, се смееме како идиоти на глупостите, си плачеме на маките, секогаш си помагаме. Мојата најдобра другарка ми е сродна душа, си ја обожавам, таков пријател незнам дали некој има, ама стварно ретко се наоѓа
     
  3. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    За мене лично не постои вистинско другарство. Секако, не сите го делеме истото мислење бидејки не сите имаме доживеано исти искуства.

    Реално гледано во денешно време малку луѓе знаат што е вистинско пријателство.

    Ако нема меѓусебни интереси и корист, тогаш нема да има ни другарство. Колку едно другарство ќе биде цврсто зависи од сличноста на интересите и меѓусебната доверба која се гради со време. Ако не постои доверба, тогаш повторно нема другарство.

    Немам вистински другар/ка, а ни јас не сум некому, и не сакам ни да бидам!. :!:
     
  4. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Не постои!
    Јас секогаш во животот сум давала се за другарки, а никогаш не ми се враќало со иста мера, така што престанав да верувам дека постои некој/а кој може да ми биде вистински другар/ка.
     
  5. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    И според мене не постои :?:
    другарките ме викаат само кога сум им од корист а кога не сум им ме шиткаат и премногу се зависни од мене.дугарка ми таа што ми е најдобра неодамна си фати дечко и сега овој ќе ја викне надвор и оваа ми вика не одам ако не дојдеш и ти и ај ја ке и направам мерак и ќе отидам и после ме шиткат.така истава јас сабајле болна а она на школо и ми се јавува дојди ке ме испрашаат незнам шо да праам појма немам и јас отидов ај што и кажав све и на крај ми вика не оди со сестра ти седи со мене надвор :devil: и јас си останав со неа и после пак дое дечко и :envy: .преку гз ми е сите тестови и се 3 ки само зашто коа ке си го решам мојот успевам пола нејзин да го решам. :devil: :devil: веќе ми се смачи и сега сум и лута веќе и не и зборам а она секој ден ме моли јас ова јас она нема веќе неможам да живеам без тебе ти ми го смени животот и ме напраи попаметна бла бла.ПА :call: :call: МАЛЦЕ ПОРАНО ДА МИСЛЕШЕ
    и уште нешто Колку повеќе простуваме толку повеќе другите се навикнуваат да не повредуваат
     
  6. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Види,човекот е суштество создадено да живее во заедница а не сам.Разбирам да немаш најдобар другар/ка ниту јас немам,ама да не сакаш да бидеш? Со кого ќе споделуваш маки и радости? Кој ќе “диши“ место тебе кога ти ќе се загушиш?Гледам си напишала нешто околу искуствата,незнам какви искуства имаш,ама до толку да дошло да одбереш да живееш без близок пријател..Со моиве 16 години јас го формирав ова мислење,но којзнае кај ме води животот нели можеби и јас еден ден ќе размислувам како тебе,иако да ми каже некој сега дека така ќе биде нема да му поверувам..За мене човек да е без пријатели е казна.. (тука не спаѓаат сите оние кои се покрај нас кога ни е добро)
     
  7. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    И според мене не постои искрено и вистинско другарство во денешно време. Се е материјализирано и секој си гледа корист. Многу сум разочарана на какви се луѓе им веруваме а на на крај тие ќе не изиграат во животот. Единствен вистински другар, според мене, е мајката.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    секако дека постои,но тешко е да најдеш вистински другар или другарка...јас имам еден другар и сме како брат и се сестра,помегу нас има големо вистинско и искрено пријателство :)
     
  9. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Постојат, ама се многу ретки. Оние личности во кои имаш најмногу доверба, ќе те изневерат кога најмалку очекуваш. Ама тоа ти е. Живот. Идеме даље.
     
  10. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    И јас мислам дека не постои :sweat:
     
  11. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Постои вистинско другарство баба ми и дедо ми имаат приатели со кои се дружеле 50 години и ден денес тие приатели доагааат кај нас дома и ние оддиме кај нив.
     
  12. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Искрено мислам дека не постои, барем не денес кога се се врти околу парите, моќта, престижот. Колку и да сте добри пријатели, не можеш во никој да имаш 100% доверба. Мислам дека во повеќето пријателства денес може да се почувствува љубомора од едната или другата страна.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    постои и тоа како можеби немам еден куп пријателки ама подбро да ги немам ако ме озборуваат зад грб но имам неколку вредни што можам и во 3 сатот наутро да им звонам на врата ама секогаш сметам на нив и тие на мене.ДЕФИНИТИВНО ПОСТОИ ВИСТИНСКО ДРУГАРСТВО
     
  14. gingi

    gingi Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Постои... Тоа е таа личност која што може да те сфати , кога и ти самата не можеш да се сфатиш.. личност на која што можеш да сметаш во било кое време , во било кој период , не само кога се е среќно , туку и кога е тешко . Ретки се луѓето кои во себеси ја содржат човечноста , искреноста како и способноста да даваат љубов и совет без скриен корист . Лично знам , какви се луѓе постојат , се имам соочено со ситуации од секаков калибар во кои што секогаш јас доживувам разочарување .. Но , во сите тие ситуации не бев сама .. Со мене беше единствената вистинска другарка .. Затоа од искуство ви давам совет ... Ако покрај себе имате вистинска другарка , секогаш сакајте ја безусловно и секогаш трудете се да ја задржите покрај себе , пошто такви луѓе се премногу ретки во денешно време...
     
  15. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    мислам дека постои, се надевам дека ќе сретнам некој ден таква личност :)
     
  16. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Може има, ретко :)
     
  17. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    денес НЕ постои другарство...ама во никој случај и не се залажувајте воопшто дека има нешто......порано да...некаде далеееееку во минатото постоело вистинско другарство во времето на нашите родители но денес???......денес секој гледа да ти забие нож во грло!!!! значи тврдам дека НЕЕЕЕЕЕ постои..и не верувам во тоа...затоа и не се разочарувам...кога бев помала верував и се разочарував но сега навистина нема што да ме разочара :D
    затоа и ви препорачувам драги мои феминки верувајте си сами на себе тоа е златното правило бидејќи се друго во денешно време е невидена измама! ве бакнувам
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Постои но малку се јас што и кажам на мојата другарка и тааа мене таму каде што е правен мааабетот таму останува!!!!!! :*
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Досега сите тешки лекции кои ми ги поставил животот ме научиле дека - НЕ ПОСТОИ.
    И подобро така отколку да им купувам оружје на таквите `другарки` за после да биде искористено против мене. Еднаш премногу верував во луѓето, ама сега не сакам ни да се доверувам некому, ни да ми се доверуваат.

    Иако во моментов ни малку не верувам во другарство, се надевам дека еден ден ќе ми се смени мислењето.
     
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Хм,оваа реченица се повеќе ме замислува. :^)
    Вистинска другарка по наша мерка кроена,нема да си знаете.Сите сме луѓе и правиме грешки,немојте на другарката одма да и укажете дека не е вистинска само затоа што во одредена ситуација непромислено постапила.И немојте премногу да се отварате за подолго да ви трае другарството.Треба да знаеме да ги негуваме позитивните особини на пријателот,а не да се фаќаме за ситници.Негативнете голтнете ги ако се за голтање,па ќе знаете за друг пат.