Значи вака, дечкото на другарка ми е многу агресивен, насилен, нападен, никој нему не смее ништо да му каже.Еднаш му реков да не ми се обраќа со навреди (често си го дозволуваше тоа-а јас тоа не можев да го поднесам) и тој буквално направи скандал, почна да фрла маси, столови, почна да и зборува на другарка ми јас сум била вакава, онаква, не смеело јас нему да му се спротиставувам и нормално т.н. моја другарка ми се скара.Епа сега драги феминки верувате ли дека постојат вистински другарки?Мојот одговор е негативен.
Постои, секако дека постои. Ако некој од вас нема таков вистински пријател и ако некој добар пријател од минатото го разочарал немора да значи дека не постои вистински пријатели! Јас имам и навистина ми е вистинска пријателка. Секогаш сметам на нејзе, нејзините совети, нејзината помош и.т.н. Без нејзе јас незнам што би правела. Јас незнам како некој живее без вистински пријател, ставрно не разбирам, тоа за мене е невозможно! И имам среќа што сум мегу ретките што имаат вистински пријатели. И имам срека што не живеам со стравот дека најдобрата другарка ке ми забие нож во грб, ке ме остави, ке ме искористи, ке ме заборави! Епа да, имам среќа, тоа е тоа!
се дружев до едно девојче од другиот клас во мое школо , идевме заедно на голем одмор и бевме блиски стварно.. но од школо ја одбраа да глуми нешто во некоја претстава и преку школо отидоа во друга земја на посета тие што глумат /играат. бидејки имаше проби многу пропушти од часовите и поретко се глеавме.. се врати од таа земја кај што беа , се видовме.. али некако ко да не е она... цело време пробува да ме избегнува нешто , ми вика на одмор во училна ке била немала да искочи . сменета ми е ептен.. а ја сум таква особа што никого не молам и не се понижувам... незнам што е проблемот......................
Вистинска реткост и среќа да имаш некое вистинско другарче покрај себе, затоа што во денешно време е малку потешкичко тоа.. и мислам дека траат и успеваат пријателствата од детство
Многу е ретко вистинското другарство. За жал некогаш луѓето се менуваат, ама на крајот ќе сватат кој им мислел најдобро и кој е вистинскиот другар. Ама некогаш е касно...
Постојат зошто да не постојат......ако си се разочарала во другарка ти не значи дека нема да најдиш некоја друга што ќе го цени твоето мислење и ќе те разбира во потполност......јас имам една ( имам уште неколку кои тоа го прават за мене) ама оваа ја издвојувам за тоа што најмогу си ја сакам и секогаш е тука за мене кога ми е тешко а и јас за неа секако.....и ако сега сме и двете мажени и со обврски и можи да се случи да не се видиме или слушниме и по месец дена ама знам дека таа е тука за мене кога ќе ми треба или кога јас на неа че и требам.......така да постојат уште вистински пријатели ама во овие тешки времиња малку се поретки...за жал.....а другарка ти ќе свати некогаш што направила верувај ми.
Не верувам во вистинско другарство се додека се има корист ќе се има пријателство,но како она другарство што го имале мојте родители во денешно време не
Постои, ама за жал во вакво сеирџиска и оговарачка средина како нашата ретко опстанува. Од тие змиски јазици бракови се распаѓаат, не па другарство/пријателство. Чуден народ сме ние, се држиме до мотото „и мене нека ми е лошо, никад нека не ми биде добро, сааамо и на другиот да му биде лошо.“ Во наша држава, ние сме си најголеми непријатели, за жал.
Малку требаше да поверувам дека вистинско другарство постои,дека ги пронајдов вистинските другарки после долги години како бев разочаранао но ете се испостави дека не треба да верувам и затоа сега сум на ставот НЕ не постои вистинско другарство Денес постои само пријателство (според мене полабилна врска од другарство )некој ќе можеш да разговараш за се друго,филм,музика,мода, освен да му ја отвориш душата и да си кажеш што чувствуваш ,можеш да излезеш на кафе и по дискотеки ,да се забавуваш и дружиш . Денес другарство не постои затоа што секој се дружи со тебе чисто од корист ,кога има потреба од тебе да се видите,кога ќе се скараат со дечковците идат ти плачат тебе а не те прашуваат како си и никогаш не те викнале да се видите додека биле со дечковците,или те викаат колку да им пополниш слободно време кога им е досадно .
Значии вакаа. другарка ми од кога си фати дечко навистина се промени.. Постојано е со него (океј разбирам тоа) но бидејќи она и дечко и не се од исто друштво таа постојано го вика со нас.. немам ништо против него но едноставно неможе тој се со нас да биде.. човек неможе ни муабет да си направи! Или пак кога се собираме сите ќе ја викнеме и нејзе и или ќе рече покасно ќе дојдам или не идам и се лути кога нема да и кажеме нешто.. па не бива така.. ако сака и со нас и со него ќе најди време за сите )) не сме ние овде од небото паднати она паметна да се праи.. што би било тоа сите девојки што сме од друштвото да си ги викаме дечковците со нас да седат.. треба малку и на тоа да се размисли. а ако па не и е интересно со нас нека си оди со него.. но другарки потоа да не бара
Според мене денес постои не вистинско другарство туку вистински интерес. Само некои тоа успешно го прикриваат а некои не се ни трудат. Сепак има околу пет проценти вистински луѓе. И САМИТЕ ГО ЗНАЕМЕ ТОА, ИАКО НЕКОГАШ СВЕСНО ЗАМИЖУВАМЕ. Се се гледа и се познава
не постои ви казвам од искуство мојата најдобра другарка која се знајме од 5 год. ми се скара дека сум ја фидела како се мува со дечкои
Сакам совет да побарам другарките ми се налутија( се прават ко демек не се а сепак знам дека се ) дека ќе идам на одмор со дечко ми а не со нив ... они идат во Бугарија а и јас и дечко ми на друго место и не можеме заедно да идеме зошто не одговарат датите и они ќе идат порано а јас и он покасно. Со него идам 1 година и знам дека не би било фер од моја страна да го заебам зошто он секогаш е со мене дури и со другарите не седи толку колку со мене буквално се прави за мене и да му кажам седи си ти дома јас ќе идам на одмор . Не знам што да правам ве молам помогнете ми ...
Не би било фер да го заебеш зашто идете 1 година ? А со другарките колку се знаеш исто една година? Извини ама имаат право да ти се лутат, друштво за дечко не се остава. Едноставно можете да се договорите да идете сите заедно ако сакате секако.. Ако нее, ништо.. па кога ке ти се скара дечко ти а и другарките (ако не ти се вистински) е тогаш чешкај си се по глава Иначе- Да, постои вистинско другарство, јас го имам и неможе никој да ме убеди дека не постои само го нема секој и тоа е тоа. Крај, чао, пријатно!