Ima no morame da razbereme deka vo sekoe drugarstvo ima prepreki.So mojata drugarka sum Bff ushte od bebinja .I zaedno sme vekje 16 godini.Imam potreba od nea a i taa od mene.Kako sestri sme duri i povekje od toa.
Има веќе оваква тема за пријателство и колку е тоа вистинско еве ти ја темата se-i-sesto/prijatelstvo-t448/
Вистинско другарство постои меѓутоа треба да го најдеш вистинскиот пријател, а додека да го најдеш него и тој тебе треба да минеш низ низа ситуации и да стекнуваш искуства, бидејќи само така можеш да го откриеш вистинскиот. Истото тоа ми се има случено и мене. Секако остани во контакт со неа, но сега не и верувај бидејќи очигледно е дека не го имаш пронајдено вистинското пријателство.
Веќе коментирав на тема со скоро ист наслов како оваа во разделби. Мислам дека оваа тема е повеќе посетена па го ставив и тука мојот одговор.
Светот стана дефинитивно едно огромно мрднато место за живеење во кое да најдеш квалитетен човек со сите салтанати, па уште и да се зближиш со него/неа и да останете вистински другари е навистина нешто исклучително. Ама што да правам, вечен оптимист сум и сеуште (ама ај да видиме до кога) верувам во тоа дека луѓето се добри и праведни и затоа тврдам, дека постои вистинско другарство. Јас самата имам неколку блиски другарки и другари, некои ги познавам од детство или поточно од кога знам за себеси, некои од средно, некои од факултет, и не знам кој ме благословил толку многу во животот - пу пу да не се урочам - ама јас сум пресреќна што ги имам во животот. А можеби и заради тоа што сите ние знаеме (зборувам за мене и моите пријатели), дека имаме грешки и знаеме да ги прифатиме грешките на другиот, и не се вреѓаме, почитуваме туѓо мислење па колку и да се разликувало од тоа нашето, и пред се знаеме дека сме си толку блиски, што секој совет го примаме добронамерно - можеби затоа сме си блиски веќе со години. Ако знаете да бидете искрени, да прифатите туѓи размислувања, да не ги наметнувате вашите по секоја цена и подготвени сте да им помогнете на најблиските и пред се имате према нив безрезервна почит и разбирање, мислам дека секој од нас може комотно да се опушти - бидејќи на овој свет има основа за вистински другарства п.с. Уф се надевам не бев премногу поетична и романтична
Ако не веруваш во вистинско другарство, нема ни да го најдеш. А еве што ви се вика вистинско другарство..
Да ме прашаа пред 2-3 години ќе одговорев дека има.Но после толку многу случки,многу падови и многу болни моменти сватив дека нема.Не постои вечно другарство постојат само вечни интереси...Почнав спред мислата да живеам и многу ми е поубаво.Од корист,ако ми треба некоја за кафе ок или за излегување.На никоја не можам потполно да и се доверам и да и кажам се.Поубаво ми е на мајка ми да и кажам ќе ми даде и совет и се отколку да го кажам проблемот и потоа да стравувам дека ќе биде пренесен низ цел град
Верувам дека има само што е премногу тешко во денешно време да се најде личност која би била достојна да ја носи вистинската вредност на зборовите ,, Другарка блиска како сестра ,, но сепак не е невозможно. Искрени и добри личности - вистински другари би рекла дека денес се загрозени видови.Преголеми амбиции и очајот за успех и внимание го уништуваат пријателството.Затоа внимавајте како ги проценувате луѓето и никогаш не донесувајте одлука за некој само затоа што не ти се допаѓа начинот на кој што се изразил или начинот на кој што го живее сопствениот живот.Обрнете повеќе внимание на начинот на кој што се однесува спрема другите и спрема тебе и исто така начинот на кој што се труди да ги постигне своите цели.
Постои ако и вие сте искрени и го цените и ве цени.Денес ме посети другар кој го имам 20 години .Минуваа години позиции ,власт и моќ... но ние си останавме исти...другари , без разлика кои сме и што сме го негуваме она што го имаме.А во одредени моменти непобедливи, недопирливи сме ...еден за сите сите за еден -така и после толку години тој ми вели И до сега нема разочарување, нема промени другарството го ценат само тие кои искрено знаат што е тоа другарство
Според мене не постои..непостои некој на кој ке можеш да се потпреш..лично за мене и јас имав ваков случај..ние сме големо друштво...и јас од сите нив не им верувам на сите само на 2-3 можам да им се исповедам како што треба...можам да им кажам што чуствувам..бидејки имав лошо искуство со една „другарка“. И сега пазам на кој како и што му кажувам..Тешко е на ова време да се најдат вистинските личности, вистинските пријатели..тие се многу ретки..за жал..
Секој има разни гледишта на работите.Од моја гледна точка не постои вистинско другарство! Порано мислев дека има, но немало ...За жал! п.с..... Нема вечни пријатели, има вечни интереси!!!...
како што рече озбилнажена ако цените, почитувате и сакате некој и тој ќе ве цени, почитува и сака ... ден денес можам да им се доверам на две другарки ... тие се многу важни за мене ... инаку имам многу други другарки и другари .. но не им се доверувам .. јас сеуште ќе запознавам многу други луѓе и карактери и верувам дека во некој од нив ќе пронајдам уште некој вистински пријател ... сите вие драги форумџики сте вистински другарки за мене, иако не ве познавам лично, од вашите коментари ве запознавам во карактерот .... а има и една поговорка: САКАЈ ЗА ДА БИДЕШ САКАН !!!!!! сакам ве форумџики мои драги !!
Постои!!! Моите друарки и јас се знаеме буквално од раѓање. Добри дваесет години. Од играње со кукли, до училиште,првите дечковци, факултет, сега и свадби, деца, се поминавме заедно. Значи правам муабет за три, со мене четири. Поминале многу летечи низ нашето друштво, кој се правеле или глумеле другарство но никој не остана. Оти да бидеш другар не е само излегувања и журки. Секоја од нас помина низ кризи и тежок период, животот не е песна, далеку од тоа, па и другарството бара многу разбирање и помош во тие мигови. Овие ми се буквално како сестри. Дел од мојата фамилија, така ги сметаат и моите. Неможам да си замислам да помине ден без да ги чујам или видам. Затоа ДА..постои вистинско другарство, само треба да се поклопат енергиите на некој луге и после нема пречки за љубовта меѓу нив..
дефинитивно денес не можеш да најдеш вистински пријатели, сите ти се пријатели додека имаат некаква косрист од тебе, а потоа нема ни да те познаваат, сите се лицемерни и дволични, до каде ќе оди светов со вакви луѓе