Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. megi007

    megi007 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Незнам дали во соодветна тема пишувам инаку нова сум и ми треба совет во врска со другарство значи имав 2 најдобри другарки ама јас малку се одалечив еден период од нив и не излегував со нив тие како да се налутиа и со свои очи видов и со свои уши слушнав дека ме оговараат а пред мене ми прават лице како ова она а и уште еднамоја блиска особа ми укажа дека тоа ми го прават и тоа и јас потоа сама увидов во та дека така прават сега се одалечив уште толку од нив значи комуницираме ама ретко бидејќи неќам да бидам мета на понижување и озборување а најмногу мразам лицемерство дали добро сум постапила според вас ве молам за совет?
     
  2. LolyPoP191

    LolyPoP191 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Постои.Многу тешко да се најде бидејќи е навистина ретко.Среќна сум што имам најдобра другарка на која можам за се да и верувам и многу има направено за мене.Знам дека секогаш би била овде за мене за било што.Среќа е навистина да имаш некој таков/таква другар/другарка. :)
     
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Секако дека не постои . Милион пати до сега се докажало истово . Секој потајно има скриена причина зошто се дружи со некој , едни се дружат од корист , други за да љубоморат и да уживаат во туѓа болка , трети заради тоа што немаат со кој да се дружат па мора со некого . Може и ние овде да се правиме светици ама сите сме имале, или имаме некоја другарка со која се дружиме само заради тоа што имаме некаква корист . Сум видела многу големи другарста како се распаѓаат баш затоа што нема искрени луѓе. Може од страна делува дека се е складно и се сакаат најмногу на цел свет а сите оговараат и сплеткарат кај стигнат .
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Баш вчера размислував за ова, некако се одалечив од многу мои блиски луѓе. Крај на средно, растеме, сите се менуваат. Па се случува некој што до вчера ни бил супер друштво и сме имале исти ставови и интереси сега да ни биде сосем туѓ.

    Жал ми е што од етапа во етапа од животот губам се повеќе другари/другарки.Знам дека не треба и не смее да биде така. Ама едноставно пред некои работи си немоќен. Не викам дека тука нема и моја вина што не сум вложувала повеќе време и труд за другарството да успее,ама луѓето или се менуваат или не сум успеала добро да ги проценам на почетокот.

    Бевме огромно,големо друштво. Машки,женски. Како голема фамилија. Уште се дружиме ама не е тоа тоа. Некако сите се разотидоа. Почнаа да се внесуваат нови луѓе во друштвото со лабилен карактер и морал. Постепено дел се разотидоа и зошто нашле дечко/девојка па сега си создаваат нивен микро свет.

    Од друга страна има луѓе од кои свесно сакам да се оддалечам,зошто гледам дека нивното присуство ми ја цица енергијата,не сакам лицемерни луѓе, не сакам луѓе со вредности за кои јас сметам дека се погрешни и површни.

    Се надевам на запознавање на нови луѓе. Потрајни,поискрени и поцелосни другарства,а во меѓувреме и те како ќе работам на зближување и усовршување на посотечките другарства.

    Така што уште не знам дали постои вистинско другарство, ама сакам да верувам дека постои. И дека ако доволно се трудиме околу него можеме да го направиме такво.
     
    На Anna-Karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека не постои вистинско пријателство, а и да постои во овој љубоморен,лицемерен свет каде сите ти се прават пријатели се додека имаат корист од тебе тешко се наоѓа.Многу пати сум имала ситуации каде пријателствата ми биле на тест и паѓале на тој тест.Сега знам и нема да и дозволам да си поигруваат со мене и да ме искористуваат бидејќи јас нив ќе ги искористувам.Подобро да бидеш ладна личност каква што станав и јас за да не страдаш.Заклучок е дека не постои вистинско пријателство туку само личности со кој се дружиш за времето да ти помине и да не си сам.
     
  6. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    вистинскиот пријател верувај дека никаде нема да го најдеш тоа ептен ако имаш среќа еден е во 1.000.000
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Какво вистинско пријателство луѓе...Нема...Не постои! :emo:
     
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Ни таму го нема...Ептен ако е некој осамен да ти биде пријател...Да го видам кога ке има врска дали ке остане вистински пријател! :x
     
  9. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Тоа е тоа....
     
  10. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Хммм... Тоа е навистина тешко прашање, јас имам многу пријателки, искрено сите ме предале и оставиле, но сепак на некои од најважните моменти стоеле до мене... |( Така да не сум нај сигурна дали постои или не, можам само да кажам дека и со пријатели и без нив не се може.. :hai: Затоа со сета сигурност велам: Во животот никогаш ништо не се знае!
     
  11. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Искрено, имам една другарка што ми остана верна. Другиве сите заебаа работа. Не дека јас не сум погрешила, ама никогаш не сум издала нешто, дури ни кога сме биле скарани. Немам голема верба во другарки, затоа имам обичај за моите проблеми да и кажувам на мајка ми преку скајп. Имам многу познанички, ама не кажувам тајни на секого.
     
  12. unconditionaLove

    unconditionaLove Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Бев сигурна дека постои,и се ке направев за да докажам некому дека стварно постои..никогаш не верував дека ке го сменам тоа мислење..но неодамна за жал,сватиф дека сум била премногу наивна :) Така да..НЕ, не постои...
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.634
    Допаѓања:
    9.109
    Пол:
    Женски
    До пред некој ден,ќе кажев да,постои вистинско другарство.Уствари постои,а тоа е само една личност,и тоа од која најмалку очекував :) .
    Но вчера ми пукна филмот,сакав овде да прашам за мислење и совет.
    Значи се работи за една колешка,која ми е ептен блиска(или мислев дека ми е),ќе прави свадба.
    Се работи за тоа што една друга колешка која е исто поканета на свадба,ми рече дека не се замара со свадбата и сакала на одмор да иде,јас и нешто друго реков,но и реков на оваа што прави свадба не ме држи за збор,одамна зборувавме и не се сеќавам точно на нејзините зборови.
    И оваа запна,дај фб пасворд да видам,ајде си реков нека види каква е лицемерна,и на двете ни правеше лице кога бевме на факс,нека се увери.
    И оваа невестата прочитала и ми вика не е како ти шо го опиша,ми ги испреврте зборовите, и јас ваква :o .
    Згора на се ,и јавила на колешката и плачела по тел.,рекла дека јас сум кажала оти е ѓавол,лоша,злобна,преувеличила муабет и се :tmi: .
    е Оваа колешкава ми пиша на фејсбук синоќа,се ми изнакажа,ЈАС СУМ БИЛА ПОВРЕДЕНА затоа сум се одмаздувала,но не ми требало ова со свадбава.
    Јас фино и објаснив што реков,така како што го реков,не негирав но измисленото секако го демантирав.
    И ми рече јави се на невестата,објасни и дека ќе одам на свадба и не се расправај со мене :x .
    КАКО ОВА ДА ГО СФАТАМ ЛУЃЕ??????
     
  14. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Зависи како се гледа и што се очекува од вистинскиот пријател.
    Ако очекуваш премногу добиваш малку ...и обратно.
    Не можам да гарантирам,ама од моето 20 годишно искуство не постои совршен вистински другар,постои само вистински другар кој некогаш и ќе те повреди,разочара но во поголемиот дел ќе биди тука за тебе и ќе ти помага.
    Луѓето веќе се повеќе и повеќе не веруваат дека постојат овие пријатели,па затоа не ни се однесуваат така.Затоа не можеме ни да очекуваме да бидат тоа.
    Јас се помирив со фактот дека нема совршена сродна душа ниту пак совршен вистински пријател. :)
    Колку повеќе очекуваш ,толку повеќе си разочаран.
    И личности кои ти изгледаат премногу добри за да постојат,на крај ќе сфатиш дека тоа всушност било нивното второ лице.
    Тоа се двете работи кои сум ги научила во текот на годините,и кои биле докажани преку многубројни примери. :)
     
    На julie77 и Stephanie им се допаѓа ова.
  15. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Постои , но ретки се тие што нема да те издадат :)
     
  16. Stephanie

    Stephanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Според мене, вистинското пријателство е само во семејството. Нема некој што ти мисли подобрo и те знае подобро од најблиските.
    Разочарана сум била многу пати, а и знам дека пак ќе се разочарувам само поради тоа што сум секогаш тука за да ислушам и да помогнам, за на крај да испаднам јас таа што нечини.

    C'est la vie :)
     
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Има, ама ретки се. Затоа играјте со резерва, за да не бидете искористени. ;)
     
    На Stephanie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Денес нема љубов помегу семејство и блиски роднини,а не пак помегу другари.. :| :x И што да очекуваме од другите ако дома со тие што сме не не не сакаат вистински? :x
     
    На hermosa и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  19. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    мислам дека денешнава младина е мн. сменета
    АКО ИМАШ ПАРИ КЈЕ ИМАШ И ДРУГАРИ АКО НЕ САМО 2/3ца и нишо повеќе ;)
     
  20. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    епа луѓе ние сме таа младина, и треба да го промениме тоа...прво да тргнеме од нас...или послесно е да се каже дека некој друг е крив секогаш???????? најпрвин себеси да се преслушаме кога ќе си легнеме што сме направиле и што треба следниот ден да промениме на подобро а потоа другите да ги обвинуваме?????
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.