ЕМ4Е премногу си млада имаш само 14 години а толку ли си огор4ена од животот..? како можеш да кажеш дека дома тие не те сакаат???? цццццццццццц Срамота...нема човек на планетава кој не го сака ближниот свој...
Мнооогуу ретко ама досега не сум ја имала таа среќа се надева дека ќе го доживеам и јас тоа јас сум вистинска другарка се права за нив а кој ме цене
Не ти забележувам за ова бидејки ништо незнаеш,да знаеше немаше вака да збориш. И да,да дополнам.Според мене едно е другарство,а друго пријателство,а вистинско пријателство постои,бидејки јас го имам.И неемам вистинско другарство од деца на мои години,ама сватив дека има некој што мн ме сака и почитува и првиот пост што го напишав на темава се однесуваше за сите освен за него (се надевам ме разбравте)
иако негде се имам изјаснето на темава сепак имам желба да кажам дека веќе неколку години најдобар другар ми е мојот партнер. убаво е де имаш девојка за најдобар другар нели повеќе се разбираме но епитетот најдобар не му се придава на секого. благодарна сум му на мојот сопруг што знае да биде вистински пријател, што пие кафе со мене и разговара и покрај тоа што мрази кафе, што ме тера на шопинг, што ми ги сослушува сите проблеми без разлика дали потекнуваат од работа или од родителите, што се труди максимум да најде решение за секој проблем што го имам, што секогаш сум јас пред другите, што секогаш сум му јас приоритет и на прво место. можеби на некој ова ќе му звучи тажно или патетично но сеедно, реалноста е таква. денес имам многу пријатели и другарки но не и вистинско другарство како што го познавам јас .
Па во ова време мислам дека вистинските пријателства се многу ретки... Не сум сигурна дали и јас имам вистински пријатели
Мислам дека дека во ова време не постои винстинско прјателство! Сите се дружат со тебе додека имаат корист!
во мојава генерација мислам дека нема вистинско пријателство ај и да не е до генерацијата, можеби е тоа бидејки сеуште не знаеме за вистинско другарство (12годишна возраст) па се надевам дека во средно, или подоцна ќе си најдам барем една ВИСТИНСКА другарка, а не некоја што ќе ме искористува, ќе ми збора зад грб или на "шега" ќе ми се потсмева за нешто.. имам другарка ама не можам да кажам дека ми е вистинска другарка, бидејќи е од типот од оние што ти се потсмеваат.. јас сакам другарка со која ќе можам да делам тајни и ќе може таа да ги дели со мене, сакам другарка која ќе знае кога сум тажна без да и кажам нешто, сакам другарка која нема да ми се потсмева за тоа како се облекувам, каква форма на тело имам, на која нема да и е гајле дали имам телефон и дали е Iphone или не, другарка која ќе ме сака поради она што сум, и што ќе ми верува и ќе можам да и верувам дека нема да ме напушти.. сепак, таква другарка е МНОГУ тешко да се најди, сигурна сум дека постои, но тешко се наоѓа... можеби барам премногу, ама тоа е мојата претстава за вистинска другарка, и само со неа ќе можам да имам ВИСТИНСКО ДРУГАРСТВО...
Не постои. И да постои , ретки се тие луѓе, кои не би кажале ништо лошо позади грб на најверниот другар. Едно нешто научив од нашето друштво. Од оној кој најмалку очекуваш, прв ќе те зае*е. Така да не се верува секому.
Искрено верувам дека пости вистинско другарство, имам навистина стеснет круг на пријатели и познаници со кои комуницирам од кои и некои од нив не заслужуваат да му кажам ни едно здраво но....имам само двајца вистински пријатели со кои можам да си поразговарам отворено, додека пак некои од другите можеби се само од корист......но сепак да како што пишала Ella.313 ретки се но сепак постојат
јас имам една вистинска другарка се дружиме од 5-6 год. во текот на годините многу пати сме се скарале или сме тргнале по различни патишта ама на крајот пак сме се наоѓале. а во меѓувреме сум имала 100 другарки кои сите на крајот ми забивале нож во грбот.........
Па мислам дека во денешно време е потешко да се одржи вистинско пријателство,но секогаш е подобро да имаш барем еден верен пријател на кого ќе можеш секогаш да се потприш. Јас имам многу пријателки и познанички,но имам само една најверна другарка која е тука секогаш кога ми треба.
вака сите кажуваме по едно искуство од така наречени другарки кои само мислиме дека постојат а всушност ги нема дали порано или подоцна ке сватиме дека тоа не постои само се лажеме самите себеси...така јас бев уверена дека имам вистинска другарка пред 10 тина години денонокно бевме заедно се делевме и добро и лошо,заедно излегувавме сите тајни си ги знаевме дури и ако се сопне ке ми кажеше и обратно јас неа,но знаете што се случи....кога раскинав со дечко ми секако плачев во нејзината прегратка,нејзините утехи ми помогнаа да станам цврсто на нозе и знаете што после 2дена дознав за нивната започната врска која не траше долго мојата најдобра другарка со мојот бивши замислете....но мене повеке ме нема во нејзиниот живот сакавда кажам и секако да добијам совет од вас...поминаа како што кажав 10год од тогаш јас не верувам никому се затворив самата во себе толку години е така ....сега имам потреба од таква особа блиска за да мозем да се отворам и толку многу да и кажам да ме сослуша и советува но како?каде да ја пронајдам? молам за совет.....
Имав вистинска другарка. Уствари сум верувала во тоа. Ми забоде нож во грбот. Баш народски кажано. Од тогаш вистинска другарка немам. Но, имам една пријателка со која можам да разговарам за многу работи. И да не заборавам да кажам дека имам ДРУГАР. Тој многу ми помага, кога и да ми затреба нешто. Другар без скриени интереси.
Постои,ама во многу ретки случаи.Со текот на времето,сите си ги покажуваат правите лица и секогаш излегуваат некои други приоритети на површина,на пр дечко,што за мене не е ок постапка.Нормално е,млади сме,излегуваме,се дружиме и имаме повеќе другарки и другари,но од тоа што до сега ми се случувало, поради преголема доверба во другите,секогаш јас сум била зафркнатата на крај.Сега за сега,од мноштвото другарки само за една можам да кажам дека стварно е тука за мене што и да ми треба,како и јас за неа.Времето ќе покаже дали можеби ова е пример за вистинско другарство
Секако дека постои...навистина е прекрасно кога знаеш дека можеш бескрајно да веруваш и да сметаш на одредени личности..и дека секогаш ќе бидат тука за тебе
Мислам дека да, само треба да се најде вистинската личност, што е многу ретко.. На некоја страна имав прочитано: Не треба да ги мразиш сите рози само затоа што си се боцнал на еден трн.. Ако моментално мислиш дека не си ја пронашол таа вистинска личност за другарство, почекај, има време