и јас би рекла не,се е само корист,никој на никој не му мисли добро,уствари оти да му биде добро коа можеш да напраиш да му биде лошо...
Всушност сите велат - сите се од корист, а тоа и самите го прават, се дружат со некого од корист. Ако не дадеш (на вистинската личност), никој не може ни да ти врати. А како одминуваат годините се потешко е за некој да се здружи, сите си ја бркаат сопствената работа, потешко е да се направи компромис и да се премине преку некои работи кои, како помлади, не сме ги ни забележувале... Јас верувам дека постои вистинско другарство (иако прилично многу сум се изгорела), можеби со еден или двајца вистински другари кои внимателно ќе ги избереме и во чие друштво се чувствуваме удобно. И пак да напоменам, и ние самите треба да бидеме тие вистински другари, да не правиме работи зад грб и други подлости за потоа ѓаволот да ни е крив. Нели човекот е кројач на сопствената судбина...
Јас сум оптимист мислам дека постои. И секогаш ако ги влошиме односите со некоја другарка гледам да ги подобрам. Ама постојат и лажни прилатели којшто гледаат само од корист,(BFF - Best Friends Forever или BFF - Bitches Fake Friends), или нема со кој па ај со тебе. Мислам дека детското и тинејџерското (ретки случаи) другарство се најискрени. Но, детското е можно брзо да заврше заради, незнам различни школи и интереси и тинејџерското ако не е цврсто градено од порано заради различни интереси, делби и разлика во популарноста (што не се и некој причини ама такви се луѓето)
Постои,само ако и ти си способен да го пружиш. Од фрази од типот `какво другарство,сакат да се искористат само` ми е преку к*р. Значи стварно,сите така зборат и сите така и прават. Како тогаш очекуваат вистинско другарство? Јас еве сум мењала милион друштва и ден денес имам само 1 единствена друагрка со која сум у екстра супер односи.Само ние двете си знаеме се една за друга,иако во друштвото сме повеќе. Просто ја обожавам.Си идеме на гости дури и кај баба и.Срцка е,многу си ја сакам.Со останатите сум океј,ама неможам да им се доверам,зашто после пренасаат на цел град.Зависи и од карактер и од многу други околност. Значи,ДА,постои.Но,ретко е.
Секако дека постои, но повеќето те гледаат од корист.И тешко се наоѓа.А кога ќе го пронајдеш пак треба да занше да не го изгубиш.
Не. Јас стварно не сфакам како после 8 години интензивно дружење, сестринска поврзаност, и исти гледишта кон се, ама баш кон се .. да си фати дечко и да заборави дека воопшто постоиш. Колку компромиси само имам направено за неа, колку и се имам најдено.. Во три саат по полнок имам излегувано од дома само да ја ислушам кога и било тешко, колку пати кога немала пари сум и плакала и никогаш не сум побарала да ми врати, ама баш за ништо. Ама оправдано е нели, она е заљубена како никогаш до сега. За него и друштво остави. И сега? Е сега ништо. Човек ке се труди да одржи некои работи, но ако другата страна ич мува не ја лази.. не вреди. Само еден ден коа ке се сврти околу себе и ке сфати што изгубила, касно ке биде. Пријателите се потребни и тоа е факт, е сега ке речете мајката е вашиот најдобар пријател, да. НО, има работи за кои се разговара само со пријател, да си бидеме реални неможеш на мајка да и раскажуваш сексуални искуства, да си делиш секс совети, да се зафркаваш на ретардиран начин, да се смееш до бесвест за глупави работи, да си зборуваш мрсно ама баш мрсно без да ти суди некој, да си излегуваш во кафич и да се заебаваш со машки, едноставно да си бидиш свој.. тоа се оние мали детали шо ти го разубавуваат денот и ти внесуваат свежина во животот. ПС. Се радувам шо најде некој кој стварно те сака, ама не верував дека машко толку ке те промени и тоа истиот кој толку го исмеваше и потценуваше. Криво ми е, затоа што порано само за спиење се делевме, а сега.. сега ја заеба работата.
Пред една година животот го клавав на моето другарство со една личност. Најверна другарка, во добро и во зло покрај мене и јас покрај неа. Несебично другарство. 12 годишно другарство... И сето то за женската да си фати дечко и да заборај дека постојам. НЕ ПОСТОЈАМ!. Толку имам да кажам на ова тема.
Фала му на бога, имам една таква кокошка. Многу сме различни во некои погледи и мислам дека функционираме заради тоа што и двете не размислуваме како типични женски. Ми значи, зошто ми дава можност да кажам дека во ова време, на некој му верувам.
Постои. Во животов, најдолго и најдобра другарка ми е мајка ми. За жал сфатив на 20 години Сега со неа можам за се да зборувам. И само она знае да ме расположи и да ме советува. Потоа другарка ми со која сме заедно 22 години. Најчесто сме раздвоени, по различни градишта, се гледаме еднаш или два пати месечно...Работиме од утро до мрак, па иаме време само на кратко да се чеме. Ама кога имаме мака, знаеме цел свет да го откачиме за да бидеме заедно. Сме биле и цимерки, и школски, и не сме се гледале по цел месец. Ама тоа е личноста која најдобро знае да советува и да не ме осудова за ништо. Имам дечко кој ми е страшна поддршка во се. Подобар другар не сум имала, иако сум имала и други дечковци. Прво ми е другар, па љубовник, па дечко. Имам и другарки и другари за излегувања, за пијанчења, за журкања, за шопинг, за муабети...за куп други работи кои не се најбитни во животов, ама според мене не е другарка таа што оди со тебе во кафич, туку оди со тебе во тешките моменти. Другите се пријателки.
Ако јас немам вистинско другарство не мора да значи дека не постои јас сум вистинска другарка спремна во секое време да направам се за личностите што ги сметам како најблиски,ама штета што многу пати сум била оставена на цедило и не ми било возвратено како што носи редот,така да во мојот живот не постои искрено другарство за кое ми е многу криво ама јбг живот
Не верував дека постои додека не си најдов пар другарки за себе. Верувам дека се вистински зошто доволно се добри за да ја освојат мојата доверба зошто јас ни себе не си верувам, ама нив им верувам и до сега (едната 6, другата 3 години) ни една не ме издала.