Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. senorina

    senorina Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    една ама вредна ;)
     
  2. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Да,имам една другарка која ми е како сестра,а со другите само си излегувам понекогаш.За прв пат во моите 17 години,да најдам вистинска другарка,со која делиме се.Со која никогаш си немаме посакано една на друга лошо и секогаш сме се подружувале една со друга.Ја сакам :) <3
     
  3. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Според мене да. Една ама вредна е, буквално секогаш :!: има време за мене, ме подружува, ми укажува на грешките, се глупира со мене :lol: , се што можеш да посакаш да имаш со најдобрата другарка. Се надевам дека и таа го има истото мислење за мене :D
     
  4. Blue97

    Blue97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    44
    Многу ретко :)
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Постои одвај еден-двајца, и на крајот и од нив ќе се разочараш.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    кај мене, вистиснко другарство, можам да речам совршено, постоеше. Мојата најдобра другарка почина, и еве веќе 2 години ја немам нејзе, оносно тоа совршено другарство..
    Крајот на средно, значително се зближивме со сегашната моја најдобра другарка. Сега за сега се е во најдобар ред, меѓудругото, сегашната другарка многу ме потсеќа на мојата прва другарка, и во односот со мене, начинот на кој се поставува со другите, начинот на кој што гледа на работите, потполно на еднаков начин гледаме на светот околу нас.
    Јас милам дека ние се немаме случајно сретнато и толку многу зближено. Сигурна сум дека има нешто повеќе :)
     
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сега за сега имам 2 другарки кои ги сметам како вистински другарки, времето ќе покаже дали сум во право, се надевам дека сум. Доволно до сега се имам изгорено. :!:
     
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
  9. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Па постои.Јас имам една другарка во школо која многу ја сакам.Ги знае сите мој тајни и со сигурност тврдам дека не ги кажува на другите.Имам една другарка од улица ама она исто МИСЛАМ дека не ме издава ама понекогаш ме игнорира :^) :?:
     
  10. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Вистинското другарство постои, само мора да се најдат вистинските личности :)
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Секојдневно гледам како за глупости се рушат долгогодишни вистински другарства.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.292
    Допаѓања:
    13.344
    Пол:
    Женски
    Денес не постои вистинско другарство, (а и да постои потребни се вистински личности ;) ) бидејќи ретко се наоѓа личност која секогаш ќе биде до тебе, ќе ти даде совет итн.. .
    Сега засега имам 3 школски (една другарка, и 2 ца машки) и муабетот ни оди, така примерно се однесуваат, како мојот карактер се па затоа и се пронаоѓам во нив. Штознам и дали ми се вистински пријатели, бидејќи претходно многупати сум се изгорела. :!: Оставам времето само да покаже, така најпаметно ќе биде.
     
  13. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Порано мислев дека постои вистинско другарство, но како одминуваат годините се повеќе се потврдува обратното мислење: вистинско другарство не постои. Па се е релативно во животот, тоа и научно е докажано -постои теорија за релативитет, несобориво научно докажана. Јас ќе си ја спомнам мојата мудра бабичка која велеше: КОГА ЈАДЕЊЕТО ЌЕ СЕ ИЗЕДЕ И ТРПЕЗАТА ОСТАНЕ ПРАЗНА -ДРУШТВОТО СЕ РАСТУРА. Значи, останува само интересот.
     
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сега зависи не се сите со интерес. Има една добра поговорка ако сакаш пријател, биди пријател. Јас сепак решив со сите да бидам пријател, да помагам. Па нека иде на нивна душа после ако се од интерес. Ама сепак правам граница од помагање до искористување, не дозволувам да ме искористуваат. Сум имала секакви другарки. Имав една другарка што сум сигурна дека никој не би сакал да има таква другарка. Само гледаше да извлече некаков корист од мене, и му се местеше на едно момче што јас го сакав, после слушнав гласнини дека се мувала со него. Полека се оддалечивме, мајка и и ден денес се прашува зошто не се дружиме. Ми бараше есеј по македонски, и давав кога имав нешто напишано, викаат направи добро за да видиш добро. А неа никој не ја сака, целата маала ја мрази, сите знаат каква е. Пред некој ден одев за Штип и на другарка ми требаше да и однесам некои работи, отидов кај неа, и звонев едно 15 минути не се јави и ги оставив работите кај газдата и си отидов на факултет, после ми се јави се извини имала многу за учење учела до 7 часот а јас у 9 отидов кај неа се успала. И среќа што се јави откако ми помина лутината иначе да ми се јавеше веднаш ќе се скаравме. Јас забегав од темата, хаха поентата ми беше да не се лутиме толку за ситници некои зошто секој греши, за да можеме да си го одржиме пријателството.
     
  15. Girl3105

    Girl3105 Нов член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Според мене вистинско другарство постои,но мал број е на луѓето кои знаат да го чуваат и негуваат другарството.
    Пред некое време мојата најдобра другарка многу ме разочара.Почна да ме избегнува,сакаше да ме понижува да се покаже како демек таа е подобра од мене и мене тоа многу ме повреди затоа ја прашав што се случува а на тоа таа само ми кажа демек јас не сум знела што зборувам на сите им било океј со неа само јас сум и префрлувала,од како ми го кажа оваа и јас почнав да ја избегнувам и сега си пронајдов нови другарки кои се многу забавни и со нив секогаш сум насмеана и среќна, па кога подобро ќе размислам подобро што веќе не сум во контакт со неа.Така да мој предлог до сите вас кои имате слична ситуација како мојата или иста,подобро најдете си нови другари отколку да настојувате да го сочувате другарството кое веќе на некој начин е распаднато :)
     
  16. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Многу се ретки случаевите на вистинско пријтелство.
    Сите или те гледаат од интерес,кријат нешто од тебе и сакаат да ти напакостат. :worried:
    На доброто со лошо ти враќаат.Гледаат само да искористат нешто против тебе и од тебе.
    Лошо, многу лошо.Јас уште од мала верував во вистинско пријателство и мислев дека еден ден и ќе го пронајдам-но попусто! ;(
    Колку сакаш ти искрено и без трошка злоба гледај ги,тие истото и истото ти го прават.Без да се запрашаат чекај бе,што тој/таа ми згрешил,па јас вака да се однесувам?-не,нема шанси.Реков ретки се луѓето кој денеска навистина ќе бидат од твоја страна,ќе ти бидат подршка и рамо за плачење.
    Јас многу касно ги сфатив овие работи,па затоа и патев.Но,кога веќе разбрав што се случува,можеби и знаев,но не сакав да се помирам со тоа дека на овој свет си сосема сам и сам треба да се искачуваш кон целта,без подршки и сл.
    Си велев како ми прават тие така ќе правам и јас,но сепак не го правам тоа,немам душа тоа да го правам,бидејки знам како боли кога чувстуваш дека си сам и никој не те разбира. :|
    Искрена сум и ова го имам кажано на другарка во фаца и знаете што?-Таа се промени,т.е сфати дека јас не и нанесувам никакво зло,дека сум и пријателка,некоја добра личност во животот која може да и подаде само рака за било што.... и ке разбере дека и значам кога најмногу ќе и требам. :)
     
  17. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека постои, ама е мн ретко :)
     
    На Nate.Shadows му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.777
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е ретко :!:
     
    На Nate.Shadows му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tejjaam

    tejjaam Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Денеска..многу тешко.Прилично се изместени денешните вредности,доаѓа до разрушување на односите меѓу луѓето за банални причини.Ја обвинувам класната распределба,постои и голема доза на завидување и стремење кон финансиска стабилност.Денеска секој би си го зафркнал другарот за пари или за свој личен интерес.