Колку повеќе созревам сваќам дека баш и не постои вистинско приајтелство сите гледат да ти наштетат и да извлечат колку можат повеќе од тебе , ретки се они вистински пријателства .... Мој совет до сите што имате вистински пријател до вас е да го чувате и да не го расипувате за глупости затоа што ново и неверувам дека би можеле да најдете
Да,постои. Постојат луѓе кои се лицемерни и сакаат само да ти наштетат,а обврска на секого е да се заштити од нив и да ги избегнува.Дел сум од едно такво.Се надевам нема никогаш да заврши. И едно другарство доколку било доволно силно да преброди се,буквално се,никогаш не би завршило.
Не.Дури ни кај машките веќе тоа го нема.Имаше мм најдобар пријател со години, му помогнавме да дојде во Скопје да работи, му најдовме девојка која што му беше прва во животот, седеше кај нас за викендите, јадеше спиеше и се дружеше со нас за на крај кога се му се среди да збори позади грб против нас и да ни каже дека не користел целото време. Немам и јас другарки, имам од факултет во Софија, но тие се малку поладен народ и не се како нас, а од Македонија баш и немав.Имав другарки кога се запишав во средно цело време викаа дека не ми е добар избор, сакаа да паднам, цело време гледаа да ме навредат или да направат нешто, и на крајот едната стана ку*ва и од срам се преселија, другата си остана очај, имав до пред година и најдобра другарка која што викаше да го оставам мм и секој ден наместо да излагаме ние бевме кај мене во кујна доаѓаше да јаде и да готвиме..ајде не е за тоа ама никогаш ми немаше помогнато или да излезе еднаш барем каде што сакам јас..Уште еден куп имав што сме живееле, спиеле јаделе заедно ама секој е од корист, и има многу љубоморни.Не ме интересира веќе не ми е ни важно, го имам мм, имам најдобар другар, имам од факултет, и другарите и пријателите што ги имаме со мм Иако се малку барем се вистински.И подобро сама или со другар одколку со лицемерни, злобни и идиоти! Се имам мнооогу пати разочарано и веќе не се замарам
Јас све би дал за да се вратам во 90-тите. Кога немало интернет, кога имало вистинско ДРУГАРСТВО. Денес нема веќе другарства, се е на превара.
Да, постои, ама многу ретко. Толку убави другарства се распаднале заради глупости. Голем број другарства се само од корист. Ќе го добијаат она што го сакаат и готово толку. Лице прават а позади грб се откорнуваат од злобно озборување. Сепак на крајот сфаќаме дека најбитни ни се вистинските пријатели, а не бројот на пријатели кои ги имаме.
вистинкси пријатели се многу ретки за жал во ова лудо време, секој сака само да те искористи и те користи додека може....ретки се оние кои имаат вистински пријатели - се е лицемерие , злоба ништо друго,,,од мое искуство ви кажувам на никого немојте да имате целосна доверба и да се доверувате секој сака да ве види подоле од него, ова е лудило од нечовечност.
Секогаш кога ќе речете дека некој не е вистински пријател...замислете се дали и вие сте биле вистински пријател? Дали некогаш сте го излажале пријателот? Сте му свртиле грб? На моменти сте му биле љубоморни? На моменти не ви било грижа за него? Не сте го разбирале? Сте биле дволични кон него? Кога викате дека на овој свет не постојат вистински пријатели, тогаш всушност велите дека и ВИЕ сте еден од нив, за жал. Затоа гледај ти да бидеш вистински пријател и некогаш ќе има некој кој ќе го цени тоа, но некогаш за жал и нема. Ако било пишано ќе си останете пријатели долги години...Сте се запрашале ли зошто сите ви вртат грб? Зошто не можете да најдете вистински пријатели? Како така некои имаат искрено пријателство со одредени личности и тие пријателства траат со години? Одговорот на прашањето “Дали денеска постои вистинско другарство?“ лежи длабоко во ВАС самите. Не сакам да ме сфатите погрешно, но некои работи ги правите а не сте ни свесни за нив.
Епа само заради таа "искреност" и блискост дојде до ситуација да бидам зае*ана од блиски и затоа сум на дистанца со лугето. Во случајов за мене многу пати сум била спротивно од горе наведеното но не е тоа тоа.Треба тоа да е од двете страни џабе е само од едната. Едноставно такво време дојде и тоа е тоа.
Па се повеќе се уверувам дека секој си го гледа својот интерес. Те бараат кога им требаш. Сите се полни со фрустрации.
кратко и јасно : не , зашто многупати сум била повредувана . се е од корист, а на крај никој не те прашува како си посакувам да можев да живеев во времето на баба ми.постојано ми раскажува како биле сложни, сите заедно се дружеле.А сега... а може и зашто се‘ се сведува на парите луѓето се постојано во некоја ,бркотница, па секој си гледа за него !?
Во последно време се повеќе и повеќе ми го догажуваат тоа дека не постои вистинко пријателство.Не знам зошто ама некако....сум разочарана дури и од другарството за коешто мислев дека никогаш нема ни да помислам на тоа прашање "Дали постои вистинско другарство". Се повеќе се уверувам дека се се работи од корист и само кога некој ти е потребен инаку...го нема никаде.А тоа мене ме повредува многу пошто многу се приврзувам кон тие што ги сакам и ми значат.
[СДК] Сакам да кажам... ако за вас не постои не значи дека воопшто не постои жива вистина ти кажувам. Постои само што многу се ретки.
[СДК] Сакам да кажам... Споствено мислење е , а и го мислев субјективно то од моја гледна точка на мојов живот. Не морат одма да се напаѓа :?
[СДК] Сакам да кажам... Дури и после 8,9, 10 години и повеќе можат да ти забијат нож во грб. Не постои другарство, сите се себични, дволични. И да не се такви, луѓето се менуваат, за жал повеќето на полошо во однос на другарството. Само родителите се вистински пријатели и не мислат зло.
[СДК] Сакам да кажам... Да ве надополнам,не само што не постои другарство,туку има и зли родители повеќе отколку што мислите,луѓе кои не заслужиле да имаат деца.Можеш да си веруваш само себеси,светот е премногу суров да си ја препуштиш судбината на друг
[СДК] Сакам да кажам... ^ Во право сте дека не може да се има потполна доверба во друг,секако во себе треба најмногу да се верува,но премногу е да се каже дека сите луѓе се злобни и себични и дека не постои вистинско пријателство.Со тоа и за себе си кажувате дека сте лоши пријатели.Секој има маани,не постои совршенство. Еве јас верувам дека постои вистинско пријателство,можеби најважно е луѓето се погодат еден за друг.
[СДК] Сакам да кажам... Имаш право сосема. Со мајка ми имам многу добар однос, па некако другите работи не ги перцепирам околу мене. Таа ми надополнува се што немам од другите.