јас имам мал круг на вистински другари 5, вистински другари се тие шо те сакат и се со тебе покрај се, се надевам дека еден ден ќе најдиш вистински пријатели позз
Вистинско другарство постои ДЕФИНИТИВНО! Но, треба да се биде многу внимателен при нивното избирање. Претпочитувам квалитет отколку квантитет. Јас лично имам две најдобри другарки (според мене доволно), тие се моите сродни души Ме сваќаат и ме поддржуваат во врска со се и многумина ми завидуваат на тоа. Досега доста пати пробале да не скараат, но без успех. Налик сме на девојките од Сексот и градот. Но пред се потребна е искреност и мноооогу доверба...
За да стекнеш доверба во некој и да сватиш дека ти е вистински другар треба да помине време... години... неможам да имам доверба во некој што го знам макс. 2 год. Да, ке живеам сонего ке си го имам муабетот но нема да биде тоа тоа Имам и најдобра другарка и најдобар другар. Со другарками сум од забавиште се поминавме заедно ги знае сите мои проблеми и јас исто така нејзините сме си помагале во секое време и ден денес е така сме смениле многу друштва но не е тоа тоа .... Со другар ми се знеме од бебиња, во исто маало пораснава и сега сме во исто друштво, се знае за мене и никогаш не ме издал за нешто ... истово го имам пишувано во повеке теми, може и досадна сум ама навистина постои вистинско другартво, а посебно другарство помегу машко и женско
сличен проблем имаме најверојатно... другарка која цел живот се дружам со неа. пренесува приватни работи на мајка и, а мајка и на мајка ми пошо се премногу блиски...и и имам кажано да размисли што прави пошо ми наштетува...и она изгледа упорно си продолжува...сепак свесна сум дека ако ставам крај на нашето пријателство многу ќе ми фали, не се малку 10 години дружење. а као целина Другарство...постои, но ние изгледа премногу очекуваме од него..сепак секој еден човек се става сам себеси на прво место пред другите...сега најдобар другар може само кучето да ти биде.....(добро е што неможе да зборува)
не постои. има исклучоци во кои едната постојано се влечка по другата се додека не ја надмине само што кај возрасните не се толку дирекни и отворени лугето па не кажуваат се што мислат додека ние децата почесто лепнуваме во фаца фрази како : - не може ти да дојдеш со нас. - погледни се каква си. - како нема тебе јас да те чекам - не замарај и сл. и после се пак сме другарки додека кај возрасните после некој јак конфликт може да настане вечно не зборување.
Па незнам дали би сакала да се дружам со некој ако ми каже - Погледни се каква си... Со многу глупи работи се занимавате на 14 години искрено На темава - пријателството во основа е искористување ама кога искористувањето е од двете страни подеднакво е прифатливо и се смета за пријателство. (Јас ке те барам кога ми требаш. ти ке ме бараш кога ти требам)
Токму сега се ставив на форумов за да го поставам ова токму прашање. Исто и јас сум многу разочарана и од другарките и воопшто од луѓето. Многу ми сметаат предрасудите кај луѓето и што стално измислуваат нешто. На пример ако не се дружиш со некого тогаш се правиш важен те сметаат за дигнат,ако се дружиш со нив тогаш одма мислат дека немаш со кој друг па мораш со нив (и се мислат многу важни дека се). Ако си искрен и фин со нив тогаш им се умилкуваш, а ако не си фин тогаш ги нервираш и се лутат. Ако пиеш си пианица,ако не пиеш си заостанат, ако читаш си бубалица,ако не читаш си неписмен... Ааааааа луѓе што се случува со нашето општество полно со предрасуди и со толку лажни меѓучовечки односи што веќе на никој не можеме да му се верува? Не знаеш утре кој ќе ти го сврти грбот. Ова е страшно.Каде води сево ова? Каде ќе стигнеме? Каде е љубовта и пријателството? За да добиеш треба и да дадеш,а не да очекуваме само некој да ти дава цело време, а ти ништо да не вратиме.. Искрено верував во вистинско пријателство се имав разочарано, но не ја изгубив вербата, но денес пак служнав од другарка како ме озборувале зад грб и многу се разочарав, искрено се најдобро им мислев,а тие се различно си сфатиле. Страшно е тоа што се случува. Вие што мислите?
ПОСТОИ !! ако сакаш да имаш вистински другар, најпрво треба ти да бидеш вистински другар.. сите очекуваме да имаме вистински пријатели, без ние воопшто да се потрудиме да ги стекнеме.. епа не бива пријателите од небо да ни паднат.. тоа што мислиме дека вистинскиот пријател треба да го направи за нас.. треба и ние да сме спремни да го направиме..
На оваа тема колку и да се дискутира мислењата ќе си останат поделени! Некои ,,изгореле,, од блиски пријатели па затоа се скептични кога станува збор за вистиско другарство! таквите ретко дека некој ќе ги убеди во спротивното, веќе изгорените не ни допуштаат некој да им докаже дека им е вистински пријател бидејќи имаат лошо искуство со другари! Други пак,во кои си се бројам и јас веруваат во пријателство бидејки честопати тие самите имале улога на добри пријатели и многу пати почувствувале присуство на вистински другар до себе! Проблем е како да се препознаат вистинските пријатели но ретко кој знае да го даде реалното решение на тој проблем! Имам тесен круг на пријатели,а вистиска ја сметам само една...Со неа сум доста блиска и секојдневно сме во контакт, навидум сме две различни личност но за многу нешта сме идентичи! Ја сметам како вистинска другарка затоа што знае да ме слуша и доста пати ме заштитила кога ми е било најпотребно! На исти начин сум поставена и јас кон неа... Не дека не сум била разочарена од другарка но научив до каде ги ,,пуштам,, да отидат тие мои пријателки, научив да ограничувам и скоро секогаш сум претпазлива пред да се отворам пред некој!
Вистинско пријателство постои! За жал, оние кои некогаш биле повредени, не веруваат во ова, и не ги обвинувам, откако еднаш ќе се изгорат, потоа се премногу скептични и не можат да му веруваат никому целосно, не дозволуваат некој нов потенцијален пријател премногу да им се приближи. Па заради тоа, на некој начин гледаат што повеќе корист да извлечат од некоја другарка, не зборувам за чиста, зла корист, туку корист од типот: забавно ми е со неа, имам со кој да пијам кафе, да се смеам итн. А за другарство треба двете да вложат во иста мера во истото. Па кога овие новите потенцијални добри другарки, кога ќе почувствуваат дека не им е возвратено во иста мера, се разочаруваат и престануваат да веруваат во вистинското, безусловно пријателство, со други зборови, се претвараат во овие првите. И така еден бескраен циклус, се создаваат се повеќе и повеќе скептици, па вистинското пријателство е тешко да се пронајде. Јас имам другарка, која ја сакам премногу, која ми е најдобра другарка во вистинска смисла на зборот, а исто и јас на неа. Сум направила безброј работи за неа, некои се дури и луди, но не се каам за ниедна од нив.Со неа не сум од мали нозе, туку се запознавме во 5 одделение, а почнавме да се дружиме во 6-то. Таа потекнува од лоша фамилија, и низ животот помина низ многу хаос и проблеми. Значи, без да навлегувам во причините ќе спомнам некои работи кои ги имам направено за неа. 1. Се имам степано со брат и, т.е. јас налетав кон него и почнав да го удирам, а тој чиста среќа, се исконтролира и не ме удри, само ми ги фати рацете. Ова се случи пред 3 години, а инаку нејзиниот брат е постар од нас 7 години, а познат е по тоа дека е многу нервозен и тешко се контролира(има натепано другарка на неговата сестра,(3 деца се, значи не од нашиве другарки) за чиста глупост, работа за која некој друг нема ниту да се налути. Знаејќи го сето ова, јас летнав да се тепам со него 2. Се имам скарано со татко и, па и тогаш за малку ќе добиев шамар. 3. Милион пати и давав пари кога требаше да одиме некаде, на некој роденден, забава и сл. Дури и кога одевме онака на кафе, таа и да немаше пари, моите ги делевме еднакво. Кога немав доволно пари за двете, не одеше ниедна. 4. А ситници се тоа колку пати сум била до неа кога и било скршено срцето, кога некое машко ја повредило. Е сега, таа нејзината љубов спрема мене ја искажа на поинаков начин. Причината за тоа е што јас и таа имавме проблеми од различно потекло. Дома не сум имала никогаш проблеми, но ми се наоѓаше секогаш кога сум била повредена од машко или од некој друг. Потоа, кога и да запознаев некои луѓе со кои таа се познава, секогаш нивниот прв коментар беше: Ова ли е фамозната Mygirl Кога се запишав на факултет, заминав во Скопје, а таа остана во нашиот град. Во тоа време работеше во една кафетерија. Секогаш кога си доаѓав дома за викенд, таа и да требало да биде на работа, се ослободуваше за да биде со мене. Нејзините колеги, а и сите други кои не познаваа се чудеа: “Боже, вакво нешто до сега не сме виделе“, и се шегуваа за тоа колку била возбудена кога јас сум си доаѓала од Скопје, божем бинго и паднало И газдата и беше многу добар, секогаш ја пушташе од работа кога јас бев дома Пред 1 и пол година, таа аплицира за работа на брод и замина на 6 месеци. Леле колку ни беше тешко и на двете! А се чудат сите што ниедна солза не пуштивме при разделувањето, ама такви сме си ние Плачев секоја вечер една недела пред и откако замина. Ама во тогаш во моментот, не. Само и посакав среќа. Додека беше таму, секогаш мене ми се јавуваше, а јас бев должна да ги известувам другите како е Во документите што им се потребни таму, на кој да му се јават во случај на несреќа или смрт, ме напиша мене. Никој од нејзините, туку мене. Кога се врати од брод, ми донесе пола шкаф облека Дури морала некои од старите алишта да фрли, на граница не и дозволувале да помини. Не ме остави ниту еднаш да платам, секогаш кога бевме излезени. Јас се нервирав и не сакав да биде така, но таа инсистираше. Ми рече едвај чекала да дојде момент кога ќе може таа мене да ме почасти. За 3 месеци пак замина на брод, и се врати ова лето. Немате претстава само колку беше променета: посилна, похрабра, поиздржлива, не дозволуваше никој повеќе да ја погази. Ептен ми беше мило за тоа. Плус, животите толку драстично ни станаа различни, што веќе немавме ниту заеднички теми за разговор, освен некои филозофски муабети А сепак, си знаевме ние како една со друга, се случуваше да молчиме долго време, а пак да не се чувствуваме неприајтно, напротив. Не беше битно дали ќе одеме на кафе или ќе седеме дома, или во дискотека или во парк...Нас не не прави најдобри другарки тоа што си го потполнуваме слободното време, туку делата, зборовите, љубовта и почитта што ја чувствуваме една спрема друга. Дури и да се случи да замине на долго, долго време, и да ја видам дури после 10 години повторно, пак ќе можам со неа да комуницирам сосем опуштено, како вчера да сум ја видела, и пак ќе можам да и кажам БУКВАЛНО СЕ... за мене таа секогаш ќе биде најдобрата другарка што некогаш сум ја имала, и колку и да имам натаму во животот добри другарки, никој нема да го заземе нејзиното место.
го читав текстот и си велев, кога ке се сменат положбите т.е таа ке спечали добро пари веќе нема да се дружи со тебе. Но продолжението ме остави ваква . Зарем е можно ова да постои? Браво за вас И јас имам многу слични примери, само што на крај "другарката" ме заборава, затоа што кога веќе ќе има пари доволно ке сака да влезе и во некое поелитно друштво.
Да, знам дека звучи неверојатно, но за среќа вистина е. Не знам од каде толку среќа јас во толпата народ, да најдам нешто што ретко се наоѓа-вистинско пријателство во секоја смисла на зборот. Имам спомнато во претходното мислење дека скоро сите околу нас што не знаат се запрепастени од нашето другарство,не си само ти . Јас никогаш не се сомневав во неа, дека еден ден кога ќе си го среди животот ќе ме заборави и ќе ме остави. Знаев дека таа не е способна да ми го направи тоа, а уште повеќе знаев дека на мене гледа како нешто бесценето, нешто подарено од господ, а и јас ја гледам на истиот начин. Ние две никогаш не сме биле добри во искажување на емоциите со зборови, но јас осеќав што таа мисли за мене и како гледа на мене. Едноставно, од очите и се чита. Имав и сеуште имам безгранична доверба во неа, ја чувствувам како фамилија, како сестра, дури поблиска и од сестра... Знам се за неа, таа знае се за мене, сме правеле грешки и двете, но НИКОГАШ не си судиме една на друга...Да, се случувало да ја прекорам за нешто, да ја советувам за тоа што е правилно, но никогаш не и судам. И имам кажано и неа, дека и преголема и претешка грешка да направи, да не се плаши да ми каже, дека јас сум тука и дека ќе ја ислушам и дека никогаш нема да го променам моето мислење за неа, без разлика што и да и се случи во животот. И со цело срце и ја пружам мојата љубов и поддршка, која што и тоа како таа ја заслужува...ми покажала на милион начини и знам дека и таа се чувствува исто.
Кратко и јасно НЕ !!! Порано или подоцна сите ќе ги извадат своите интереси на виделина, сите ќе ти закачат нож иако си верувал во него. Жалосно но вистинито.
па јас мислам дека постои. ама кај мене засега не можам да кажам дека ја имам најдено таа "права" другарка. Имав 4 најдобри другарки, се дружевме со години но еве пред некој месец, едната отиде со некои трети да се дружи уште се дружиме ама сепак не е како порано таа повеќе време е со нив отколку со нас. другите две се со мене скоро постојано ама сепак си гледа секој за себе.јас сум секогаш тука за секоја од нив да им помогнам да ги ислушам да ги советувам но кога мене ми треба некого тие може да ме ислушаат но не ми помагаат не ги интересира баш. Исто и со доверувањето тајни ќе им доверам ќе ја чуваат ама некогаш ќе се случи и да им се испушти па одтогаш се си чувам за себе =/ Имам мнооогу другарки но сепак сите од нив си гледаат најпрво за себе а другите кој ги врти што би се рекло. Не секогаш вреди да бидеш предобар кон некого што не знае како да ти ја возврати таа добрина.
Сепак мислам дека постои...Ние сме големо друштво, но еве некако се разидуваме, кој на една кој на друга страна, ама секогаш ако сакаш можеш да одвоиш време. Сите не можат да ти бидат вистински пријатели, по мое искуство може само една личност. Личност со која најдобро ќе се разбираш, на која можеш да и кажеш што ти смета кај другите, а да бидеш сигурна дека тоа ќе остане само меѓу вас, со поглед да ја разбереш што сака да ти каже...без да ти каже да знаеш што мислење има за определена работа, да биде за тебе тука секогаш, да те ислуша и за работи кои ги зборуваш 100 пати, да те сфати кога нешто не можеш да направиш.. Мојот денешен муабет со мојата вистинска другарка "не ми е јасно како по цели денови имаме за што да зборуваме кога понекогаш ништо не ни се случува" Се тоа треба да биде двострано, искрено, вистинито... Се тоа го имам јас : ) Секогаш се обидувам да бидам коректна со неа, да се ставам во нејзина кожа, да можам да ја ислушам, да и кажам мое мислење, да и дадам слобода да има време и за др... едноставно да и го овозможам она што таа мене ми го дава На ист факултет сме ама различни департмани.. не ни е јасно што ќе правиме кога нема да имаме исти предавања Ама сепак тоа не менува мн нешта
Многу другарки ме разочарале ... но само една не. Мојата најверна другарка од мало нозе само неа и верувам и најпоке ја сакаммм~!
Нормално дека постои, но со самото тоа што е ВИСТИНСКО, и се разликува од сите оние илјадници „лажни“, не може да се очекува да стекнуваме вистински пријателства „зад секое ќоше“. Таквите се бројат на една рака, и затоа треба и безусловно да се негуваат и ценат.
Не не и не ! Според мене не постои вистинско другарство.Кога тогаш ке ке пукне . Имам ситуација во која мојата најдобра другарка со која 11 години ги делев сите мои среќни и тажни моменти после толку време си го покажа своето вистинско лице. Исто така, татко ми имаше другар со кој беа како браќа и после 50 години другарство , тој другар го продаде нивното 50 годишно другарство за небитна ствар.