Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Генералната слика за создавање вистинско другарство е изменета.
    Но,од лично искуство можам да кажам дека другарство во вистинска смисла на значењето на поимот е одржливо меѓу различни полови.Другарките секогаш имаат некаква скриена намера која некогаш ќе се препознае колку и да се добри глумици дека тие се нај-другарки во кои треба да стекнете доверба и да се доверувате.За разлика од нив, разговорите и дружењата со машката популација се опуштени и забавни без љубопитност и напнатост од типот каде? како? кога? итн.Со оглед на мојот став,немам потреба комуникацијата со девојки да прерасне во вистинско другарство.Јас сум резервирана во размислуувањата околу тоа дали имам или немам најдругарка затоа што не ми потребна.
    Спротивно од ова,контактите со моите другари се одвиваат со децении.Се пронаоѓам во машкиот карактер и излегувањата со нив имаат реална димензија затоа што многу добро се познаваме и почитуваме,искрени сме,а смислата за хумор честопати знаеме да ја префрлиме и на лична сметка.
    Во секој случај,треба да бидеме свесни дека има нешта кои треба да ги зачуваме само за себе без оглед на тоа колку им веруваме на другарите или на другарките.
     
  2. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Многу се ρетκи и изгледа κаκо воопшто да не постојат. Да не ме сватите κаκо демеκ се фалам, но јас сум вистинκи пρијател, κамо да беа сите κаκо мене. Веρувам деκа на фоρумов има таκви κои ниκогаш не му ρаботат зад гρб на пρијтелот и сеκогаш пρават се за него :).
     
    На angelche16, Tanjamm, T.e.d.d.y и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    реткоо скоро и да нема
     
  4. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Retko ama ima vazno
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Нема вистинско другарство денес. Све е превара и корист.
     
    На Sedmica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    Правото другарство,отиде заедно со тито.
     
    На Tanjamm и Marick14 им се допаѓа ова.
  7. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    И да постои, многу е ретко. Денес, тешко е да му веруваш на некого. Сите се другари/другарки од корист. Сите си гледаат само за себе, сакаат само да им наштетат на другите.
     
    На Tanjamm и Sedmica им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.673
    Допаѓања:
    22.650
    Пол:
    Женски
    A што има врска денес, вчера? Луѓето отсекогаш биле луѓе, со човечки очекувани тенденции и слабости. Разликата во времето е само во манифестацијата.

    Или ко шо викам ја, остана во песната на Бранко Коцкица. :D
     
    Последна измена: 17 ноември 2014
    На Sedmica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cat-Lover

    Cat-Lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    Од мојот клас имав другарка на која премногу и верував, но сега не е така.
    Наставничката по македонски на око ме имаше земено, толку многу се учев и се трудев, но сепак не сакаше да ми пише 5. За тромесечие кога ни ги кажуваше оценките, мене ми рече "сакаш да ти напишам 4, или да те испрашам следниот час"?
    Нормално и реков да ме испраша, но имаше и други соученици кои ќе ги испрашуваше, не бев само јас. Следниот час сите што требаше да не испрашува станавме, настсавничката поставуваше прашања и кој го знаеше прашањето го одговараше. Јас кажав најмногу од сите што ги испрашуваше. Потоа за мислење за оценки требаше да каже одделенска заедница (претседател, потпретседател....). Во одделенска заедница беше и оваа "другаркава" сите за мене рекоа да имам 4 и таа рече ("другаркава") да имам 4. Кога заврши часот замислете ме прашуваше дали и се лутам што рекла за мене 4 јас и реков дека не ми е гајле што мисли. А толку многу имав научено за часот. Секој ден се помалку зборувавме. И во четвртокот правевме англиски тест и ми рече да сум и кажувала на тестот што како треба да се напише, и тогаш и реков: "За мене македонски 4 ќе кажуваш кога толку многу имав научено, и сега сакаш да ти кажувам на тестот, нема шанси!" Тогаш се извинуваше, ме молеше да и кажувам, и и реков дека доцна е не можеш ништо да направиш за да ме убедиш да ти кажувам. Тогаш се повлече ништо не рече и сега не ми ни зборува. Пред тоа ја сметав за сестра, се и кажував, а таа пренесувала на други :^). Тогаш сватив колку ми е "најдобра".
    А денеска не постои вистинско другарство. Сите се дволични и само те дружат кога им требаш. Да најдеш вистински другар или другарка е тешко. Вистинските другарки или другари се ретки. Затоа оттогаш на другарки не верувам воопшто.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Колку е точно, се согласувам. Но, сепак да кажам веруваш на погрешни луѓе,градиш доверба во нив и на крајот ти задобуваат нож во грбот. Таквите немаат иднина пред себе според мене.
    .
    Но тоа е што е. Не е добро да си добар со секого, не заслужуваат.
     
    Последна измена: 23 ноември 2014
    На narcis98 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. HuntressGirl

    HuntressGirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Постои но тешко се наоѓа, пробај да се дружиш со други луѓе некое време таа што највеќе ти се допаѓа почни да помуницираш по редовно и така лесно ќе стекнеш нова пријателка. А ако сакаш да и укажеш на твојата ,,другарка,, дека знаеш дека ти ги кажува тајните речи и го тоа, но не и викај седни и разговарај, ако почне она да вика тогаш речи и дека ако вака продолжи да те оговара нема да бидете другарки. И секако мораш редовно да разговараш со новата другарка и никако не и го прави тоа што твојата претходна другарка го правела, и секако кажи и ако прави грешки (не мислам на тест мислам ако се дружи со некоја што не е доверлива и знаеш дека ќе ја искористи). Се надевам помогнав.
     
  12. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Изгледа навистина нема вистинско другарство, штета што денес нема на кого да му раскажуваш како се чуствуваш, што правиш и како правиш и да те советуваат како да направиш. Денес се е од корист, знаев уште одамна, но незнаев дека и секој го може тоа. Мислев дека има и изрод но не е...
    Може не е за тука но ќе си кажам
    Имам а можеби и имав другарка со која се знаеме многу кратко време, се зближивме многу брзо заедно излегувавме навечер, по кафиња одевме дури и ми кажа се за животот нејзин ми се отвори ми кажуваше се се слушавме по телефон секој ден. и сега пред нова година и беше роденден а и требаше заедно да славиме нова година. требаше јас да однесам пари за нова година и јас реков јас ке платам па ке ми дадеш пари, и јас платив и после ми рече таман ќе ми иде роденден пред нова година ќе соберам и ќе ти ги дадам и јас и реков добро нека собере и нека не се брза ке ја почекам. и зимскиот распуст се слушавме на телефон ама се поретко и поретка, почнавме на школо да одиме и се слушнавме еднаш првата недела и после тоа и ѕвонам не се јајува друг ден и ѕвонам пак не се јавува и пишувам на фб не ми враќаше после ми враќа ми кажува дека е зафатена а гледам на фб дека ништо посебно не прави вчера и ѕвонев 100 пати не креваше само еднаш ми спушти и пишав порака дали ми се лути ни на таа не ми врати.
    ако не сака со мене да се дружи барем парите нека ми ги врати и на мене ми требаат
    а можеби некој и зборел за мене лошо зошто секогаш кога ќе се сретневме сите не гледаа накриво
    совет што да направам ?
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    @magic.girl Оваа другаркава очигледно не е заинтересирана за дружба со тебе, па немој да си ја врзуваш главата затоа што очигледно ништо вредно не си изгубила. Само треба да и‘ дадеш до знаење дека сакаш да ти ги врати парите. Ако упорно не ти крева на телефон, ќе и‘ пишеш порака. Ако не реагира на пораката некое време, ќе и‘ се појавиш дома на врата. Нема срамота тука, пари ти должи.
    А уствари, за колкава сума се работи...?
     
  14. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    @Hipica и ѕвонев милион пати и пишав и 2 пораки џабе е а иначе 1000 денари ми должи.
    и луѓе да видите што ми се случи.......пред некој ден со другарка која ја знам многу долго време ми кажа дека кај нејзе се отворила продвница за парфемчиња по 200 денари и и реков да му купи еден парфем и да ми го донесе луѓе верувале ли дека и ѕвонам цело време и не ми крева, знам дека ги потрошила нека пише или нека крени да ми каже ке ја разберам но не крева :@
    и затоа од сега на никој не давам ни 50 денари ова ќе ми биде за памет и лекција за цел живот
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.088
    Пол:
    Женски
    Девојко извини вака ама според мене си многу наивна, ете си се изгорела неколку пати немој повеќе, во ред е да си помагаш со другарките, ама овие штом ти земаат пари и потоа им се губи секаква трага не ти се другарки , биди упорна оди им дома , ако треба барај ги парите од нивните родители , нека не те прават глупава, реално и не е малку 1000 денари, ете велиш и друга ти зела 200 како за парфем и ја снема, уште еднаш немој да даваш пари и внимавај во иднина на кој му помагаш, арно рекле ако сакаш да се скараш со пријател дај му пари на заем и ете ти кавга .
     
    На magic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DimovskaSandra

    DimovskaSandra Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека постои,но ретко.На пример јас и мојата другарка се дружиме веќе 8-9 години! :) ;) :D
     
  17. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Иако иам премногу другарки на кои им кажвам скоро па се,сепак пишав скоро,неам во нив толку доверба колку во едната која ја сметам за мое се,секогаш е тука за мене,што и да ми се случи и лошо и добро секогаш е првата што дознава,тука е секогаш да се исплачам на нејзино рамо,да ме гушне кога ми треба,да се смееме заедно,да правиме глупости се што може некој другарки ама баш од оние најј другарки да го прават го правиме ние,и мислам дека постои вистинско другарство само треба да се пронајат оние вистинските во кои ке можеме да веруваме :)
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    9.507
    Пол:
    Женски
    Ретко, многу ретко. :(:(
     
  19. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Мислев дека постои, ама не. Откако се разочарав во некои луѓе повеќе на никого не му верувам. Имам другарки, ама на никоја не можам да и кажам кога нешто ме мачи или слично оти знам дека веднаш ќе прекажат на другите. Какви дволични луѓе постојат бре, морници ме лазат дури.
    Имам една колешка буквално со сите е дружи, премногу другарки има, ама сите ги оговара. Со мене се дружи многу, ама кога е со мене си ги оговара другарките уште поблиски што и се од мене. Ами кога е со нив можам да замислам колку многу мене ме оговара!? :|
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    До пред некоја година бев убедена дека постои вистинско другарство, но сега сум 100% сигурна дека не постои! Искуството (за жал) ми покажа дека сите се дружат од некаква корист - дали да им позајмам пари, дали да им завршам работа, да им направам некаква услуга, да им наместам дечко и слично. Додека не го добијат тоа што го сакаат ќе те бараат по 10 пати во денот, а штом го добијат она што го сакаат, комуникацијата исчезнува. За некои другарки за кои се сум правела, за кои душата сум ја давала (бидејки сум воспитана дека така е правилно), сега никаде ги нема. За жал, колку тоа да не ми се допаѓа-таа е реалноста. :(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.