Родителите не ги бираме, тие се кој се. Но глупаво е да ги огрдуваме пријателите, какви и да се бидејќи наш е изборот со кого ќе се дружиме или не. И верувам дека постои вистинско пријателство, но внимателно не секој со мил лик е ист во душата каков на лицето.
Кога им требаш и во мрак ќе те најдат,а кога не им требаш и во ден не те познаваат. Секој те сака на зборови,ретки се тие што те сакаат вистински.. Понекогаш,некои од луѓето ќе ти свртат грб...затоа што немаат лице..! Фините луѓе знаат и фино да те заебат Горниве статуси(цитати) кажуваат се...
Јас живеам во странство и се уште немам овде друштво , интересите си го прават своето , но ете пред неколку месеца се здружив со една девојка , која живее во наша населба и купува често од нашата продавница ,дознав дека има две деца , а и моја возраст е така да си реков убаво е да се здружиме , да излегуваме на кафе , сепак имаме исти интереси што се вика.. Излегував често до пред 1 месец излегувавме и по двапати неделно , се додека пред две недели не и се налутив , во рок од пола саат заборави дека треба да излезе со мене и како будала некоја ја чекав на улица да дојде можеби 40 минути ,ја барав на мобилен (а можеби и не требаше) да ја прашам каде е и ми рече заборавила дека треба да излеземе и уште 15 мин ја чекав да се спреми. Од тогаш мислам дека не и е гајле баш за мене , незнам дали претерувам но јас секаде каде и да одам несакам никој да ме чека не сакам да доцнам , и мразам кога некој друг тоа го прави , но уште во рок од пола саат да заборави дека ќе треба да се најдеме тешко се наоѓа добро друштво во овој период од животот за жал..
Секако постоои... барем за мене постои за другите не знам јас си имам другарка со неја сум уште од забавиште од 5 години така да имам со нејзе долгогодишно другарство и секогаш е тука кога ми е потребна и јас сум за нејзе тука кога и што да и потреба... Иначе во денешно време многу е тешко да се има другарство или ќе те сака за корист или пак ќе гледа да биде 3 та во љубовната врскаа.. и да предизвикува проблеми
Секако дека постои порано или подоцна ќе се најде вистинскиот пријател. Сигурно дека ќе се најде пријател кој е како нас или барем сличен на нас
Дали постои вистинско другарство? Сите го знаеме одговорот на ова прашање,но не сите го кажуваат искрено и од срце. Сум имала многу другари\другарки во својот живот,од кој некој ме мразеле,некој ме сакале,а некој па дури и искористувале глумејќи дека сум им значела.Во мојов живот се појави другарка(за мене сестра) на која и верувам повеќе и од самата себе.Слушав насекаде зборови,не верувај,не постои другарка,ќе се заебеш,ќе се заебам? Хаахаа,не.. Знаете она кога еден човек живее во вас и го чуствувате,како да ви е душа,срце и ваша воздишка,како да не можете без него да си се замислите? Знаете да....Она кога има некој до вас,некој кој ви е подршка во се,некој кој ве држел на нозе,заедно сте чуствувале тага,болка,заедно сте се радувале,некој кој се мачи да не направи човек,да не дигне на нозе и да ни го покаже патот кон доброто...Е таква е мојата сестра ,таа живееше во мене и сеуште живее....Да кога кажав живееше,сакав да кажам,ама неможам,ама морам затоа што тоа е вистината,иако човек тешко се соочува со вистините,сепак тоа е реалноста..Да,ја изгубив,ја изгубив и сега од мене не остана ништо со што ќе можам да се почуствувам среќна,да имам сестра до мене,да ме гушне и заштити... Го нема веќе тоа,и проклето боли..Ми текнува,секогаш кога ќе ја гушнев бев исполнета,а од друга страна беше овој страв кој ме уништи,она од кое што највеќе се плашев и се деси.А зашто? Зашто.....? Зар може еден човек да живее со ваква болка,зар може да заспие со помислата дека утре нема да биде како вчера?Неможе..Другарството постои,знам,верувам,сум го доживеала,почуствувала и сум билс најсреќна,ме исполнувало.Но сега нема ништо од тоа...Сега има тага,душа со лузни и празнина која боли непрекинато од ден на ден се повеќе и повеќе. Чувајте си ги пријателите,борете се за нив и не се откажувајте,зошто тие се дел од самите вас,а ако веќе ги изгубите...Сте изгубиле се
Вистинско другарство постои кога постои искреност и почит спрема двајцата пријатели, кога истите немаат срам и страв да ги искажаат своите мисли и ставови, кога јасно ќе стават до знаење што им смета и каде другиот погрешил, кога се нема лицемерија и дволичност да се изведе на виделина сето она кое е вистина и факт, кога секој е слободен да направи и да сподели нешто без двоумење и предрасуди, кога се има искрени разговори и дискусии, умешност и желба за ислушување и секогаш е возможна подршката и помошта кога се може и умее. И да. Вистинско пријателство и тек како постои, но проблемот во денешницава е што не сите сакаат да одделат време, желба и живци за истото.
Никој не знае утре што ќе му приреди животот, на што ќе налеташ, со кого ќе се соочиш, со кого ќе шириш познанства и доживуваш било какви моменти. Не велам дека не постојат лицемерните, но постојат и ретки од нив спротивните. Искусена сум од лаги и превари, забодување нож у грб, погодувајќи во рамо на кои сите тие "некогаш најдобри" се потпираа.. Но јас верувам во вистинското другарство бидејќи заедно со личноста која ме увери во тоа и ми е подршка, моја сродна душа.. Заедно го остварувам... Убаво е да те прави да се чувствуваш посебно личноста која ти значи, но уште по убаво е кога во таа личност се гледаш себеси.
тешко, веќе се забораваат вредностите на другарство. Нема респект, нема почит - во еден момент ќе мислиш еве имам другар/ка - но до следниот момент само чекан по глава може да те разбуди дека не е тоа вистинското
Денес е време на интереси и ретко кога другарствата функционираат. Никој за ништо нема време. А и нормално е...кога фамилијата е на прво место, па професионалните обрвски, па домот и обврските околу него....не останува време за да се посветиш на другар. Ова ми беше општо кажано - генерално. За себе можам да кажам дека околу мене имам пријателки со кои можам во секое време да пијам кафе и да излезам и да си зборам, ама она вистинското ДРУГАРСТВО не го осеќам кај никој.
Дргарство.... Јас мислам дека сега е многу ретко... Сите за корист, сите се гледаат себе, нив да им е убаво... Сега да пронајдеш вистинска другарка која ке и вреуваш, ке те сака, нема да и бидеш од корист, ке ти чува тајни...ВИСТИНСКА BFF ДРУГАРКА е исто како да најдеш злато Исто како игрла во сено да бараш е тоа... Можеби постои но е толку многу ретко што можам да ги избројам на рака вистинските другарства што сега постојат. *Имав многу другарки едната ми беше повеќе од 10 години.. многу касно сватив што прави и сл. Потоа имав друга 3-4 години.. И на крајот пак се излажав... Можеби сум многу наивна....Тие А јас НА. Во секое време бев достапна за нив, ги лажев сите дури и родителите, цело време им угодував, бев безгласна буква.... за на крај поради еден мој збор што го кажав за друго девојче, и тоа вистински збор, небеше навредлив да добијам толку многу навреди од таа што ја сметав за сестра... Тоа за мене беше нешто неочекувано, стрес... Сега тешто верувам во ДРУГАРСТВО Има време можеби ке најдам но додека да и повреувам ке биде долго време и сигурно дека нема толку да им угодувам, јас да не се гледам се за нив. Но да посоти ДРУГАРСТВО ама е многу ретко!
Во животов имав само една таква личност и таа ме повреди . Кои беа нејзините причини и денес не знам. Ме повреди толку многу, ама и простувам. Сега повторно се зближуваме, иако знам дека никогаш нема да биде она што беше порано. Научив само едно од таа случка, да не верувам никому. Од свое искуство би кажала едно. Другарство и скоро да не постои и е во изумирање. Има такви личности, ама се повеќе ги има оние кои не ти го мислат доброто.
Постои . Само треба да се најде правиот човек . Јас порано имав куп другари и другарки , погодете како завршија сите тие "другарства" . Некој од машкиве другари ке си најдеше девојка и оп го снемува . Имаше и такви кои на женските во друштвото се пуштаа и беа као заљубљени , кога ке добиеа "корпа" , исчезнуваа . Со девојките , друга приказна . Имав една " најдобра " школска , клупа делевме , каде јас таму и таа , една ке посееш двете никнувавме .. Но најчести беше по нејзино , инаетчика беше . Кога дознавме дека сум бремена со првото дете , што направи таа ? Ми завере грб . Ниту еден од овие другари и другарки не продолжи да комуницира со мене . Но си имав јас и една друга другарка , со која се знаеме од пелени , таа имаше фамилија во моето маало . Девојчево до ден денес е со мене , колку ни дозволуваат обврските , толку се дружиме . Не се слушаме често , ама кога ке седнеме на кафе 4 саати не не оправаат со муабетење и кога и кажав за синко , беше весела и повеке од мене
Не, не постои вистинско пријателство. Не ми требаат "пријатели" кои се јавуваат еднаш во два месеца кога дечковците/девојките ги одјебале и да им изигравам рамо за плачење.
Има да,ама многу ретко.Според мене вистинско другарство би било она другарство долкулку двете страни би биле искрени и нема зборување зад грб,љубомора,задни намери и ред др. подмолни работи туку што имаш се во четири очи.
Нормално дека постои, јас сум самата пример за тоа. А имам и некои другарки кои ништо не ми згрешиле и се секогаш фер.
да постои. Но за да барамеод некој висинско пријателство прво треба ние да бидиме вистински пријатели. Не е сето тоа само во излегување во губење времезаедно. Вистинско пријателство се познававо најтешките моменти, кога најмногу имаме потреба и подршка од некој. За среќа јас сум една од тие која има вистински пријатели на кои можи да смета во секое време, но за возврат и јас сум тука секогаш кога ќе затребам за што и да било. Во 2 наутро во 2. Без разлика кога и каде.
Zdravo so sekogo ,bliskost so nikogo....Si se drzam na distanca kolku shto e vozmozno..Ne me interesiraat drugite ,a veruvam deka i jas ne gi interesiram..Koga bev pomala imav dve " iskreni" prijatelki...Komuniciram so mnolgu luge ama iskreno prijatelstvo ne veruvam deka postoi..Porano ili podocna site grbot go vrtat