Едноставно, а толку тешко прашање. Постои или не постои. За жал, во денешно време мислам дека не постои. Се е од корист, според мене. Доколку имаш пари или си некој и нешто или пак можеш да му свршиш некоја работа ќе си му пријател, во спротивно никој не те рецка. Жално е до каде се стигнавме. Од денешнава политичка и финансиска состојба ни вистинското пријателство не може да просперира.
Денес изгубени се сите вредности,па така и вистинско другарство.Јас лично ги почитувам сите,но се тоа на дистанца.Повеќе се почитуваме и сакаме така
Порано било старомодно и конзервативно,а денеска кога е модерно и либерално се чудиме зошто нема вистински вредности и другарство.........
Другарство во денешно време неможиш да стекниш, сето тоа е површно односно граничи со небитност, неблагодарност и незаинтересираност во споредба со другарството што го стекнав во времето додека јас растев, е тоа до ден денес е нераскинливо, негувано и прав благодет во мојот живот
Според мене НЕ , и уште во години како човекот иде, нема веќе верба во никој.. Ќе се жениш/ мажиш па за несреќа ќе ти забоде ножот во грбот и ако поминувате 90% заедно и спиете во ист кревет. Секој гледа за себе, ќе го заебе најмилото за 5€ . Жал мие , многу ми требаше време да сватам дека сум предобра за некој луѓе на слепо. Не сакам возврат за ништо, само сакам тоа што не го сакат за себе да не го прават на другите!!
Имам еден куп пријатели, но само една и единствена вистинска другарка. Со неа се дружам уште од најмала возраст. Сме се карале многу пати, ама сепак не е ништо толку битно за да го прекинеме другарството. Според мене, доколку немаш некои љубовни намери, машко - женското пријателство е најдобро.
Не постои другарство од причина што денес кај повеќе се присутни негативни вредности како што се љубомора, завидливост, злоба, користољубие. Многумина се дружат затоа што ги врзува парата на другарот кој чести, кој има привилегии во кафич, се почитува колега од работа или факултет чисто колку да го искористиш неговото знаење, материјали, или да ти заврши некоја услуга, работа. На крај верба во другар никогаш не треба да се има од причина што порано или подоцна ќе те продадат евтино, ќе ти расипат врска/брак . Сето зло и камења доаѓаат од блиските не од туѓинци кои не знаат дека постоиме.
Какви вистински пријателства тоа го нема веќе. Браќа не се сакаат, а не па вистински пријатества да има.
Сигурна сум дека моето мислење претходно било да зошто во текот на последните две години на средно стекнав многу добри пријателства кои денес ... одговорот останува сосема ист само што тие добри пријателства ги сметам на некој ... многу поинаков, поиспреплетен начин.
Секако дека постои но многу е ретко и навистина сум среќна затоа што имам другарка која знам дека е вистинска и се би направила за неа и би ја подржала во се како што и таа мене
Сеκаκо баρ моите κој ми останаа душата би ја дале за мене исто и јас за нив а со лажните(забивачи нож во гρб) од дамна се помиρив κој ги имав во поголем бρој еве еден пρимеρ од дρугаρ : κога бев многу болен (висоκа темпеρатуρа) излегов да пρошетам со маκа да ме фати воздух и што видов мојот дρугаρ со мојата девојκа се шлапаат моментот беше κога ги видов
За вистинско другарство треба години и години да поминат, вистинско другарство се познава тогаш кога ти е најтешко Е ТОГАШ се гледаат вистинските другари. Јас со тек на време испарија многу другари и ми останаа двајца од средношколо што сеуште се дружиме и доволни ми се, и секако мојот најдобар другар што сме вистински најдобри другари веќе 17 години значи од мои 12 години. Во ова време-невреме тешко да започнеш ново, а камоли да задржиш другарство, се е од интерес и обично кратко трајат.