Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    152
    Мислам дека постои но навистина многу ретко... скоро па ИЧ :!:
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Имам 2..:l:
    Скоро па сестри..
    Едната од бебиња, другата долги години...

    Никој не може да ја разбере нашата поврзаност..
    Доволно е што ние си ја знаеме..

    Вистинско пријателство постои, ретко е..
    Сепак постои, според мене:)
     
    На blueeparadise, Ketchup, Aleksandar1212 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Плавуша123

    Плавуша123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    28.056
    Пол:
    Женски
    Тешко! Се бројат на прсти.
    Јас сум разочарана бидејки кога им требав на сите бев тука а тие за мене никогаш.
    Пријателите се познаваат кога ти е најтешко тогаш можеш да сватиш кој ти е вистинки пријател а кој не.
    Со сите комуницирам ама не можам да кажам дека е она вистинското сите ме разочарале.
    Најтешко е она кога ке те повредат така кажано ке ти забијат нож во грб. Пред тебе едно а зад тебе друго.
     
    На Sashko1992, Tanjamm и "Zoki" им се допаѓа ова.
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Не постои. Баш тие најблиски ми забиле нож у грб. Кога конечно најдов нова најблиска другарка како сестра што ја рачунав пак разочарувње. Оние "другарки" со кои повремено одам на кафе не ги рачунам. Ако не е корист тогаш љубомора, и тоа отворена се гледа од километри. Па подобро сам барем никој нема да ти наштети или да не се радува на мојот успех со половина уста да каже пофален збор. Не фала. Битно во мажот да најдеш пријател како што ја го најдов.
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Откако поранешната моја другарка, која ја сметав како сестра ми заби нож у грб, не верувам на никој
    Дојдоа времиња кога човек може да смета единствено на сам себе.
    И вака ми е многу поубаво.
    Имам другарки со кои редовно се слушам, искачаме на кафе, се гледаме често, но не е тоа тоа.
    Неможам веќе на никој да му се доверувам, како што и се имам доверувано нејзе.
     
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    9.933
    Пол:
    Женски
    Од сите до сега имам една која ми е како сестра/моја втора половина и не знам уште како да ја кажам. Имам и уште една онака сум блиска со неа ама не до тој степен да и кажам како се чувствувам, додека со оваа се можам да и кажам. Криво ми е само што не се гледаме често, што не поминуваме многу време заедно но секогаш ми е најубаво потрошено времето кога сум со неа.
    За никоја друга другарка немам почувствувано таква љубов како за неа. Од деца сме заедно, слични судбини и тука сме после се, пак истите без маски без ништо!
    ЈА сакам, многу ја сакам и најмногу ме боли кога знам дека поминува низ нешто а јас не можам да и помогнам повеќе од слушање.

    Еднаш дури и се налутив што не ме викна да и помогнам нешто околу една раб низ дома :lol:

    Памтам еднашка пред неколку год се договоривме да се чекаме сабајле на факс да се видиме, седнавме на кафе и ми вади кифлички што она ги направила, вели: Овие последни беа, морав да ги скријам да ти ги дам тебе да ги пробаш:lol: :l:
    Се што можам најубаво да си посакам на себе го посакувам и на неа! :l::f: :sun: е мое
     
    На blueeparadise и Dust им се допаѓа ова.
  8. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Според мене постои :!: но треба да се процени добро кој што ти мисли, па да знаеш дали е вистински. И да јас верувам и во машко-женски пријателства:D и мојот другар не го менувам за 1000 женски 8).
     
    На Ketchup, Tanjamm и mellst им се допаѓа ова.
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Имам една најдобра другарка која додуша не ја ни сметам за другарка, туку како сестра ми е. Буквално цел живот сме заедно, од 5 години па до сега, заедно учевме и основно и средно и сега на ист факултет:D Баш како моја втора половина.
    И имам другарки што кога ќе ме прашаат дали уште се дружиме се чудат како сме останале заедно толку време.:D Цело време сме заедно и навистина не би можела да се замислам без неа.
     
  10. lizaname

    lizaname Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    би сакала една дискусија искуства и слично
    Поточно ми е дали постои другарство откако веке сте оформени личности, вработени со семејства.
    Предходно сте биле одлично друштво без некој разлики но подоцна се прават, што од финансиска гледна точка што од професионална , религиозна, околината, денешницата и едноствано кој каде стигнал до денес. Дали љубомоството е премногу присутно, осетот дека се раликувате сфакате дека не сте во тек со процесот на околината. Неразрешени ситуации во кој едноставно ве иритираат зашто едноставно денес е многу лесно да одврлиш пријателство негувано со години него да склопиш ново
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mellst

    mellst Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Според мене не.Се е од корист.Другарките од детството цел живот ми префрлаа дека татко ми бил вработен сни земале кизнај колку пари,а уствари ние сеуште крпиме крај со крај секој ден.Вистински другарки не бил зборувале за пари секој ден.
    Мојата најдобра другарка од средно од како си фати дечко се промени,само за него ми зборуваше а претходно зборувавме до 6 наутро.Сето исчезна.Кога по 3 години се скара со него,тоа лето бев во депресија,ми плачеше на телефон цела недела,сто пати во денот ми се јавуваше еднаш не ме праша како сум,а јас цело време и давав совети,иако незнаев ни мојата ситуација како да си ја решам.Кога после 2 месеци и кажав дека бев во депресија,и беше смешно.Ни совет ни помош.Сега е мажена,има детенце,јас постојано се јавувам прашувам за детенцето таа никогаш не ме прашала како сум.Веќе оформила семејство,не и требам,а кукаше некни на фејзбук немала другарки вистински на никој не верувала.А јас што сум бе?Цел живот до неа,и во смеа и во тага.
    Би сакала да имав и јас некоја на која ќе можам да и се доверам и ќе биде до мене, но искрено после се,мислам дека сама ми е најдобро.Никој не може да ме изневери.
     
    На Tanjamm и lizaname им се допаѓа ова.
  12. lizaname

    lizaname Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Незнам дали имам само јас таков впечаток, но сите се само другари кога можат да се тешат и ситат само кога ви е тешко. Секој слуша кога имате проблем никој не сака радосни вести да слуша за успех за среќа за убаво зашто едноставно тогаш се осеќа непријатно. Одма бараат нешто што ке мора да ви го барем малку уништат моментот на среќа ИЛИ радост, а по тоа ќе ви потенцираат иронично на вашиот успех со очигледна завист притоа правејки ви се пријатели. По тоа ќе видиме дека се е од корист љубомора, нажалост и со неверување дека тоа го слушате од луге кој сте израснале сте мислеле дека секогаш ке бидете едно.
    Денешницата да се покажеме кој има повеќе матријално а душевно сме пресиромашни го изгуби духот на другарството.
     
    На Tanjamm и mellst им се допаѓа ова.
  13. mellst

    mellst Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Денес е се од корист,да им помогнеш,а да не ти помогнат.Што вредат среќните моменти со нив,кога се лажни? :?:
     
    На LanaSGirl, blueeparadise, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Жената\Мажот е вистинскиот другар кој ви треба. :)
     
    На Tanjamm, КикиМаус, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    маж ми има такви 2-3ца пријатели и гледам дека се вистински пријатели, му се наоѓаатни во добро и лошо баш. Јас за жал имам другарки, по 15-20 години но не им верувам 100% и не ги сметам за нај нај искрени и вистински пријателки.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Не.
    Понекогаш пријателите со кои што се гледате ретко можат да ви се најдат и во добро и лошо, него ли оние со кои цело време сте заедно.
    Кажувам од искуство. :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.171
    Допаѓања:
    12.915
    Секој ден се убедувам дека нема пријатели. Секогаш сум била иницијатор да отидеме некаде, да отпатуваме, да прошетаме, ама секогаш следат изговори „Па сега е многу ладно, ај натаму, здравје само пари да имаме„, „Па ќе видам, па ај ќе се договориме“. Решив дека не сакам тоа малку слободно време да го трошам на седење дома и пиење кафе во исти кафичи. Сега скоро заминав на едно патување, без да ги молам, и кога се вратив на фб само тие две не ги лајкнале фотките. Кога тие имаат приоритети ок е, кога јас имам приоритети тогаш не е ок.
     
    На theowndemon и lizaname им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Пријателството не се мери во шетање по светот. Можеби финансиски не се моќни, можеби не сакаат да шетаат, можеби парите за друго им се планирани...
    Лајковите на ФБ се уште помалку фактор за добро или лошо пријателство..
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.171
    Допаѓања:
    12.915
    Да, ама некој што ти е близок, ти ги ѕирнал фотките, а не сака да стави лајк, а претходно тоа го правел редовно, значи има некои промени на полошо. Има лоши мисли и тоа се чувствува, иако не се покажува веднаш.
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.760
    Допаѓања:
    173.012
    Пол:
    Женски
    Јас имам ФБ и не лајкнувам... 20слики во годината ако лајкнам.
    Тоа не ме прави помалку пријателка...
    Порано лајкнував слики, отварав профили, гледав кој што како каде зошто, сега воопшто не ме интересира. Тие што ми се пријатели на кафе ќе ми покажат слики и ќе ги коментираме. Не ми треба фејс и инста за да им кажам колку се воодушевувам што биле низ Европа, Египет, Куба итн...


    Вистинското пријателство е мн повеќе од лајкови. И мн повеќе од пиење кафе заедно..
    Барем во мојот случај е така..
    Ние се разбираме со поглед, кога на едната и е тешко, другата не мора да праша, чувствува..
    Кога на едната и е убаво, двете сме среќни.. ја споделуваме среќата заедно, тагата, болката..
    Кога треба да се реши најголемиот проблем, во ниедно време сме двете една за друга тука..со саати, со денови.

    Но тоа сме ние.. ние имаме такво пријателство.. Ниеден лајк, ниеден муабет слушнат а недослушнат од страна не влијае врз нас.
    Затоа и имам пишано погоре - дека никој не може да ја разбере нашата поврзаност.

    Сите останати, за мене се само пријателки. Далеку од вистински..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.