Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.278
    Пол:
    Женски
    Зар постои денес воопшто нешто, што било, а е вистинско, па така и другарство :/
     
    На Chica.Loca, mode-kristina, baba Rada и 3 други им се допаѓа ова.
  2. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Завидливост е тоа, имам имано слично искуство.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.171
    Допаѓања:
    12.915
    Епа ги понудив јас, тие ме извисија. Не можам , ова, она. И кога бев и се вратив, нон стоп висат на фб, а не ставаат лајкови иако ставале. Исто со една колешка со која немав ама баш ништо лошо, напротив имав убаво мислење, приметив дека на сите им става лајкови, дури и на тие со кои се карала, а мене ме скока, иако тоа не беше случај порано. Значи има тука некоја негативна енергија, завист ли е, злоба ли е, не знам.
     
  4. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    За тоа што си ги понудила за патување, а тие те извисиле и не е толку страшно. Можеби во моментот немале финансии, имале други проблеми од различен тип (семејни, љубовни, со факултетот и сл.). Денес неможеш некого да натераш да патувате до соседниот град, а не пак во странство.
    пр. Кога јас ја пропуштив средношколската екскурзија (имам пишано веќе за тоа во темата лоша финансиска ситуација, сакав да одам странство кога сам собрав пари, но неможев да одам бидејќи собите по хотелите биле двокреветни (а за еднокреветна ѓаол и пол цена). И не се налутив на никој што несакаше да дојди странство со мене, бидејќи знаев дека тие веќе нема што да бараат таму кога нивните родители ги пуштиле кога требаа да одат, а моите не). Е, сега кога со илјада напори отидов на место каде што не беше толку скапо да се оди, значи сепак и јас да излезам некаде надвор од државава тие уште подмукло ми даваа дознаење дека јас сум бил фрустриран што не сум отишол на средношколска екскурзија, па затоа сум отишол дополнително. Со еден збор -ГНИДИ. А, од такви гниди и не ми требa ни like.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.171
    Допаѓања:
    12.915
    Тоа ми е поентата. Ај што ме откачиле не можам да се лутам, немаат можеби пари или за друго ги планираат, ама па ги има за да прашаат „Што има ново“(да купат информации) , а ги ваму за патувањето ништо не ме прашаа, иако не беше некој луксуз за да завидуваат.
     
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Не постои вистинско другарство според мене. Од искуство кажувам. Трпев, форсираф, простуваф се терав самата дека нешто ќе се смени, но се излажав. Еднаш човек ќе излаже, ќе те излаже и 100 пати. Сите на интернет ти ставаат срциња и како многу те сакаат, но во живо ништо од тоа не покажуваат. Во денешно време најубаво е да си бидеш сам свој најдобар пријател. И да кучето го сметам за многу подобар пријател одколку човекошт. Луѓето сакаат да се фалат само со нивните успеси и само да ги слушаш, а кога ќе кажуваш за своите успеси одма се менува темата и почнува зависта и гледаат само човек да го спуштат долу.
     
    Последна измена: 21 февруари 2017
    На детенце 123 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.171
    Допаѓања:
    12.915
    Точно. Ама после тоа останува една лузна во душата кога ќе те разочараат. Минатиот пат една од другарките излажала еден дечко дека ќе ме вика да одиме на кафе, а не ме викна. Типот не ми се допаѓа, ама сепак не е убаво да лажеш и манипулираш. Тој уште мисли дека не сум сакала да излезам на едно кафе, а таа всушност го излажала дека јас не сакам да дојдам.
     
    На LanaSGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.703
    Допаѓања:
    6.636
    Постои. Мислам дека отсекогаш постоеле лицемери и неискрени другарства, чист пример во времето баба ми кога била млада, одела со некој дечко, дури имало муабети да се земат, кога после некој ден ги видела дечко и и најдобрата другарка фатени за рака се шетаат. :tmi: Дури и се насмеале и двајцата, ја поздравиле ко ништо да не било.

    Така што тоа не е некоја нова работа, користољубиви и лицемерни луѓе постоеле и ќе постојат секогаш. А и ние не можеме да очекуваме дека секој што ќе го запознаеме има потенцијал да ни стане најдобар другар. Затоа имаме луѓе што ни се најблиски и на кои можеме да им кажеме се, едноставно можеме да сметаме на нив за се, потоа други со кои се гледаме почесто но ја немаме таа близина ко со првите, и на крај познаници со кои чат пат можеме да испиеме кафе.

    Вистинските другарства се оформуваат уште кога сме мали, и ако кога сме веќе млади ги преживеат сите оние препреки низ кое минува едно другарство, добри и лоши мигови, мислам дека ќе траат цел живот. Не е можно сите личности со кои се дружиме да ни мислат лошо, тогаш би рекла дека нешто не е во ред со нашиот избор, нашата проценка на луѓето.

    Јас имам две-три најблиски другарки, сите останати можам исто да речам дека ми се блиски, и можам да им кажам речиси се за мене, ги сакам и си поминувам убаво со нив, но не ја чувствувам истата близина ко со другите три. Немам широк круг на познаници, а искрено и не ми ни треба, не сакам многу луѓе околу мене, потполно ми е ок вака. Ми се допаѓа и разноликоста на карактерните особини на моите другарки, со сите не можам да го правам истиот муабет, но во тоа е и убавината на другарството, со секоја си имам нешто посебно кое ја прави нашата врска посилна и поубава. Тоа се однесува и на местата за излегување, заеднички навики, пожртвуваноста една за друга кога ќе затреба, се е тоа различно, а сепак љубовта е заедничка за сите нив.

    Ух, си се разнежнив вака кога ќе ми текне на нив. Многу си ги сакам. :l:
    Сите останати што биле дел од мојот живот, а веќе не се, ако одреден дел од нив срцево веќе не ми дозволува да ги сакам, сепак најискрено им посакувам се најдобро, едноставно не сме си одговарале и не сакам да употребувам тешки зборови од типот на "лицемери" зошто сепак некој дел од животот ми поминал со нив, и тогаш ми го правеле убав, така што нека си остане во минатото...
     
    На Asterion и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    29.384
    Пол:
    Женски
    Денеска станува се поголема и поголема реткост, ама јас сакам да верувам дека постои.
    Во мојот најтесен круг на најблиски другарства некогаш ми се две личности, и знам дека тие се оние вистински и прави другарства, кои ги имам со години, со едната личност од бебе, а со другата од градинка. И знам дека најреални и најискрени муабети, совети и било што ми треба можам да го добијам од нив.

    Имаше еден период во мојов живот кога имав премногу пријатели, и кога викам премногу не го преувеличувам, им верував на сите, за на крај кога ми се случија некои од најтешките моменти во животот сите нив да ги снема, а кога на нив им беше најтешко јас се правев за нив. Затоа сега си го ограничив кругот на блиски пријатели, а со другите сум онака на муабет.
     
    На Tanjamm, blueeparadise и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Било је то некада давно, но во денешно време такво нешто нема. Нормално треба да се има пријатели, но не и другари. Се знае за доверување тајни и такви работи тука се мажот/жената, родителите. Сега секој гледа да те зафркне за да успее со мото на чело-целта ги оправдува средствата. Не верувам во другарство, а со тоа и не постои никаква шанса за разочарување едноставно знаеш дека се можеш да очекуваш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Па седи дома сама готви му ручек на маж ти и ПРОСВЕТЛУВАЈ СЕ и биди си сама со себе
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Да така ќе биде. Но тоа твоја работа не е ни па ќе биде. И не заборавај Господ ќе биде со нас.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    А верата ти дозволува да шириш НЕЉУБОВ? Како тоа не постојат пријатели и не ти требаат??? Претпоставувам знаеш дека правиш грев така?
     
  14. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    7.475
    Пол:
    Женски
    Денеска???
    Абе другарство од пред 30 години се губи,исчезнува како и да не било;)
    И после 30 години дознаваш дека другарката те лажела без око да и трепне:envy:
    Нема,нема и нема другарство]:)
     
    На baby-star, Tanjamm и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  15. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.080
    Пол:
    Машки
    Да постои
     
    На toogood и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  16. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Никаде не напоменав дека имам омраза кон некого па за да ширам нељубов. Прашањето беше дали постои вистинско другарство и според мене вистинско во вистинска и искрена смисла на зборот не постои. Исто така напоменав дека треба да се има пријатели, а доверувањето останува на семејството.
    Зарем ти кажуваш на сите што ти се случува? Без навреда за бајачките ете тие другарки што биле со тебе таму на твоја мака и мислиш дека нема ништо да зборат со некого за тебе? Ете тоа ми е цела поента. Знаејќи каков е светот и луѓето во него во глобала во денешно време затоа и моето мислење е такво.
    Знаеш се ова мора да се случи ако си ја читала библијата сигурно си наишла на тој дел

    7. А кога ќе чуете за боеви и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да стане; но тоа уште не е крајот.
    8. Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има потреси, и глад, и маки. Тоа е почетокот на болките.
    9. Но вие чувајте се сами, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени заради Мене, за сведоштво пред нив.
    10. И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.
    11. Кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух.
    12. И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе ги убијат.
    13. Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.

    Наидов на многу што не веруваат во вистинско другарство, но тоа не значи дека се безбожни и шират нељубов. Едноставно го виделе светот со отворени очи.
     
    Последна измена: 19 март 2017
    На Tanjamm и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. детенце 123

    детенце 123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Со години сме заедно може 5 6 години мислев дека сме најј и дека никогаш нема да се разделиме дека сме тие вистинските но незнам зошто не ги осекам повеќе така. Имам дознаено многу за нив дека ме лажат ми озборуваат зад грб зборуваат свашта за мене ја губам довербата во нив ... дали тоа значи дека сепак не се тие вистинските (како ли е тоа да имаш вистински пријател ??)
     
  18. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    НЕМА !! До пред една година мислев дека постои имав другарка ко сестра ја сметав на никого ништо не можев да кажам било да е тоа нешто добро и лошо таков тип сум држам дистанца не можам со секој да бидам отворена или да разговарам ама со нејзе можев нај отворено да разговарам за се 7 год. што да и требаше прва сум била без размислување можев со часови да ја ислушам да ја посоветувам.. И еден ден дознавам работи кои никогаш не можев ниту да ги предпоставам од нејзина страна имав голема доверба кај неа но не требаше и веќе 1 година како ја откачив. И никогаш немојте да верувате во другарки пред вас ќе глумат “другарки“ а позади вас ке те оговараат во секој твој успех ќе љубомораат а ти мислиш среќна е како и ти што се радуваш за нејзин успех и во секоја нејзина тага заедно со нејзе тагуваш.. Но сепак бидна она ми беше една мн добра лекција дека освен на СЕСТРА и МАЈКА на никој друг не треба да се верува.. Пријателите со сите ама баш со сите дистанца освен дружба и зајбанции ништо друго !
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и детенце 123 им се допаѓа ова.
  19. xxhexx

    xxhexx Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Замене постои, 10 години другарство:inlove:
     
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.328
    Verojatno postoi drugarstvo.

    Vnimavajte kolku se sogoluvate i se razbira ne ocekuvajte mnogu, so sigurnost ke najdete drugarka.