Жално е кога на крај ќе ви се скрши филмот и после некое време ќе сфатите дека на вашата „другарка“ вие не сте и приортет, дека само ве користи, дека сте си ја отворале душата пред погрешен човек. Како што пишаа погоре, на крај сите ќе седиме сами со себе, отколку да си муабетиме и пиеме кафе. Штета ама така е. Се повеќе се отуѓуваме.
Мислев вечно ке се дружиме.Толку ми беше мила.Колку се трудев и борев за да го спасам тоа пријателство,Бог знае.Ама за што? Шест години дружење ги фрли во вода само затоа што не знае кој на какво место да го постави,и кој е побитен.Посесивна до крајна мера,ејјј глупача,мувач ке најдеш и на пат,другарка верна до срж нема никогаш повеќе .Ми пукна филмот и јас завршив со тоа пријателство,одлучив за двете . Пошто на госпоѓицата ке и одговараше барем од корист да излага со мене во сабота.Сега видов кој ми ја исцрпувал сета енергија,и поради кого сум била нешто што не сум.Посреќна сум,и ке најдам јас нова другарка,бидејќи со срце приоѓам секому.Нека се губи сега со се него.И да,уште верувам дека постои вистинско пријателство.
Женските прават омраза кон женските кога станува збор за машки, машките прават јас сум јас пред другите машки за да бидат забележани од женските. Додворувањето се сведе на тоа колку женски собрал машкото со мрежата, зашто е побрзо отколку чекање на јадицата. Другарството се сведе на фалби и двосмислен муабет. Луѓето живеат за добра локација чекирана на фејс. Или колку добро се најале на некоа трпеза. Едноставно се се претвори во корист на интереси. Колку следбеници има на фејс дечкото/девојката. Сексот се претвори во неемоционален чин и се помалку му се придава значење. Станавме антиемоционални и спремни да жртвуваме другарство заради лични интереси.
Човечки е секогаш да ги меморираме само убавите работи па затоа велиме еее некогаш колку беше убав, а всушност секое време си има свои убави и неубави работи. Дали постои другарство? Постои и ќе постои се додека постојат лугето колку е тоа големо или мало зависи од перцепцијата на секој од нас и какви се неговите очекувања. Јас имам другарки со кои се дружав уште од основно и убедена сум дека искрено другарство постои и дека не е се интерес како што некои знаат да кажат.
Мислам дека не постои за жал. Бевме 3 другарки заедно сме уште од пред забавиште се заедно до основно ,потоа средно нормално секој по свој пат али пак се гледавме. После средно тие две тотално се отргна може и јас се отргнав пошто почнав да работам уште од 4та год средно нон стоп на работа понекогаш и по 10 сати и потоа си фатив дечко али пак бев во конткат со нив и како што кажа погоре една феминка душата си ја отворил на погрешен човек.Точно така ја отворив душата на погрешни мислејки дека ми се другарки ,така да ден денес ги нема нигде ни да пишат ни да се јават како ја што правев ке се видиме еднаш месечно они си разговарат а јас како да не постојам си кажуват едната ке идела на состанок со некој дечко и сл.Ќе ги прашам што се случува кој е тој не ме фермат 2% како да не сум во просторија со нив. Се прашувам зашто после се што поминавме заедно сето тоа се случи.Денес нема пријателство дефинитивно тој век заврши денес најдобар пријател ти е кучето или мачето.
И јас верував ама повеќе не. На човек штом не му одиш по гз веднаш си најлош. Жално е тоа што се случува во денешно време.
Мене не. Јас сум навикната веќе. Се е до карактер и воспитание. Денес најголем приоритет некому е дечкото, ниту другарките ниту домашните се приоритет. Тоа е таа разлика, не те цени, те понижува, жално е. Ако те боли не си се навикнала и на очајувај, едноставно не го заслужува твоето внимание. Тој што бега и се крие е најголема кукавица, а ти ако не се чувствуваш виновно продолжи си со животот.
Извини што те цитирам али во право си за се познавам мн слични примери. се лутат ако не им ставиш лајк на фб или ако не им го местиш дечкото што го свиѓат.И ти се прават другарки ако не го направиш тоа за нив готово те заборават. или управуват со твојот живот и ако не ги слушаш одма со закани и лутенки ,а не си го гледат својот живот. Стварно е многу жално јас неможам да се изначудам што се случува во денешново време. Порано се лутевме за една играчка и ке се смиревме плачевме сите заедно ако некој паднал и си го повредил коленото. Веќе тоа заврши
На оние што им одам по гз (најчесто гол) за другарство се само од женски пол. Инаку на вистинските другари и другарки им одам на кафе и ги викам на кафе. По прецизно, Постои вистинско другарство (не обемно но со поедини души)
Да тоа е таа реалност. И да знаеш сум доживеала се, ама јас повеќе не се замарам. Без секој се може и кој ти е прав пријател ќе го познаете по тоа што пред се ќе те разбере па потоа ќе ти суди. Има работи под кои замижуваме и тоа е грешка. Ајде не очајувајте има добри луѓе на светов таму некаде.
Да реалноста е таква боли ама иста сум не се замарам ако некој се сети на мене ми го знае бројот. Имам родители што ме подржуват и имам дечко кој ми е и како пријател. Најлошо е кога ќе ти забодат нож во грб.Затоа таквите се бришат од животот. Можеби има али не верувам повеќе. За мене пријател е кучето и мачето.Долго време немам али се надевам дека во брзо ке имам нешто од тоа.
Сметам дека постои иако досега сум била многу разочарана,изиграна и изневерена од другарките. Во последниов период немам никаков контакт со тие што се дружев 24/7 сите со своите обврски сме. Немам ни здраво со истите и нит сакам да имам. Лошо е кога ќе те изиграат преку ноќ ќе изградат ѕид меѓу вас. Прибирлива личност сум еднаш човек ми згреши го бришам засекогаш , можам да давам шанси милион но сепак е избришан и не сметам на него. Најубаво е кога со новите пријателста си на дистанца си имате муабет од почит.
За да се нарече вистинско другарство, истото тоа треба да има голема позадина зад себе, и најчесто да трае уште од поодамна, што значи дека со личноста/тите сте на некоја иста бранова должина. Е сега работата е како да се задржи тоа вистинско другарство. Според мене треба прво да се тргне од себе, значи не треба да очекуваме само од едната страна, другарството треба да биде негувано од двете страни за да се нарече вистинско. Успони и падови има секаде па и во другарството, треба само убаво да се процени што може а што не за да се истолерира, зошто нели не е се така сјајно и подмачкаоно секогаш И да, вистинско другарство ако го засноваш од помали години, после тоа ептен со некого треба многу да се пронајдеш па "преку ноќ" да станете неразделни другарчиња. (секако дека има и вакви случаеви)
Вистинскo другaрствo мнoгу реткo aмa сепaк пoстoи.Имaм некoлку другaрки oд oснoвнo и се дружиме кoгa имa мoжнoст,a сo еднa oд нив веќе 24 гoдини сме другaрки,мнooгу си a сaкaм сегa живееме вo рaзлични земји aмa oбaвезнo се слушaме.Акo се препoзнaе .
Оние кои ви се прават пријатели не сакаат да ве видат среќни и кога тоа ќе се случи, ви вртат грб, ве игнорираат, ве одбиваат за кафе.