1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали денеска постои вистинско другарство?

Дискусија во 'Психологија' започната од lolicka, 28 јуни 2010.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Кратко и јасно НЕ!!!
    Најдобрите другарки најмногу ме разочараа.
    Подобро ќе седам дома и ќе го трошам времето за учење и на фемина, и да искочам еднаш во неделата со друштво, отколку да бидам нон-стоп заедно со другарките и да се нервирам за глупости.
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Постои вистинско другарство,но во денешно време тоа е реткост.
    Секојдневието ни е сведено на борба од личен интерес,па затоа.
    Но,сепак постојат луѓе кои ти се лојални и би помогнале на некој начин кога си во лоша ситуација.
    Вистински пријател е токму тој кој ќе ти излези во пресрет кога ти е потребно,а не тој со кој го поминуваш денот,се слушаш по 42452 пати на телефон и споделуваш секоја тајна.
    Немора со некој да се дружиш постојано,за да му бидиш најдобар пријател..
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    можеби зошто се изгорев неколку пати ќе кажам не.

    За ова се сложувам, но јас си го принајдов ова кај партнерот :) :inlove:
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.583
    Допаѓања:
    80.666
    Пол:
    Женски
    Не постои, зашто се` се сведува на корист..жално!
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    на денешно време се е од корист. ево денес на пример конечно се покажа вистинското лице на една моја т.н. другарка.ама ако си знам јас како да и вратам таа трча секогаш кај мене.па решив воопшто да не се замарам :!:
     
  6. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Искрено, Не знам! :|
    Толку многу пати имам страдано од токму такви "вистински" другарки, толку многу пати ме разочарале, ми свртиле грб, ме исмевале, ме понижувале... Така што едно време и вистински ја изгубив надежта дека постои такво другарство... Се некој сака да те искористи, да те навреди, да ти го уништи денот, да ужива во твојата болка! Пречесто сретнувам такви луѓе, секојдневно има некој таков! Доаѓа се прави најдобар на свет, ти јаде г**на, те лаже во лице и оп ете му треба нешто. Но тоа не е најстрашно. Што кога другарка која си ја сметала за најверна, најдобра, на која си и кажувала се, сте биле нераздвојни, одеднаш ти сврте грб. Од чистса мира, буквално те заборава, ти го уништува животот! Зашто? Што направив? Дали нешто погрешив? - Ни одговор не ти дава, толку си и значела...

    Искрено преку глава ми е од таквите! Бегам понастрана, ако треба трчам подалеку, викам. Стварно не можам повеќе, во себе си викам Доста беше, сега ти си на ред! Но тоа никако да се случи! |(
    Сега веќе и не можам а да не се посомневам во секој! Повеќе не верувам!
    И кога некој навистина изгледа како да ми е пријател, секогаш постои сомнежот. Како да се спремам однапред за нешто, за нешто што можеби никогаш нема да дојде!

    Мислам дека ја научив лекцијата, од сите пријатели кои ги имам, само 2 ја имаат мојата целосна доверба. Тие две другарки секогаш биле покрај мене, толку години веќе! Знам дека и секогаш ќе бидат! Затоа ја заслужија мојата доверба.
    Тоа е моето искуство. :) Во најкратки црти нормално. Да треба се да ви кажам ќе пишував роман! Така да знаете :)
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    мислам дека не постој вистинско другарство. Токму тогаш кога ќе помислиш дека си ја нашла правата и вистинската личност да ти биде вистинска другарка да и ја споделиш радостита и тагата тогаш како непишано правило тргнува се наопаку. Вистински другар ти е оној кој те познава и расте со тебе (иако и ваквите личности со тек на време и т.н. брз ритам на живеење се одалечуваат и избледуваат) се она што е школска другарка или другарка која е запознаена на факс сметам дека се другари од тогаш за тогаш доколку си тука да те искористат и да ја исцрпат од тебе цела позитивна енергија. после тоа аш ги нема. Така да сметам дека денес нема вистинско другарство. Најголемите другари се родителите и саканата особа
     
  8. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    негувајте ги пријателите :)
    Не мора во секоја ситуација да бидете силни и самите да се борите.Пријателите се многу важни поготово во тешките моменти,какви што се овие во кои денес живееме,
    затоа негувајте ги односите со пријателите.
    колку и да се удираме во гради дека нема пријателства,знаеме дека не е така,понекогаш и самите избегнуваме пријателство,и наоѓаме мана во тоа кое веќе го имаме...

    Фрутини колку повеќе страдаме од пријателите толку подобро ги согледуваме оние вистинските пријатели кои заслужуваат да имаат пријателство,не треба да ставаме бариера дека сите се лоши и непријатели :)
     
    На frutini му/ѝ се допаѓа ова.
  9. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Жално што навистина многу од работите се сведуваат на интерес. Точно е дека треба да се потпреш на пријателите во тешките моменти, но треба и да умееш да ја видиш нивната намера во помошта што ти ја нудат. Можеби во прво време таа помош толку многу ни треба за подоцна да сватиме дека и во тоа имало нешто „помеѓу“. Сметам дека не треба многу да се верува.

    ЗОШТО ГО СТАВИЛЕ НОСОТ НА СРЕДИНА? ЗАШТО ЕДНОТО ОКО ВО ДРУГОТО НЕМА ВЕРБА. ХИ,ХИ, ДА НЕ СЕ СКАРААТ. ( А ДВЕ БРАТЧИЊА ИЛИ СЕСТРИЧИЊА СЕ ) :) :) :)
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Значи не можам повеќе да издржам. Морам да им реплицирам на сите што тврдат дека вистинско пријателство не постои. Како прво, секогаш кажувате како сите се од корист и како секој гледа на некој начин да те зафркне или наштети а вие сте добри и светици...Ако не веруваш дека постои добронамерен човек, значи и вие не сте добронамерни и сте од корист. Мене ова ми е најлогично, бидејќи ми нема смисла некој што знае да биде вистински пријател да не верува во вистинско пријателство, зошто, логично, покрај толку милијарди луѓе на светот, не може вие да сте единствените кои се добри и наивни...Значи, вие сте токму спротивното, користољубиви, завидливи и лицемерни...Зборувате овде како има прекрасни луѓе на форумов, а потоа доаѓате во оваа тема и пишувате дека не постои човек кој не е од корист...За мене ова е чисто лицемерие.
    Ако вие знаете како да бидете вистински пријател, ќе знаете и дека не може да сте единствени на светот кој е таков, па од тука произлегува и дека ќе верувате во пријателство.
     
    На ripkata и easyyyyy им се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не е возможно да не постои.
    Ќе наидеш на многу лажни,додека го пронајдиш вистинскиот пријател, но чекај малку.
    Пријател не е оној што ти удоволува само тебе, туку и ти него.
    Да речиме заемна корист.
    Колку бараш, толку треба и да дадеш, па и повеќе.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Се дружам со многу личности, и сум поминала низ различни фази на другарство од лажно, другарство од корист и што не, но вистинскиот пријател ќе биде тука низ најтешките но и најсреќните моменти, и ќе биде тука кога ќе треба да ги споделиш со него проблемите или пак среќната вест.Без разлика на се вистинскиот пријател ќе биде покрај тебе, и понекогаш е потребна само една единствена другарка или другар, кој што знаеш дека ќе бидат тука кога ќе ти требаат.И луѓето грешат да, пријателите знаат да повредат, но битно е да можеш да простиш.Вистинско пријателство постои, и доколку го имате чувајте го, највредно е :)
     
  13. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Најмалку сум лицемерка така да немаш право да некого означуваш како лицемер. Јас имам мислење дека нема вистинско пријателство!Можеби ти си посебна па имаш вистински пријатели. Имам пријатели но како порано што сум имала ги немам. Се променија работите а ти си изгледа задоцнет часовник. И кога во иднина ќе зборуваш за лицемерство тргни си прво од себе. Едно е да кажеш свое мислење а сосема друго да некого карактеризираш, јас никогаш не категоризирам луѓе едноставно или прифаќам туѓи мислења или не. Не знам само кој ти го дава правото, ПЕРФЕКТНА?
     
    На Sunshine555 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Во последно време само гледам колку мои „вистински“ пријателства се уништуваат. Сега веќе и почнувам да не верувам во тоа. Многу е ретко да се најде вистински другар например јас имав другарка што не можам ни да ја наречам другарка сега ја нарекувам искористувачка,а во минатото сестра. Бевме толку слични ист стил,исто мислење ги кажувавме истите реченици дури во исто време(и не не се шегувам!) Ја знам уште од 6 години,а почнавме да се дружиме на 7. Секој ден игравме заедно игравме надвор во нашите домови таа секогаш беше побогата(не дека јас сум била или сум сиромашна),но таа секогаш имаше поубав стан,посебна децка соба од брат и и се секогаш кога ќе појдев дома и се чувствував засрамено што немав толку голем стан,што немав толку многу како неа,но нејзе тоа никогаш не и пречеше.Секој ден земавме по 50 денари и купувавме разни глупости кои воопшто не ни беа потребни,но работата беше што јас купув за нејзе,а таа за мене. Но со тек на времето кога почнавме да одиме на училиште се одалечувавме не испаднавме во исти класови за што ми доаѓаше да заплачам. На одморите веќе не си кажувавме ни здраво не ме ни погледнуваше секогаш само кога ќе и требаше облека за физичко,темперни за ликовно само тогаш постоев за неа. Дури ден денес е така, се додека не престанав никогаш јас ништо не и побарав само еднаш ми требаше шестар по математика кога и побарав грубо ми рече од кај да ти најдам да ти родам?! Од тогаш никогаш ништо не и давав па на училиште не ни постојам за неа. Така да за нејзе имав направено многу(не зборувам за облеката и училишниот материјал) зборувам за многу повеќе заедно растевме,сонувавме ги живеевме животите,но дури сега сфатив таа само ме искористувала. Други примери за други наводни другарки?
    Еве уште еден од на интернет имав запознаено две личности кои премногу ги сакав оид различни држави машко и женско, машкото од Шпанија,а девојчето од Грција. Секој ден не излегував некаде со пријателите туку киснев на компјутер и разговарав со нив, кога станавме поблиски ајде ќе си кажеме нешто за нас од која држава град години фејсбук профил и друго. Тие одма ги кажаа јас ја кажав државата и се изненадив што девојката воопшто не и пречеше еднаш разговаравме за тоа, без расправање секако и накрајот кажавме јас мислам вака ти мислиш поинаку да си ги почитуваме мислењата, во ред? Во ред. Сепак јас не можев да ја кажам возраста и презимето. Не сум баш доверлива сеуште ми доаѓаше некоја мисла дека тие можеби се некои педофили од Мк само се преправаат, па излажав за што сега ми е многу криво. Другото веројатно го претпоставувате дознаа се скаравме се заврши со солзи навистина плачев како никогаш до тогаш. Ги имам многу примери, сега единствено имам една искрена другарка која навистина можам да ја наречам другарка. Имаме различно мислење,различен стил,различно гледање на нештата,но сепак со нејзе разговарам за се и сешто кај нејзе одам дома и и таа кај мене доаѓа дома,за кажување за симпатии ни на таа предходната другарка не можев да и ги кажам јас сум таков тип, затворен. Ни на мајка ми не и ги кажувам тајните на никој,но таква сум јас и таква беше таа предходната девојка која ми беше другарка. Сепак иако сега оваа навистина добра и искрена другарка ми е вистинска пријателка. Од сите искуства кои ги имам сеуште не верувам баш,но сепак можеби навистина постои вистинското пријателство како и да е би сакала да го доживеам.
     
  15. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    иако се залажуваме просто не постои бре луѓе вистинско пријателство,можеби попат има некоја личност која се наоѓа да ве ислуша и да испие со вас едно кафе заедно со трач муабетче,но не е тоа вистински пријател.....мојот вистински пријател почина и од тогаш не верувам во пријателство.....треба да дадеш бесрезервно многу во вистинското пријателство а тоа тешко,затоа што секој бара нешто за возраст... :)
     
  16. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Според мене постои.. Јас си имам пријател што е секогаш тука за мене да ме ислуша кога и да ми биде најтешко и на кого можам апсолутно се да му кажам. Дури ми има кажано дека и јас сум единствената личност на која може да се отвори и да каже се што му лежи на душа. Според мене тоа е вистинско пријателство ;)
     
  17. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    пишав и во друга тема ... само што дозанв неко работи што мојата наводна најдобра другарка ги велела за мене ... плачев цел ден ... заради некоја глупацка што немала што да прави со нејзиниот досаден живот па се нафрли на мене ...не дека се фалам секогас бев подобра од неа , ама и помагав и таа да биде а она за да се искачи на врвот пак ме искорист мене :worried:
     
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Не, не девојко, далеку сум од ПЕРФЕКТНА, впрочем, не постои нешто што е перфектно. Јас не ве означив сите вас лицемерни, туку само оние кои тврдат дека вистинско пријателство не постои, а потоа ќе ги начекаш како се лижат на некои форумџики по други теми, кажувајќи им како се тие супер, добри пријателки, итн. итн. И јас имам убаво мислење за многу од форумџиките, ама јас не пишувам по оваа тема дека не постои добар човек и дека сите се од корист. Јас можеби сум задоцнет часовник, ама за разлика од многу од вас имам најдобра пријателка, па не знам дали сум посебна или не, ама јас го имам тој благослов, ја имам таа среќа. Јас повеќе и верувам неа отколку што си верувам себе. Не знам како можете само од сопственото искуство да тврдите дека не постои вистински пријател. Јас со моето искуство можам да тврдам, бидејќи сум доказ дека постои, макар и да е ретко. А можеби вие очекувате премногу од пријателите, па затоа се разочарувате. Морате да сфатите дека пријателот не може да живее само за вас, тој си има и свој живот, а многумина тоа не знаат да го сфатат и очекуваат многу од пријателите, а не се свесни дека и самите тие не го даваат тоа што го бараат.
    Во никој случај овде не ги спомнувам тинејџерките што се разочарани од другарки кои им зборувале зад грб, па ги одбегнувале и сл. Тие сеуште се во фаза на градење на својот карактер и затоа воопшто не ги обвинувам за нивното размислување сега, кое се надевам дека понатаму ќе се смени. Во тие години не се размислува на тој начин, тогаш мислиме дека се што лета се јади. И јас сум поминала низ тие фази, сум била разочарана од другарки што ми зборувале зад грб, јас сум разочарала другарки на кои што сум им зборувала зад грб и тоа без некаква посебна причина. Ама тоа се тие години кога ваквите работи се чести, кога мора да има барем една од друштвото која што ќе биде предмет на озборување. Не се гордеам со таа фаза, ама се случила, сум била кучка спрема некој, биле кучки и други спрема мене. Сега сум со сите одамнешни другарки во добри односи, без разлика дали јас некогаш сум била лоша спрема неа или пак таа спрема мене. Зборувам за вакви ситници, одбегнување и озборување, а не за некои посериозни грешки. Тоа ми беше дел од процесот на растење и созревање, фаза која ми помогна да созреам и да го прифатам животот дека е таков каков што е, дека има убавини еднакво колку и разочарувања, дека мора да постои тој природен баланс.
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    јас мислам дека се е минливо.и денес сите гледаат да имаат корист,ако немаат ќе те баталат не те ценат ради тоа што си и каква душа имаш,туку ради тоа што имаш и колку имаш ,а тоа не е другарсттво
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    и не постои денеска вистинско другарство јас верував дека постои до мојата 16-та година и фала Богу навреме дознав дека сите се лицемерни ,дека само гледаат да те искористат ,да ти направат проблеми во врската ,јас немам некое добро искуство со другарки така што сега имам само пријатели со кои одам на акфе и се забавувам не споделувам со нив никакво интимни работи зборувам за филмови,книги мода и се друго освен за себе
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.