Вистинско другарство хм, што беше тоа? Имам другарки со кои од рано детство сеуште се дружам постојано, ама некако не е исто како порано, сега го сфаќам она дека колку повеќе расти и старее човек, толку повеќе ја губи онаа детска невиност во себеси...за жал
Постои но многу ретко. Мојата најдобра пријателка ја сакам толку како да е дел од мене и се би направила за неа ,секогаш сме тука една за друга секогаш е покрај мене и за поддршка и за критика и за се ,најбитно е што секогаш сме искрени една кон друга и никогаш не сме биле скарани кога имало проблеми секогаш сме ги решавале со разговор , буквално се знае за мене ,можам да и кажам било што без да се плашам од осуда или дека ќе го сподели тоа наоколу.
Се' поретко и поретко. Луѓето брзо губат интерес, особено ако е на почеток пријателството, ќе заврши пред да почне. Па и оние подолгите пријателства ми докажале дека колку и спомени да сте имале заедно, сте пораснале заедно, сте поминале низ се' и сешто утре ќе најдат некој поинтересен, ќе те шутнат без нималку грижа на совест и ќе ги фрлат сите тие години пријателство како ништо да не се случило. Како никогаш воопшто да не си им значела. Како да ти се смеат в лице и да ти викаат колку си лесно заменлива. Престанав веќе да верувам во вистинско пријателство, секогаш сум била јас таа што се грижи повеќе. Освен двајца кои ретко ги гледам не ни имам друг пријател. И тие иако ми значат многу не сме најдобри пријатели, туку само пријатели. Најдобар пријател е непознат поим, невозможно нешто. Вие што имате добри пријатели кои ве поддржуваат, секогаш се тука за вас и ве прават да сте подобри личности, не знаете која среќа ја имате. Чувајте ги, ретки се. И никогаш да не ве изневерат.
Ова го пишам независно од тоа дека другарка ми можи да прочита зошто има профил тука. Да. Постои другарство, дури и вистинско, шо и да треба да значи то. Зошто често се вели дека не постои е зошто не можиме да процениме "со кој" имаме работа и колку тој некој ни е уствари близок. Некогаш премногу очекуваме од некој кој не не смета за толку близок иако ние го сметаме. Не значи дека тој не е вистински другар, зошто за некој можеби е. Исто дистанца си прај свое и ако со некој немате услови да се гледате често и се оддалечувате зошто секојдневието ви е различно, не значи дека тој некој не ти бил другар одреден период од животот, ни дека сега не ти е. Само имате различна форма на пријателество.
Не знам што подразбирате под „вистинско“, а што под „лажно“ другарство. Ако некој ми мисли лошо, ми крие работи зад грб, ме оговара, ме бара од корист, не го сметам за другар, ниту па за жив. Според мене, другарство е искреност, емоции, разговор, доверба, поддршка, љубов и присуство. Другар е оној со кој заедно ќе го пцуете професорот затоа што неправедно му пишал ниска оцена. Другар е оној на кој му се јавуваш кога се плашиш, кога си разочаран, кога си радосен, кога ти се случила некоја глупост, само затоа што сакаш да споделиш со него. Другар е оној што секогаш наоѓа време за тебе. Другар е оној со кој ги споделуваш и најсрамните ситуации, оној шо ти праќа животи на глупите игри, оној шо те мотивира да учиш, да се бориш, оној шо ти кажува дека не ти одговараат шарените патики, оној шо те вика да седнете да се напиете по некоја чаша, оној кој знае да ти каже кога не си во право, оној со кој заедно туркате низ животот. Е такви другари постојат и секој сака да има таков другар, а всушност треба да бидеме тој другар за да некој ни врати со исто такво другарство.
Не е пријателство и да се работи за години,а ќе ти кажам и зошто. Најдобра другарка не ми помогна (а можеше да го стори тоа,имаше начини) Ми помогна особа која најмалце очекував и ја знаев многу малце,онака површно. Ми подаде рака кога најмногу ми требаше. Другарката по 5 годишно пријателство беше таа што ,,исчезна,, со разни изговори,од кој едниот уште ми одѕвонува во главата : Не можам денес тоа - треба да чистам. За пријателество ли збориме ? Чистењето е побитно од другарство ?
Често си го поставувам ова прашање. Сакам да верувам дека постои, иако до сеа кога и да сум поверувала ми се срушувало како кула од карти врз глава.
Постои ама се поретко станува. Како што одат генерации мислам дека нема да има вистинско пријателство туку само корист. За жал! Доколку се најде еден добар пријател треба да се потрудиме да си го задржиме и да не го прокоцкаме. Обострано треба да се негува за да трае..
Толку многу често се зборува за ова што луѓево автоматски во секој еден човек гледаат како непријател, сите сме скептици еден кон друг и сите станавме студени, осамени и на дистанца.