Денеска, вчера, утре.... оти се мора да биде така формулирано? Демек порано сигурно постоеше, денес не постои? Ако си формираш добро другарство, ако се погодиш со некој, цел живот ќе си живееш, ќе се дружиш... тоа нема врска со денешницата, или минатото. Секогаш имало пријателства, и непријателства, и добри и лоши луѓе
Кога на некој му треба твојата помош,секогаш си тука. А кога на тебе ќе ти треба помош,никој нема да биде тука. Вистинските пријатели се секогаш тука за нас.
Морам да кажам дека поради сплет на околности со некои се разотидов. Сега имам неколку блиски и доволно ми е. Во последно време убаво на душа обновено пријателство ми е со @lovemme Човек учи дур е жив од сопствените грешки. Вистинско е само ако преминете низ многу “дупки”.
Да постои. Јас никогаш не сум сменала друштво. Ни па некој влегол нов во мојот круг. Со сите имам дистанциран однос (роднини, колеги,соседи). А со блиските пријатели што ми се како браќа и сестри се дружам 17 години.
Постои. На една рака можам да избројам кој се го сметам за вистински пријател. Ама бидејќи се реткост, златни се тие луѓе и си ги чувам, за ништо не би ги сменила.
Хмм, homo homini lupus est,(човек на човека е волк), имало и порано мислење дека секоја на секого сака да му направи лошо. Прашањето за другарството е старо колку и човекот. Мислам дека секогаш имало алтруистичко другарство, но како што некој погоре спомна ретко е.Мислам дека се проблем културните вредности. Секое општество има поинакви културни вредности. Така да тезата дека некогаш имало другарство, а сега го нема, не држи вода. Мислам дека треба да се постави и друго прашање, што е всушност вистинското другарство...? Дали е тоа безусловно другарство или и за тоа треба да се исполнат одредени услови. Тука стапуваат актуелните културни вредности кои тоа го дефинираат...
Не знам Веќе мислам дека иам стварно само една другарка. Со нејзе досега не сум се ни спукала, ни налутила. Ја обожавам Има блиски другари, другарки, ама прашање е колку од нив се вистински такви А не на прва кривина да ја здува